хашим тачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hashim-tachi/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 09:43:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хашим тачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hashim-tachi/ 32 32 Му се заканувале на сведокот дека не сакал да им даде 30.000 марки: Продолжува судењето на водачите на УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mu-se-zakanuvale-na-svedokot-deka-ne-sakal-da-im-dade-30-000-marki-prodolzhuva-sudeneto-na-vodachite-na-uchk/ Fri, 01 Nov 2024 09:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=833012

Судењето на поранешните лидерина ОВК на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, пред Специјалниот суд во Хаг ќе продолжи на 4 ноември.

Сведокот Ибиши во своето сведочење рече дека членовите на ОВК беа против заштитата на српските цивили и дека го прогласија за соработник на Србија.

Тој изјави  дека  ОВК им се заканувала кога тој одбил да им даде 30.000 марки кои биле собрани за да купат храна и облека за селото, пренесува Коха.

 

Судењето на четворица воени лидери на ОВК започна во Хаг на 3 април минатата година, ветувајќи правда за жртвите и нивните семејства. Обвинетите, меѓу кои и тогаш водечките членови на Главниот штаб на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, се соочуваат со обвинувања за злосторства врз Албанците, Србите и Ромите во повеќе од 40 притвори на ОВК.

The post Му се заканувале на сведокот дека не сакал да им даде 30.000 марки: Продолжува судењето на водачите на УЧК appeared first on Република.

]]>

Судењето на поранешните лидерина ОВК на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, пред Специјалниот суд во Хаг ќе продолжи на 4 ноември. Сведокот Ибиши во своето сведочење рече дека членовите на ОВК беа против заштитата на српските цивили и дека го прогласија за соработник на Србија.
Тој изјави  дека  ОВК им се заканувала кога тој одбил да им даде 30.000 марки кои биле собрани за да купат храна и облека за селото, пренесува Коха.
  Судењето на четворица воени лидери на ОВК започна во Хаг на 3 април минатата година, ветувајќи правда за жртвите и нивните семејства. Обвинетите, меѓу кои и тогаш водечките членови на Главниот штаб на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, се соочуваат со обвинувања за злосторства врз Албанците, Србите и Ромите во повеќе од 40 притвори на ОВК.

The post Му се заканувале на сведокот дека не сакал да им даде 30.000 марки: Продолжува судењето на водачите на УЧК appeared first on Република.

]]>
Продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prodolzhuva-sudeneto-na-poraneshnite-lideri-na-ovk/ Mon, 23 Sep 2024 08:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=818869

Пред Специјалниот суд во Хаг денес продолжува судењето на поранешните лидери ОВК/УЧК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

На 30 септември 2022 година, Специјалното обвинителство поднесе потврдено дополнето обвинение против Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими во 10 точки, во кое ги товари за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во незаконски притвори на ОВК во Косово и Албанија.

Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето.

The post Продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК appeared first on Република.

]]>

Пред Специјалниот суд во Хаг денес продолжува судењето на поранешните лидери ОВК/УЧК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. На 30 септември 2022 година, Специјалното обвинителство поднесе потврдено дополнето обвинение против Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими во 10 точки, во кое ги товари за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во незаконски притвори на ОВК во Косово и Албанија. Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето.

The post Продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК appeared first on Република.

]]>
Во Косово се повикува на протести поради продолжувањето на притворот на Тачи и Весели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-se-povikuva-na-protesti-poradi-prodolzhuvaneto-na-pritvorot-na-tachi-i-veseli/ Sat, 17 Aug 2024 17:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=807543

Пратеничката на најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу, откако Специјализираните комори за Косово во Хаг вчера ја продолжија мерката притвор на поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи и поранешниот собраниски спикер, Кадри Весели, повика на протести на Албанците низ Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на нејината страница на Фејсбук, Муслиу ги нарече Специјализираните комори „Политизирани комори на Косово во Хаг“, додека одлуката против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) ја оцени како „тежок и неприфатлив чекор“.

-Дојде време косовските Албанци повторно да ги полнат плоштадите во Европа за да бараат правда и да ја бранат ослободителната војна, напиша Муслиу, која во војната беше припадничка на ОВК.

Во вчерашното образложение на Специјалното обвинителство во Хаг, се наведува дека судскиот совет констатирал оти и натаму нема информации кои ги оправдуваат наводите дека Тачи и Весели можат да побегнат доколку бидат ослободени, но дека постои ризик дека тие ќе ги попречуваат процедурите на специјализираните комори и можат да извршат други кривични дела против оние кои се сметаат за противници на ОВК и сведоците.

Поранешните челници на ОВК се веќе четири години во притвор во Хаг, каде што им се суди за командна одговорност за наводни злосторства врз цивили од разни националности во војната од 1998-99 година во Косово

The post Во Косово се повикува на протести поради продолжувањето на притворот на Тачи и Весели appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу, откако Специјализираните комори за Косово во Хаг вчера ја продолжија мерката притвор на поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи и поранешниот собраниски спикер, Кадри Весели, повика на протести на Албанците низ Европа, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на нејината страница на Фејсбук, Муслиу ги нарече Специјализираните комори „Политизирани комори на Косово во Хаг“, додека одлуката против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) ја оцени како „тежок и неприфатлив чекор“.
-Дојде време косовските Албанци повторно да ги полнат плоштадите во Европа за да бараат правда и да ја бранат ослободителната војна, напиша Муслиу, која во војната беше припадничка на ОВК.
Во вчерашното образложение на Специјалното обвинителство во Хаг, се наведува дека судскиот совет констатирал оти и натаму нема информации кои ги оправдуваат наводите дека Тачи и Весели можат да побегнат доколку бидат ослободени, но дека постои ризик дека тие ќе ги попречуваат процедурите на специјализираните комори и можат да извршат други кривични дела против оние кои се сметаат за противници на ОВК и сведоците. Поранешните челници на ОВК се веќе четири години во притвор во Хаг, каде што им се суди за командна одговорност за наводни злосторства врз цивили од разни националности во војната од 1998-99 година во Косово

The post Во Косово се повикува на протести поради продолжувањето на притворот на Тачи и Весели appeared first on Република.

