хаварисани возлила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havarisani-vozlila/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 14:54:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хаварисани возлила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havarisani-vozlila/ 32 32 Хаварисано возило го користел за пакување и мерење на дрогата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/havarisano-vozilo-go-koristel-za-pakuvanje-i-merenje-na-drogata/ Thu, 13 Oct 2022 14:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=560740

Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Скопје. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, во хаварисано возило во дворот, биле пронајдени и одземени близу еден килограм кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Хаварисано возило го користел за пакување и мерење на дрогата appeared first on Република.

]]>

Ако навреме не го одјавите старото возило МВР ќе го направи тоа на ваш трошок https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ako-navreme-ne-go-odjavite-staroto-vozilo-mvr-kje-go-napravi-toa-na-vash-troshok/ Fri, 01 Jul 2022 10:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=522055

Министерството за внатрешни работи информира дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

Согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на државата; ако возилото се регистрира во странство поради преселба на сопственикот на возилото или од други причини, појаснуваат од МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните – сопственици на ваквата категорија возила, најдоцна до 31.12.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, согласно законската процедура.

Доколку сопственикот на возилото не го одјави своето возило, Министерството за внатрешни работи ќе го избрише од евиденцијата на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблички на трошок на сопственикот на возилото, се наведува во соопштението од МВР.

The post Ако навреме не го одјавите старото возило МВР ќе го направи тоа на ваш трошок appeared first on Република.

Aкција во Гази Баба: Ќе се подигнуваат хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/akcija-vo-gazi-baba-kje-se-podignuvaat-havarisani-vozila-i-vozila-neregistrirani-povekje-od-dve-godini/ Thu, 24 Feb 2022 20:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=463444

Општина Гази Баба започнува со акција за подигање на хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години кои се оставени на јавни површини, информираат од општината.

-По направено скенирање на теренот дел од направените јавни паркинзи се зафатени од возила кои не се во возна состојба. Акцијата е со цел ослободување на паркинг простор особено во урбаниот дел.Апелирам до граѓаните кои се сопственици на вакви возила самостојно да ги отстранат од јавните паркинзи.Акцијата во следните денови ќе започне од Урбаната заедница Автокоманда, велт од Општина Гази Баба.

The post Aкција во Гази Баба: Ќе се подигнуваат хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години appeared first on Република.

]]>

Општина Гази Баба започнува со акција за подигање на хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години кои се оставени на јавни површини, информираат од општината. -По направено скенирање на теренот дел од направените јавни паркинзи се зафатени од возила кои не се во возна состојба. Акцијата е со цел ослободување на паркинг простор особено во урбаниот дел.Апелирам до граѓаните кои се сопственици на вакви возила самостојно да ги отстранат од јавните паркинзи.Акцијата во следните денови ќе започне од Урбаната заедница Автокоманда, велт од Општина Гази Баба.

The post Aкција во Гази Баба: Ќе се подигнуваат хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години appeared first on Република.

]]>
Во Аеродром се расчистува отпад од хаварисани возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-aerodrom-se-raschistuva-otpad-od-havarisani-vozila/ Mon, 21 Feb 2022 15:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=461582

Во Општина Аеродром денеска започна да се спроведува акција за расчистување на отпад од искористени и хаварисани возила наменети за различен вид на транспорт или одржување, а се наоѓаа на приватен имот во близина на паркот Бановина во Горно Лисиче.

Овој тип на отпад претставува целосна спротивност и прекршување на членот 37 од Законот за управување со отпадот, имајќи предвид дека истиот не само што го нагрдува просторот во урбаните зони, туку и претставува директна опасност за животната средина и околината.

Во периодот кој следува, ќе се вршат поинтензивни и редовни контроли за ваков вид на отпад кој се наоѓа на приватен имот и на создавачите на отпадот ќе им биде наложено истиот да го отстранат. Во спротивно, Општина Аеродром и надлежните органи ќе ги преземат сите расположливи дејствија, вклучително и изрекување на прекршочни санкции, соопштија од Општината.

The post Во Аеродром се расчистува отпад од хаварисани возила appeared first on Република.

]]>

Во Општина Аеродром денеска започна да се спроведува акција за расчистување на отпад од искористени и хаварисани возила наменети за различен вид на транспорт или одржување, а се наоѓаа на приватен имот во близина на паркот Бановина во Горно Лисиче. Овој тип на отпад претставува целосна спротивност и прекршување на членот 37 од Законот за управување со отпадот, имајќи предвид дека истиот не само што го нагрдува просторот во урбаните зони, туку и претставува директна опасност за животната средина и околината.