хаварисани возила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havarisani-vozila/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 15:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хаварисани возила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havarisani-vozila/ 32 32 Нема интерес за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-interes-za-besplatno-otstranuvane-na-havarisani-vozila-vo-kumanovo/ Mon, 28 Oct 2024 15:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=831769

Ниту еден сопственик на хаварисано возило не се јавил за да ја искористи услугата што ја нуди општина Куманово за бесплатен транспорт на возило до лиценциран отпад за железо, соопштија надлежните. Акцијата почна денеска и ќе трае наредните триесет дена.

Општина Куманово заедно со ЈП „Куманово паркинг“ и СВР Куманово ќе спроведе акција за отстранување на хаварисани автомобили кои не се во возна состојба и со години зафаќаат јавни површини и паркинг простор

Сопствениците на хаварисаните автомобили со службите на ЈП „Куманово Паркинг“ имаат можност бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо. Сопственикот на автомобилот треба да биде присутен на проценката и за истото возило ќе си добие паричен надоместок, соопшти претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на неодамнешната прес-конференција.

По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина. Полицијата ги проверува сопствениците.

Отстранувањето на возилата ќе ги ослободи тротоарите, сметаат надлежните од ЈП „Куманово Паркинг“ кои најавија исцртување на паркинг зона „Б“.

The post Нема интерес за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово appeared first on Република.

]]>

Ниту еден сопственик на хаварисано возило не се јавил за да ја искористи услугата што ја нуди општина Куманово за бесплатен транспорт на возило до лиценциран отпад за железо, соопштија надлежните. Акцијата почна денеска и ќе трае наредните триесет дена. Општина Куманово заедно со ЈП „Куманово паркинг“ и СВР Куманово ќе спроведе акција за отстранување на хаварисани автомобили кои не се во возна состојба и со години зафаќаат јавни површини и паркинг простор
Сопствениците на хаварисаните автомобили со службите на ЈП „Куманово Паркинг“ имаат можност бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо. Сопственикот на автомобилот треба да биде присутен на проценката и за истото возило ќе си добие паричен надоместок, соопшти претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на неодамнешната прес-конференција.
По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина. Полицијата ги проверува сопствениците. Отстранувањето на возилата ќе ги ослободи тротоарите, сметаат надлежните од ЈП „Куманово Паркинг“ кои најавија исцртување на паркинг зона „Б“.

The post Нема интерес за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово appeared first on Република.

]]>
Аеродромци добиваат опомени за отстранување на хаварисаните возила низ општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/aerodromci-dobivaat-opomeni-za-otstranuvanje-na-havarisanite-vozila-niz-opshtinata/ Fri, 11 Nov 2022 14:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=572029

Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатите денови оставале опомени за неправилно паркираните возила на неколку локации низ општината, со барање до сопствениците да ги отстранат во најбрз можен рок, затоа што во спротивно за нивно отстранување ќе бидат ангажирани надлежните служби.

Од Општината ги потсетуваат граѓаните дека е забрането паркирање и оставање возила, приколки и камп-приколки на плочници и тревници, како и паркирање хаварисани и нерегистрирани возила на јавни површини.

Апелираме до граѓаните на совесно однесување затоа што неправилно паркираните возила ја загрозуваат безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот, предизвикуваат материјална штета на плочниците и зелените површини, а претставуваат и лоша слика за нашата општина – информираат од Аеродром.

The post Аеродромци добиваат опомени за отстранување на хаварисаните возила низ општината appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатите денови оставале опомени за неправилно паркираните возила на неколку локации низ општината, со барање до сопствениците да ги отстранат во најбрз можен рок, затоа што во спротивно за нивно отстранување ќе бидат ангажирани надлежните служби. Од Општината ги потсетуваат граѓаните дека е забрането паркирање и оставање возила, приколки и камп-приколки на плочници и тревници, како и паркирање хаварисани и нерегистрирани возила на јавни површини.