Хенри Кисинџер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/henri-kisindzer/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 07:03:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хенри Кисинџер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/henri-kisindzer/ 32 32 На 100 години: Почина Хенри Кисинџер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-100-godini-pochina-henri-kisindher/ Thu, 30 Nov 2023 07:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=717789

Поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, кој имаше клучна и поларизирачка улога во американската надворешна политика за време на Студената војна, почина на 100 години во својот дом во Конектикат. Тој служеше како главен дипломат и советник за национална безбедност во администрациите на Ричард Никсон и Џералд Форд.

Иако ја напушти Белата куќа во средина на 1970-тите, Кисинџер продолжи да советува генерации лидери во следните децении.

Роден во еврејско семејство во Баварија во 1923, тој имал 15 години кога неговото семејство избегало од нацистичкиот прогон и се преселило во Њујорк. По дипломирањето и докторирањето, почнал да предава на Универзитетот Харвард, а во политиката влегол во 1969, кога претседателот Никсон го назначил за советник за национална безбедност, функција која му даде големо влијание во американската дипломатија.

Во неговите осум години како советник за национална безбедност и државен секретар, САД конечно ја завршија војната во Виетнам, ги почнаа односите со Кина и помогнаа да се стави крај на блискоисточната војна помеѓу Израел од една и Египет и Сирија од другата страна. Неговите напори ги поставија односите на шатл дипломатијата и во 1973 година ја доби Нобеловата награда за мир заедно со северновиетнамскиот политичар и дипломат Ле Дук То, кој одби да ја прими.

Низ годините тој беше и критикуван за поддршка на репресивните режими низ светот, како оној на Пиноче во Чиле.

Иако ја напушти владината служба во 1977, Кисинџер продолжи да биде јавен коментатор на меѓународните односи и неговите совети беа барани од Кенеди до Бајден. Тој беше единствениот Американец кој директно разговарал со сите кинески лидери од Мао Це Тунг до Шји Џинпинг, па на веста за неговата смрт, кинеските медиуми го опишаа како стар пријател на кинескиот народ.

Беше активен дури и откако наполни 100 години, па во јули изненадувачки ја посети Кина и се сретна со Шји Џинпинг.

The post На 100 години: Почина Хенри Кисинџер appeared first on Република.

]]>

Хенри Кисинџер наседанл на шегите на двајца руски комичари, мислел дека зборува со Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/henri-kisindher-nasedanl-na-shegite-na-dvajtsa-ruski-komichari-mislel-deka-zboruva-so-zelenski/ Thu, 13 Jul 2023 11:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=660895

Двајца комичари од Русија познати по шегите што ги прават на сметка на познатите личности, му се јавиле на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и лажно му се претставиле како да е Володимир Зеленски. Мислејќи дека разговара со украинскиот претседател, Кисинџер на комичарите им ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година.

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров познати како Вован и Лексус претствени како украинскиот претседател Володимир Зеленски во измамата го прашале Кисинџер кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија. За потсетување, по експлозијата на „Северен поток“, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД, други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.

Искрено мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер. Еден од нив потоа го прашал: “Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме…”. Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не те обвинив“, сугерирајќи дека не мислел дека забелешката е критика.

Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

The post Хенри Кисинџер наседанл на шегите на двајца руски комичари, мислел дека зборува со Зеленски appeared first on Република.

]]>

Двајца комичари од Русија познати по шегите што ги прават на сметка на познатите личности, му се јавиле на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и лажно му се претставиле како да е Володимир Зеленски. Мислејќи дека разговара со украинскиот претседател, Кисинџер на комичарите им ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година. Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров познати како Вован и Лексус претствени како украинскиот претседател Володимир Зеленски во измамата го прашале Кисинџер кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија. За потсетување, по експлозијата на „Северен поток“, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД, други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.
Искрено мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер. Еден од нив потоа го прашал: “Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме…”. Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не те обвинив“, сугерирајќи дека не мислел дека забелешката е критика.
Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.  

The post Хенри Кисинџер наседанл на шегите на двајца руски комичари, мислел дека зборува со Зеленски appeared first on Република.

