хашки истраги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hashki-istragi/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 17:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хашки истраги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hashki-istragi/ 32 32 Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-postapkata-za-hashkite-predmeti-da-prodolzhi/ Mon, 12 Feb 2024 17:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=743311

Наместо техничката Влада да работи на создавање услови за организирање фер и демократски избори, подобрување на изборните правила, превентивно да делува за елиминирање на какви било можности за кршење на изборните правила, како и нормално функционирање на системот во целина, премиерот само по неколку дена од преземањето на функцијата предлага реконструкција, рече на денешната парламентарна расправа, во врска со изборот на двајца министи, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз. Според него, во суштина, ДУИ и СДСМ директно се вклучија во внатрепартиските процеси во Алијансата на Албанците, откако беше објавено дека Алијансата нема да се приклучи на коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ, туку на опозициониот сојуз на албанските партии.

СДСМ долго се обидува да направи раскол во ВМРО-ДПМНЕ, се вмеша во изборот на лидер на НСДП, го отстрани од функцијата претседателот на ЛДП и сега, заедно со ДУИ, предизвикаа раскол во Алијансата на Албанците. Во овие тешки состојби за граѓаните овие две партии се самопрогласуваат за проевропски, за влез на Македонија во ЕУ. Без правда, со висока корупција, со колабирани државни институции, „точно“ е дека ги отворија вратите на ЕУ, каде од 2001 година во еден правец заминаа над 200.000 Албанци и над 800.000 Македонци. Меѓу другите причини за тоа, се и рефлексиите од конфликтот од 2001 година, конфликт кој во основа беше војна за територии, но подоцна, под силен притисок на меѓународните фактори, стана борба за човекови права. Затоа се залагам да се истражат сите аспекти на овој конфликт, причините за истиот,кој и зошто ја опструираше одбраната, кој и зошто заговараше размена на територии и население, кој изврши злосторства над цивилите, кој профитира од конфликтот, како и други прaшања, за да изгрaдиме механизми да не се повтори, а такви обиди имаше – Диво насеље во Куманово и Смилковско, рече Трајанов.

Затоа, додаде, ве повикувам сите пратеници да создадеме услови да продолжат истражните активности за четирите Хашки предмети („Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски рабитници“) случаи на воени злосторства над цивили, кои не застаруваат.

Трајанов ја афирмираше определбата за итна седница на Парламентот за ублажување на проблемите и хаосот со личните документи, како и одговорноста за креаторите на ваквите состојби, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Бујар Османи.

The post Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи appeared first on Република.

]]>

Наместо техничката Влада да работи на создавање услови за организирање фер и демократски избори, подобрување на изборните правила, превентивно да делува за елиминирање на какви било можности за кршење на изборните правила, како и нормално функционирање на системот во целина, премиерот само по неколку дена од преземањето на функцијата предлага реконструкција, рече на денешната парламентарна расправа, во врска со изборот на двајца министи, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз. Според него, во суштина, ДУИ и СДСМ директно се вклучија во внатрепартиските процеси во Алијансата на Албанците, откако беше објавено дека Алијансата нема да се приклучи на коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ, туку на опозициониот сојуз на албанските партии.
СДСМ долго се обидува да направи раскол во ВМРО-ДПМНЕ, се вмеша во изборот на лидер на НСДП, го отстрани од функцијата претседателот на ЛДП и сега, заедно со ДУИ, предизвикаа раскол во Алијансата на Албанците. Во овие тешки состојби за граѓаните овие две партии се самопрогласуваат за проевропски, за влез на Македонија во ЕУ. Без правда, со висока корупција, со колабирани државни институции, „точно“ е дека ги отворија вратите на ЕУ, каде од 2001 година во еден правец заминаа над 200.000 Албанци и над 800.000 Македонци. Меѓу другите причини за тоа, се и рефлексиите од конфликтот од 2001 година, конфликт кој во основа беше војна за територии, но подоцна, под силен притисок на меѓународните фактори, стана борба за човекови права. Затоа се залагам да се истражат сите аспекти на овој конфликт, причините за истиот,кој и зошто ја опструираше одбраната, кој и зошто заговараше размена на територии и население, кој изврши злосторства над цивилите, кој профитира од конфликтот, како и други прaшања, за да изгрaдиме механизми да не се повтори, а такви обиди имаше – Диво насеље во Куманово и Смилковско, рече Трајанов.
Затоа, додаде, ве повикувам сите пратеници да создадеме услови да продолжат истражните активности за четирите Хашки предмети („Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски рабитници“) случаи на воени злосторства над цивили, кои не застаруваат. Трајанов ја афирмираше определбата за итна седница на Парламентот за ублажување на проблемите и хаосот со личните документи, како и одговорноста за креаторите на ваквите состојби, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Бујар Османи.

The post Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи appeared first on Република.

]]>
Апостолски: Хашки истраги има против државјани на Македонија за воени злосторства сторени во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apostolski-hashki-istragi-ima-protiv-drzavjani-na-makedonija-za-voeni-zlostorstva-storeni-vo-kosovo/ Sat, 17 Dec 2022 10:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=586797

Антонио Апостолски е акредитиран адвокат за жртвите и обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, а претходно беше aдвокат пред Меѓународниот Кривичен Трибунал за поранешна Југославија. Тој во интервју за НетПрес ексклузивно зборува за првата пресуда во Хашкиот суд против припадник на косовското ОВК, како и за случаи покренати од сепцијалното обвинителство за воени злосторство против македонски државјани за дела сторени во Косово.

Тој во интервјуто појаснува зошто е важна пресудата против Салих Мустафа за воени злосторства сторени на територијата на Косово.

На 16 декември 2022 година, Судскиот совет I ја изрече својата пресуда во случајот Специјализираниот обвинител против Салих Мустафа. Пресудата претставува пресвртница за обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, бидејќи претставува прва пресуда на овој трибунал во случај за воени злосторства. Нејзината правна и историска важност е дека се повторува начелото дека правдата можеби е бавна, но од нејзиното величество не може никој да избега, вели Апостолски.

Судскиот совет го прогласи обвинетиот Мустафа за виновен за воени злосторства, произволно притворање, тортура и убиства и го осуди на затворска казна од 26 години.

При изрекувањето на пресудата, Судскиот совет истакна дека обвиненијата во овој случај се однесуваат исклучиво на индивидуалната кривична одговорност на обвинетиот Мустафа и неговата вмешаност во наводните воени злосторства при притвор, сурово постапување, тортура и убиства на жртвите.

Истакнувајќи дека жртвите во овој случај се косовски Албанци, Судскиот совет дополнително нагласи дека „нивните напори да бараат правда и вистина се во срцето на овие постапки“. Во својата пресуда, Судскиот совет утврди дека за време на конфликтот меѓу ОВК и српските сили, обвинетиот Мустафа бил единствениот и севкупниот командант на герилската единица на БИА на ОВК до нејзиното распуштање; дека тој командувал со комплексот Злаш во периодот на наводните злосторства; и дека има моќ да закажува состаноци во герилската единица на БИА, да издава наредби на своите подредени и да ги дисциплинира, објаснува Апостолски.

Целото интервју тука

The post Апостолски: Хашки истраги има против државјани на Македонија за воени злосторства сторени во Косово appeared first on Република.

]]>

Антонио Апостолски е акредитиран адвокат за жртвите и обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, а претходно беше aдвокат пред Меѓународниот Кривичен Трибунал за поранешна Југославија. Тој во интервју за НетПрес ексклузивно зборува за првата пресуда во Хашкиот суд против припадник на косовското ОВК, како и за случаи покренати од сепцијалното обвинителство за воени злосторство против македонски државјани за дела сторени во Косово. Тој во интервјуто појаснува зошто е важна пресудата против Салих Мустафа за воени злосторства сторени на територијата на Косово.
На 16 декември 2022 година, Судскиот совет I ја изрече својата пресуда во случајот Специјализираниот обвинител против Салих Мустафа. Пресудата претставува пресвртница за обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, бидејќи претставува прва пресуда на овој трибунал во случај за воени злосторства. Нејзината правна и историска важност е дека се повторува начелото дека правдата можеби е бавна, но од нејзиното величество не може никој да избега, вели Апостолски.
Судскиот совет го прогласи обвинетиот Мустафа за виновен за воени злосторства, произволно притворање, тортура и убиства и го осуди на затворска казна од 26 години.
При изрекувањето на пресудата, Судскиот совет истакна дека обвиненијата во овој случај се однесуваат исклучиво на индивидуалната кривична одговорност на обвинетиот Мустафа и неговата вмешаност во наводните воени злосторства при притвор, сурово постапување, тортура и убиства на жртвите. Истакнувајќи дека жртвите во овој случај се косовски Албанци, Судскиот совет дополнително нагласи дека „нивните напори да бараат правда и вистина се во срцето на овие постапки“. Во својата пресуда, Судскиот совет утврди дека за време на конфликтот меѓу ОВК и српските сили, обвинетиот Мустафа бил единствениот и севкупниот командант на герилската единица на БИА на ОВК до нејзиното распуштање; дека тој командувал со комплексот Злаш во периодот на наводните злосторства; и дека има моќ да закажува состаноци во герилската единица на БИА, да издава наредби на своите подредени и да ги дисциплинира, објаснува Апостолски.
Целото интервју тука

The post Апостолски: Хашки истраги има против државјани на Македонија за воени злосторства сторени во Косово appeared first on Република.

]]>