]]>
Продолжен притворот на Хашим Тачи и Кадри Весели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prodolzhen-pritvorot-na-hashim-tachi-i-kadri-veseli/ Fri, 16 Aug 2024 15:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=807286

Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на лидерите на поранешната ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Во образложението на решението е наведено дека советот констатирал дека доколку тие бидат ослободени, постои ризик да побегнат или да влијаат на сведоците и да се мешаат во работата на судот, пренесува онлајн весникот „Репортери“.

Тачи и Весели се во судски притвор во Шевенинген од ноември 2020 година, кога беа уапсени на Косово.

The post Продолжен притворот на Хашим Тачи и Кадри Весели appeared first on Република.

]]>

Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на лидерите на поранешната ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Во образложението на решението е наведено дека советот констатирал дека доколку тие бидат ослободени, постои ризик да побегнат или да влијаат на сведоците и да се мешаат во работата на судот, пренесува онлајн весникот „Репортери“. Тачи и Весели се во судски притвор во Шевенинген од ноември 2020 година, кога беа уапсени на Косово.

The post Продолжен притворот на Хашим Тачи и Кадри Весели appeared first on Република.

]]>
Косово им плати на адвокатите на Хашим Тачи 3.5 милиони евра за да продолжат да го бранат во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-im-plati-na-advokatite-na-hashim-tachi-3-5-milioni-evra-za-da-prodolzhat-da-go-branat-vo-hag/ Tue, 30 Jan 2024 16:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=738698

Министерството за правда на Косово соопшти дека досега се исплатени 3,5 милиони евра за одбраната на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи пред Специјалниот суд во Хаг и дека во ниту еден момент не биле одложени исплатите за заштита на обвинетите кои се во Хаг. Од тоа Министерство, за порталот koha.net соопштија дека врз основа на важечките закони во Косово „државата не може да плати повеќе од еден адвокат“, пренесува Бета.

Претходно адвокатите на Тачи, Грегори Кихо и Џо Ридер и членовите на нивните правни тимови побараа да се повлечат од процесот, велејќи дека поранешниот косовски претседател и еден од лидерите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) не ги исполнил своите финансиски обврски кон нив.

Министерството појасни дека со оглед на тоа дека законски може државата да плати еден адвокат, исплати се вршени само за адвокатот Лука Мишетиќ.

По најавата на бранителите на Тачи, претседателот на судскиот совет Чарлс Смит одлучи утре во 16 часот да започне рочиштето за одбраната на Тачи и побара на седницата да присуствува и поранешниот претседател на Косово

The post Косово им плати на адвокатите на Хашим Тачи 3.5 милиони евра за да продолжат да го бранат во Хаг appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда на Косово соопшти дека досега се исплатени 3,5 милиони евра за одбраната на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи пред Специјалниот суд во Хаг и дека во ниту еден момент не биле одложени исплатите за заштита на обвинетите кои се во Хаг. Од тоа Министерство, за порталот koha.net соопштија дека врз основа на важечките закони во Косово „државата не може да плати повеќе од еден адвокат“, пренесува Бета.
Претходно адвокатите на Тачи, Грегори Кихо и Џо Ридер и членовите на нивните правни тимови побараа да се повлечат од процесот, велејќи дека поранешниот косовски претседател и еден од лидерите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) не ги исполнил своите финансиски обврски кон нив. Министерството појасни дека со оглед на тоа дека законски може државата да плати еден адвокат, исплати се вршени само за адвокатот Лука Мишетиќ. По најавата на бранителите на Тачи, претседателот на судскиот совет Чарлс Смит одлучи утре во 16 часот да започне рочиштето за одбраната на Тачи и побара на седницата да присуствува и поранешниот претседател на Косово

The post Косово им плати на адвокатите на Хашим Тачи 3.5 милиони евра за да продолжат да го бранат во Хаг appeared first on Република.

]]>
Хашим Тачи на слобода, замина на Косово да го посети болниот татко https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hashim-tachi-na-sloboda-zamina-na-kosovo-da-go-poseti-bolniot-tatko/ Sat, 02 Sep 2023 18:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=678217

Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг привремено го пушти од притвор поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи за да го посети семејството, односно да го види неговиот татко, чија здравствена состојба е влошена последните денови, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на судот во Хаг одлуката е донесена од хуманитарни причини.

- Од хуманитарни причини Судскиот совет го упати секретаријатот да организира посета на притворениот Хашим Тачиу на Косово, заради средба со неговото семејство. Обвинетиот останува во притвор и под надзор на Специјалниот совет, се наведува во соопштението на Судот доставено до неколку приштински медиуми.

За време на престојот во Косово, Тачи ќе биде под надзор на припадници на косовската и на полицијата на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС.

На Тачи и на уште неколкумина поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг им се суди за претпоставени злосторства врз цивили во периодот од почетокот на војната во Косово во 1998-ма до крајот на 2000 година

The post Хашим Тачи на слобода, замина на Косово да го посети болниот татко appeared first on Република.

]]>

Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг привремено го пушти од притвор поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи за да го посети семејството, односно да го види неговиот татко, чија здравствена состојба е влошена последните денови, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на судот во Хаг одлуката е донесена од хуманитарни причини.
- Од хуманитарни причини Судскиот совет го упати секретаријатот да организира посета на притворениот Хашим Тачиу на Косово, заради средба со неговото семејство. Обвинетиот останува во притвор и под надзор на Специјалниот совет, се наведува во соопштението на Судот доставено до неколку приштински медиуми.
За време на престојот во Косово, Тачи ќе биде под надзор на припадници на косовската и на полицијата на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС. На Тачи и на уште неколкумина поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг им се суди за претпоставени злосторства врз цивили во периодот од почетокот на војната во Косово во 1998-ма до крајот на 2000 година

The post Хашим Тачи на слобода, замина на Косово да го посети болниот татко appeared first on Република.

]]>
Taчи, Кушнер, Д-р Франкештајн, Харадинај биле главни во „жолтата куќа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tachi-kushner-d-r-frankeshtajn-haradinaj-bile-glavni-vo-zholtata-kuka/ Wed, 09 Aug 2023 17:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=670277

Турскиот канал „Проспектус“ ги објави имињата кои сведоците ги идентификуваа како инволвирани во работата на “жолтата куќа“  и трговијата со органи

Тие се:

1. Хашим Тачи, командант на таканаречената Дреничка група наОВК.Тој во исто време  бил на чело на целиот синџир на трговија со човечки органи.

2. Рамуш Харадинај, командант на оперативната зона Дукаѓин на запад од Косово и Метохија. Организирал киднапирање на луѓе и нивно пренесување во Република Албанија.

3. Даут Харадинај, заменик на неговиот брат Рамуш, кој ги прекина врските со Турција и муслиманските земји на Блискиот Исток.

4. Наим Маљоку, член на т.н ОВК, организатор на трансфер во Република Албанија.

5. Алија Лујај од Елбасан, криминалец со добри врски на Блискиот Исток кој наоѓал муштерии и внесувал пари.

6. Бернард Кушнер, шеф на мисијата на УНМИК во Косово  од јули 1999 година до јануари 2001 година.

7. Сабит Геци, близок соработник на Хашим Тачи, задолжен за префрлање на приведените во Албанија.

8. Јусуф Сонмез, лекар од Турција кој ги направил сите тие операции во Бурел, зошто го добил прекарот „турски Франкенштајн“

 

https://republika.mk/vesti/balkan/nova-zholta-kuka-uchk-trguva-so-organi-na-ubieni-ukrainski-vojnitsi-tsenata-od-5-000-do-25-000-evra/

The post Taчи, Кушнер, Д-р Франкештајн, Харадинај биле главни во „жолтата куќа“ appeared first on Република.

]]>

Турскиот канал „Проспектус“ ги објави имињата кои сведоците ги идентификуваа како инволвирани во работата на “жолтата куќа“  и трговијата со органи Тие се: 1. Хашим Тачи, командант на таканаречената Дреничка група наОВК.Тој во исто време  бил на чело на целиот синџир на трговија со човечки органи. 2. Рамуш Харадинај, командант на оперативната зона Дукаѓин на запад од Косово и Метохија. Организирал киднапирање на луѓе и нивно пренесување во Република Албанија. 3. Даут Харадинај, заменик на неговиот брат Рамуш, кој ги прекина врските со Турција и муслиманските земји на Блискиот Исток. 4. Наим Маљоку, член на т.н ОВК, организатор на трансфер во Република Албанија. 5. Алија Лујај од Елбасан, криминалец со добри врски на Блискиот Исток кој наоѓал муштерии и внесувал пари. 6. Бернард Кушнер, шеф на мисијата на УНМИК во Косово  од јули 1999 година до јануари 2001 година. 7. Сабит Геци, близок соработник на Хашим Тачи, задолжен за префрлање на приведените во Албанија. 8. Јусуф Сонмез, лекар од Турција кој ги направил сите тие операции во Бурел, зошто го добил прекарот „турски Франкенштајн“   https://republika.mk/vesti/balkan/nova-zholta-kuka-uchk-trguva-so-organi-na-ubieni-ukrainski-vojnitsi-tsenata-od-5-000-do-25-000-evra/

The post Taчи, Кушнер, Д-р Франкештајн, Харадинај биле главни во „жолтата куќа“ appeared first on Република.

]]>
Али Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ali-ahmeti-go-poseti-semejstvoto-na-hashim-tachi/ Fri, 02 Jun 2023 17:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=647201

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи објави дека го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, за, како што вели, да им даде срце и сила на неговите родители и роднини во битката за правдата.

„Нивниот син со пријателите го брани достоинството на ОВК. Правдата се одложува, но не заборава. Гордо ќе го пречекаме Тачи со пријателите кога ќе се врати како победник на правдата“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

Хашим Тачи се изјасни за невин на судењето за воени злосторства на Косово, заедно со тројцата други членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на судскиот процес што пред неколку месеци почна во Хаг по речиси тригодишна истрага и повеќе од 20 години од војната.

Тачи се соочува со 10 обвиненија за апсење, убивање и мачење на оние кои се сметале за непријатели, вклучително и Албанци, Срби и Роми, додека се обидувале да ја преземат власта за време на ослободителната војна во 1998-99 година.

The post Али Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи објави дека го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, за, како што вели, да им даде срце и сила на неговите родители и роднини во битката за правдата.
„Нивниот син со пријателите го брани достоинството на ОВК. Правдата се одложува, но не заборава. Гордо ќе го пречекаме Тачи со пријателите кога ќе се врати како победник на правдата“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.
Хашим Тачи се изјасни за невин на судењето за воени злосторства на Косово, заедно со тројцата други членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на судскиот процес што пред неколку месеци почна во Хаг по речиси тригодишна истрага и повеќе од 20 години од војната. Тачи се соочува со 10 обвиненија за апсење, убивање и мачење на оние кои се сметале за непријатели, вклучително и Албанци, Срби и Роми, додека се обидувале да ја преземат власта за време на ослободителната војна во 1998-99 година.

The post Али Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи appeared first on Република.

]]>
Ценовник од „жолтата куќа“: Срце чинело 300.000 марки, бубрег 60.000, пет литри крв се наоѓалe за 10.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsenovnik-od-zholtata-kuka-srtse-chinelo-300-000-marki-bubreg-60-000-pet-litri-krv-se-naogale-za-10-000/ Thu, 06 Apr 2023 11:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=627947

Т.н Жолта куќа, која се наоѓа во селото Рибе, недалеку од градот Бурела на северот на Албанија а за која Хашим Тачи тврди дека не постои, денеска е бела и во неа живеат членови на семејството Катучи.

Покрај тоа што негираа дека нивната куќа некогаш била место каде што се вадат органи на затворениците, тие исто така негираа дека куќата некогаш била жолта, но инспекторите пронајдоа траги од жолта боја под сегашната бела фасада.

Во куќата биле пронајдени и траги од крв. Органите на Србите киднапирани на Косово во доцните 90-ти се продавале на црниот пазар за до 300.000 марки за срце. , 60.000 марки за бубрег, а 10.000 марки биле пет литри крв.

Хируршките интервенции врз жртви на трговија со органи се вршени во здравствени домови или болници кои се користеле за лекување на војниците на ОВК за време на војната.

https://republika.mk/vesti/balkan/sopruga-so-ekshumacija-videla-deka-soprugot-ostanal-bez-glava-vo-zoltata-kukja/

The post Ценовник од „жолтата куќа“: Срце чинело 300.000 марки, бубрег 60.000, пет литри крв се наоѓалe за 10.000 appeared first on Република.

]]>

Т.н Жолта куќа, која се наоѓа во селото Рибе, недалеку од градот Бурела на северот на Албанија а за која Хашим Тачи тврди дека не постои, денеска е бела и во неа живеат членови на семејството Катучи. Покрај тоа што негираа дека нивната куќа некогаш била место каде што се вадат органи на затворениците, тие исто така негираа дека куќата некогаш била жолта, но инспекторите пронајдоа траги од жолта боја под сегашната бела фасада. Во куќата биле пронајдени и траги од крв. Органите на Србите киднапирани на Косово во доцните 90-ти се продавале на црниот пазар за до 300.000 марки за срце. , 60.000 марки за бубрег, а 10.000 марки биле пет литри крв. Хируршките интервенции врз жртви на трговија со органи се вршени во здравствени домови или болници кои се користеле за лекување на војниците на ОВК за време на војната. https://republika.mk/vesti/balkan/sopruga-so-ekshumacija-videla-deka-soprugot-ostanal-bez-glava-vo-zoltata-kukja/

The post Ценовник од „жолтата куќа“: Срце чинело 300.000 марки, бубрег 60.000, пет литри крв се наоѓалe за 10.000 appeared first on Република.

]]>
Хашим Тачи: „Жолтата куќа“ не постоеше https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hashim-tachi-zholtata-kuka-ne-postoeshe/ Wed, 05 Apr 2023 10:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=627504

Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи, при денешното обраќање пред судот изјави дека „Жолтата куќа“ никогаш не постоела, ниту пак трговијата со органи и дека очекува да биде ослободен од сите други обвиненија.

Тачи рече дека кога извештајот на Дик Марти се појавил во медиумите пред 13 години, тој веднаш побарал од меѓународната заедница да спроведе независна истрага.

„Меѓународната заедница ме информираше дека Специјалниот суд е од суштинско значење за да се отфрлат тие мрачни наводи за трговија со органи кои му се припишуваат на Косово. Светот сега знае дека немало трговија со органи, жолтата куќа никогаш не постоела, а ниту ОВК ниту јас вината за тоа што ни се пропишува“, рече Тачи.

https://republika.mk/vesti/balkan/sopruga-so-ekshumacija-videla-deka-soprugot-ostanal-bez-glava-vo-zoltata-kukja/

The post Хашим Тачи: „Жолтата куќа“ не постоеше appeared first on Република.

]]>

Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи, при денешното обраќање пред судот изјави дека „Жолтата куќа“ никогаш не постоела, ниту пак трговијата со органи и дека очекува да биде ослободен од сите други обвиненија. Тачи рече дека кога извештајот на Дик Марти се појавил во медиумите пред 13 години, тој веднаш побарал од меѓународната заедница да спроведе независна истрага.
„Меѓународната заедница ме информираше дека Специјалниот суд е од суштинско значење за да се отфрлат тие мрачни наводи за трговија со органи кои му се припишуваат на Косово. Светот сега знае дека немало трговија со органи, жолтата куќа никогаш не постоела, а ниту ОВК ниту јас вината за тоа што ни се пропишува“, рече Тачи.
https://republika.mk/vesti/balkan/sopruga-so-ekshumacija-videla-deka-soprugot-ostanal-bez-glava-vo-zoltata-kukja/

The post Хашим Тачи: „Жолтата куќа“ не постоеше appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-pretsedatel-na-kosovo-hashim-tachi-se-izjasni-za-nevin-za-site-tochki-od-obvinenieto/ Tue, 04 Apr 2023 06:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=626925

Поранешниот лидер на ОВК и поранешен претседател Косово, Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението, на почетокот на судењето пред Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг.

Со воведното излагање на обвинителството почна судењето на поранешните водачи на таканаречената ОВК , Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Обинетите  се за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура сторени за време на воениот конфликт на Косово во 1998 и 1999 година.

Го разбирам обвинението и не сум виновен“, им рече Тачи на судиите во воведната фаза на рочиштето.

Вина не чувствуваат ниту  Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Судењето на поранешните лидери на ОВК наиде на бројни критики во Косово со образложение дека процесот е „едностран“, бидејќи не се суди за злосторства извршени од Срби на територијата на Косово.

https://republika.mk/vesti/balkan/zatvorenitsite-sami-si-gi-kopale-grobovite-mislele-deka-smrtta-e-spas-a-tachi-veseli-krasniki-i-selimi-znaele-za-torturata/

The post Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението appeared first on Република.

]]>

Поранешниот лидер на ОВК и поранешен претседател Косово, Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението, на почетокот на судењето пред Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг. Со воведното излагање на обвинителството почна судењето на поранешните водачи на таканаречената ОВК , Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Обинетите  се за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура сторени за време на воениот конфликт на Косово во 1998 и 1999 година.
Го разбирам обвинението и не сум виновен“, им рече Тачи на судиите во воведната фаза на рочиштето.
Вина не чувствуваат ниту  Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Судењето на поранешните лидери на ОВК наиде на бројни критики во Косово со образложение дека процесот е „едностран“, бидејќи не се суди за злосторства извршени од Срби на територијата на Косово. https://republika.mk/vesti/balkan/zatvorenitsite-sami-si-gi-kopale-grobovite-mislele-deka-smrtta-e-spas-a-tachi-veseli-krasniki-i-selimi-znaele-za-torturata/

The post Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението appeared first on Република.

]]>
Затворениците сами си ги копале гробовите, мислеле дека смртта е спас, а Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими знаеле за тортурата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvorenitsite-sami-si-gi-kopale-grobovite-mislele-deka-smrtta-e-spas-a-tachi-veseli-krasniki-i-selimi-znaele-za-torturata/ Mon, 03 Apr 2023 16:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=626821

Обвинителството заврши со уводните зборови пред Специјализираните совети со седиште во Хаг на почетокот на судењето на четворицата поранешни лидери на ОВК.

Освен присилно затворање, обвинителството тврди дека четворицата обвинети – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими се одговорни за најмалку 102 убиства.

Обвинителот Џејмс Пејс рече дека уште најмалку 20 лица кои биле убиени сè уште се водат како исчезнати.

Тој рече дека затворениците биле држени во многу лоши услови, дека биле врзани со синџири, и не добивале храна.

Притворите на одредени локации биле толку лоши што некои мислеле дека смртта им е подобра опција, рече обвинителот, истакнувајќи дека обвинетите го знаеле сето тоа.

Обвинителот Пејс рече дека затворениците биле тепани или физички малтретирани, а некои од методите на тортура биле удирање со палки по телото, сечење на телото со ножеви, струен удар, повреда со врел восок и други.

Обвинителот наведе и дека некои од затворениците биле принудени сами да си ги ископаат гробовите, а некои биле тепани додека не изгубиле свест.

Тој рече дека оние кои преживеале тортура повеќе од 25 години живеат во страдање и заклучи дека мора да ја добијат правдата.

Специјализираното обвинителство при излагањето на воведните зборови наведе дека има извештаи од меѓународни организации дека ОВК не се трансформирала по завршувањето на војната, односно дека е прекршен договорот за демилитаризација.

Обвинителството тврди дека злосторствата се вршени систематски и континуирано заради остварување на заедничка криминална цел.

Беше прикажана и мапа со локациите каде што наводно се држеле затворениците, а обвинителството наведе дека во текот на судскиот процес ќе докаже и како биле преместени од затвор во затвор, како на територијата на Косово, така и во Кукеш и Цахан на северот на Албанија.

Обвинителот Џејмс Пејс рече дека меѓу жртвите има и луѓе кои се занимавале со шумарство, земјоделство, како и новинари, наставници и други.

Обвинителот на Специјалниот суд спомена три села, во кои се држеле луѓе, а потоа некои од нив биле убиени.

Станува збор за Лапушник, Злаш и Клечка.

Во Лапушник, обвинителот рече дека од крајот на април 1998 година до 25 или 26 јули 1998 година биле приведени 30 лица.

Обвинетите се обвинети за убиство на 10 жртви кои биле држени таму.

Второто место кое се споменува е Злаш, а обвинетите се обвинети за убиство на еден од осумтемина притвореници.

Според обвинителот, во Клечка биле приведени 20 лица, а 11 од нив биле убиени.

The post Затворениците сами си ги копале гробовите, мислеле дека смртта е спас, а Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими знаеле за тортурата appeared first on Република.

]]>

Обвинителството заврши со уводните зборови пред Специјализираните совети со седиште во Хаг на почетокот на судењето на четворицата поранешни лидери на ОВК. Освен присилно затворање, обвинителството тврди дека четворицата обвинети – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими се одговорни за најмалку 102 убиства. Обвинителот Џејмс Пејс рече дека уште најмалку 20 лица кои биле убиени сè уште се водат како исчезнати. Тој рече дека затворениците биле држени во многу лоши услови, дека биле врзани со синџири, и не добивале храна.
Притворите на одредени локации биле толку лоши што некои мислеле дека смртта им е подобра опција, рече обвинителот, истакнувајќи дека обвинетите го знаеле сето тоа.
Обвинителот Пејс рече дека затворениците биле тепани или физички малтретирани, а некои од методите на тортура биле удирање со палки по телото, сечење на телото со ножеви, струен удар, повреда со врел восок и други. Обвинителот наведе и дека некои од затворениците биле принудени сами да си ги ископаат гробовите, а некои биле тепани додека не изгубиле свест. Тој рече дека оние кои преживеале тортура повеќе од 25 години живеат во страдање и заклучи дека мора да ја добијат правдата. Специјализираното обвинителство при излагањето на воведните зборови наведе дека има извештаи од меѓународни организации дека ОВК не се трансформирала по завршувањето на војната, односно дека е прекршен договорот за демилитаризација. Обвинителството тврди дека злосторствата се вршени систематски и континуирано заради остварување на заедничка криминална цел. Беше прикажана и мапа со локациите каде што наводно се држеле затворениците, а обвинителството наведе дека во текот на судскиот процес ќе докаже и како биле преместени од затвор во затвор, како на територијата на Косово, така и во Кукеш и Цахан на северот на Албанија. Обвинителот Џејмс Пејс рече дека меѓу жртвите има и луѓе кои се занимавале со шумарство, земјоделство, како и новинари, наставници и други. Обвинителот на Специјалниот суд спомена три села, во кои се држеле луѓе, а потоа некои од нив биле убиени. Станува збор за Лапушник, Злаш и Клечка. Во Лапушник, обвинителот рече дека од крајот на април 1998 година до 25 или 26 јули 1998 година биле приведени 30 лица. Обвинетите се обвинети за убиство на 10 жртви кои биле држени таму. Второто место кое се споменува е Злаш, а обвинетите се обвинети за убиство на еден од осумтемина притвореници. Според обвинителот, во Клечка биле приведени 20 лица, а 11 од нив биле убиени.

The post Затворениците сами си ги копале гробовите, мислеле дека смртта е спас, а Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими знаеле за тортурата appeared first on Република.

]]>
Тачи во Хаг: Го разбирам обвинението, но не сум виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tachi-vo-hag-go-razbiram-obvinenieto-no-ne-sum-vinoven/ Mon, 03 Apr 2023 10:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=626612

Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвинението на специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг.

Го разбирам обвинението и во целост не сум виновен, рече Тачи пред судиите.

Со уводен говор на Обвинителството, денеска пред Специјализираниот совет за Косово почна судењето на поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

И Красниќи, Селими и Весели се изјаснија дека го разбираат обвинението, но и дека не чувствуваат вина по ниту една од точките во него.

The post Тачи во Хаг: Го разбирам обвинението, но не сум виновен appeared first on Република.