]]>
Предлог на Кисинџер: Украина итно во НАТО, Крим да ѝ остане на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/predlog-na-kisindher-ukraina-itno-vo-nato-krim-da-ostane-na-rusija/ Thu, 18 May 2023 09:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=642174

Украина мора да биде прифатена во НАТО за да ја заштити од територијални претензии на Русија, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.

Главната задача на Западот не е само да стави крај на актуелната војна, туку и да не создаде предуслови за следната рунда конфронтација меѓу Москва и Киев, изјави 99-годишниот Кисинџер во интервју за „Економист“.

Според неговото мислење, според која било верзија на мировен договор, Русија ќе го задржи Севастопол, каде што се наоѓа Црноморската флота. Сепак, Украина нема да биде задоволна што Русија ќе изгуби само дел од територијалните превземања од 2014 година. Тоа ќе биде фактор за продолжување на конфликтот, изјави поранешниот шеф на Стејт департментот, кој оваа функција ја извршуваше во 1970-тите во администрацијата на Ричард Никсон и Џералд Форд.

„Она што Европејците сега го кажуваат [за изгледите за Украина во Алијансата], според мене, е лудо опасно. Затоа што Европејците велат: ‘Не ги сакаме во НАТО, затоа што се премногу ризични. Пеколно ќе ги вооружиме и ќе им го дадеме најмодерното оружје’“, објасни Кисинџер.

Во исто време, тој ја нарече Украина „најдобро вооружената земја и со најмалку стратегиски искусно лидерство во Европа“. Во овој поглед, Кисинџер предлага да се прифати Украина во НАТО со цел да се заштити и да се задржи во исто време. Тој најави и потреба од иницирање на приближување меѓу Европа и Русија со цел да се создаде стабилна граница во источниот дел на регионот.

Поразот на Русија во војната може да создаде вакуум на моќ во Централна Азија што ризикува да биде исполнет со „граѓанска војна од сириски тип“, предупреди Кисинџер. Затоа, Кина, според неговото мислење, е заинтересирана да ја види Русија како неповредена излегува од војната во Украина.

Во исто време, меѓу Москва и Пекинг постои инстинктивна недоверба еден кон друг. „Никогаш не сум сретнал руски лидер кој би рекол нешто добро за Кина. И никогаш не сум сретнал кинески лидер кој би рекол нешто добро за Русија “, рече поранешниот државен секретар.

Тој, исто така, го објасни учеството на Кина во решавањето на конфликтот со националните интереси на земјата. „Кина го прави ова делумно затоа што не сака да биде во конфликт со САД. Тие го создаваат својот светски поредок најдобро што можат“, рече Кисинџер. Во исто време, тој призна дека Пекинг ќе го одобри влезот на Украина во НАТО.

Киев поднесе барање за влез во НАТО во септември 2022 година. Сепак, постои консензус меѓу земјите од алијансата дека на Украина нема официјално да ѝ биде понудено членство, пишува „Вашингтон пос“т, цитирајќи извори. Во исто време, државите кои се дел од воениот блок сакаат да покажат „опиплива поддршка за Украина“ и да одржат политика на „отворени врати“.

The post Предлог на Кисинџер: Украина итно во НАТО, Крим да ѝ остане на Русија appeared first on Република.

