хавански синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havanski-sindrom/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jan 2022 19:03:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хавански синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havanski-sindrom/ 32 32 Заболени американски дипломати во Париз и Женева: САД не знаат кој и што го причинува Хаванскиот синдром https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaboleni-amerikanski-diplomati-vo-pariz-i-zeneva-sad-ne-znaat-koj-i-shto-go-prichinuva-havanskiot-sindrom/ Thu, 13 Jan 2022 19:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=444316

САД сè уште не знаат што го предизвикува Хаванскиот синдром, болеста од која се разболеле и американски дипломати во Париз и Женева, откако претходно минатата година имаше такви случаи во Виена.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целата федерална влада работи на разјаснување што ја предизвикува болеста, која погоди речиси 200 американски дипломати, службеници и членови на нивните семејства во странство.

До денес не знаеме што точно се случило и не знаеме точно кој е одговорен - изјави Блинкен во интервју за „Ем Ес Ен Би Си“.

„Волстрит журнал“ пишува дека се разболеле функционери од американските дипломатски мисии во Париз и Женева, каде што САД и Русија во понеделникот одржаа безбедносни разговори за ситуацијата во врска со Украина.

Блинкен изјави дека САД им го спомнале прашањето за болеста на Русите, но сè уште не може да каже кој е одговорен.

Мистериозната болест предизвикува симптоми како што се мигрена, гадење, губење на меморијата и вртоглавица. Таа првпат беше забележана од американски официјални лица во Хавана во 2016 година.

Работиме максимално во целата влада за да се разјасни што се случило, кој е одговорен. И да ги згрижиме погодените и да го заштитиме целиот наш народ колку што можеме - нагласи американскиот државен секретар.

The post Заболени американски дипломати во Париз и Женева: САД не знаат кој и што го причинува Хаванскиот синдром appeared first on Република.

]]>

САД сè уште не знаат што го предизвикува Хаванскиот синдром, болеста од која се разболеле и американски дипломати во Париз и Женева, откако претходно минатата година имаше такви случаи во Виена. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целата федерална влада работи на разјаснување што ја предизвикува болеста, која погоди речиси 200 американски дипломати, службеници и членови на нивните семејства во странство.
До денес не знаеме што точно се случило и не знаеме точно кој е одговорен - изјави Блинкен во интервју за „Ем Ес Ен Би Си“.
„Волстрит журнал“ пишува дека се разболеле функционери од американските дипломатски мисии во Париз и Женева, каде што САД и Русија во понеделникот одржаа безбедносни разговори за ситуацијата во врска со Украина. Блинкен изјави дека САД им го спомнале прашањето за болеста на Русите, но сè уште не може да каже кој е одговорен. Мистериозната болест предизвикува симптоми како што се мигрена, гадење, губење на меморијата и вртоглавица. Таа првпат беше забележана од американски официјални лица во Хавана во 2016 година.
Работиме максимално во целата влада за да се разјасни што се случило, кој е одговорен. И да ги згрижиме погодените и да го заштитиме целиот наш народ колку што можеме - нагласи американскиот државен секретар.

The post Заболени американски дипломати во Париз и Женева: САД не знаат кој и што го причинува Хаванскиот синдром appeared first on Република.

]]>