хдз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hdz/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 09:39:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хдз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hdz/ 32 32 Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-fudbaler-zvonimir-boban-kandidat-na-hdz-za-pretstojnite-pretsedatelski-izbori-vo-hrvatska/ Tue, 30 Jul 2024 09:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=801584

Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска, откриваат хрватските медиуми. Неделникот Национал објави информација дека во рамките на партијата се засилува иницијативата ХДЗ да го предложи харизматичниот поранешен фудбалер за претседателски кандидат што ќе му се спротивстави на Зоран Милановиќ.

Како што наведува Национал, станува збор за иницијатива покрената од група луѓе во партијата, а еден нивни претставник пред неколку дена ја презентирал на лице исклучително блиско до Андреј Пленковиќ, актуелниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ. Во врска со оваа иницијатива, според неделникот, минатата недела се одржала тајна средба на Макарската ривиера.

– Ми се чини дека Бобан е добар кандидат. Тој е бескрајно популарен поради фудбалот и борбата против полицијата, но не е само икона од ваков вид затоа што тој е доктор на историски науки и човек кој има меѓународно искуство. Претходно искажуваше независни ставови и можеше да привлече дел од оние гласачи кои не се за ХДЗ или кои се незадоволни од Зоран Милановиќ – вели поранешниот дипломат Божо Ковачевиќ во својата анализа за претстојните претседателски избори во Хрватска.

Легендарниот капитен на Динамо и поранешен главен оперативец на УЕФА, Звонимир Бобан, за порталот Индекс.хр откри каков  е неговиот став за потенцијалната кандидатура за прв човек на државата.

– Ако веста е точна, им благодарам на луѓето за иницијативата, сите живееме за некаква почит и признание. Како и да е, тоа никогаш нема да се случи… Нека им е со среќа на кандидатите – изјави Звонимир Бобан.

Доколку сепак, влезе во претседателската трка и биде избран за претседател на Хрватска, Бобан нема да биде единствен фудбалер на чело на држава. Од фудбалскиот терен во политиката влезе и славниот Џорџ Веа. Во октомври 2017 година Веа беше избран за претседател на Либерија, а во јануари 2018 ја презеде претседателската функција која ја извршуваше до јануари 2024 година.

The post Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска, откриваат хрватските медиуми. Неделникот Национал објави информација дека во рамките на партијата се засилува иницијативата ХДЗ да го предложи харизматичниот поранешен фудбалер за претседателски кандидат што ќе му се спротивстави на Зоран Милановиќ. Како што наведува Национал, станува збор за иницијатива покрената од група луѓе во партијата, а еден нивни претставник пред неколку дена ја презентирал на лице исклучително блиско до Андреј Пленковиќ, актуелниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ. Во врска со оваа иницијатива, според неделникот, минатата недела се одржала тајна средба на Макарската ривиера. – Ми се чини дека Бобан е добар кандидат. Тој е бескрајно популарен поради фудбалот и борбата против полицијата, но не е само икона од ваков вид затоа што тој е доктор на историски науки и човек кој има меѓународно искуство. Претходно искажуваше независни ставови и можеше да привлече дел од оние гласачи кои не се за ХДЗ или кои се незадоволни од Зоран Милановиќ – вели поранешниот дипломат Божо Ковачевиќ во својата анализа за претстојните претседателски избори во Хрватска.
Легендарниот капитен на Динамо и поранешен главен оперативец на УЕФА, Звонимир Бобан, за порталот Индекс.хр откри каков  е неговиот став за потенцијалната кандидатура за прв човек на државата. – Ако веста е точна, им благодарам на луѓето за иницијативата, сите живееме за некаква почит и признание. Како и да е, тоа никогаш нема да се случи… Нека им е со среќа на кандидатите – изјави Звонимир Бобан. Доколку сепак, влезе во претседателската трка и биде избран за претседател на Хрватска, Бобан нема да биде единствен фудбалер на чело на држава. Од фудбалскиот терен во политиката влезе и славниот Џорџ Веа. Во октомври 2017 година Веа беше избран за претседател на Либерија, а во јануари 2018 ја презеде претседателската функција која ја извршуваше до јануари 2024 година.

The post Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>
ХДЗ победи на изборите во Хрватска, но не може да формира влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hdz-pobedi-na-izborite-vo-hrvatska-no-ne-mozhe-da-formira-vlada/ Thu, 18 Apr 2024 05:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=767344

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите.

