Харков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/harkov/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 08:32:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Харков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/harkov/ 32 32 Русите погодија зграда во Харков, загина и 14 годишно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-pogodija-zgrada-vo-harkov-zagina-i-14-godishno-devojche/ Sat, 31 Aug 2024 08:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=811734

Седум лица загинаа, а 77 се поврдени во руски ракетен напад врз станабена зграда и игралиште во североисточниот украински град Харков, соопштија украинските власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓу убиените е и едно 14-годишно девојче.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на Телеграм потврди дека едно дете е убиено на игралиште и информира дека од ударот се запалила 12-катна станбена зграда.  Опожарени се и неколку автомобили паркирани во близина на зградата.

По нападот врз Харков, Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници на Украина да му дозволат на Киев да користи оружје со долг дострел доставено од Запад за напади на руска територија.

- Нападот немаше да се случи ако нашите одбранбени сили имаа способност да уништат руски воени авиони каде што се распоредени. Нема рационална причина зошто треба да ја ограничиме одбраната на Украина, рече Зеленски на Телеграм.

Спроед Киев, најефекасниот начин да се спречат напади како оној на Харков е да се соборат руските авиони кои лансираат проектили во Украина

The post Русите погодија зграда во Харков, загина и 14 годишно девојче appeared first on Република.

]]>

Седум лица загинаа, а 77 се поврдени во руски ракетен напад врз станабена зграда и игралиште во североисточниот украински град Харков, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓу убиените е и едно 14-годишно девојче. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на Телеграм потврди дека едно дете е убиено на игралиште и информира дека од ударот се запалила 12-катна станбена зграда.  Опожарени се и неколку автомобили паркирани во близина на зградата. По нападот врз Харков, Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници на Украина да му дозволат на Киев да користи оружје со долг дострел доставено од Запад за напади на руска територија.
- Нападот немаше да се случи ако нашите одбранбени сили имаа способност да уништат руски воени авиони каде што се распоредени. Нема рационална причина зошто треба да ја ограничиме одбраната на Украина, рече Зеленски на Телеграм.
Спроед Киев, најефекасниот начин да се спречат напади како оној на Харков е да се соборат руските авиони кои лансираат проектили во Украина

The post Русите погодија зграда во Харков, загина и 14 годишно девојче appeared first on Република.

]]>
Белата куќа тврди дека е запрена руската офанзива во Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-tvrdi-deka-e-zaprena-ruskata-ofanziva-vo-harkov/ Sun, 09 Jun 2024 16:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=785970

Руската воена офанзива околу украинскиот град Харков е запрена, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Според него, тоа е последица на зеленото светло што Вашингтон им го даде на Украинците за напади врз цели на територијата на Русија.

- Од гледна точка на американскиот претседател (Џозеф Бајден), во прашање е само здрав разум. Она што се случуваше околу Харков, она што беше ново во последните месеци, беше руската офанзива. Немаше смисла да не им се дозволи на Украинците да нападнат преку граница, рече Саливан за американската телевизиска мрежа Си Би Ес.

Вели дека Бајден им дал одобрение на Украинците, а тие го примениле на бојното поле.

- Сакам да истакнам дека оваа (руска) офанзива на Харков е запрена. Тој град се уште е под закана од Русите, кои не напредуваа во таа област во последните денови, рече Саливан.

Американскиот претседател долго време одбиваше да им дозволи на Украинците да користат оружје доставено од САД за напади на руска територија, но неодамна го промени својот став. Сепак, Бајден постави одредени услови, а тоа е дека може да се употребува само во пограничните области

The post Белата куќа тврди дека е запрена руската офанзива во Харков appeared first on Република.

]]>

Руската воена офанзива околу украинскиот град Харков е запрена, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Според него, тоа е последица на зеленото светло што Вашингтон им го даде на Украинците за напади врз цели на територијата на Русија. - Од гледна точка на американскиот претседател (Џозеф Бајден), во прашање е само здрав разум. Она што се случуваше околу Харков, она што беше ново во последните месеци, беше руската офанзива. Немаше смисла да не им се дозволи на Украинците да нападнат преку граница, рече Саливан за американската телевизиска мрежа Си Би Ес. Вели дека Бајден им дал одобрение на Украинците, а тие го примениле на бојното поле.
- Сакам да истакнам дека оваа (руска) офанзива на Харков е запрена. Тој град се уште е под закана од Русите, кои не напредуваа во таа област во последните денови, рече Саливан.
Американскиот претседател долго време одбиваше да им дозволи на Украинците да користат оружје доставено од САД за напади на руска територија, но неодамна го промени својот став. Сепак, Бајден постави одредени услови, а тоа е дека може да се употребува само во пограничните области

The post Белата куќа тврди дека е запрена руската офанзива во Харков appeared first on Република.

]]>
Oва е супермаркетот што Русите го кренаа во воздух во Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-supermarketot-shto-rusite-go-krenaa-vo-vozduh-vo-harkov/ Sun, 26 May 2024 13:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=781822

Најмалку 12 лица загинаа, а 43 се повредени во вчерашниот руски напад на хипермаркет за градежни материјали во украинскиот град Харков, соопшти денеска обвинителството на Украина.

Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија.

Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад стотици метри во воздухот.

Според локалното обвинителство, телата на десет од 12-те жртви се уште не се идентификувани.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека во моментот на рускиот напад во хипермаркетот имало околу 120 луѓе.

„Нападот беше насочен против трговски центар во кој имаше многу луѓе - ова е очигледно тероризам“, рече Терехов.