]]>

Украина мора да биде прифатена во НАТО за да ја заштити од територијални претензии на Русија, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Главната задача на Западот не е само да стави крај на актуелната војна, туку и да не создаде предуслови за следната рунда конфронтација меѓу Москва и Киев, изјави 99-годишниот Кисинџер во интервју за „Економист“. Според неговото мислење, според која било верзија на мировен договор, Русија ќе го задржи Севастопол, каде што се наоѓа Црноморската флота. Сепак, Украина нема да биде задоволна што Русија ќе изгуби само дел од територијалните превземања од 2014 година. Тоа ќе биде фактор за продолжување на конфликтот, изјави поранешниот шеф на Стејт департментот, кој оваа функција ја извршуваше во 1970-тите во администрацијата на Ричард Никсон и Џералд Форд. „Она што Европејците сега го кажуваат [за изгледите за Украина во Алијансата], според мене, е лудо опасно. Затоа што Европејците велат: ‘Не ги сакаме во НАТО, затоа што се премногу ризични. Пеколно ќе ги вооружиме и ќе им го дадеме најмодерното оружје’“, објасни Кисинџер. Во исто време, тој ја нарече Украина „најдобро вооружената земја и со најмалку стратегиски искусно лидерство во Европа“. Во овој поглед, Кисинџер предлага да се прифати Украина во НАТО со цел да се заштити и да се задржи во исто време. Тој најави и потреба од иницирање на приближување меѓу Европа и Русија со цел да се создаде стабилна граница во источниот дел на регионот. Поразот на Русија во војната може да создаде вакуум на моќ во Централна Азија што ризикува да биде исполнет со „граѓанска војна од сириски тип“, предупреди Кисинџер. Затоа, Кина, според неговото мислење, е заинтересирана да ја види Русија како неповредена излегува од војната во Украина. Во исто време, меѓу Москва и Пекинг постои инстинктивна недоверба еден кон друг. „Никогаш не сум сретнал руски лидер кој би рекол нешто добро за Кина. И никогаш не сум сретнал кинески лидер кој би рекол нешто добро за Русија “, рече поранешниот државен секретар. Тој, исто така, го објасни учеството на Кина во решавањето на конфликтот со националните интереси на земјата. „Кина го прави ова делумно затоа што не сака да биде во конфликт со САД. Тие го создаваат својот светски поредок најдобро што можат“, рече Кисинџер. Во исто време, тој призна дека Пекинг ќе го одобри влезот на Украина во НАТО. Киев поднесе барање за влез во НАТО во септември 2022 година. Сепак, постои консензус меѓу земјите од алијансата дека на Украина нема официјално да ѝ биде понудено членство, пишува „Вашингтон пос“т, цитирајќи извори. Во исто време, државите кои се дел од воениот блок сакаат да покажат „опиплива поддршка за Украина“ и да одржат политика на „отворени врати“.  

The post Предлог на Кисинџер: Украина итно во НАТО, Крим да ѝ остане на Русија appeared first on Република.

]]>
Кисинџер смета дека Украина треба да стане членка на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kisindher-smeta-deka-ukraina-treba-da-stane-chlenka-na-nato/ Thu, 18 May 2023 06:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=641942

Членството на Украина во НАТО би ги задоволило интересите и на Киев и на Москва бидејќи тоа би ја спречило Украина да употреби сила во идните територијални спорови, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју објавено во денешното издание на „Економист“.

– Сега Украина е најдобро вооружената земја во Европа со власт која има најмалку стратешко искуство во Европа, истакна Кисинџер.

Американскиот дипломат смета дека на крајот на конфликтот Украина би можела да ги врати сите територии што ги загуби по 24 февруари 2022 година, освен Крим, кој, како што рече Кисинџер, ќе го задржи Русија.

Според него, таквото решение во кое Русија нешто добива, а нешто губи од освоеното, може да биде извор на незадоволство и во Русија и во Украина.

Сегашната задача е да се стави крај на непријателствата, а не да се постави „сцена за следната рунда конфликти“.

- Она што сега го зборуваат Европејците, според мене, е лудо опасно. Тие велат дека не ја сакаме Украина во НАТО, затоа што се премногу ризични, затоа вооружете ги Украинците и дајте им го најнапредното оружје, оцени Кисинџер

The post Кисинџер смета дека Украина треба да стане членка на НАТО appeared first on Република.

]]>

Членството на Украина во НАТО би ги задоволило интересите и на Киев и на Москва бидејќи тоа би ја спречило Украина да употреби сила во идните територијални спорови, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју објавено во денешното издание на „Економист“.
– Сега Украина е најдобро вооружената земја во Европа со власт која има најмалку стратешко искуство во Европа, истакна Кисинџер.
Американскиот дипломат смета дека на крајот на конфликтот Украина би можела да ги врати сите територии што ги загуби по 24 февруари 2022 година, освен Крим, кој, како што рече Кисинџер, ќе го задржи Русија. Според него, таквото решение во кое Русија нешто добива, а нешто губи од освоеното, може да биде извор на незадоволство и во Русија и во Украина. Сегашната задача е да се стави крај на непријателствата, а не да се постави „сцена за следната рунда конфликти“. - Она што сега го зборуваат Европејците, според мене, е лудо опасно. Тие велат дека не ја сакаме Украина во НАТО, затоа што се премногу ризични, затоа вооружете ги Украинците и дајте им го најнапредното оружје, оцени Кисинџер

The post Кисинџер смета дека Украина треба да стане членка на НАТО appeared first on Република.

