Хеликоптер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helikopter/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 07:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хеликоптер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helikopter/ 32 32 Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/helikopter-se-urna-vo-hotel-vo-avstralija-zagina-pilotot/ Mon, 12 Aug 2024 07:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=805663

Хеликоптер се урна во покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите.

Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер се урна во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението.

Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.

The post Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот appeared first on Република.

]]>

Хеликоптер се урна во покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите. Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер се урна во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд. Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението. Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.  

The post Хеликоптер се урна во хотел во Австралија, загина пилотот appeared first on Република.

]]>
Полициски хеликоптер транспортираше повреден од Штипско до Клиника и исфрли над 45 тони вода врз пожарот во Новаци и 22 тони вода во Пехчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsiski-helikopter-transportirashe-povreden-od-shtipsko-do-klinika-i-isfrli-nad-45-toni-voda-vrz-pozharot-vo-novatsi-i-22-toni-voda-vo-pehchevo/ Sun, 11 Aug 2024 20:20:02 +0000 https://republika.mk/?p=805600

Полициски хеликоптер транспортираше повредено лице од штипско до Клинички центар „Мајка Тереза“ и исфрли над 45 тони вода врз пожарот во реонот на Новаци и 22 тони вода врз пожарот во Пехчево.

На 11.08.2024 полициски хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици транспортираше тим пожарникари и 500 литри вода до непристапниот терен на Галичица.

Потоа истиот дејствуваше на пожарот во општина Новаци каде што фрли 45 тони вода. Во 15.00 часот хеликоптерот беше испратен за транспорт на повредено лице од непристапен терен во подрачјето на Штип до Клинички центар „Мајка Тереза“.

Пред крај на денот хеликоптерот Ми-171 се упати да дејствува на повторно активираниот пожар во Пехчево каде што фрли 22 тони вода врз пожарот.

The post Полициски хеликоптер транспортираше повреден од Штипско до Клиника и исфрли над 45 тони вода врз пожарот во Новаци и 22 тони вода во Пехчево appeared first on Република.

]]>

Полициски хеликоптер транспортираше повредено лице од штипско до Клинички центар „Мајка Тереза“ и исфрли над 45 тони вода врз пожарот во реонот на Новаци и 22 тони вода врз пожарот во Пехчево. На 11.08.2024 полициски хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици транспортираше тим пожарникари и 500 литри вода до непристапниот терен на Галичица. Потоа истиот дејствуваше на пожарот во општина Новаци каде што фрли 45 тони вода. Во 15.00 часот хеликоптерот беше испратен за транспорт на повредено лице од непристапен терен во подрачјето на Штип до Клинички центар „Мајка Тереза“. Пред крај на денот хеликоптерот Ми-171 се упати да дејствува на повторно активираниот пожар во Пехчево каде што фрли 22 тони вода врз пожарот.

The post Полициски хеликоптер транспортираше повреден од Штипско до Клиника и исфрли над 45 тони вода врз пожарот во Новаци и 22 тони вода во Пехчево appeared first on Република.

]]>
Загрозени куќи со пожарите, итно пренасочен хеликоптер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zagrozeni-kuki-so-pozharite-itno-prenasochen-helikopter/ Tue, 06 Aug 2024 15:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=803970

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека покрај досега пријавените пожари, попладнево избија два нови тешки пожари на отворено, првиот на територијата на општина Петровец, во атарот на с. Градманци а се движи во насока на с. Катлановска Брезница.

„Вториот, на територијата на општина Гевгелија, во атарот на с. Негорци каде огнот се приближи на 50 до 100 метри до првите куќи. Поради загрозеност на луѓе и куќи итно пренасочивме еден армиски хеликоптер“, вели Ангелов.

The post Загрозени куќи со пожарите, итно пренасочен хеликоптер appeared first on Република.

Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/leonid-indov-transportiran-so-helikopter-od-viena-vo-skopje/ Mon, 29 Jul 2024 09:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=801252

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, (на 28 јули 2024 година) беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт.
Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени.

Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Македонија.

Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).
Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување.

The post Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, (на 28 јули 2024 година) беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт. Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Македонија. Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер). Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување.

