Хеда Габлер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/heda-gabler/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 10:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хеда Габлер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/heda-gabler/ 32 32 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/58-mtf-vojdan-chernodrinski-pochnuva-vecherva-so-heda-gabler-na-dramski-pod-mototo-promeni-se-promeni-se-prilep-do-14-juni-ke-bide-grad-teatar/ Fri, 07 Jun 2024 10:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=785481

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“.
Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје.
На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“.
Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје;
3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје;
2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар;
4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје;
5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола;
6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија;
7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“;
2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип;
3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје;
4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна;
5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид.

9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

 

 

 

 

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“. Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје. На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“. Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.
Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.
Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се: 1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје; 3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот. 1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје; 2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес; 3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар; 4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје; 5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола; 6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија; 7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје. Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција: 1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“; 2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип; 3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје; 4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна; 5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид. 9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура. Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.        

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>
„Хеда Габлер“ на Драмски ќе го отвори 58. „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/heda-gabler-na-dramski-ke-go-otvori-58-vojdan-chernodrinski/ Tue, 28 May 2024 10:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=782378

Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата ќе им биде врачена на отворањето на Фестивалот, соопшти уметничката директорка Ана Стојаноска.

На свеченото затворање ќе се доделат годинешните награди, по што следи Концерт на „Добрила и Дориан дуо“.

Единаесет претстави на професионалните македонски театри се во официјалната конкуренција и уште седум во придружниот дел од програмата.

Покрај претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар, во конкуренцијата се и „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, на народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, во продукција на Албански театар од Скопје, „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а во продукција на ЦК „Антон Панов“ од Струмица.

Исто така, во конкуренција се и „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, на Ц.К. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, во продукција на Македонскиот народен театар, „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, на Турски театар од Скопје, „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани на народниот театар од Битола, „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија и претставата „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Театар за деца и младинци од Скопје.

Годинава, автор во фокусот е Горан Стефановски и еден фестивалски ден ќе му биде комплетно посветен на големиот македонски драмски писател.

И годинава тричленото жири е меѓународно и е во состав на д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Фестивалот нуди богата придружна програма во која се и 7 претстави, ќе има промоции и секојдневно разговори на тркалезната маса за одгледаните претстави. Ќе бидат одржани пет работилници. Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за читање на Горан Стефаноски што ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина, Работилницата за следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.

Годинава МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува под мотото „Промени се, промени сѐ

Се решив да го прикажеме тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови. Она што доминира во програмата е потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот. Доминантно во продукцијата беа повеќе камерните или „мали“ сцени наспроти големата сцена. Имаше неколку впечатливи камерни претстави работени според домашни автори, но не одговараа на концептот на ова издание на фестивалот. Тоа не значи дека беше естетички ограничена, туку создаде ново гледање и на драмите и на просторот. На македонската театарска продукција како и да ù фали сериозно истражување и на современите театарски тенденции, но и на сопствените театарски капацитети. На нашите театарски сцени им треба промена која се надевам ќе ја иницира фестивалот годинава – рече Стојаноска и додаде дека „промената е најблиската потрага по сопствениот креативен потенцијал. Таа е првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации“, рече на пресот на почетокот на мај, уметничкиот директор Ана Стојаноска, кога ја образложи својата селекција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

 

The post „Хеда Габлер“ на Драмски ќе го отвори 58. „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата ќе им биде врачена на отворањето на Фестивалот, соопшти уметничката директорка Ана Стојаноска. На свеченото затворање ќе се доделат годинешните награди, по што следи Концерт на „Добрила и Дориан дуо“. Единаесет претстави на професионалните македонски театри се во официјалната конкуренција и уште седум во придружниот дел од програмата. Покрај претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар, во конкуренцијата се и „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, на народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, во продукција на Албански театар од Скопје, „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а во продукција на ЦК „Антон Панов“ од Струмица. Исто така, во конкуренција се и „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, на Ц.К. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, во продукција на Македонскиот народен театар, „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, на Турски театар од Скопје, „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани на народниот театар од Битола, „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија и претставата „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Театар за деца и младинци од Скопје. Годинава, автор во фокусот е Горан Стефановски и еден фестивалски ден ќе му биде комплетно посветен на големиот македонски драмски писател. И годинава тричленото жири е меѓународно и е во состав на д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора. Фестивалот нуди богата придружна програма во која се и 7 претстави, ќе има промоции и секојдневно разговори на тркалезната маса за одгледаните претстави. Ќе бидат одржани пет работилници. Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за читање на Горан Стефаноски што ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина, Работилницата за следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Годинава МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува под мотото „Промени се, промени сѐ
Се решив да го прикажеме тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови. Она што доминира во програмата е потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот. Доминантно во продукцијата беа повеќе камерните или „мали“ сцени наспроти големата сцена. Имаше неколку впечатливи камерни претстави работени според домашни автори, но не одговараа на концептот на ова издание на фестивалот. Тоа не значи дека беше естетички ограничена, туку создаде ново гледање и на драмите и на просторот. На македонската театарска продукција како и да ù фали сериозно истражување и на современите театарски тенденции, но и на сопствените театарски капацитети. На нашите театарски сцени им треба промена која се надевам ќе ја иницира фестивалот годинава – рече Стојаноска и додаде дека „промената е најблиската потрага по сопствениот креативен потенцијал. Таа е првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации“, рече на пресот на почетокот на мај, уметничкиот директор Ана Стојаноска, кога ја образложи својата селекција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
 