За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеник во Саборот.

Гласале 61,99 отсто од избирачите. Право на глас на изборите имаа околу 3,7 милиони луѓе, што е за 127.000 помалку од пред четири години.

Следи Движењето Татковина со 14 мандати, Мост со 11 мандати, а петти се „Можеме“ со 10 освоени пратенички мандати.

Истарското Демократско Собрание (ИДС) освои три мандати, независната платформа „Север“ освои две места, а коалицијата Фокус-Република освои еден мандат.

Премиерот на Хрватска и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ најави дека од дeнеска ќе започне разговори за формирање ново парламентарно мнозинство заради формирање на третата влада на ХДЗ.

„ХДЗ убедливо победи на парламентарните избори третпат по ред“, изјави Пленковиќ во изборниот штаб на ХДЗ во Загреб по парламентарните избори одржани вчера, на кои победи ХДЗ, но со недоволно гласови за самостојна влада.  Пленковиќ оцени дека опозициската Социјалдемократска партија не заслужува да формира влада, туку тоа треба да го направи ХДЗ како победник на изборите.

Од друга страна, и претседателот на најголемата опозициска партија СДП, Пеѓа Грбин, најави дека од денеска ќе започне разговори за можна постизборна коалиција со партиите кои најавија дека нема да коалицираат со ХДЗ.

- Изборните резултати не се онакви какви што посакувавме, но покажаа дека граѓаните на Хрватска сакаат промени и дека не се задоволни од она што се случува во Хрватска, истакна Грбин во изборниот штаб на СДП во Загреб.

Грбин рече дека на Хрватска и претстојат денови, недели, а можеби и месеци на разговори за формирање влада. - Тие разговори ќе завршат добро, со промена што ќе ја направи Хрватска подобра земја, земја без корупција која се грижи за својот народ, рече Грбин.

Кандидат за премиер на СДП е претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, поранешен лидер на таа партија. Тој не беше на листата на СДП, бидејќи Уставниот суд му забрани да го стори тоа, со оглед на тоа што претходно не поднесе оставка од функцијата претседател на државата

The post ХДЗ победи на изборите во Хрватска, но не може да формира влада appeared first on Република.

]]>

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите. За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеник во Саборот. Гласале 61,99 отсто од избирачите. Право на глас на изборите имаа околу 3,7 милиони луѓе, што е за 127.000 помалку од пред четири години. Следи Движењето Татковина со 14 мандати, Мост со 11 мандати, а петти се „Можеме“ со 10 освоени пратенички мандати. Истарското Демократско Собрание (ИДС) освои три мандати, независната платформа „Север“ освои две места, а коалицијата Фокус-Република освои еден мандат. Премиерот на Хрватска и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ најави дека од дeнеска ќе започне разговори за формирање ново парламентарно мнозинство заради формирање на третата влада на ХДЗ. „ХДЗ убедливо победи на парламентарните избори третпат по ред“, изјави Пленковиќ во изборниот штаб на ХДЗ во Загреб по парламентарните избори одржани вчера, на кои победи ХДЗ, но со недоволно гласови за самостојна влада.  Пленковиќ оцени дека опозициската Социјалдемократска партија не заслужува да формира влада, туку тоа треба да го направи ХДЗ како победник на изборите. Од друга страна, и претседателот на најголемата опозициска партија СДП, Пеѓа Грбин, најави дека од денеска ќе започне разговори за можна постизборна коалиција со партиите кои најавија дека нема да коалицираат со ХДЗ.
- Изборните резултати не се онакви какви што посакувавме, но покажаа дека граѓаните на Хрватска сакаат промени и дека не се задоволни од она што се случува во Хрватска, истакна Грбин во изборниот штаб на СДП во Загреб.
Грбин рече дека на Хрватска и претстојат денови, недели, а можеби и месеци на разговори за формирање влада. - Тие разговори ќе завршат добро, со промена што ќе ја направи Хрватска подобра земја, земја без корупција која се грижи за својот народ, рече Грбин. Кандидат за премиер на СДП е претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, поранешен лидер на таа партија. Тој не беше на листата на СДП, бидејќи Уставниот суд му забрани да го стори тоа, со оглед на тоа што претходно не поднесе оставка од функцијата претседател на државата

The post ХДЗ победи на изборите во Хрватска, но не може да формира влада appeared first on Република.

]]>