The post Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-pristignuvaat-er-traktori-i-helikopteri-od-turtsija-slovenija-srbija-i-tsrna-gora-2/ Tue, 16 Jul 2024 08:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=797258

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов.

На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата. Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора“, потенцираше министерот Тошковски.

Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија.

The post Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора appeared first on Република.

Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/politsiski-helikopter-isfrli-nad-38-toni-voda-vrz-pozharot-na-planinata-serta/ Sun, 14 Jul 2024 14:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=796685

Денеска (14.07.2024), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е се уште активен на планината Серта. Хеликоптерот во 25 налети исфрли над 38 тони вода.

Во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево и откако истиот беше ставен под контрола се продолжи да се дејствува на преостанатите краци од пожарот, стои во соопштението од МВР.

The post Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта appeared first on Република.

Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/helikopterot-na-mvr-isfrli-48-toni-voda-vrz-pozharot-na-planinata-serta/ Thu, 11 Jul 2024 15:07:01 +0000 https://republika.mk/?p=795886

Од раните утрински часови денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот кој изби вчера во реонот на планината Серта.

-Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тона вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа, информира МВР.

Оттаму додаваат дека доколку има потреба хеликоптерот ќе продолжи да дејствува.

The post Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта appeared first on Република.

Хеликоптер на МВР помогна за контрола на пожарот кај велешкото село Караслари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/helikopter-na-mvr-pomogna-za-kontrola-na-pozharot-kaj-veleshkoto-selo-karaslari/ Wed, 10 Jul 2024 18:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=788456

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.

Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во Неготинско, соопштија од МВР.

https://www.youtube.com/watch?v=7VXy58F4jJo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Хеликоптер на МВР помогна за контрола на пожарот кај велешкото село Караслари appeared first on Република.

Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај струшкото село Делогожди https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/helikopter-na-mvr-frli-nad-20-toni-voda-vrz-pozharot-kaj-strushkoto-selo-delogozhdi/ Tue, 09 Jul 2024 18:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=795075

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар вo шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР.

Хеликоптерот исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.

The post Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај струшкото село Делогожди appeared first on Република.

]]>

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар вo шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР. Хеликоптерот исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.  

The post Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај струшкото село Делогожди appeared first on Република.

]]>
Пронајден e урнатиот хеликоптер на претседателот на Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajden-e-urnatiot-helikopter-na-pretsedatelot-na-iran/ Sun, 19 May 2024 18:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=779909

Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.

Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.

Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.

The post Пронајден e урнатиот хеликоптер на претседателот на Иран appeared first on Република.

]]>

Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија. Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган. Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан. Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.

The post Пронајден e урнатиот хеликоптер на претседателот на Иран appeared first on Република.

]]>
Хеликоптерот со кој патуваше претседатеот на Иран принудно слета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/helikopterot-so-koj-patuvashe-pretsedateot-na-iran-prinudno-sleta/ Sun, 19 May 2024 15:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=779874

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди изјави дека еден од хеликоптерите од конвојот со кој патуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, „трвдо слета“, а кон местото на инцидентот испратени се спасувачки екипи.

- Хеликоптерот принудно слета поради лошите временски услови. Ќе биде потребно време за спасувачките тимови да стигнат до местото на несреќата. Контактиравме со придружниците на претседателот, но комуникацијата е отежната и немаме точни информации, посочи Вахиди.

Претходно претставник на Иранската Црвена полумесечина, Бабак Махмуди изјави дека се испратени дронови кои ќе помогнат во лоцирање на хеликоптерот.

- Дронови на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се распоредени на локацијата. Ние, исто така, истражуваме што се случило. Извештаите укажуваат дека имало несреќа и сите екипи треба да бидат на местото на настанот за да извршат увид, додаде Махмуди.

Во меѓувреме, Иранската државна телевизија почна да емитува молитва за претседателот. Додека иранската новинска агенција Фарс ги повика Иранците да се молат за Раиси.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

The post Хеликоптерот со кој патуваше претседатеот на Иран принудно слета appeared first on Република.