]]>

Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвинението на специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг. Го разбирам обвинението и во целост не сум виновен, рече Тачи пред судиите. Со уводен говор на Обвинителството, денеска пред Специјализираниот совет за Косово почна судењето на поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. И Красниќи, Селими и Весели се изјаснија дека го разбираат обвинението, но и дека не чувствуваат вина по ниту една од точките во него.

The post Тачи во Хаг: Го разбирам обвинението, но не сум виновен appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето против УЧК: Хашим Тачи првообвинет во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pochnuva-sudeneto-protiv-uchk-hashim-tachi-prvoobvinet-vo-hag/ Mon, 03 Apr 2023 06:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=626411

Денеска почнува судењето на поранешните лидери на УЧК Хашим Тачи (53), Кадри Весељи (54), Реџеп Сељими (50) и Јакуб Красниќи (70).

Судењето ќе започне во 9:00 часот, со воведни зборови на обвинителството, одбраната и претставниците на жртвите. Воведните зборови се закажани од 3 до 5 април, а изведувањето на доказите треба да започне на 11 април.

Обвинителството соопшти дека во текот на оваа постапка ќе бидат сослушани 312 сведоци и дека им се потребни околу 545 работни часа.

Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 42 нелегални центри за притвор на поранешната УЧК на Косово и  и во Албанија над најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 98 се убиени.

Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето, а за овие злосторства им се заканува доживотен затвор.

Во обвинението се наведува дека делата за кои се товарат се извршени во периодот од март 1998 година до септември 1999 година најдоцна на повеќе места во Косово и Метохија, како и во Кукеш и Чахан, во северна Албанија.

Според обвинението, тие злосторства ги извршиле обвинети припадници на  ОВК против стотици цивили и лица кои не биле активни учесници во воените дејствија.

Во обвинението се наведува дека Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ сносат индивидуална кривична одговорност, според различни форми на кривична одговорност, за кривични дела извршени во контекст на немеѓународниот вооружен конфликт на Косово кои биле дел од широко распространета и систематски напад врз лица за кои се сомневале дека се против т.н ОВК.

The post Почнува судењето против УЧК: Хашим Тачи првообвинет во Хаг appeared first on Република.

]]>

Денеска почнува судењето на поранешните лидери на УЧК Хашим Тачи (53), Кадри Весељи (54), Реџеп Сељими (50) и Јакуб Красниќи (70). Судењето ќе започне во 9:00 часот, со воведни зборови на обвинителството, одбраната и претставниците на жртвите. Воведните зборови се закажани од 3 до 5 април, а изведувањето на доказите треба да започне на 11 април. Обвинителството соопшти дека во текот на оваа постапка ќе бидат сослушани 312 сведоци и дека им се потребни околу 545 работни часа. Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 42 нелегални центри за притвор на поранешната УЧК на Косово и  и во Албанија над најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 98 се убиени. Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето, а за овие злосторства им се заканува доживотен затвор. Во обвинението се наведува дека делата за кои се товарат се извршени во периодот од март 1998 година до септември 1999 година најдоцна на повеќе места во Косово и Метохија, како и во Кукеш и Чахан, во северна Албанија. Според обвинението, тие злосторства ги извршиле обвинети припадници на  ОВК против стотици цивили и лица кои не биле активни учесници во воените дејствија. Во обвинението се наведува дека Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ сносат индивидуална кривична одговорност, според различни форми на кривична одговорност, за кривични дела извршени во контекст на немеѓународниот вооружен конфликт на Косово кои биле дел од широко распространета и систематски напад врз лица за кои се сомневале дека се против т.н ОВК.

The post Почнува судењето против УЧК: Хашим Тачи првообвинет во Хаг appeared first on Република.

]]>
Десетици илјади Косовари на улица бараат правда за Хашим Тачи и лидерите на УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/desetitsi-iljadi-kosovari-na-ulitsa-baraat-pravda-za-hashim-tachi-i-liderite-na-uchk/ Sun, 02 Apr 2023 15:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=626310

Во Приштина денеска почна „Маршот за правда“, во кој, според првичните проценки, учествуваат неколку десетици илјади косовски граѓани за поддршка на лидерите на Ослободителната војска на Косово, чии судење ќе почне утре во Специјалниот суд во Хаг, пренесе Бета.

Учесниците на маршот извикуваат слогани за ОВК, носат транспаренти со пароли „Слободата има име“ со слики од Хашим Тачи и Кадри Весељи, „Историјата не може да се промени“ и други пораки за поддршка на обвинетите пред Специјалниот суд во Хаг- Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими.

Учесниците на маршот ги носат знамињата на Косово, Албанија и на ОВК. Тие продолжуваат со движење кон споменикот на Скендербег, на истоимениот плоштад, каде се очекува некој од организаторите да им се обрати на учесниците на маршот.

Поканата за организирање на маршот ја поддржаа сите политички партии, невладини организации и познати личности во Косово.

The post Десетици илјади Косовари на улица бараат правда за Хашим Тачи и лидерите на УЧК appeared first on Република.

]]>

Во Приштина денеска почна „Маршот за правда“, во кој, според првичните проценки, учествуваат неколку десетици илјади косовски граѓани за поддршка на лидерите на Ослободителната војска на Косово, чии судење ќе почне утре во Специјалниот суд во Хаг, пренесе Бета. Учесниците на маршот извикуваат слогани за ОВК, носат транспаренти со пароли „Слободата има име“ со слики од Хашим Тачи и Кадри Весељи, „Историјата не може да се промени“ и други пораки за поддршка на обвинетите пред Специјалниот суд во Хаг- Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Учесниците на маршот ги носат знамињата на Косово, Албанија и на ОВК. Тие продолжуваат со движење кон споменикот на Скендербег, на истоимениот плоштад, каде се очекува некој од организаторите да им се обрати на учесниците на маршот. Поканата за организирање на маршот ја поддржаа сите политички партии, невладини организации и познати личности во Косово.

The post Десетици илјади Косовари на улица бараат правда за Хашим Тачи и лидерите на УЧК appeared first on Република.