Министерот за внатрешни работи на Украина Игор Клименко на Телеграм напиша дека 16 лица се уште се водат како исчезнати по синоќешниот напад во Харков.

The post Oва е супермаркетот што Русите го кренаа во воздух во Харков appeared first on Република.

]]>

Најмалку 12 лица загинаа, а 43 се повредени во вчерашниот руски напад на хипермаркет за градежни материјали во украинскиот град Харков, соопшти денеска обвинителството на Украина. Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија. Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад стотици метри во воздухот. Според локалното обвинителство, телата на десет од 12-те жртви се уште не се идентификувани. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека во моментот на рускиот напад во хипермаркетот имало околу 120 луѓе. „Нападот беше насочен против трговски центар во кој имаше многу луѓе - ова е очигледно тероризам“, рече Терехов. Министерот за внатрешни работи на Украина Игор Клименко на Телеграм напиша дека 16 лица се уште се водат како исчезнати по синоќешниот напад во Харков.

The post Oва е супермаркетот што Русите го кренаа во воздух во Харков appeared first on Република.

]]>
Зеленски тврди дека Русите гаѓале хипермаркет во Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/zelenski-tvrdi-deka-rusite-gagale-hipermarket-vo-harkov/ Sat, 25 May 2024 17:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=781690

Најмалку две лица загинаа, а 24 се повредени денеска во руски напад врз хипермаркет за градежни производи во Харков, вториот по големина град во Украина, каде во моментот на нападот имало повеќе од 200 луѓе, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Русија му зададе уште еден брутален удар на нашиот град Харков – градежен хипермаркет – денеска, среде бел ден“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Во моментов знаеме дека можеби имало повеќе од 200 луѓе во хипермаркетот. Сите служби се веќе на терен за да помогнат во спасувањето на луѓето и да го изгаснат пожарот“, додаде тој.

Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, најмалку две лица загинале, а 24 се повредени во овој напад извршен со употреба на две воздушни бомби.

Голем број луѓе се исчезнати, има многу повредени“, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

Според властите, горат од 10.000 до 15.000 метри квадратни магацински и продажен простор.

Зеленски уште еднаш ги повика западните сојузници да обезбедат повеќе системи за воздушна одбрана на Украина.

„Доколку Украина имаше доволно системи за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони, таквите руски напади немаше да бидат можни“, додаде тој.

Градот Харков, кој пред војната имаше 1,5 милиони жители и се наоѓа во близина на руската граница во североисточна Украина, редовно е цел на руските сили

The post Зеленски тврди дека Русите гаѓале хипермаркет во Харков appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица загинаа, а 24 се повредени денеска во руски напад врз хипермаркет за градежни производи во Харков, вториот по големина град во Украина, каде во моментот на нападот имало повеќе од 200 луѓе, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Русија му зададе уште еден брутален удар на нашиот град Харков – градежен хипермаркет – денеска, среде бел ден“, напиша Зеленски на Телеграм.
„Во моментов знаеме дека можеби имало повеќе од 200 луѓе во хипермаркетот. Сите служби се веќе на терен за да помогнат во спасувањето на луѓето и да го изгаснат пожарот“, додаде тој. Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, најмалку две лица загинале, а 24 се повредени во овој напад извршен со употреба на две воздушни бомби. Голем број луѓе се исчезнати, има многу повредени“, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов. Според властите, горат од 10.000 до 15.000 метри квадратни магацински и продажен простор. Зеленски уште еднаш ги повика западните сојузници да обезбедат повеќе системи за воздушна одбрана на Украина.
„Доколку Украина имаше доволно системи за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони, таквите руски напади немаше да бидат можни“, додаде тој.
Градот Харков, кој пред војната имаше 1,5 милиони жители и се наоѓа во близина на руската граница во североисточна Украина, редовно е цел на руските сили

The post Зеленски тврди дека Русите гаѓале хипермаркет во Харков appeared first on Република.

]]>
Киев: При руското гранатирање на Харков загинаа најмалку седум лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-pri-ruskoto-granatirane-na-harkov-zaginaa-najmalku-sedum-litsa/ Thu, 23 May 2024 17:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=781268

Руските сили ја гранатираа цивилната инфраструктура на Харков и Харковската област, при што е погодена и една печатница, пренесува Украинска правда.

Во нападот загинаа седум лица, а бројот на ранети се искачи на 20, објави на Фејсбук Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Олег Сињегубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека Русите погодиле цивилни инфраструктурни објекти во Харков, но го нападнале и градот Золочив.

The post Киев: При руското гранатирање на Харков загинаа најмалку седум лица appeared first on Република.

]]>

Руските сили ја гранатираа цивилната инфраструктура на Харков и Харковската област, при што е погодена и една печатница, пренесува Украинска правда. Во нападот загинаа седум лица, а бројот на ранети се искачи на 20, објави на Фејсбук Државната служба за вонредни состојби на Украина. Олег Сињегубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека Русите погодиле цивилни инфраструктурни објекти во Харков, но го нападнале и градот Золочив.

The post Киев: При руското гранатирање на Харков загинаа најмалку седум лица appeared first on Република.

]]>
Хрватска платеничка во Украина загинала во борбите со руските сили во Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hrvatska-platenichka-vo-ukraina-zaginala-vo-borbite-so-ruskite-sili-vo-harkov/ Sun, 19 May 2024 07:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=779647

Руските сили во близина на Харков ја елиминирале Анастасија Федорец, платеничка од Хрватска, која им се придружила на меѓународните единици, кои се борат на украинска страна.

Според објавата за смртта на Федорец на социјалните мрежи, таа била дел од меѓународната бригада, а загинала при борбите во областа на Харков.

Во Украина пристигнала во мај 2023 година.

The post Хрватска платеничка во Украина загинала во борбите со руските сили во Харков appeared first on Република.

]]>

Руските сили во близина на Харков ја елиминирале Анастасија Федорец, платеничка од Хрватска, која им се придружила на меѓународните единици, кои се борат на украинска страна. Според објавата за смртта на Федорец на социјалните мрежи, таа била дел од меѓународната бригада, а загинала при борбите во областа на Харков. Во Украина пристигнала во мај 2023 година.

The post Хрватска платеничка во Украина загинала во борбите со руските сили во Харков appeared first on Република.

]]>
Путин: Русија создава тампон зона крај Харков, не планира освојување на градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-rusija-sozdava-tampon-zona-kraj-harkov-ne-planira-osvojuvane-na-gradot/ Fri, 17 May 2024 12:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=779189

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека целта на руската офанзива во регионот Харков во Украина е да се создаде тампон зона, но не и да се освои главниот град на регионот, пренесе Бета.

Путин во кинескиот град Харбин, каде што се наоѓа во официјална посета, изјави дека нападот на руските сили врз регионот Харков е одговор на украинското гаѓање на рускиот пограничен регион Белгород.

Јавно кажав дека доколку така продолжат ние ќе бидеме принудени да создадеме безбедносна, санитарна зона, рече рускиот претседател.

Путин оцени дека руската армија „секојдневно постигнува резултати“ во битките во областа Харков, дека „напредува според планот“ и дека засега Русија не планира да го окупира Харков.

На 9 мај Москва започна ненадејна офанзива во регионот Харков и веќе освои најмногу територија во последните година и пол.

The post Путин: Русија создава тампон зона крај Харков, не планира освојување на градот appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека целта на руската офанзива во регионот Харков во Украина е да се создаде тампон зона, но не и да се освои главниот град на регионот, пренесе Бета. Путин во кинескиот град Харбин, каде што се наоѓа во официјална посета, изјави дека нападот на руските сили врз регионот Харков е одговор на украинското гаѓање на рускиот пограничен регион Белгород. Јавно кажав дека доколку така продолжат ние ќе бидеме принудени да создадеме безбедносна, санитарна зона, рече рускиот претседател. Путин оцени дека руската армија „секојдневно постигнува резултати“ во битките во областа Харков, дека „напредува според планот“ и дека засега Русија не планира да го окупира Харков. На 9 мај Москва започна ненадејна офанзива во регионот Харков и веќе освои најмногу територија во последните година и пол.

The post Путин: Русија создава тампон зона крај Харков, не планира освојување на градот appeared first on Република.

]]>
Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-napreduvaat-na-site-frontovi-vo-ukraina/ Wed, 15 May 2024 17:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=778457

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска, на средба со министерот за одбрана и високи генерали изјави дека руските сили секојдневно ги подобруваат своите позиции во сите правци во Украина и руската офанзива се одвива според планот.

На состанокот во Кремљ со новиот министер за одбрана Андреј Белоусов, секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу и високи генерали, Путин изјави дека акциите на руската војска „продолжуваат во согласност со планот“ одобрен од Генералштабот.

Колку поефикасно работите на фронтот, толку повеќе имаме шанси да го решиме ова прашање по мирен пат. Ова е она кон што отсекогаш сме се стремеле и секогаш сме зборувале“, им порача Путин на генералите.

Путин му се заблагодари на Шојгу за неговата претходна работа како министер за одбрана. Рускиот претседател истакна дека „многу работи не биле јасни пред почетокот на војната“ и додаде дека Шојгу ќе му помогне во управувањето со безбедносниот и одбранбен систем на државата.

Обраќајќи му се на Белоусов, Путин рече дека го назначил поради зголемените трошоци за одбрана и безбедност, кои оваа година се очекува да достигнат речиси 8,7 отсто од БДП или повеќе.

Ова сè уште не е 13 отсто, како што беше случајот во Советскиот Сојуз, но сепак е значителна сума, солиден ресурс и овие средства мора да се користат внимателно и ефикасно. Овој однос меѓу одбраната и цивилната сфера мора да се интегрира во севкупната развојна стратегија на руската држава“, посочи рускиот претседател.

Путин го пофали Белоусов за неговата економска експертиза и работа на развој на беспилотни летала и други беспилотни борбени возила.

Рускиот лидер изјави дека нема да прави промени во составот на Генералштабот на руската армија. На средбата учествуваше и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.

Сакам на сите да им биде јасно. Оваа борбена единица е развиена, функционира ритмички, работи успешно и не се очекуваат промени во неа“, рече Путин за рускиот Генералштаб.

The post Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска, на средба со министерот за одбрана и високи генерали изјави дека руските сили секојдневно ги подобруваат своите позиции во сите правци во Украина и руската офанзива се одвива според планот. На состанокот во Кремљ со новиот министер за одбрана Андреј Белоусов, секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу и високи генерали, Путин изјави дека акциите на руската војска „продолжуваат во согласност со планот“ одобрен од Генералштабот.
Колку поефикасно работите на фронтот, толку повеќе имаме шанси да го решиме ова прашање по мирен пат. Ова е она кон што отсекогаш сме се стремеле и секогаш сме зборувале“, им порача Путин на генералите.
Путин му се заблагодари на Шојгу за неговата претходна работа како министер за одбрана. Рускиот претседател истакна дека „многу работи не биле јасни пред почетокот на војната“ и додаде дека Шојгу ќе му помогне во управувањето со безбедносниот и одбранбен систем на државата. Обраќајќи му се на Белоусов, Путин рече дека го назначил поради зголемените трошоци за одбрана и безбедност, кои оваа година се очекува да достигнат речиси 8,7 отсто од БДП или повеќе.
Ова сè уште не е 13 отсто, како што беше случајот во Советскиот Сојуз, но сепак е значителна сума, солиден ресурс и овие средства мора да се користат внимателно и ефикасно. Овој однос меѓу одбраната и цивилната сфера мора да се интегрира во севкупната развојна стратегија на руската држава“, посочи рускиот претседател.
Путин го пофали Белоусов за неговата економска експертиза и работа на развој на беспилотни летала и други беспилотни борбени возила. Рускиот лидер изјави дека нема да прави промени во составот на Генералштабот на руската армија. На средбата учествуваше и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.
Сакам на сите да им биде јасно. Оваа борбена единица е развиена, функционира ритмички, работи успешно и не се очекуваат промени во неа“, рече Путин за рускиот Генералштаб.

The post Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-zhestoki-borbi-vo-harkovskiot-region-tselta-e-da-se-rastegne-i-demoralizira-ukrainskata-odbrana/ Sun, 12 May 2024 20:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=777407

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видео обраќање изјави дека се водат „жестоки борби“ во пограничните делови во регионот на Харков, каде што илјадници луѓе се раселени од почетокот на руската офанзива во петокот.

- Одбранбените и жестоки борби продолжуваат на голем дел од нашата граница. Има села кои од „сивата зона“ се трансформирани во борбени зони, во некои окупаторот се обидува да се консолидира, а други се искористени за понатамошно напредување. Конкретно, ситуацијата е многу комплицирана во предградијата на Вовчанск, градот е под постојан руски оган, а украинските сили таму спроведуваат контра-акции и му помагаат на локалното население, рече Зеленски.

Посочи дека ситуацијата на фронтот е најтешка во Покровск, каде што само денеска имало триесетина борбени операции.

Според него, целта на нападот во регионот на Харков е да се растегне украинските сили и да се поткопа моралот и мотивацијата на Украинците да се одбранат.

The post Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видео обраќање изјави дека се водат „жестоки борби“ во пограничните делови во регионот на Харков, каде што илјадници луѓе се раселени од почетокот на руската офанзива во петокот.
- Одбранбените и жестоки борби продолжуваат на голем дел од нашата граница. Има села кои од „сивата зона“ се трансформирани во борбени зони, во некои окупаторот се обидува да се консолидира, а други се искористени за понатамошно напредување. Конкретно, ситуацијата е многу комплицирана во предградијата на Вовчанск, градот е под постојан руски оган, а украинските сили таму спроведуваат контра-акции и му помагаат на локалното население, рече Зеленски.
Посочи дека ситуацијата на фронтот е најтешка во Покровск, каде што само денеска имало триесетина борбени операции. Според него, целта на нападот во регионот на Харков е да се растегне украинските сили и да се поткопа моралот и мотивацијата на Украинците да се одбранат.

The post Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана appeared first on Република.

]]>
Kaмерон е исплашен од руската офанзива на Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kameron-e-isplashen-od-ruskata-ofanziva-na-harkov/ Sun, 12 May 2024 11:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=777255

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон утрово одговарајќи на новинарско прашање во интервју дадено за Скај Њуз за ненадејната руска офанзива во регионот Харков, истакна дека „ова е исклучително опасен момент за Украина“.

-Ова само нагласува дека ова е неоправдана, илегална инвазија на Путин на независна, суверена земја, рече Камерон.

Тој нагласи дека „мораме да направиме се што можеме за да им помогнеме на Украинците“.

-Затоа е толку важно што ставивме на располагање пакет од три милијарди фунти годишно помош и рековме дека ќе продолжи од година во година. Ги охрабруваме другите да го сторат истото. Сакам да ги охрабрам Американците да излезат со својот пакет, тажно е што долго се чекаше, но тоа ќе направи разлика, рече Камерон.

Камерон истакна дека и другите земјите треба да го прават тоа што го прави Велика Британија во однос на оружјето со долг дострел, во однос на обуката и поддршката...

-Во принцип, ние мора да постигнеме нашата сила да има ефект на бојното поле, заклучи тој.

The post Kaмерон е исплашен од руската офанзива на Харков appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон утрово одговарајќи на новинарско прашање во интервју дадено за Скај Њуз за ненадејната руска офанзива во регионот Харков, истакна дека „ова е исклучително опасен момент за Украина“. -Ова само нагласува дека ова е неоправдана, илегална инвазија на Путин на независна, суверена земја, рече Камерон. Тој нагласи дека „мораме да направиме се што можеме за да им помогнеме на Украинците“.
-Затоа е толку важно што ставивме на располагање пакет од три милијарди фунти годишно помош и рековме дека ќе продолжи од година во година. Ги охрабруваме другите да го сторат истото. Сакам да ги охрабрам Американците да излезат со својот пакет, тажно е што долго се чекаше, но тоа ќе направи разлика, рече Камерон.
Камерон истакна дека и другите земјите треба да го прават тоа што го прави Велика Британија во однос на оружјето со долг дострел, во однос на обуката и поддршката... -Во принцип, ние мора да постигнеме нашата сила да има ефект на бојното поле, заклучи тој.

The post Kaмерон е исплашен од руската офанзива на Харков appeared first on Република.

]]>
Русите напаѓаат кај Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-napagaat-kaj-harkov/ Sat, 11 May 2024 07:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=776969

Најмалку три лица загинаа, а седуммина се повредени во украинскиот напад на складиште за нафта во градот Ровенка во областа Луганск, изјави министерката за здравство на тој регион Наталија Пашченко.

Од гранатирањето, пожар го зафати скалдиштето за нафта, а оштетени се и куќи во околината, соопштија локалните власти.

На терен се испратени пожарникари кои се обидуваат да спречат пожарот да се прошири на станбените згради.

Уште ссум лица се повредени во украински напад на Белгород. Руските сили за воздушна одбрана собориле неколку цели на приодот кон Белгород, а според првичните информации, осум цивили се повредени, изјави началникот на областа Вјачеслав Гладков.

Во меѓувреме продолжуваат интензивните борби по линијата на фронот, особено во Харковскиот регион. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили се обидуваат да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина, кај Харков.

Во тек се борби и за населени места во граничната зона, кои всушност беа во сивата зона - Стрелечја, Пиљноје и Борисовка, како и во областите Олејниково и Огирчево, се вели во соопштението.

Се додава дека украинските одбранбени сили дејствуваат на подготвени одбранбени линии.

Поради руските напади, евакуирани се жителите на украинскиот пограничен град Вовчанск во блиина на Харков.

Главниот офицер на украинските трупи во Вовчанск, Олексеј Харковски, соопшти дека руските сили за 24 часа истрелале неколку стотици артилериски гранати и десетици касетни бомби. Харковски истакна дека руските војници се уште не влегле во Вовчанск

The post Русите напаѓаат кај Харков appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинаа, а седуммина се повредени во украинскиот напад на складиште за нафта во градот Ровенка во областа Луганск, изјави министерката за здравство на тој регион Наталија Пашченко.
Од гранатирањето, пожар го зафати скалдиштето за нафта, а оштетени се и куќи во околината, соопштија локалните власти.
На терен се испратени пожарникари кои се обидуваат да спречат пожарот да се прошири на станбените згради. Уште ссум лица се повредени во украински напад на Белгород. Руските сили за воздушна одбрана собориле неколку цели на приодот кон Белгород, а според првичните информации, осум цивили се повредени, изјави началникот на областа Вјачеслав Гладков. Во меѓувреме продолжуваат интензивните борби по линијата на фронот, особено во Харковскиот регион. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили се обидуваат да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина, кај Харков.
Во тек се борби и за населени места во граничната зона, кои всушност беа во сивата зона - Стрелечја, Пиљноје и Борисовка, како и во областите Олејниково и Огирчево, се вели во соопштението.
Се додава дека украинските одбранбени сили дејствуваат на подготвени одбранбени линии. Поради руските напади, евакуирани се жителите на украинскиот пограничен град Вовчанск во блиина на Харков. Главниот офицер на украинските трупи во Вовчанск, Олексеј Харковски, соопшти дека руските сили за 24 часа истрелале неколку стотици артилериски гранати и десетици касетни бомби. Харковски истакна дека руските војници се уште не влегле во Вовчанск

The post Русите напаѓаат кај Харков appeared first on Република.

]]>
Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksperti-na-on-soopshtija-deka-vo-harkov-padnal-severnokorejski-proektil/ Mon, 29 Apr 2024 20:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=772380

Остатоци од проектил што паднале во украинскиот град Харков на почетокот на јануари се од севернокорејската балистичка ракета од серијата Хвасонг-11, соопштија набљудувачите на Обединетите нации во извештајот доставен до Комитетот на Советот за безбедност.

Во извештајот од 32 страници, набљудувачите на санкциите на ОН заклучуваат дека „делови од проектилот што падна во Харков, Украина, на 2 јануари 2024 година потекнуваат од ракетата од серијата Хвасонг-11 на Северна Кореја“ и претставува кршење на севернокорејското ембарго за оружје.

Демократска Народна Република Кореја (НДРК) е под санкции на ОН поради нејзините балистички ракети и нуклеарни програми од 2006 година, а тие мерки беа зајакнати со текот на годините.

The post Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил appeared first on Република.

]]>

Остатоци од проектил што паднале во украинскиот град Харков на почетокот на јануари се од севернокорејската балистичка ракета од серијата Хвасонг-11, соопштија набљудувачите на Обединетите нации во извештајот доставен до Комитетот на Советот за безбедност. Во извештајот од 32 страници, набљудувачите на санкциите на ОН заклучуваат дека „делови од проектилот што падна во Харков, Украина, на 2 јануари 2024 година потекнуваат од ракетата од серијата Хвасонг-11 на Северна Кореја“ и претставува кршење на севернокорејското ембарго за оружје. Демократска Народна Република Кореја (НДРК) е под санкции на ОН поради нејзините балистички ракети и нуклеарни програми од 2006 година, а тие мерки беа зајакнати со текот на годините.

The post Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил appeared first on Република.

]]>
Украинците се повлекуваат: Дали Харков е пред паѓање? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-se-povlekuvaat-dali-harkov-e-pred-pagane/ Thu, 18 Apr 2024 11:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=767543

Киев врши присилна евакуација на голем број области на регионот Харков, ослободувајќи ги за украинските вооружени сили и платеници, изјави за РИА Новости рускиот шеф на воено-цивилната администрација (ВЦА) на регионот Харков, Виталиј Ганчев.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на 3 април изјави дека има „дефинитивни планови“ за евакуација на жителите на градот.

Властите на регионот Харков најавија принудна евакуација на семејства со деца од 47 населени места; Во исто време, се тврди дека оваа одлука не го засега самиот Харков.

- Повеќето луѓе беа евакуирани од овие  села. Не еднаш слушаме дека е дури и најавена  принудна евакуација. Односно, требало да се ослободат, најверојатно, за воен персонал, таму се движат и многу западни платеници и постојано се мобилизираат, постојано пополнувајќи ги своите редови, треба некаде да се сместат, па обичните луѓе се принудени да си заминат. А многу луѓе едноставно беа преселени на запад од Украина, а не во Русија, за жал на нашите жители - рече Ганчев.

The post Украинците се повлекуваат: Дали Харков е пред паѓање? appeared first on Република.

]]>

Киев врши присилна евакуација на голем број области на регионот Харков, ослободувајќи ги за украинските вооружени сили и платеници, изјави за РИА Новости рускиот шеф на воено-цивилната администрација (ВЦА) на регионот Харков, Виталиј Ганчев. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на 3 април изјави дека има „дефинитивни планови“ за евакуација на жителите на градот. Властите на регионот Харков најавија принудна евакуација на семејства со деца од 47 населени места; Во исто време, се тврди дека оваа одлука не го засега самиот Харков.
- Повеќето луѓе беа евакуирани од овие  села. Не еднаш слушаме дека е дури и најавена  принудна евакуација. Односно, требало да се ослободат, најверојатно, за воен персонал, таму се движат и многу западни платеници и постојано се мобилизираат, постојано пополнувајќи ги своите редови, треба некаде да се сместат, па обичните луѓе се принудени да си заминат. А многу луѓе едноставно беа преселени на запад од Украина, а не во Русија, за жал на нашите жители - рече Ганчев.

The post Украинците се повлекуваат: Дали Харков е пред паѓање? appeared first on Република.

]]>
Вооружената формација „Вагнер“ се враќа од Африка за напад на Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vooruzhenata-formatsija-vagner-se-vraka-od-afrika-za-napad-na-harkov/ Thu, 18 Apr 2024 05:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=767294

Припадниците на платеничката вооружена формација „Вагнер“ ќе се вратат од мисијата во Африка на фронтот во Украина по наредба на Кремљ, објави Американскиот институт за проучување на војната, повикувајќи се на руски извори.

Како што е наведено, дел од членовите на Вагнер ќе бидат префрлени во Белгородската област на самата граница на Русија и Украина, од каде дополнително ќе бидат распоредени на акција во правец на Харков.

Регионот Белгород се наоѓа на само 40 километри од вториот по големина град во Украина, а веќе на големо се шпекулира дека Харков ќе биде новата цел на руската офанзива.

Покрај тоа, територијата на регионот Белгород е активно вклучена во конфликтот, бидејќи украинската армија речиси секојдневно го гранатира Белгород.

Според извор од Институтот за проучување на војната МЦВ, во Москва веруваат дека генерал-полковник на главната руска воена разузнавачка управа (ГРУ) Андреј Аверјанов не се придржувал до поставените рокови кога станува збор за развојот на Африка. Корпус како огранок на Вагнер на тој континент.

„Во тек се подготовки за префрлање на избраните единици од Африка во регионот на Белгород“, изјави изворот на Институтот во Вашингтон.

Во извештајот на ICW се наведува дека сегашното регрутирање на Вагнерци за Африканските корпус може да биде само покритие за собирот на платеници кои треба да бидат префрлени во регионот на Белгород.

Украинскиот Киев Тајмс објави дека членовите на Африканскиот корпус биле распоредени на 12 април во Нигер, а останува нејасно дали изворот на МЦВ тврди дека целиот корпус целосно ќе ги прекине операциите во Африка или дека само одредени единици ќе бидат префрлени во руската Украинската граница.

Генерал-полковник Андреј Аверјанов, наводно, претходно бил член на руска делегација која имала контакти со официјални лица во Буркина Фасо, Нигер и Мали.

Се вели дека за време на тие состаноци тој изгледал длабоко инволвиран во обидите на руската влада да ја преземе или интегрира „Групата Вагнер“.

Се вели дека Аверјанов е шеф на единицата 29155 ГРУ, која претходно беше поврзана со различни инциденти, вклучувајќи го и обидот за атентат врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Велика Британија во 2018 година.

Во извештајот се додава дека неодамнешните истраги покажале дека единицата наводно учествувала во енергетски или акустични напади со оружје против персоналот на американската влада и во САД и во странство.

The post Вооружената формација „Вагнер“ се враќа од Африка за напад на Харков appeared first on Република.

