хемофилтрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hemofiltracija/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 12:30:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хемофилтрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hemofiltracija/ 32 32 Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitrev-so-hemofiltracija-samo-lechevme-ne-pravevme-eksperimenti/ Wed, 19 Oct 2022 12:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=563125

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?

Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.

До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација.

Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.

Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?
Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.
До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација. Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.
Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>
Во Клиниката „Жан Митрев” од ковид починале 442 пациенти, процентот на преживеани е поголем од националниот просек https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-klinika-zan-mitrev-od-kovid-pochinale-442-pacienti-procentot-na-preziveani-e-pogolem-od-nacionalniot-prosek/ Fri, 12 Aug 2022 14:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=539689

Стапката на успех во третманот на пациентите со Ковид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале, соопшти денеска Клиниката.

Според нивната статистика од ковид починале 442 пациенти, а во приватната болница, напоменуваат, биле згрижени и пациенти дојдени од други здравствени установи.

Оваа стапка на успех во лекувањето е повисока од националниот македонски просек според последните податоци на Институтот за јавно здравје. Според овие извештаи „процентот на успех” кај хоспитализирани пациенти исклучиво третирани и лекувани во Жан Митрев клиниката е сличен на просекот направен во 200 германски болници, каде просечното преживување изнесува 78%. Стапката на преживување според исти студии направени во повеќе земји се движи од 30 до 80 проценти, така во Велика Британија е меѓу 50-89% во зависност од бранот, во Шпанија изнесува 64,4%, во Америка е 80,3%, а во Бразил се движи меѓу 61,6-75,4%, соопштија од Клиниката Жан Митрев.

Според нив хемофилтрацијата претставува само еден дел од спектарот методи и пристапи коишто се користат за лекувањето на пациентите.

Третманот на пациентите во Жан Митрев клиника се дефинира според тежината на болеста на прием, клиничката слика општата состојба на пациентот, дали се присутни коморбидитети, колку е критична состојбата и други клинички варијабли. Хемофилтрацијата како метод во третман на Ковид-19 има ургентно одобрување од Американската агенција за лекови (FDA) со јасно дефиниран индикационен опсег. Тоа ја прави примената на хемофилтрацијата во овој случај легитимна. Ова одобрување е еквивалентно на тоа за вакцините. При ургентно одобрување од ова највисоко авторитетно регулаторно тело, третманот не може да се смета за небезбеден, неиспитан и нетестиран, додаваат од Клиниката.

Примената на хемофилтрацијата во пандемија според упатство за работа во рамките на одобреното индикационо подрачје, во дози и начин кој е пропишан за негово користење нема статус на клиничко испитување и не е предмет на регулативата за добивање одобрение за клиничко испитување, а со тоа и потпишана информирана согласност од страна на пациентот, нагласуваат од Клиниката Жан Митрев, без да го прецизираат бројот на пациенти кои оздравеле од ковид по хемофилтрација.

Попладнево во Основното јавно обвинителство Скопје на распит е повикан доктор Жан Митрев за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.

Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, по докуметарецот на ИРЛ насловен „Нечиста крв“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zan-mitrev-povikan-na-raspit-vo-obvinitelstvo/

The post Во Клиниката „Жан Митрев” од ковид починале 442 пациенти, процентот на преживеани е поголем од националниот просек appeared first on Република.

]]>

Стапката на успех во третманот на пациентите со Ковид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале, соопшти денеска Клиниката. Според нивната статистика од ковид починале 442 пациенти, а во приватната болница, напоменуваат, биле згрижени и пациенти дојдени од други здравствени установи.
Оваа стапка на успех во лекувањето е повисока од националниот македонски просек според последните податоци на Институтот за јавно здравје. Според овие извештаи „процентот на успех” кај хоспитализирани пациенти исклучиво третирани и лекувани во Жан Митрев клиниката е сличен на просекот направен во 200 германски болници, каде просечното преживување изнесува 78%. Стапката на преживување според исти студии направени во повеќе земји се движи од 30 до 80 проценти, така во Велика Британија е меѓу 50-89% во зависност од бранот, во Шпанија изнесува 64,4%, во Америка е 80,3%, а во Бразил се движи меѓу 61,6-75,4%, соопштија од Клиниката Жан Митрев.
Според нив хемофилтрацијата претставува само еден дел од спектарот методи и пристапи коишто се користат за лекувањето на пациентите.
Третманот на пациентите во Жан Митрев клиника се дефинира според тежината на болеста на прием, клиничката слика општата состојба на пациентот, дали се присутни коморбидитети, колку е критична состојбата и други клинички варијабли. Хемофилтрацијата како метод во третман на Ковид-19 има ургентно одобрување од Американската агенција за лекови (FDA) со јасно дефиниран индикационен опсег. Тоа ја прави примената на хемофилтрацијата во овој случај легитимна. Ова одобрување е еквивалентно на тоа за вакцините. При ургентно одобрување од ова највисоко авторитетно регулаторно тело, третманот не може да се смета за небезбеден, неиспитан и нетестиран, додаваат од Клиниката.
Примената на хемофилтрацијата во пандемија според упатство за работа во рамките на одобреното индикационо подрачје, во дози и начин кој е пропишан за негово користење нема статус на клиничко испитување и не е предмет на регулативата за добивање одобрение за клиничко испитување, а со тоа и потпишана информирана согласност од страна на пациентот, нагласуваат од Клиниката Жан Митрев, без да го прецизираат бројот на пациенти кои оздравеле од ковид по хемофилтрација. Попладнево во Основното јавно обвинителство Скопје на распит е повикан доктор Жан Митрев за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје. Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, по докуметарецот на ИРЛ насловен „Нечиста крв“. https://republika.mk/vesti/makedonija/zan-mitrev-povikan-na-raspit-vo-obvinitelstvo/

The post Во Клиниката „Жан Митрев” од ковид починале 442 пациенти, процентот на преживеани е поголем од националниот просек appeared first on Република.

]]>
Kомисијата за заразни болести не дискутирала за хемофилтрацијата кај „Жан Митрев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zarazni-bolesti-ne-diskutirala-za-hemofiltracijata-kaj-zan-mitrev/ Fri, 22 Jul 2022 20:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=532283

Во врска со тоа дали на Комисијата за заразни болести се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со Ковид-19 со хемофилтрација, процедура која се применувала во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација.

– Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група во овој случај пациентите треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на испитаникот, пациентот се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја како концепт подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од  „интерлеукин 6“, истакна д-р Петличковски

The post Kомисијата за заразни болести не дискутирала за хемофилтрацијата кај „Жан Митрев“ appeared first on Република.

Беким Сали: Да беше хемофилтрацијата кај „Жан Митрев“ 500 денари немаше да се жалите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekim-sali-da-beshe-hemofiltracijata-kaj-zan-mitrev-500-denari-nemashe-da-se-zalite/ Wed, 20 Jul 2022 11:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=531400

Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите, рече министерот за здравство Беким Сали на прес-конференција за сторијата на ИРЛ за Клиниката „Жан Митрев“.

-Вашата жалба не е од медицински аспект, туку од финансиски аспект. Имате за тоа Финансиска полиција. Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни – рече Сали.

The post Беким Сали: Да беше хемофилтрацијата кај „Жан Митрев“ 500 денари немаше да се жалите appeared first on Република.