]]>

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди изјави дека еден од хеликоптерите од конвојот со кој патуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, „трвдо слета“, а кон местото на инцидентот испратени се спасувачки екипи. - Хеликоптерот принудно слета поради лошите временски услови. Ќе биде потребно време за спасувачките тимови да стигнат до местото на несреќата. Контактиравме со придружниците на претседателот, но комуникацијата е отежната и немаме точни информации, посочи Вахиди. Претходно претставник на Иранската Црвена полумесечина, Бабак Махмуди изјави дека се испратени дронови кои ќе помогнат во лоцирање на хеликоптерот. - Дронови на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се распоредени на локацијата. Ние, исто така, истражуваме што се случило. Извештаите укажуваат дека имало несреќа и сите екипи треба да бидат на местото на настанот за да извршат увид, додаде Махмуди. Во меѓувреме, Иранската државна телевизија почна да емитува молитва за претседателот. Додека иранската новинска агенција Фарс ги повика Иранците да се молат за Раиси. Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

The post Хеликоптерот со кој патуваше претседатеот на Иран принудно слета appeared first on Република.

]]>
Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nepoznato-e-shto-se-sluchi-so-helikopterot-so-koj-patuvashe-pretsedatelot-na-iran-raisi/ Sun, 19 May 2024 15:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=779867

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

The post Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси appeared first on Република.

]]>

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала. Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени. Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла. Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот. Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран. Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

The post Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси appeared first on Република.

]]>
Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/transportirano-bolno-litse-od-ungarija-do-makedonija-so-meditsinski-helikopter/ Tue, 16 Apr 2024 12:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=766744

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега.

Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице, македонски државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот (Szeged).

Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што и посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега.

Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска.

Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт.

Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР, е евидентно дека покажуваат високо ниво на храброст и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, а сега и голема вештина за безбеден транспорт на болни граѓани на големи растојанија.

The post Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице, македонски државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот (Szeged). Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што и посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега. Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска. Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт. Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР, е евидентно дека покажуваат високо ниво на храброст и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, а сега и голема вештина за безбеден транспорт на болни граѓани на големи растојанија.

The post Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер appeared first on Република.

]]>
Еден загинат, петмина повредени по пад на норвешки хеликоптер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eden-zaginat-petmina-povredeni-po-pad-na-norveshki-helikopter/ Thu, 29 Feb 2024 08:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=749488

Едно лице загина, а пет се повредени кога хеликоптер се урна во океанот во близина на западна Норвешка, соопшти денеска полицијата.

Хеликоптерот Сикорски С-92 управуван од Бристу Норвешка бил во мисија за обука и спасување вчера кога се случила несреќата, соопштија официјални лица.

Спасувачите извлекоа шест лица од морето, но едно лице подоцна беше прогласено за мртво во болница, се вели во соопштението на полицијата.

Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди, додава полицијата.

Причината за несреќата се уште не е позната. Локхид Мартин Сикорски, која го произведе хеликоптерот, вчера рече дека безбедноста е нејзин главен приоритет и дека е подготвена да ја поддржи истрагата.

Енергетската групација Еквинор соопшти дека хеликоптерот, кој бил во мисија за пребарување и спасување, вообичаено ги опслужувал платформите на полето за нафта и гас Осеберг во Северното Море.

The post Еден загинат, петмина повредени по пад на норвешки хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а пет се повредени кога хеликоптер се урна во океанот во близина на западна Норвешка, соопшти денеска полицијата. Хеликоптерот Сикорски С-92 управуван од Бристу Норвешка бил во мисија за обука и спасување вчера кога се случила несреќата, соопштија официјални лица. Спасувачите извлекоа шест лица од морето, но едно лице подоцна беше прогласено за мртво во болница, се вели во соопштението на полицијата. Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди, додава полицијата. Причината за несреќата се уште не е позната. Локхид Мартин Сикорски, која го произведе хеликоптерот, вчера рече дека безбедноста е нејзин главен приоритет и дека е подготвена да ја поддржи истрагата. Енергетската групација Еквинор соопшти дека хеликоптерот, кој бил во мисија за пребарување и спасување, вообичаено ги опслужувал платформите на полето за нафта и гас Осеберг во Северното Море.  

The post Еден загинат, петмина повредени по пад на норвешки хеликоптер appeared first on Република.

