Хелга Марија Шмид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helga-marija-shmid/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Feb 2022 12:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хелга Марија Шмид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/helga-marija-shmid/ 32 32 Османи: Македoнија е подготвена да придонесе за деескалација на ситуација околу Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osmani-makedonija-e-podgotvena-da-pridonese-za-deeskalacija-na-situacija-okolu-ukraina/ Tue, 22 Feb 2022 12:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=461921

Министерот за надворешни работи Бујар Османи телефонски разговарал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид за актуелната ситуација во и околу Украина.

Kако што соопштија од МНР, во разговорот, шефот на дипломатијата изразил сериозна загриженост за влошената безбедносна состојба во источниот дел на Украина, која уследи по признавањето на независноста на регионите Луганск и Доњецк од страна на Русија. Воедно, Османи ја реафирмирал нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и повика на доследно почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите.

Министерот Османи како член на триото претседавачи, потенцираше дека Македонија активно ќе учествува во процесите за деескалација и изнаоѓање дипломатско решение преку суштествен дијалог меѓу инволвираните страни. Воедно, министерот изрази поддршка на Специјалната Мониторинг Мисија на ОБСЕ во Украина и ја истакна подготвеноста од наша страна за дополнителен ангажман во функција на намалување на тензиите - се наведува во соопштението.

На крајот од разговорот, соговорниците се согласиле дека дијалогот и дипломатските напори немаат алтернатива во смирување и деескалација на ситуацијата.

The post Османи: Македoнија е подготвена да придонесе за деескалација на ситуација околу Украина appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи телефонски разговарал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид за актуелната ситуација во и околу Украина. Kако што соопштија од МНР, во разговорот, шефот на дипломатијата изразил сериозна загриженост за влошената безбедносна состојба во источниот дел на Украина, која уследи по признавањето на независноста на регионите Луганск и Доњецк од страна на Русија. Воедно, Османи ја реафирмирал нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и повика на доследно почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите.