хавана синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havana-sindrom/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 12:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хавана синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/havana-sindrom/ 32 32 Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-go-otfrli-izveshtajot-za-havana-sindromot/ Mon, 01 Apr 2024 12:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=760939

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска го демантираше извештајот во кој се тврди дека руската разузнавачка служба стои зад „Хавана синдромот“ кој ги разболува американските дипломати и шпиони ширум светот.

Песков додаде дека никогаш не биле обезбедени докази за поддршка на тоа тврдење и дека тоа е неосновано, пренесуваат британските медиуми.

Извештајот за синдромот го објави новинарската група „Инсајдер медиа груп“, тврдејќи дека постои единица „29155“ на руската разузнавачка служба ГРУ чии членови се наградени за развој на „несмртоносно акустично оружје“.

„Хавана синдром“, чии симптоми вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со меморијата, првпат беше забележан кај американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година.

The post Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“ appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска го демантираше извештајот во кој се тврди дека руската разузнавачка служба стои зад „Хавана синдромот“ кој ги разболува американските дипломати и шпиони ширум светот. Песков додаде дека никогаш не биле обезбедени докази за поддршка на тоа тврдење и дека тоа е неосновано, пренесуваат британските медиуми. Извештајот за синдромот го објави новинарската група „Инсајдер медиа груп“, тврдејќи дека постои единица „29155“ на руската разузнавачка служба ГРУ чии членови се наградени за развој на „несмртоносно акустично оружје“. „Хавана синдром“, чии симптоми вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со меморијата, првпат беше забележан кај американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година.

The post Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“ appeared first on Република.

]]>
„Хавана синдромот“ на кој се пожалија американски дипломати бил поврзан со напади од руско звучно оружје, објавија западните медиуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/havana-sindromot-na-koj-se-pozhalija-amerikanski-diplomati-bil-povrzan-so-napadi-od-rusko-zvuchno-oruzhje-objavija-zapadnite-mediumi/ Mon, 01 Apr 2024 11:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=760930

Во истражување објавено денеска од неколку западни медиуми се дознава дека „Хавана синдромот“, изразен преку разни здравствени симптоми од кои се пожалија стотици американски дипломати и службени лица во мисиите на САД во странство, е поврзан со напади од руското воено разузнавање ГРУ.

Според информациите на рускиот медиум „Инсајдер“, американската телевизиска компанија „Си-Би-Ес“ и германското списание „Шпигел“, случаите со таканаречениот „Хавана синдром“ се совпаѓаат со патувања на вработени во армискиот дел на ГРУ 29155. Некои од тие вработени се сомничат дека го отруле поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал. Во истражувањето се истакнува дека две жртви на нападите идентификувале на фотографии вработени во ГРУ.

Се укажува на случаи кога американски дипломати или членови на нивните семејства во Франкфурт, Белград, Тбилиси, Грузија и во Кина биле жртви на напади со тајно акустично оружје развино од Сергеј Чепур, професор и раководител на научно-истражувачкиот институт за воена медицина во Санкт Петербург (ВМЕДА). Се работи за апарати за зрачење на фокуисиран микробранов сигнал при што лицата изложени на ова оружје чувствуваат ненадејно гадење во стомакот, вртоглавица, звучни халуцинации и тинитус, нарушена рамнотежа, а во многу случаи кај некои американски службеници симптомите останале трајни поради оштетување на делови од мозокот.

Една од вработените во конзуларниот одел на САД во Франкфурт го познала од фотографија вработениот во ГРУ Јегор Гордиенко, кој „одел околу станбениот комплекс каде живееле вработени во конзулатите, и ја фотографирал територијата“, се вели во истражувањето.

Руските оперативци за да стигнат до крајните дестинации летале транзит низ неколку земји за да не се оставаат траги и открие крајната намера. А во случајот со инцидентите во Кина, дури и организирале авто рали „Свилен пат“, преку кое агенти лесно влегувале во Кина. Овие посети се совпаѓаат со случаи слични на „Хавана синдромот“ кога од него се пожалил информатичар на Стејт департментот во Шангај, како и група Американци кои работеле во Гуанжој.