]]>
Пронајден исчезнатиот американски хеликоптер, потрагата по петмината маринци продолжува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajden-ischeznatiot-amerikanski-helikopter-potragata-po-petminata-marintsi-prodolzhuva/ Wed, 07 Feb 2024 20:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=741649

Властите го пронајдоа американскиот воен хеликоптер, кој со петмина американски маринци исчезнаа на летот од Невада до Калифорнија, пишува „Fox News“.

Според американскиот марински корпус, потрагата по екипажот продолжува.

„Третото воздухопловно крило ја насочува операцијата за пребарување и спасување преку Командниот центар за операции на Вингс и користи копнена и воздухопловна опрема за лоцирање на екипажот во координација со Одделот на шерифот на округот Сан Диего и повеќе федерални, државни и локални агенции. Новите информации ќе бидат објавени веднаш штом ќе станат достапни“, објави маринскиот корпус.

The post Пронајден исчезнатиот американски хеликоптер, потрагата по петмината маринци продолжува appeared first on Република.

]]>

Властите го пронајдоа американскиот воен хеликоптер, кој со петмина американски маринци исчезнаа на летот од Невада до Калифорнија, пишува „Fox News“. Според американскиот марински корпус, потрагата по екипажот продолжува.
„Третото воздухопловно крило ја насочува операцијата за пребарување и спасување преку Командниот центар за операции на Вингс и користи копнена и воздухопловна опрема за лоцирање на екипажот во координација со Одделот на шерифот на округот Сан Диего и повеќе федерални, државни и локални агенции. Новите информации ќе бидат објавени веднаш штом ќе станат достапни“, објави маринскиот корпус.

The post Пронајден исчезнатиот американски хеликоптер, потрагата по петмината маринци продолжува appeared first on Република.

]]>
Исчезна хеликоптер со петмина американски маринци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ischezna-helikopter-so-petmina-amerikanski-marintsi/ Wed, 07 Feb 2024 16:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=741597

Американските спасувачки служби трагаат по исчезнат хеликоптер со петмина маринци, соопшти денеска американскиот марински корпус.

Хеликоптерот „CH-53E Super Stallion“ полетал од воздухопловна база во близина на Лас Вегас и требало да слета во Мирамар во близина на Сан Диего, но Канцеларијата на шерифот на Сан Диего и Цивилната воздушна гарда побарале помош од хеликоптерот, јавува CNN.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека го испратиле својот хеликоптер во потрага, но поради невремето тој не можел да стигне до областа.

Противпожарните екипи излегле на местото каде последен пат бил виден хеликоптерот, но ништо не пронашле.

The post Исчезна хеликоптер со петмина американски маринци appeared first on Република.

]]>

Американските спасувачки служби трагаат по исчезнат хеликоптер со петмина маринци, соопшти денеска американскиот марински корпус. Хеликоптерот „CH-53E Super Stallion“ полетал од воздухопловна база во близина на Лас Вегас и требало да слета во Мирамар во близина на Сан Диего, но Канцеларијата на шерифот на Сан Диего и Цивилната воздушна гарда побарале помош од хеликоптерот, јавува CNN. Канцеларијата на шерифот соопшти дека го испратиле својот хеликоптер во потрага, но поради невремето тој не можел да стигне до областа. Противпожарните екипи излегле на местото каде последен пат бил виден хеликоптерот, но ништо не пронашле.

The post Исчезна хеликоптер со петмина американски маринци appeared first on Република.

]]>
Во Канада се урна хеликоптер со скијачи, загинаа тројца Италијанци, a четворица се тешко повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kanada-se-urna-helikopter-so-skijachi-zaginaa-trojtsa-italijantsi-a-chetvoritsa-se-teshko-povredeni/ Tue, 23 Jan 2024 13:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=735972

Тројца Италијанци загинаа откако се урнал хеликоптер кој превезувал скијачи во Канада, а четири лица се тешко повредени, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.

Локалната туристичка компанија која организира летови за скијачи соопшти дека најмалку три лица загинале, а неколку се тешко повредени кога хеликоптер со скијачи се урна во близина на Терас, во канадската провинција Британска Колумбија.

Компанијата не даде веднаш дополнителни детали за несреќата, објави „Вашингтон пост“. Претседателот на компанијата Џон Форест рече дека соработуваат со канадската коњичка полиција и властите кои ги истражуваат причините за инцидентот.