]]>
Киев до Кисинџер: Секој договор со ѓаволот или мир на сметка на украинската територија е победа на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-do-kisindzer-sekoj-dogovor-so-gjavolot-ili-mir-na-smetka-na-ukrainskata-teritorija-e-pobeda-na-putin/ Mon, 19 Dec 2022 07:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=587419

Владата во Киев ги отфрли коментарите на поранешниот шеф на американската дипломатија Хенри Кисинџер и нагласи дека не може да има договор со Русија што вклучува отстапување на украинска територија. Кисинџер вчера изјави дека е дојдено време за завршување на конфликтот во Украина и седнување на масата за преговори со цел да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, пренесоа британските медиуми.

Постигнувањето мир во секој случај треба да ги поврзе Украина и НАТО. Неутралноста како алтернатива веќе нема смисла, напиша Кисинџер (99) во увидник за магазинот „Спектатор“.

Дипломатот додаде дека во мај годинава предложил прекин на конфликтот, по што Русија ќе се повлече на првите линии од пред почетокот на конфликтот, но Крим ќе остане „предмет на преговори“.

На ова помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на својот профил на Телеграм денеска напиша дека „г-дин Кисинџер ништо не разбрал“.

Рецептот на кој тој повикува, но се плаши гласно да го каже е едноставен – смирете го агресорот жртвувајќи делови од Украина, со гаранции за ненапаѓање на другите источноевропски земји, напиша Подољак.

Тој додаде дека сите оние кои се залагаат за мир „треба да разберат дека секој договор со ѓаволот, односно мир на сметка на украинските територии, е победа на Путин, како и рецепт за успех на автократите ширум светот“.

Британските медиуми пренесува дека Кисинџер беше државен секретар на САД за време на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд и досега неколку пати се има сретнато со Врускиот претседател Владимир Путин.

The post Киев до Кисинџер: Секој договор со ѓаволот или мир на сметка на украинската територија е победа на Путин appeared first on Република.

]]>

Владата во Киев ги отфрли коментарите на поранешниот шеф на американската дипломатија Хенри Кисинџер и нагласи дека не може да има договор со Русија што вклучува отстапување на украинска територија. Кисинџер вчера изјави дека е дојдено време за завршување на конфликтот во Украина и седнување на масата за преговори со цел да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, пренесоа британските медиуми. Постигнувањето мир во секој случај треба да ги поврзе Украина и НАТО. Неутралноста како алтернатива веќе нема смисла, напиша Кисинџер (99) во увидник за магазинот „Спектатор“. Дипломатот додаде дека во мај годинава предложил прекин на конфликтот, по што Русија ќе се повлече на првите линии од пред почетокот на конфликтот, но Крим ќе остане „предмет на преговори“. На ова помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на својот профил на Телеграм денеска напиша дека „г-дин Кисинџер ништо не разбрал“. Рецептот на кој тој повикува, но се плаши гласно да го каже е едноставен – смирете го агресорот жртвувајќи делови од Украина, со гаранции за ненапаѓање на другите источноевропски земји, напиша Подољак. Тој додаде дека сите оние кои се залагаат за мир „треба да разберат дека секој договор со ѓаволот, односно мир на сметка на украинските територии, е победа на Путин, како и рецепт за успех на автократите ширум светот“. Британските медиуми пренесува дека Кисинџер беше државен секретар на САД за време на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд и досега неколку пати се има сретнато со Врускиот претседател Владимир Путин.

The post Киев до Кисинџер: Секој договор со ѓаволот или мир на сметка на украинската територија е победа на Путин appeared first on Република.

