хеликоптерска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helikopterskata-nesrekja/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 18:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хеликоптерска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helikopterskata-nesrekja/ 32 32 16 години тага: Одадена почит на загинатите припадници на Армијата во хеликоптерската несреќа кај Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/16-godini-taga-odadena-pochit-na-zaginatite-pripadnitsi-na-armijata-vo-helikopterskata-nesreka-kaj-blatse/ Fri, 12 Jan 2024 18:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=732396

Со полагање цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот „Бутмир“ во Сараево, денеска е одадена почит на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг, кои пред шеснаесет години трагично ги загубија своите животи, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата.

На спомен обележјето, во помен на загинатите припадници, венци положија делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, Командата за операции, воздухопловниот Винг, првата пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите и претставници на општината Петровец. Почит на загинатите е одадена и пред спомен обележјето пред командата на воздухопловниот Винг во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во кампот „Бутмир“ во Сараево, Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението.

Армискиот хеликоптер Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги од мисијата „АЛТЕА“, потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

The post 16 години тага: Одадена почит на загинатите припадници на Армијата во хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

]]>

Со полагање цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот „Бутмир“ во Сараево, денеска е одадена почит на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг, кои пред шеснаесет години трагично ги загубија своите животи, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата.
На спомен обележјето, во помен на загинатите припадници, венци положија делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, Командата за операции, воздухопловниот Винг, првата пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите и претставници на општината Петровец. Почит на загинатите е одадена и пред спомен обележјето пред командата на воздухопловниот Винг во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во кампот „Бутмир“ во Сараево, Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението.
Армискиот хеликоптер Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги од мисијата „АЛТЕА“, потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

The post 16 години тага: Одадена почит на загинатите припадници на Армијата во хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

]]>
Шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shesnaeset-godini-od-helikopterskata-nesreka-kaj-blatse/ Fri, 12 Jan 2024 08:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=732214

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг.

Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

 

The post Шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг. Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници. Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.  

The post Шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

]]>
Четири лица загинаа при пад на хеликоптер во езеро на Аљаска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetiri-litsa-zaginaa-pri-pad-na-helikopter-vo-ezero-na-alaska/ Sat, 22 Jul 2023 09:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=664148

Четири лица загинаа кога хеликоптер се урна во езеро во регионот Северен Слоуп, во американската сојузна држава Алјаска, соопштија официјални лица.

Во несреќата нема преживеани, а загинаа пилотот и тројца вработени во Одделот за геолошко-геофизички истражувања кои работеле на терен, соопштија властите.

Според општински претставник, хеликоптерот „Бел 206“ во четвртокот доцна вечерта по локално време бил пријавен за исчезнат, по што тимот за пребарување и спасување пронашол остатоци што одговараат на описот на исчезнатиот хеликоптер, но не било пронајдено тело.

Хеликоптерот тргнал од најсеверниот град Уткијагвик на Алјаска и требаше да се врати таму, изјави Клинт Џонсон, регионален шеф на Националниот одбор за безбедност на транспортот на Алјаска.

The post Четири лица загинаа при пад на хеликоптер во езеро на Аљаска appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа кога хеликоптер се урна во езеро во регионот Северен Слоуп, во американската сојузна држава Алјаска, соопштија официјални лица. Во несреќата нема преживеани, а загинаа пилотот и тројца вработени во Одделот за геолошко-геофизички истражувања кои работеле на терен, соопштија властите. Според општински претставник, хеликоптерот „Бел 206“ во четвртокот доцна вечерта по локално време бил пријавен за исчезнат, по што тимот за пребарување и спасување пронашол остатоци што одговараат на описот на исчезнатиот хеликоптер, но не било пронајдено тело.
Хеликоптерот тргнал од најсеверниот град Уткијагвик на Алјаска и требаше да се врати таму, изјави Клинт Џонсон, регионален шеф на Националниот одбор за безбедност на транспортот на Алјаска.

The post Четири лица загинаа при пад на хеликоптер во езеро на Аљаска appeared first on Република.

]]>
Во хеликоптерска несреќа загина раководството на украинското МВР, меѓу 18-те загинати и три деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-helikopterska-nesreka-zagina-rakovodstvoto-na-ukrainskoto-mvr-megu-18-te-zaginati-i-tri-detsa/ Wed, 18 Jan 2023 10:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=598230

Министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирски, неговиот прв заменик Евхен Јенин и државниот секретар на Министерството Јуриј Лубкович загинаа во денешната хеликоптерска несреќа во Киевската област. Во инцидентот загинаа 18 лица, меѓу кои три деца.