]]>

Припадниците на платеничката вооружена формација „Вагнер“ ќе се вратат од мисијата во Африка на фронтот во Украина по наредба на Кремљ, објави Американскиот институт за проучување на војната, повикувајќи се на руски извори. Како што е наведено, дел од членовите на Вагнер ќе бидат префрлени во Белгородската област на самата граница на Русија и Украина, од каде дополнително ќе бидат распоредени на акција во правец на Харков. Регионот Белгород се наоѓа на само 40 километри од вториот по големина град во Украина, а веќе на големо се шпекулира дека Харков ќе биде новата цел на руската офанзива. Покрај тоа, територијата на регионот Белгород е активно вклучена во конфликтот, бидејќи украинската армија речиси секојдневно го гранатира Белгород. Според извор од Институтот за проучување на војната МЦВ, во Москва веруваат дека генерал-полковник на главната руска воена разузнавачка управа (ГРУ) Андреј Аверјанов не се придржувал до поставените рокови кога станува збор за развојот на Африка. Корпус како огранок на Вагнер на тој континент. „Во тек се подготовки за префрлање на избраните единици од Африка во регионот на Белгород“, изјави изворот на Институтот во Вашингтон. Во извештајот на ICW се наведува дека сегашното регрутирање на Вагнерци за Африканските корпус може да биде само покритие за собирот на платеници кои треба да бидат префрлени во регионот на Белгород. Украинскиот Киев Тајмс објави дека членовите на Африканскиот корпус биле распоредени на 12 април во Нигер, а останува нејасно дали изворот на МЦВ тврди дека целиот корпус целосно ќе ги прекине операциите во Африка или дека само одредени единици ќе бидат префрлени во руската Украинската граница. Генерал-полковник Андреј Аверјанов, наводно, претходно бил член на руска делегација која имала контакти со официјални лица во Буркина Фасо, Нигер и Мали. Се вели дека за време на тие состаноци тој изгледал длабоко инволвиран во обидите на руската влада да ја преземе или интегрира „Групата Вагнер“. Се вели дека Аверјанов е шеф на единицата 29155 ГРУ, која претходно беше поврзана со различни инциденти, вклучувајќи го и обидот за атентат врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Велика Британија во 2018 година. Во извештајот се додава дека неодамнешните истраги покажале дека единицата наводно учествувала во енергетски или акустични напади со оружје против персоналот на американската влада и во САД и во странство.

The post Вооружената формација „Вагнер“ се враќа од Африка за напад на Харков appeared first on Република.

]]>
Пет станбени згради во центарот на Харков се оштетени во рускиот воздушен напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-stanbeni-zgradi-vo-tsentarot-na-harkov-se-oshteteni-vo-ruskiot-vozdushen-napad/ Sun, 07 Apr 2024 15:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=763499

За време на рускиот воздушен напад во центарот на Харков, оштетени се пет станбени згради, десетина гаражи и седум автомобили, објави на Телеграм Олександер Филчаков, шеф на регионалното обвинителство во Харков.

„Денеска, околу 11:45 часот, руската војска изврши масовно гранатирање на централниот дел на Харков од рускиот регион Белгород, со помош на авион... Две бомби паднаа во дворот на станбена зграда во областа Шевченко, 80 метри од влезот на централниот парк за рекреација, каде во тоа време имаше многу луѓе, меѓу кои и деца“, рече Филчаков.

Според него, во нападот биле користени бомби од 300 милиметри.

Филчаков додаде дека лекарска помош побарале три лица. паг/

 

The post Пет станбени згради во центарот на Харков се оштетени во рускиот воздушен напад appeared first on Република.

]]>

За време на рускиот воздушен напад во центарот на Харков, оштетени се пет станбени згради, десетина гаражи и седум автомобили, објави на Телеграм Олександер Филчаков, шеф на регионалното обвинителство во Харков. „Денеска, околу 11:45 часот, руската војска изврши масовно гранатирање на централниот дел на Харков од рускиот регион Белгород, со помош на авион... Две бомби паднаа во дворот на станбена зграда во областа Шевченко, 80 метри од влезот на централниот парк за рекреација, каде во тоа време имаше многу луѓе, меѓу кои и деца“, рече Филчаков. Според него, во нападот биле користени бомби од 300 милиметри. Филчаков додаде дека лекарска помош побарале три лица. паг/  

The post Пет станбени згради во центарот на Харков се оштетени во рускиот воздушен напад appeared first on Република.

]]>
Русија изврши напади со дронови и ракети врз Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-izvrshi-napadi-so-dronovi-i-raketi-vrz-harkov/ Sat, 06 Apr 2024 11:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=763037

Русија изврши напади со дронови и ракети врз вториот по големина украински град Харков, при што загинаа шест, а беа повредени 11 лица, изјави денеска градоначалникот Ихор Терехов.

Националната полиција на Украина објави слики од штетите предизвикани од нападот, вклучувајќи и пожари кои избувнаа на улиците и до зградите.

The post Русија изврши напади со дронови и ракети врз Харков appeared first on Република.

]]>

Русија изврши напади со дронови и ракети врз вториот по големина украински град Харков, при што загинаа шест, а беа повредени 11 лица, изјави денеска градоначалникот Ихор Терехов. Националната полиција на Украина објави слики од штетите предизвикани од нападот, вклучувајќи и пожари кои избувнаа на улиците и до зградите.

The post Русија изврши напади со дронови и ракети врз Харков appeared first on Република.

]]>
Нов руски напад на Харков, има загинати и ранети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-ruski-napad-na-harkov-ima-zaginati-i-raneti/ Sat, 06 Apr 2024 07:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=762947

Во новиот руски напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, рано утринава загинаа двајца цивили, а седум беа ранети, објави регионалниот гувернер Олег Синегубов на Телеграм. Јавната телевизија „Суспилне“ јави дека е оштетена висококатница во населбата Шевченковски, а гори и продавница. Други медиуми објавија дека нападот се случил нешто по полноќ.

Претходно Синегубов соопшти за напад во Харков врз станбена зграда и ракетен напад врз село северно од градот. Нема информации за жртви во двата инцидента.