Најмалку седум лица се наоѓале во хеликоптерот, соопшти локалната волонтерска спасувачка група. Терас е град со 12.000 жители, на околу 112 километри од границата со Алјаска.

The post Во Канада се урна хеликоптер со скијачи, загинаа тројца Италијанци, a четворица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>

Тројца Италијанци загинаа откако се урнал хеликоптер кој превезувал скијачи во Канада, а четири лица се тешко повредени, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА. Локалната туристичка компанија која организира летови за скијачи соопшти дека најмалку три лица загинале, а неколку се тешко повредени кога хеликоптер со скијачи се урна во близина на Терас, во канадската провинција Британска Колумбија. Компанијата не даде веднаш дополнителни детали за несреќата, објави „Вашингтон пост“. Претседателот на компанијата Џон Форест рече дека соработуваат со канадската коњичка полиција и властите кои ги истражуваат причините за инцидентот. Најмалку седум лица се наоѓале во хеликоптерот, соопшти локалната волонтерска спасувачка група. Терас е град со 12.000 жители, на околу 112 километри од границата со Алјаска.

The post Во Канада се урна хеликоптер со скијачи, загинаа тројца Италијанци, a четворица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>
Ми-26Т е ненадминливиот руски хеликоптер од тешка категорија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mi-26t-e-nenadminliviot-ruski-helikopter-od-teshka-kategorija/ Sun, 14 Jan 2024 12:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=732868

Хеликоптерот Ми-26Т е незаменлив во светот кога станува збор за вакви транспортни летала од тешка категорија

Сериското производство на цивилниот хеликоптер Ми-26Т почна пред 39 години - во јануари 1985 година.

Оваа машина е единствена во светот по тоа што има најголема - и сè уште ненадмината носивост во светот - 20 тони на надворешната кука!

Овој хеликоптер е способен да превезува дури и хеликоптери и авиони, како и други сложени преголеми товари - од транспортни контејнери до столбови за далноводи.

The post Ми-26Т е ненадминливиот руски хеликоптер од тешка категорија appeared first on Република.

]]>

Хеликоптерот Ми-26Т е незаменлив во светот кога станува збор за вакви транспортни летала од тешка категорија Сериското производство на цивилниот хеликоптер Ми-26Т почна пред 39 години - во јануари 1985 година. Оваа машина е единствена во светот по тоа што има најголема - и сè уште ненадмината носивост во светот - 20 тони на надворешната кука! Овој хеликоптер е способен да превезува дури и хеликоптери и авиони, како и други сложени преголеми товари - од транспортни контејнери до столбови за далноводи.

The post Ми-26Т е ненадминливиот руски хеликоптер од тешка категорија appeared first on Република.

]]>
16 години тага: Одадена почит на загинатите припадници на Армијата во хеликоптерската несреќа кај Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/16-godini-taga-odadena-pochit-na-zaginatite-pripadnitsi-na-armijata-vo-helikopterskata-nesreka-kaj-blatse/ Fri, 12 Jan 2024 18:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=732396

Со полагање цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот „Бутмир“ во Сараево, денеска е одадена почит на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг, кои пред шеснаесет години трагично ги загубија своите животи, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата.

На спомен обележјето, во помен на загинатите припадници, венци положија делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, Командата за операции, воздухопловниот Винг, првата пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите и претставници на општината Петровец. Почит на загинатите е одадена и пред спомен обележјето пред командата на воздухопловниот Винг во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во кампот „Бутмир“ во Сараево, Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението.

Армискиот хеликоптер Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги од мисијата „АЛТЕА“, потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

The post 16 години тага: Одадена почит на загинатите припадници на Армијата во хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

Дедо Мраз денес слетува со хеликоптер во Петровец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dedo-mraz-denes-sletuva-so-helikopter-vo-petrovets/ Sat, 23 Dec 2023 07:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=725841

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана.

Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ.

Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.

The post Дедо Мраз денес слетува со хеликоптер во Петровец appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана. Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ. Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.

The post Дедо Мраз денес слетува со хеликоптер во Петровец appeared first on Република.

]]>