Хари Потер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hari-poter/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Jun 2023 07:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хари Потер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hari-poter/ 32 32 Отворен забавен парк „Хари Потер“ кај Токио https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otvoren-zabaven-park-hari-poter-kaj-tokio/ Sat, 17 Jun 2023 07:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=652342

На местото на прочуениот забавен парк „Тошимаен“ кај Токио, којшто беше затворен 2020 година по 94 години, се отвора тематски парк „Хари Потер“. Студиото „Ворнер брос тур“ веќе ги пресоздаде култните филмски локации, како што се „Задната улица“ (Back Street) и „Министерството за магија“ (Ministry of Magic).

- Местото близу јапонската престолнина е идеално, особено имајќи предвид дека светскиот туризам се зголемува по Ковид-пандемијата, изјави Торбен Јенсен, потпретседател и генерален менаџер на „Ворнер брос“ за Токио.

Тој рече дека сега на азиските обожаватели „им се нуди нова димензија“ на „Хари Потер“ филмовите. Влезниците за возрасни чинат 42 евра, а Јенсен рече дека билетите до август се веќе распродадени.

The post Отворен забавен парк „Хари Потер“ кај Токио appeared first on Република.

]]>

На местото на прочуениот забавен парк „Тошимаен“ кај Токио, којшто беше затворен 2020 година по 94 години, се отвора тематски парк „Хари Потер“. Студиото „Ворнер брос тур“ веќе ги пресоздаде култните филмски локации, како што се „Задната улица“ (Back Street) и „Министерството за магија“ (Ministry of Magic). - Местото близу јапонската престолнина е идеално, особено имајќи предвид дека светскиот туризам се зголемува по Ковид-пандемијата, изјави Торбен Јенсен, потпретседател и генерален менаџер на „Ворнер брос“ за Токио. Тој рече дека сега на азиските обожаватели „им се нуди нова димензија“ на „Хари Потер“ филмовите. Влезниците за возрасни чинат 42 евра, а Јенсен рече дека билетите до август се веќе распродадени.

The post Отворен забавен парк „Хари Потер“ кај Токио appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochna-snimaneto-na-tv-serijata-hari-poter/ Thu, 13 Apr 2023 07:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=630425

„Ejч-би-o макс“ го потврди снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“, во соработка „Ворнер брос Дискавери“. Засега нема многу подробности за приказната или кој ќе ги глуми главните ликови, но „Варајети“ (Variety) пишува дека се планира целосно нова актерска екипа (видео).

„Вашето писмо до Хогвортс е тука. ’Макс’ ја нарача првата ТВ-серија за Хари Потер, верна адаптација на иконските книги“, напишаа продуцентите на Твитер покрај видеонајавата. – „Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и неговите неверојатни авантури пред нова публика ширум светот, додека и оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на брендот и достапни за гледање низ целиот свет“, се вели во соопштението.

Натаму, секоја од сезоните би го земала заплетот од една од седумте книги, што значи дека серијата би се снимала со години. Претходно се пишуваше дека авторката на книгите, Џ.К. Роулинг треба да учествува во создавањето на серијата. И таа вест сега е потврдена.

– Во партнерство со „Ворнер брос ТВ“ и Џ.К. Роулинг, оваа нова серија ќе нурне длабоко во секоја од култните книги во коишто обожавателите продолжија да уживаат сиве овие години, изјави директорот на „Ејч-би-о“, Кејси Блојс.

Роулинг ќе биде извршен продуцент, заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс. И Дејвид Хејман е во преговори за продуцент.

Писателката ја објави првата книга за Хари Потер во 1997., а последната, седма – во 2007 година.

Пред серијата, а по осумте филмови објавени 2001 – 2011 година, беше снимено и спин-оф продолжението „Фантастични ѕверки“ (Fantastic Beasts). Тие три филма заработија вкупно 7,7 милијарди долари, а потоа следеше и долгоочекуваната видеоигра „Хогвортс: Наследство“ (Hogwarts Legacy).

The post Почна снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>

„Ejч-би-o макс“ го потврди снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“, во соработка „Ворнер брос Дискавери“. Засега нема многу подробности за приказната или кој ќе ги глуми главните ликови, но „Варајети“ (Variety) пишува дека се планира целосно нова актерска екипа (видео). „Вашето писмо до Хогвортс е тука. ’Макс’ ја нарача првата ТВ-серија за Хари Потер, верна адаптација на иконските книги“, напишаа продуцентите на Твитер покрај видеонајавата. – „Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и неговите неверојатни авантури пред нова публика ширум светот, додека и оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на брендот и достапни за гледање низ целиот свет“, се вели во соопштението. Натаму, секоја од сезоните би го земала заплетот од една од седумте книги, што значи дека серијата би се снимала со години. Претходно се пишуваше дека авторката на книгите, Џ.К. Роулинг треба да учествува во создавањето на серијата. И таа вест сега е потврдена. – Во партнерство со „Ворнер брос ТВ“ и Џ.К. Роулинг, оваа нова серија ќе нурне длабоко во секоја од култните книги во коишто обожавателите продолжија да уживаат сиве овие години, изјави директорот на „Ејч-би-о“, Кејси Блојс. Роулинг ќе биде извршен продуцент, заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс. И Дејвид Хејман е во преговори за продуцент. Писателката ја објави првата книга за Хари Потер во 1997., а последната, седма – во 2007 година. Пред серијата, а по осумте филмови објавени 2001 – 2011 година, беше снимено и спин-оф продолжението „Фантастични ѕверки“ (Fantastic Beasts). Тие три филма заработија вкупно 7,7 милијарди долари, а потоа следеше и долгоочекуваната видеоигра „Хогвортс: Наследство“ (Hogwarts Legacy).

The post Почна снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>
„Ејџ-би-о макс“ ќе ја снима тв-серијата „Хари Потер“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ejdh-bi-o-maks-ke-ja-snima-tv-serijata-hari-poter/ Thu, 13 Apr 2023 07:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=630421

„Ejч-би-o макс“ го потврди снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“, во соработка „Ворнер брос Дискавери“. Засега нема многу подробности за приказната или кој ќе ги глуми главните ликови, но „Варајети“ пишува дека се планира целосно нова актерска екипа.

„Вашето писмо до Хогвортс е тука. ’Макс’ ја нарача првата ТВ-серија за Хари Потер, верна адаптација на иконските книги“, напишаа продуцентите на Твитер покрај видеонајавата. - „Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и неговите неверојатни авантури пред нова публика ширум светот, додека и оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на брендот и достапни за гледање низ целиот свет, се вели во соопштението.

Натаму, секоја од сезоните би го земала заплетот од една од седумте книги, што значи дека серијата би се снимала со години. Претходно се пишуваше дека авторката на книгите, Џ.К. Роулинг треба да учествува во создавањето на серијата. И таа вест сега е потврдена.

Во партнерство со „Ворнер брос ТВ“ и Џ.К. Роулинг, оваа нова серија ќе нурне длабоко во секоја од култните книги во коишто обожавателите продолжија да уживаат сиве овие години, изјави директорот на „Ејч-би-о“, Кејси Блојс.

Роулинг ќе биде извршен продуцент, заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс. И Дејвид Хејман е во преговори за продуцент.

Писателката ја објави првата книга за Хари Потер во 1997., а последната, седма - во 2007 година.

 

The post „Ејџ-би-о макс“ ќе ја снима тв-серијата „Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>

„Ejч-би-o макс“ го потврди снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“, во соработка „Ворнер брос Дискавери“. Засега нема многу подробности за приказната или кој ќе ги глуми главните ликови, но „Варајети“ пишува дека се планира целосно нова актерска екипа.
„Вашето писмо до Хогвортс е тука. ’Макс’ ја нарача првата ТВ-серија за Хари Потер, верна адаптација на иконските книги“, напишаа продуцентите на Твитер покрај видеонајавата. - „Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и неговите неверојатни авантури пред нова публика ширум светот, додека и оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на брендот и достапни за гледање низ целиот свет, се вели во соопштението.
Натаму, секоја од сезоните би го земала заплетот од една од седумте книги, што значи дека серијата би се снимала со години. Претходно се пишуваше дека авторката на книгите, Џ.К. Роулинг треба да учествува во создавањето на серијата. И таа вест сега е потврдена.
Во партнерство со „Ворнер брос ТВ“ и Џ.К. Роулинг, оваа нова серија ќе нурне длабоко во секоја од култните книги во коишто обожавателите продолжија да уживаат сиве овие години, изјави директорот на „Ејч-би-о“, Кејси Блојс.
Роулинг ќе биде извршен продуцент, заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс. И Дејвид Хејман е во преговори за продуцент. Писателката ја објави првата книга за Хари Потер во 1997., а последната, седма - во 2007 година.  

