Хелсинки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helsinki/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 12:25:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хелсинки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helsinki/ 32 32 Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-murtezani-strand-vo-helsinki-ispolnuvane-na-reformskite-kriteriumi-no-i-obezbeduvane-jasna-eu-perspektiva-za-regionot/ Fri, 22 Nov 2024 12:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=840805

Во рамки на работната посета на Финска, министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд, на која се разговараше за перспективите на Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за важноста на процесот на проширување на ЕУ како стратешка цел за стабилноста и напредокот на регионот.
Министерот Муртезани се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка на Финска за европската иднина на Македонија, која не се манифестира само преку политичката поддршка, туку и преку конкретна техничка и експертска помош. Муртезани ја подвлече важноста на реализираните Tвининг проекти, кои досега вклучија седум успешни иницијативи со учество на фински експерти.
МЕП Муртезани истакна дека Македонија е силно посветена на европскиот пат и дека напредокот на земјата во реформските процеси заслужува континуирана поддршка од земјите-членки на Унијата. Соговорниците разговараа за тековните активности во контекст на реформите во клучните области, како владеење на правото, зајакнување на демократските институции и јавната администрација. Муртезани информираше за напредокот на Македонија во усогласувањето со европските стандарди, како и за подготвеноста на земјата да го отвори првиот Кластер „Фундаментални вредности“ во преговорите со ЕУ.
Соговорниците изразија интерес за интензивирање на соработката во рамките на нови Tвининг проекти, коишто ќе ги опфатат областите на реформирање на јавната администрација, понатамошниот развој на дигитализацијата и зајакнување на организационите и институционални капацитети за процесот на преговарање за пристапување во Унијата. Муртезани и Странд констатираа дека исполнувањето на реформските критериуми е клучно, но и дека процесот на пристапување кон Унијата мора да остане динамичен и опиплив, за да се задржи мотивацијата на граѓаните и владите на земјите-кандидатки.

The post Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>

Во рамки на работната посета на Финска, министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд, на која се разговараше за перспективите на Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за важноста на процесот на проширување на ЕУ како стратешка цел за стабилноста и напредокот на регионот. Министерот Муртезани се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка на Финска за европската иднина на Македонија, која не се манифестира само преку политичката поддршка, туку и преку конкретна техничка и експертска помош. Муртезани ја подвлече важноста на реализираните Tвининг проекти, кои досега вклучија седум успешни иницијативи со учество на фински експерти. МЕП Муртезани истакна дека Македонија е силно посветена на европскиот пат и дека напредокот на земјата во реформските процеси заслужува континуирана поддршка од земјите-членки на Унијата. Соговорниците разговараа за тековните активности во контекст на реформите во клучните области, како владеење на правото, зајакнување на демократските институции и јавната администрација. Муртезани информираше за напредокот на Македонија во усогласувањето со европските стандарди, како и за подготвеноста на земјата да го отвори првиот Кластер „Фундаментални вредности“ во преговорите со ЕУ. Соговорниците изразија интерес за интензивирање на соработката во рамките на нови Tвининг проекти, коишто ќе ги опфатат областите на реформирање на јавната администрација, понатамошниот развој на дигитализацијата и зајакнување на организационите и институционални капацитети за процесот на преговарање за пристапување во Унијата. Муртезани и Странд констатираа дека исполнувањето на реформските критериуми е клучно, но и дека процесот на пристапување кон Унијата мора да остане динамичен и опиплив, за да се задржи мотивацијата на граѓаните и владите на земјите-кандидатки.

The post Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>
Апсења во Хелсинки поради протестите против мерките за ковид и цените на бензините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/apsenja-vo-helsinki-poradi-protestite-protiv-merkite-za-kovid-i-cenite-na-benzinite/ Sat, 05 Feb 2022 11:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=454480

Финската полицијата приведе 55 лица за време на протестот против ограничувањата воведени поради ковид и поскапувањето на бензинот, што се одржа пред зградата на финскиот парламент во текот на ноќта кон петокот и саботата, соопшти градската полициска управа.

Неколку стотици луѓе учествуваа на собирот наречен Конвој Финска 2022. „Луѓето кои излегоа на булеварот Манерхајм во петокот навечер го блокираа сообраќајот“, се вели во полицискиот извештај. Поради тоа, имаше значителни потешкотии во сообраќајот. Доцна вечерта полицијата почна да го расчистува булеварот од автомобили поставени како блокада од демонстрантите, кои се обидоа тоа да го спречат. По полноќ, полицијата нареди толпата да се растера.

„Полицијата повлече десетици автомобили од булеварот Манерхајм и приведе 55 лица. Сите уапсени се осомничени дека дале отпор на властите“, изјави високиот полициски комесар Јармо Хејнонен.

The post Апсења во Хелсинки поради протестите против мерките за ковид и цените на бензините appeared first on Република.

]]>

Финската полицијата приведе 55 лица за време на протестот против ограничувањата воведени поради ковид и поскапувањето на бензинот, што се одржа пред зградата на финскиот парламент во текот на ноќта кон петокот и саботата, соопшти градската полициска управа. Неколку стотици луѓе учествуваа на собирот наречен Конвој Финска 2022. „Луѓето кои излегоа на булеварот Манерхајм во петокот навечер го блокираа сообраќајот“, се вели во полицискиот извештај. Поради тоа, имаше значителни потешкотии во сообраќајот. Доцна вечерта полицијата почна да го расчистува булеварот од автомобили поставени како блокада од демонстрантите, кои се обидоа тоа да го спречат. По полноќ, полицијата нареди толпата да се растера. „Полицијата повлече десетици автомобили од булеварот Манерхајм и приведе 55 лица. Сите уапсени се осомничени дека дале отпор на властите“, изјави високиот полициски комесар Јармо Хејнонен.

The post Апсења во Хелсинки поради протестите против мерките за ковид и цените на бензините appeared first on Република.

]]>