]]>
Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-ne-ja-prifaka-odlukata-na-ustavniot-sud-na-kosovo-za-dekretot-na-tachi/ Fri, 17 Mar 2023 09:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=620621

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во коментар на својата страница на Фејсбук, Курти вели дека одлуката е „преку секоја имагинација на секое ниво“ и најави дека за идните политички чекори на неговата партија, Движењето Самоопределување (ВВ), граѓаните ќе бидат известени во наредните денови.

– Немавме големи надежи за одлуката на Уставниот суд, но оваа одлука е преку секоја имагинација на секое ниво (логичко и правно). Како неправедна таа е неприфатлива. За идните политички чекори ќе ги информираме граѓаните во наредните денови, напиша Курти. Според него, Судот наместо да го толкува Уставот, го оправдува дејствувањето на Тачи.

Може да се најдат малку или воопшто примери во демократскиот свет на случаи кога победникот на изборите и самата влада која е на должност се подготвени за избори, а тоа им се оневозможува од Уставниот суд и претседателот со повикување на фиктивно мнозинство во Собранието и со испревртување на изјавите и објективните причини како што е тешката состојба со пандемијата. Наместо да го толкува Уставот, Судот се чини имаше ваков став: бидејќи претседателот е во право, да се потрудиме да го оправдаме, пишува Курти. Според него, во неколку случаи во синоќа објавената одлука Судот „наместо со толкување, се нафатил со пишување и допишување на Уставот“. Тој вели дека ќе биде извршена детална анализа од страна на неговите правни советници откако ќе ја добијат одлуката на Судот.

– За жал, Уставниот суд застана на страната на тие кои ја имаат заробено државата. Тој прозборе за себе, попрво и повеќе одошто за прашањето кое го третира. Тој се запечати, се обезвредни себеси. Нашата битка продолжува, заедно со освестениот народ, против оваа корумпирана каста, порача Курти. Косовскиот претседател Хашим Тачи, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти на 25 март и неколкуте неуспешни повици до ВВ да именува нов кандидат за премиер, мандатот му го додели на Авдулах Хоти, кандидат на второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Лидерот на ЛДК, Иса Мустафа денеска најави дека собраниската седница, на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за состав на новата влада, ќе се одржи утре или в понеделник, на 1 јуни.

The post Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Во коментар на својата страница на Фејсбук, Курти вели дека одлуката е „преку секоја имагинација на секое ниво“ и најави дека за идните политички чекори на неговата партија, Движењето Самоопределување (ВВ), граѓаните ќе бидат известени во наредните денови. – Немавме големи надежи за одлуката на Уставниот суд, но оваа одлука е преку секоја имагинација на секое ниво (логичко и правно). Како неправедна таа е неприфатлива. За идните политички чекори ќе ги информираме граѓаните во наредните денови, напиша Курти. Според него, Судот наместо да го толкува Уставот, го оправдува дејствувањето на Тачи.
Може да се најдат малку или воопшто примери во демократскиот свет на случаи кога победникот на изборите и самата влада која е на должност се подготвени за избори, а тоа им се оневозможува од Уставниот суд и претседателот со повикување на фиктивно мнозинство во Собранието и со испревртување на изјавите и објективните причини како што е тешката состојба со пандемијата. Наместо да го толкува Уставот, Судот се чини имаше ваков став: бидејќи претседателот е во право, да се потрудиме да го оправдаме, пишува Курти. Според него, во неколку случаи во синоќа објавената одлука Судот „наместо со толкување, се нафатил со пишување и допишување на Уставот“. Тој вели дека ќе биде извршена детална анализа од страна на неговите правни советници откако ќе ја добијат одлуката на Судот.
– За жал, Уставниот суд застана на страната на тие кои ја имаат заробено државата. Тој прозборе за себе, попрво и повеќе одошто за прашањето кое го третира. Тој се запечати, се обезвредни себеси. Нашата битка продолжува, заедно со освестениот народ, против оваа корумпирана каста, порача Курти. Косовскиот претседател Хашим Тачи, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти на 25 март и неколкуте неуспешни повици до ВВ да именува нов кандидат за премиер, мандатот му го додели на Авдулах Хоти, кандидат на второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Лидерот на ЛДК, Иса Мустафа денеска најави дека собраниската седница, на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за состав на новата влада, ќе се одржи утре или в понеделник, на 1 јуни.

The post Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи appeared first on Република.

]]>
Keтрин Ештон го опишува Хашим Тачи како во љубовен роман: Црната коса од младоста ја замени со сива грива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ketrin-eshton-go-opishuva-hashim-tachi-kako-vo-luboven-roman-tsrnata-kosa-od-mladosta-ja-zameni-so-siva-griva/ Wed, 08 Mar 2023 08:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=617162

Поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во својата нова книга лидерот на УЧК Хашим Тачи го опишува како од романтичен роман.

-Црната коса од младоста ја замени со сива грива, а белите влакна се резултат на војна и стареење - напиша Ештон.

Насловот на шестото поглавје во книгата  е „Западен Балкан: дијалог меѓу Србија и Косово“.

Според Ештон, на барање на Приштина било воведено ниту една страна да не го блокира патот на другата кон членство во меѓународните организации.

Вучиќ и Дачиќ веднаш го отфрлиле со образложение дека се работи за признавање на Косово како држава и дека тоа е ново прашање вклучено во разговорите.

„Направивме грешка“, признава Ештон во книгата  и објаснува дека Вучиќ предложил таа реченица да се смени и да гласи „ниту една страна не смее да го попречува патот на другата кон Европската унија“.

 

The post Keтрин Ештон го опишува Хашим Тачи како во љубовен роман: Црната коса од младоста ја замени со сива грива appeared first on Република.

]]>

Поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во својата нова книга лидерот на УЧК Хашим Тачи го опишува како од романтичен роман.
-Црната коса од младоста ја замени со сива грива, а белите влакна се резултат на војна и стареење - напиша Ештон.
Насловот на шестото поглавје во книгата  е „Западен Балкан: дијалог меѓу Србија и Косово“. Според Ештон, на барање на Приштина било воведено ниту една страна да не го блокира патот на другата кон членство во меѓународните организации. Вучиќ и Дачиќ веднаш го отфрлиле со образложение дека се работи за признавање на Косово како држава и дека тоа е ново прашање вклучено во разговорите. „Направивме грешка“, признава Ештон во книгата  и објаснува дека Вучиќ предложил таа реченица да се смени и да гласи „ниту една страна не смее да го попречува патот на другата кон Европската унија“.  

