хец козјак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hec-kozjak/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Jul 2022 13:10:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хец козјак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hec-kozjak/ 32 32 Со ова темпо на инвестирање во фотонапонски централи за една година ќе имаме моќност колку ХЕЦ „Козјак“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-ova-tempo-na-investiranje-vo-fotonaponski-centrali-za-edna-godina-kje-imame-mokjnost-kolku-hec-kozjak/ Fri, 01 Jul 2022 13:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=522183

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во осум месеци има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 50 МW.

Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, стопанството за нешто повеќе од една година ќе успее да изгради централи со инсталирана моќност како ХЕЦ „Козјак“, истакна претседател на Комисијата, Марко Бислимоски, на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум.

Како што вели, соочени со високи цени на берзите, компаниите станале проактивни и започнале да инвестираат во обновливи извори на енергија, особено во фотоволтаични електроцентрали.

„Само за период од осум месеци РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, ќе имаме 80 до 90 MW до крајот на годинава – вели Бислимоски.

Со инвестирањето во енергетски капацитети, додава, се зголемува енергетската независност на секоја држава.

„Енергетската криза им покажа на сите земји дека мора да се забрзаат инвестициите во енергетскиот сектор, посебно во обновливите извори. Паралелно, неопходно е да се реализираат и инвестиции кои ќе обезбедат базна енергија. Станува збор за инвестиции во когенеративни постројки. Поради зголемениот интерес, но и можностите кои се нудат, сигурен сум дека во нашиот регион ќе имаме удвојување на вкупниот инсталиран капацитет од овој што е сега и тоа ќе биде исклучиво во обновливи извори на енергија“ нагласува претседателот на РКЕ.

Тој додаде дека оваа криза ќе ни биде поука дека само инвестициите се решение за надминување на енергетската несигурност.

На средината на месецов министерот за економија Крешник Бектеши објави дека на сите граѓани, домаќинства и компании во државата ќе им биде овозможено да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на покривите на своите домови, а произведената енергија да ја користат за сопствена потрошувачка. Вишокот од произведената електрична енергија, пак, ќе може да му ја продаваат на откупувачот или дистрибутерот на електрична енергија.

The post Со ова темпо на инвестирање во фотонапонски централи за една година ќе имаме моќност колку ХЕЦ „Козјак“ appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во осум месеци има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, стопанството за нешто повеќе од една година ќе успее да изгради централи со инсталирана моќност како ХЕЦ „Козјак“, истакна претседател на Комисијата, Марко Бислимоски, на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум. Како што вели, соочени со високи цени на берзите, компаниите станале проактивни и започнале да инвестираат во обновливи извори на енергија, особено во фотоволтаични електроцентрали.
„Само за период од осум месеци РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, ќе имаме 80 до 90 MW до крајот на годинава – вели Бислимоски.
Со инвестирањето во енергетски капацитети, додава, се зголемува енергетската независност на секоја држава.
„Енергетската криза им покажа на сите земји дека мора да се забрзаат инвестициите во енергетскиот сектор, посебно во обновливите извори. Паралелно, неопходно е да се реализираат и инвестиции кои ќе обезбедат базна енергија. Станува збор за инвестиции во когенеративни постројки. Поради зголемениот интерес, но и можностите кои се нудат, сигурен сум дека во нашиот регион ќе имаме удвојување на вкупниот инсталиран капацитет од овој што е сега и тоа ќе биде исклучиво во обновливи извори на енергија“ нагласува претседателот на РКЕ.
Тој додаде дека оваа криза ќе ни биде поука дека само инвестициите се решение за надминување на енергетската несигурност. На средината на месецов министерот за економија Крешник Бектеши објави дека на сите граѓани, домаќинства и компании во државата ќе им биде овозможено да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на покривите на своите домови, а произведената енергија да ја користат за сопствена потрошувачка. Вишокот од произведената електрична енергија, пак, ќе може да му ја продаваат на откупувачот или дистрибутерот на електрична енергија.

The post Со ова темпо на инвестирање во фотонапонски централи за една година ќе имаме моќност колку ХЕЦ „Козјак“ appeared first on Република.

]]>