The post „Хеда Габлер“ на Драмски ќе го отвори 58. „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-heda-gabler-gostuva-na-festivalot-ruta-vo-saraevo/ Thu, 23 May 2024 07:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=781008

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство.

„Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска.
Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска.

Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска. Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>
Премиерно вечерва во Драмски театар Скопје женскиот Хамлет – „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premierno-vecherva-vo-dramski-teatar-skopje-zhenskiot-hamlet-heda-gabler-vo-rezhija-na-vasil-hristov/ Sat, 20 Apr 2024 14:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=768502

Вечерва во Драмски театар Скопје (20 часот) премиерно ќе биде прикажана претставата „Хеда Габлер“ работена по текст на авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Васил Христов, на сцената „Ристо Стефановски“. Адаптацијата на текстот ја направја Викторија Рангелова-Петровска и режисерот Христов, кој се погрижи и за сценографијата, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска-Ристоска.

Насловната улога ја толкува Сања Арсовска, а уште играат и Зоран Љутков, Владимир Петровиќ, Дениз Абдула и Сара Климоска.

Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хериоини во драмската литература одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство, како и нејзината амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз сопствената, така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост“ – вели режисерот Христов.

Актерката Сања Арсовска е благодарна што Христов ѝ ја доверил улогата и на тој начин ѝ се исполнил сонот да ја игра Хеда Габлер, еден од најзначајните ликови во театарската литература.

Отсекогаш посакував да ги играм Хеда Габлер и Медеја, еве ми се исполни за Хеда, за Медеја веројатно ќе треба да почекам. Особено ме радува што Хеда Габлер ми се случува во овој момент. За некои улоги е потребно да се има како актерска зрелост, така и животно искуство. Мислам дека нема подобар момент. Не би сакала за зборувам за улогата на жената во општестввото, туку за емотивната состојба на жената предизвикана од општествените стеги. Хеда Габлер ја идентификуваат како женскиот Хамлет со сите дилеми кои ги носи во себе. Направивме еден доста модерен, етстетски специфичен јазик – вели Арсовска.

Следната изведба на „Хеда Габлер“ на репертоарот на Драмски театар е на 26 април.

 

The post Премиерно вечерва во Драмски театар Скопје женскиот Хамлет – „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Драмски театар Скопје (20 часот) премиерно ќе биде прикажана претставата „Хеда Габлер“ работена по текст на авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Васил Христов, на сцената „Ристо Стефановски“. Адаптацијата на текстот ја направја Викторија Рангелова-Петровска и режисерот Христов, кој се погрижи и за сценографијата, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска-Ристоска. Насловната улога ја толкува Сања Арсовска, а уште играат и Зоран Љутков, Владимир Петровиќ, Дениз Абдула и Сара Климоска.
Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хериоини во драмската литература одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство, како и нејзината амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз сопствената, така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост“ – вели режисерот Христов.
Актерката Сања Арсовска е благодарна што Христов ѝ ја доверил улогата и на тој начин ѝ се исполнил сонот да ја игра Хеда Габлер, еден од најзначајните ликови во театарската литература.
Отсекогаш посакував да ги играм Хеда Габлер и Медеја, еве ми се исполни за Хеда, за Медеја веројатно ќе треба да почекам. Особено ме радува што Хеда Габлер ми се случува во овој момент. За некои улоги е потребно да се има како актерска зрелост, така и животно искуство. Мислам дека нема подобар момент. Не би сакала за зборувам за улогата на жената во општестввото, туку за емотивната состојба на жената предизвикана од општествените стеги. Хеда Габлер ја идентификуваат како женскиот Хамлет со сите дилеми кои ги носи во себе. Направивме еден доста модерен, етстетски специфичен јазик – вели Арсовска.
Следната изведба на „Хеда Габлер“ на репертоарот на Драмски театар е на 26 април.  

The post Премиерно вечерва во Драмски театар Скопје женскиот Хамлет – „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов appeared first on Република.

]]>