За таканаречнот „Хавана синдром“ почна нашироко да се дискутира од 2016 година откако вработени во американскиот конзулат во Хавана почувствуваа ненадејно повраќање, вртоглавица, висок притисок, разни звуци во главата, проблеми со фокусирање и тешко спиење. Во следниот период со вакви симптоми заболеа стотици американски дипломати и вработени во мисиите на САД во разни земји во светот.

Во 2023 година Одделет на директорот на национално разузнавање (ОДНИ) укажа дека е „малку веројатно“ дека симптомите се предизвикани странски непријател. Истовремено, група американски експерти од медицината дојде до заклучoк дека непознатата болест може да биде предизвикан од надворешни дразнители како импулсно микробраново зрачење или, помалку веројатно, од ултразвук.

The post „Хавана синдромот“ на кој се пожалија американски дипломати бил поврзан со напади од руско звучно оружје, објавија западните медиуми appeared first on Република.

]]>

Во истражување објавено денеска од неколку западни медиуми се дознава дека „Хавана синдромот“, изразен преку разни здравствени симптоми од кои се пожалија стотици американски дипломати и службени лица во мисиите на САД во странство, е поврзан со напади од руското воено разузнавање ГРУ. Според информациите на рускиот медиум „Инсајдер“, американската телевизиска компанија „Си-Би-Ес“ и германското списание „Шпигел“, случаите со таканаречениот „Хавана синдром“ се совпаѓаат со патувања на вработени во армискиот дел на ГРУ 29155. Некои од тие вработени се сомничат дека го отруле поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал. Во истражувањето се истакнува дека две жртви на нападите идентификувале на фотографии вработени во ГРУ. Се укажува на случаи кога американски дипломати или членови на нивните семејства во Франкфурт, Белград, Тбилиси, Грузија и во Кина биле жртви на напади со тајно акустично оружје развино од Сергеј Чепур, професор и раководител на научно-истражувачкиот институт за воена медицина во Санкт Петербург (ВМЕДА). Се работи за апарати за зрачење на фокуисиран микробранов сигнал при што лицата изложени на ова оружје чувствуваат ненадејно гадење во стомакот, вртоглавица, звучни халуцинации и тинитус, нарушена рамнотежа, а во многу случаи кај некои американски службеници симптомите останале трајни поради оштетување на делови од мозокот. Една од вработените во конзуларниот одел на САД во Франкфурт го познала од фотографија вработениот во ГРУ Јегор Гордиенко, кој „одел околу станбениот комплекс каде живееле вработени во конзулатите, и ја фотографирал територијата“, се вели во истражувањето. Руските оперативци за да стигнат до крајните дестинации летале транзит низ неколку земји за да не се оставаат траги и открие крајната намера. А во случајот со инцидентите во Кина, дури и организирале авто рали „Свилен пат“, преку кое агенти лесно влегувале во Кина. Овие посети се совпаѓаат со случаи слични на „Хавана синдромот“ кога од него се пожалил информатичар на Стејт департментот во Шангај, како и група Американци кои работеле во Гуанжој. За таканаречнот „Хавана синдром“ почна нашироко да се дискутира од 2016 година откако вработени во американскиот конзулат во Хавана почувствуваа ненадејно повраќање, вртоглавица, висок притисок, разни звуци во главата, проблеми со фокусирање и тешко спиење. Во следниот период со вакви симптоми заболеа стотици американски дипломати и вработени во мисиите на САД во разни земји во светот. Во 2023 година Одделет на директорот на национално разузнавање (ОДНИ) укажа дека е „малку веројатно“ дека симптомите се предизвикани странски непријател. Истовремено, група американски експерти од медицината дојде до заклучoк дека непознатата болест може да биде предизвикан од надворешни дразнители како импулсно микробраново зрачење или, помалку веројатно, од ултразвук.

The post „Хавана синдромот“ на кој се пожалија американски дипломати бил поврзан со напади од руско звучно оружје, објавија западните медиуми appeared first on Република.

]]>