The post Keтрин Ештон го опишува Хашим Тачи како во љубовен роман: Црната коса од младоста ја замени со сива грива appeared first on Република.

]]>
Опасни се за сведоците: Продложен притворот за Тачи и Вејсели во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opasni-se-za-svedotsite-prodlozhen-pritvorot-za-tachi-i-vejseli-vo-hag/ Mon, 20 Feb 2023 11:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=610846

Специјализираните совети за злосторства на Ослободителната војска на Косово во Хаг им го продолжија притворот на поранешните лидери на таа организација, Кадри Весељи и Хашим Тачи, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Причините за продолжување на оваа мерка се ризикот од бегство и можноста за влијание врз сведоци, соопшти судот во Хаг.

The post Опасни се за сведоците: Продложен притворот за Тачи и Вејсели во Хаг appeared first on Република.

]]>

Специјализираните совети за злосторства на Ослободителната војска на Косово во Хаг им го продолжија притворот на поранешните лидери на таа организација, Кадри Весељи и Хашим Тачи, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Причините за продолжување на оваа мерка се ризикот од бегство и можноста за влијание врз сведоци, соопшти судот во Хаг.

The post Опасни се за сведоците: Продложен притворот за Тачи и Вејсели во Хаг appeared first on Република.

]]>
Украден компјутерот на судија во Хаг-исчезнаа докази против Хашим Тачи и УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ukraden-kompjuterot-na-sudija-vo-hag-ischeznaa-dokazi-protiv-hashim-tachi-i-uchk/ Mon, 23 Jan 2023 07:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=599746

Францускиот веник „Неделни новини“  објави  за грабеж во станот на високиот судија за злосторства на ОВК, на почетокот на јануари во Париз, Оваа вест ја сподели  директорот на Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, Арнауд Гајон.

Гајон на Твитер објави дека весникот наведува дека во станот влегле професионалци и дека извадиле само лаптоп кој содржи многу чувствителни податоци за тековните судски постапки.

Накитот и другите предмети се недопрени. Сличен грабеж неодамна се случи и во Брисел, каде што беше украден компјутер од судија на истиот специјален суд за злосторства на ОВК, но засега овие два случаи не се поврзани. Весникот потсетува дека за време на војната во Косово загинале околу 13.000 луѓе и дека во моментов поранешниот шеф на албанската паравоена формација ОВК, Хашим Тачи, е обвинет за убиство и тортура - додаде Гујон.

The post Украден компјутерот на судија во Хаг-исчезнаа докази против Хашим Тачи и УЧК appeared first on Република.

]]>

Францускиот веник „Неделни новини“  објави  за грабеж во станот на високиот судија за злосторства на ОВК, на почетокот на јануари во Париз, Оваа вест ја сподели  директорот на Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, Арнауд Гајон. Гајон на Твитер објави дека весникот наведува дека во станот влегле професионалци и дека извадиле само лаптоп кој содржи многу чувствителни податоци за тековните судски постапки.
Накитот и другите предмети се недопрени. Сличен грабеж неодамна се случи и во Брисел, каде што беше украден компјутер од судија на истиот специјален суд за злосторства на ОВК, но засега овие два случаи не се поврзани. Весникот потсетува дека за време на војната во Косово загинале околу 13.000 луѓе и дека во моментов поранешниот шеф на албанската паравоена формација ОВК, Хашим Тачи, е обвинет за убиство и тортура - додаде Гујон.

The post Украден компјутерот на судија во Хаг-исчезнаа докази против Хашим Тачи и УЧК appeared first on Република.

]]>
Весли Кларк, Кушнер и Вокер ќе сведочат во Хаг во одбрана на Хашим Тачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vesli-klark-kushner-i-voker-kje-svedochat-vo-hag-vo-odbrana-na-hashim-tachi/ Mon, 07 Nov 2022 09:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=570742

Предметот против лидерите на УЧК во судот во Хаг ќе биде оформен до крајот на годината, најави судијата Николас Гију.

Имам намера да го поднесам предметот пред судскиот совет пред крајот на годината. Имам намера да одлучувам за барањата кои досега ми беа доставени на разгледување, но не и за неитните барања што странките ќе ги поднесуваат од денеска до донесување на пресудата, за да не се одолговлекува постапката - изјави Гиу.

Како сведоци во одбраната на Хашим Тачи ќе бидат поранешниот командант на силите на НАТО за Европа Весли Кларк, поранешниот шеф на УНМИК Бернард Кушнер и поранешниот шеф на мониторингот на ОБСЕ мисијата на Косово и Метохија Вилијам Вокер.

https://republika.mk/vesti/balkan/ahmeti-bara-sloboda-za-hashim-tachi-i-drugite-chlenovi-na-uchk-obvineti-vo-hag/

 


The post Весли Кларк, Кушнер и Вокер ќе сведочат во Хаг во одбрана на Хашим Тачи appeared first on Република.

]]>

Предметот против лидерите на УЧК во судот во Хаг ќе биде оформен до крајот на годината, најави судијата Николас Гију.
Имам намера да го поднесам предметот пред судскиот совет пред крајот на годината. Имам намера да одлучувам за барањата кои досега ми беа доставени на разгледување, но не и за неитните барања што странките ќе ги поднесуваат од денеска до донесување на пресудата, за да не се одолговлекува постапката - изјави Гиу.
Како сведоци во одбраната на Хашим Тачи ќе бидат поранешниот командант на силите на НАТО за Европа Весли Кларк, поранешниот шеф на УНМИК Бернард Кушнер и поранешниот шеф на мониторингот на ОБСЕ мисијата на Косово и Метохија Вилијам Вокер. https://republika.mk/vesti/balkan/ahmeti-bara-sloboda-za-hashim-tachi-i-drugite-chlenovi-na-uchk-obvineti-vo-hag/  

The post Весли Кларк, Кушнер и Вокер ќе сведочат во Хаг во одбрана на Хашим Тачи appeared first on Република.

]]>