]]>
Кисинџер: Не смее да има соништа за распарчување на Русија, време е да се преговара за мир во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kisindzer-ne-smee-da-ima-sonishta-za-rasparchuvanje-na-rusija-vreme-e-da-se-pregovara-za-mir-vo-ukraina/ Sun, 18 Dec 2022 13:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=587193

Наближува времето да се преговара за мир во Украина за да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, но соништата за распарчување на Русија може да предизвикаат нуклеарен хаос, изјави Хенри Кисинџер, кој се смета за татко на американската дипломатија .

Кисинџер (99), кој, како државен секретар под претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд беше архитект на политиката на олабавување на тензиите со Советскиот сојуз за време на Студената војна, се сретна со Владимир Путин во неколку наврати откако тој стана претседател на Русија во 2000 година.

Изјавата на Кисинџер доаѓа во време кога не се наѕира излез од конфликтот кој почна на 24 февруари, а во кој загинаа десетици илјади луѓе. Русија моментално контролира речиси една петтина од територијата на Украина.

Се ближи времето да се надградат стратешките промени и да се интегрираат во нова структура насочена кон постигнување мир преку преговори. Мировниот процес мора да ја поврзе Украина со НАТО на категоричен начин. Алтернативата за неутралност повеќе нема да има смисла“, напиша Кисинџер во магазинот „Спектатор“, во напис насловен „Како да се избегне уште една светска војна“.

Добитникот на Нобеловата награда за мир, за неговите напори за ставање крај на Виетнамската војна, истакнува дека во мај предложил прекин на огнот во кој руските сили ќе се повлечат на своите позиции пред војната, а судбината на Крим ќе биде предмет на преговори.

Разделувањето на Русија или уништувањето на нејзината способност да води стратешка политика, може да ја претвори нејзината територија која опфаќа 11 временски зони, во оспорен вакуум, околу кој сите би се бореле. Нејзините ривалски заедници може да одлучат да ги решат своите спорови со сила. Другите земји може да се обидат да ги прошират своите барања со сила. Сите овие опасности би ги продлабочиле заканите од илјадниците нуклеарни боеви глави што ја прават Русија една од двете најголеми нуклеарни сили“, пишува Кисинџер.

The post Кисинџер: Не смее да има соништа за распарчување на Русија, време е да се преговара за мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Наближува времето да се преговара за мир во Украина за да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, но соништата за распарчување на Русија може да предизвикаат нуклеарен хаос, изјави Хенри Кисинџер, кој се смета за татко на американската дипломатија .
Кисинџер (99), кој, како државен секретар под претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд беше архитект на политиката на олабавување на тензиите со Советскиот сојуз за време на Студената војна, се сретна со Владимир Путин во неколку наврати откако тој стана претседател на Русија во 2000 година. Изјавата на Кисинџер доаѓа во време кога не се наѕира излез од конфликтот кој почна на 24 февруари, а во кој загинаа десетици илјади луѓе. Русија моментално контролира речиси една петтина од територијата на Украина.
Се ближи времето да се надградат стратешките промени и да се интегрираат во нова структура насочена кон постигнување мир преку преговори. Мировниот процес мора да ја поврзе Украина со НАТО на категоричен начин. Алтернативата за неутралност повеќе нема да има смисла“, напиша Кисинџер во магазинот „Спектатор“, во напис насловен „Како да се избегне уште една светска војна“.
Добитникот на Нобеловата награда за мир, за неговите напори за ставање крај на Виетнамската војна, истакнува дека во мај предложил прекин на огнот во кој руските сили ќе се повлечат на своите позиции пред војната, а судбината на Крим ќе биде предмет на преговори.
Разделувањето на Русија или уништувањето на нејзината способност да води стратешка политика, може да ја претвори нејзината територија која опфаќа 11 временски зони, во оспорен вакуум, околу кој сите би се бореле. Нејзините ривалски заедници може да одлучат да ги решат своите спорови со сила. Другите земји може да се обидат да ги прошират своите барања со сила. Сите овие опасности би ги продлабочиле заканите од илјадниците нуклеарни боеви глави што ја прават Русија една од двете најголеми нуклеарни сили“, пишува Кисинџер.