Харков, во североисточна Украина, беше честа руска цел, а нападите се интензивираа во последните недели. Во средата, во напад со беспилотно летало врз градот загинаа четири лица и беше предизвикана голема штета на станбени блокови.

The post Нов руски напад на Харков, има загинати и ранети appeared first on Република.

]]>

Во новиот руски напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, рано утринава загинаа двајца цивили, а седум беа ранети, објави регионалниот гувернер Олег Синегубов на Телеграм. Јавната телевизија „Суспилне“ јави дека е оштетена висококатница во населбата Шевченковски, а гори и продавница. Други медиуми објавија дека нападот се случил нешто по полноќ. Претходно Синегубов соопшти за напад во Харков врз станбена зграда и ракетен напад врз село северно од градот. Нема информации за жртви во двата инцидента. Харков, во североисточна Украина, беше честа руска цел, а нападите се интензивираа во последните недели. Во средата, во напад со беспилотно летало врз градот загинаа четири лица и беше предизвикана голема штета на станбени блокови.

The post Нов руски напад на Харков, има загинати и ранети appeared first on Република.

]]>
Украинците градат моќна одбранбена линија во Харков за да сопрат руска офанзива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-gradat-mokna-odbranbena-linija-vo-harkov-za-da-soprat-ruska-ofanziva/ Fri, 15 Mar 2024 06:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=754830

Укртаинските сили активно градат моќна линија на утврдувања во регионот Харков за одбрана од потенцијална офанзива на руската армија.

Украинските одбранбени линии содржат лротив тенковски пречки, систем утврдени ровови и бетонски бункери и засолниште.

Касоопштија од регионалната воена управа на Харков, градежниците работат 24 часа на ден, седум дена во неделата.

Вака изгледаат одбранбените структури кои сега се градат.

 

The post Украинците градат моќна одбранбена линија во Харков за да сопрат руска офанзива appeared first on Република.

]]>

Укртаинските сили активно градат моќна линија на утврдувања во регионот Харков за одбрана од потенцијална офанзива на руската армија. Украинските одбранбени линии содржат лротив тенковски пречки, систем утврдени ровови и бетонски бункери и засолниште. Касоопштија од регионалната воена управа на Харков, градежниците работат 24 часа на ден, седум дена во неделата. Вака изгледаат одбранбените структури кои сега се градат.  

The post Украинците градат моќна одбранбена линија во Харков за да сопрат руска офанзива appeared first on Република.

]]>
Локалните власти јавуваат за серија експлозии во Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lokalnite-vlasti-javuvaat-za-serija-eksplozii-vo-harkov/ Sat, 30 Dec 2023 17:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=728276

Руските сили попладнево го гранатирале украинскиот град Харков, кој е во близина на границата со Русија.

Според градоначалникот Игор Терехов, имало „најмалку пет“ експлозии во регионот.

Извештаите за гранатирањето следуваат по заканите на Русија дека ќе возврати по украинските напади врз градот Белгород, во кои загинаа 14 лица.

Харков и Белгород се оддалечени околу 80 километри, од двете страни на границата.

The post Локалните власти јавуваат за серија експлозии во Харков appeared first on Република.

]]>

Руските сили попладнево го гранатирале украинскиот град Харков, кој е во близина на границата со Русија. Според градоначалникот Игор Терехов, имало „најмалку пет“ експлозии во регионот. Извештаите за гранатирањето следуваат по заканите на Русија дека ќе возврати по украинските напади врз градот Белгород, во кои загинаа 14 лица. Харков и Белгород се оддалечени околу 80 километри, од двете страни на границата.

The post Локалните власти јавуваат за серија експлозии во Харков appeared first on Република.

]]>
Во Харков се градат подземни училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-harkov-se-gradat-podzemni-uchilishta/ Fri, 17 Nov 2023 14:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=702565

Соочени со постојаната закана од руски воздушни напади, властите во регионот Харков, источна Украина почнаа да градат подземни училишта, кои ќе им овозможат на децата безбедно да се вратат на училиште додека продолжува конфликтот со Москва.

Училиштата во регионот со околу 2,5 милиони луѓе, на само 32 километри од границата со Русија, беа принудени да користат онлајн учење по рускиот напад во февруари 2022 година. Две училишта, од кои секое може да прими до 500 луѓе, во моментов се во изградба и ќе можат да издржат директни напади. Овие структури ќе бидат опремени со се што е потребно за процесот на учење, изјави главниот регионален архитект Антон Коротковских.

При руските напади во Харковската област оштетени или уништени се 817 образовни објекти.

The post Во Харков се градат подземни училишта appeared first on Република.

]]>

Соочени со постојаната закана од руски воздушни напади, властите во регионот Харков, источна Украина почнаа да градат подземни училишта, кои ќе им овозможат на децата безбедно да се вратат на училиште додека продолжува конфликтот со Москва.
Училиштата во регионот со околу 2,5 милиони луѓе, на само 32 километри од границата со Русија, беа принудени да користат онлајн учење по рускиот напад во февруари 2022 година. Две училишта, од кои секое може да прими до 500 луѓе, во моментов се во изградба и ќе можат да издржат директни напади. Овие структури ќе бидат опремени со се што е потребно за процесот на учење, изјави главниот регионален архитект Антон Коротковских.
При руските напади во Харковската област оштетени или уништени се 817 образовни објекти.

The post Во Харков се градат подземни училишта appeared first on Република.

]]>