харсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/harson/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 07:14:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png харсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/harson/ 32 32 Украина: Русите во Херсон се подготвуваат за најтешката битка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-rusite-vo-herson-se-podgotvuvaat-za-najteshkata-bitka/ Wed, 26 Oct 2022 07:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=565683

Украинскиот заменик претседател, Алексеј Арестович, изјави дека руските сили се подготвуваат за најтешката битка во стратешки важниот јужен регион Херсон.

Со Херсон се е јасно. Русите довлекуваат резерви, ја зајакнуваат својата група таму. Тоа значи дека не планираат да се повлечат. Напротив, најтешката битка ќе се води за Херсон, изјави Арестович на неговиот канал на Телеграм.

Јуриј Соболевски, украински регионален заменик за Херсон, кажа дека властите назначени од Москва вршат зголемен притисок врз жителите на градот да се евакуираат.

Руските власти претходно ги повикаа жителите на Херсонската област да се евакуираат и предупредија дека Украина планира офанзива против регионот.

Лондонски „Гардијан“ оценува дека од четирите украински области кои во септември го објавија приклучувањето кон Русија, Херсон е веројатно стратегиски најважниот. Оваа област го поврзува единствениот копнен пат до полуостровот Крим, што во 2014 година се припои кон Русија, и устието на реката Днепар.

The post Украина: Русите во Херсон се подготвуваат за најтешката битка appeared first on Република.

]]>

Украинскиот заменик претседател, Алексеј Арестович, изјави дека руските сили се подготвуваат за најтешката битка во стратешки важниот јужен регион Херсон.
Со Херсон се е јасно. Русите довлекуваат резерви, ја зајакнуваат својата група таму. Тоа значи дека не планираат да се повлечат. Напротив, најтешката битка ќе се води за Херсон, изјави Арестович на неговиот канал на Телеграм.
Јуриј Соболевски, украински регионален заменик за Херсон, кажа дека властите назначени од Москва вршат зголемен притисок врз жителите на градот да се евакуираат. Руските власти претходно ги повикаа жителите на Херсонската област да се евакуираат и предупредија дека Украина планира офанзива против регионот. Лондонски „Гардијан“ оценува дека од четирите украински области кои во септември го објавија приклучувањето кон Русија, Херсон е веројатно стратегиски најважниот. Оваа област го поврзува единствениот копнен пат до полуостровот Крим, што во 2014 година се припои кон Русија, и устието на реката Днепар.

The post Украина: Русите во Херсон се подготвуваат за најтешката битка appeared first on Република.

]]>