The post Кисинџер: Не смее да има соништа за распарчување на Русија, време е да се преговара за мир во Украина appeared first on Република.

]]>
Кисинџер: Отстапувањето украинска територија не смее да биде на преговарачка маса со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kisindzer-otstapuvanjeto-ukrainska-teritorija-ne-smee-da-bide-na-pregovarachka-masa-so-rusija/ Mon, 25 Jul 2022 06:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=532801

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер ги советуваше Украина и Западот во идните мировни преговори да не и отстапуваат на Русија ниту еден дел од украинска територија окупирана од почетокот на војната.

Кисинџер во изјавата за германската државна телевизија „Зе-Де-Еф“ нагласи дека отстапувањето територија не смее да биде на преговарачка маса, и го повика Западот  независно околностите да биде јасен по однос тоа за што може и за што не може да се разговара.

Сето тоа мора да се направи заедно со Украинците, нагласи поранешниот државен секретар. Кисинџер, пет месеци од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Кисинџер одигра клучна улога во обликувањето на американската надворешната политика од крајот на 60-те до крајот на 70-те години на минатиот век, прво како советник за национална безбедност, а потоа како државен секретар. Во 1973 година тој ја доби Нобеловата награда за мир за договорот за прекин на огнот и договорот за повлекување од тогашниот Северен Виетнам.

The post Кисинџер: Отстапувањето украинска територија не смее да биде на преговарачка маса со Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер ги советуваше Украина и Западот во идните мировни преговори да не и отстапуваат на Русија ниту еден дел од украинска територија окупирана од почетокот на војната. Кисинџер во изјавата за германската државна телевизија „Зе-Де-Еф“ нагласи дека отстапувањето територија не смее да биде на преговарачка маса, и го повика Западот  независно околностите да биде јасен по однос тоа за што може и за што не може да се разговара. Сето тоа мора да се направи заедно со Украинците, нагласи поранешниот државен секретар. Кисинџер, пет месеци од почетокот на руската инвазија врз Украина. Кисинџер одигра клучна улога во обликувањето на американската надворешната политика од крајот на 60-те до крајот на 70-те години на минатиот век, прво како советник за национална безбедност, а потоа како државен секретар. Во 1973 година тој ја доби Нобеловата награда за мир за договорот за прекин на огнот и договорот за повлекување од тогашниот Северен Виетнам.

The post Кисинџер: Отстапувањето украинска територија не смее да биде на преговарачка маса со Русија appeared first on Република.

]]>
Кисинџер: Конфликтот во Украина може да заврши на три начини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kisindzer-konfliktot-vo-ukraina-moze-da-zavrshi-na-tri-nachini/ Fri, 01 Jul 2022 09:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=522029

Украинската криза може да заврши на три начини, истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектејтор“.

Според него, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со главниот индустриски и земјоделски регион и појасот долж Црното Море.

Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа за Русија. Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше - оценува Кисинџер.

Второто сценарио, објаснува тој, би било обид да се „истисне“ Русија од Крим.

Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот.

Ако продолжат воените операции, ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија - истакна Кисинџер.

Третото сценарио, според дипломатот, предвидува враќање на ситуацијата до 24 февруари.

Нерешените прашања ќе се решаваат со преговори. Ситуацијата веројатно ќе биде замрзната уште некое време, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

The post Кисинџер: Конфликтот во Украина може да заврши на три начини appeared first on Република.

]]>

Украинската криза може да заврши на три начини, истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектејтор“. Според него, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со главниот индустриски и земјоделски регион и појасот долж Црното Море.
Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа за Русија. Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше - оценува Кисинџер.
Второто сценарио, објаснува тој, би било обид да се „истисне“ Русија од Крим. Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот.
Ако продолжат воените операции, ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија - истакна Кисинџер.
Третото сценарио, според дипломатот, предвидува враќање на ситуацијата до 24 февруари. Нерешените прашања ќе се решаваат со преговори. Ситуацијата веројатно ќе биде замрзната уште некое време, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

The post Кисинџер: Конфликтот во Украина може да заврши на три начини appeared first on Република.

]]>