Хеликоптерот се урнал блиску до градинка и станбена зграда во Бровари. Во хеликоптерот се превезувале девет лица, сметајќи го и екипажот. Сликите од местото на настанот покажуваат огромен пламен и облак чад кој оди кон небото во Бровари, кој се наоѓа североисточно од главниот град.

Шефот на регионалната воена администрација на Киев, Олексеј Кулеба, рече дека во трагедијата во Бровари повредени се 29 лица, од кои 15 деца и сите се хоспитализирани, пренесува Би-Би-Си. – Во моментот на трагедијата децата и персоналот на установата биле во градинката, појасни Кулеба.

Според локални медиуми, веднаш по падот на хеликоптерот, градинката била зафатена од пожар, по што веднаш е спроведена евакуација.

Шефот на украинската полиција Игор Клименко на Фејсбук објави дека хеликоптерот и припаѓа на Украинската служба за итни случаи.

Во моментот на падот било темно и магливо и првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинката пред да се урне во близина на станбена зграда, наведува Би-Би-Си.

Трагичната несреќа ја коментираше Антон Герашченко, советник на починатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.

The post Во хеликоптерска несреќа загина раководството на украинското МВР, меѓу 18-те загинати и три деца appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирски, неговиот прв заменик Евхен Јенин и државниот секретар на Министерството Јуриј Лубкович загинаа во денешната хеликоптерска несреќа во Киевската област. Во инцидентот загинаа 18 лица, меѓу кои три деца. Хеликоптерот се урнал блиску до градинка и станбена зграда во Бровари. Во хеликоптерот се превезувале девет лица, сметајќи го и екипажот. Сликите од местото на настанот покажуваат огромен пламен и облак чад кој оди кон небото во Бровари, кој се наоѓа североисточно од главниот град. Шефот на регионалната воена администрација на Киев, Олексеј Кулеба, рече дека во трагедијата во Бровари повредени се 29 лица, од кои 15 деца и сите се хоспитализирани, пренесува Би-Би-Си. – Во моментот на трагедијата децата и персоналот на установата биле во градинката, појасни Кулеба. Според локални медиуми, веднаш по падот на хеликоптерот, градинката била зафатена од пожар, по што веднаш е спроведена евакуација. Шефот на украинската полиција Игор Клименко на Фејсбук објави дека хеликоптерот и припаѓа на Украинската служба за итни случаи. Во моментот на падот било темно и магливо и првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинката пред да се урне во близина на станбена зграда, наведува Би-Би-Си. Трагичната несреќа ја коментираше Антон Герашченко, советник на починатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.

The post Во хеликоптерска несреќа загина раководството на украинското МВР, меѓу 18-те загинати и три деца appeared first on Република.

]]>
Условни казни за хеликоптерската несреќа кај Струмица, во која загинаа четворица пилоти на МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovni-kazni-za-helikopterskata-nesrekja-kaj-strumica-vo-koja-zaginaa-chetvorica-piloti-na-mvr/ Wed, 06 Apr 2022 13:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=484129

Основниот суд во Струмица донесе осудителна пресуда за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четворица пилоти на МВР.

https://arhiva.republika.mk/282334

Судечкиот совет ги осуди обвинетите Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ на условна казна од затвор од две години доколку делото не го повтори во наредните три години, Драгослав Радески, технички директор, доби 18 месеци условна казна доколку делото не го повтори во наредните две години, а ЈП Национална радиодифузија е казнета со парична казна во износ од 1 милион денари.

Според пресудата тие се товарат за тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со член 288 став два и еден и член 22 од Кривичниот закон. Казнетите се задолжени да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените.

На пресудата жалба најавија Обвинителството, кое ќе се жали на висината на изречената казна, а осудените на изречената казна за која сметат дека треба да е ослободителна.

Во хеликоптерот произведен 2008 година, на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.

Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.

The post Условни казни за хеликоптерската несреќа кај Струмица, во која загинаа четворица пилоти на МВР appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Струмица донесе осудителна пресуда за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четворица пилоти на МВР. https://arhiva.republika.mk/282334 Судечкиот совет ги осуди обвинетите Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ на условна казна од затвор од две години доколку делото не го повтори во наредните три години, Драгослав Радески, технички директор, доби 18 месеци условна казна доколку делото не го повтори во наредните две години, а ЈП Национална радиодифузија е казнета со парична казна во износ од 1 милион денари. Според пресудата тие се товарат за тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со член 288 став два и еден и член 22 од Кривичниот закон. Казнетите се задолжени да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените. На пресудата жалба најавија Обвинителството, кое ќе се жали на висината на изречената казна, а осудените на изречената казна за која сметат дека треба да е ослободителна. Во хеликоптерот произведен 2008 година, на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање. Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.

The post Условни казни за хеликоптерската несреќа кај Струмица, во која загинаа четворица пилоти на МВР appeared first on Република.

]]>