The post „Ејџ-би-о макс“ ќе ја снима тв-серијата „Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>
Хари Потер ќе стане татко https://arhiva3.republika.mk/scena/film/hari-poter-ke-stane-tatko/ Sun, 26 Mar 2023 16:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=623901

Британскиот актер Даниел Редклиф, кој го отелотвори Хари Потер во филмската франшиза заснована на серијата бестселери на Џ.К.Роулинг, го очекува своето прво дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк.

Претставник на 33-годишниот актер ја потврди веста за новинската агенција ДПА во саботата.

Редклиф и 38-годишната американска актерка за прв пат ќе станат родители, а сопругата на актерот веќе е фотографирана со труднички стомак.

Двојката се запозна на снимањето на филмот „Убиј ги твоите сакани“ во 2013 година.

The post Хари Потер ќе стане татко appeared first on Република.

]]>

Британскиот актер Даниел Редклиф, кој го отелотвори Хари Потер во филмската франшиза заснована на серијата бестселери на Џ.К.Роулинг, го очекува своето прво дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк. Претставник на 33-годишниот актер ја потврди веста за новинската агенција ДПА во саботата. Редклиф и 38-годишната американска актерка за прв пат ќе станат родители, а сопругата на актерот веќе е фотографирана со труднички стомак. Двојката се запозна на снимањето на филмот „Убиј ги твоите сакани“ во 2013 година.

The post Хари Потер ќе стане татко appeared first on Република.

]]>
Почина Роби Колтрејн, најпознат по улогата во „Хари Потер“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochina-robi-koltrejn-najpoznat-po-ulogata-vo-hari-poter/ Fri, 14 Oct 2022 18:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=561267

Шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој го играше омилениот лик Хагрид во екранизацијата на „Хари Потер“, почина на 73-годишна возраст, јавува „Би-би-си“.

Во соопштението, неговата агентка Белинда Рајт потврди дека актерот починал во болница во близина на Фалкирк, Шкотска и замоли да се почитува приватноста на неговото семејство.

Со улогата на чувар на клучевите и поседите во Хогвортс, тој стана популарен ширум светот и заработи милиони. Тој, исто така, се појави во детективската драма на ИТВ „Cracker“ и во филмовите за Џејмс Бонд „Златно око“и „Светот не е доволен“.

Многу обожаватели на Хари Потер беа шокирани кога актерот минатата година се појави во инвалидска количка на телевизиски специјален јубилеј по повод 20-годишнината.

The post Почина Роби Колтрејн, најпознат по улогата во „Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>

Шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој го играше омилениот лик Хагрид во екранизацијата на „Хари Потер“, почина на 73-годишна возраст, јавува „Би-би-си“. Во соопштението, неговата агентка Белинда Рајт потврди дека актерот починал во болница во близина на Фалкирк, Шкотска и замоли да се почитува приватноста на неговото семејство. Со улогата на чувар на клучевите и поседите во Хогвортс, тој стана популарен ширум светот и заработи милиони. Тој, исто така, се појави во детективската драма на ИТВ „Cracker“ и во филмовите за Џејмс Бонд „Златно око“и „Светот не е доволен“. Многу обожаватели на Хари Потер беа шокирани кога актерот минатата година се појави во инвалидска количка на телевизиски специјален јубилеј по повод 20-годишнината.

The post Почина Роби Колтрејн, најпознат по улогата во „Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>
Матурантката од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ Јана Глигороска освои Гран-при на литературниот дел од конкурсот „Во светот на Хари Потер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/maturantkata-od-gimnazijata-rade-jovchevski-korchagin-jana-gligoroska-osvoi-gran-pri-na-literaturniot-del-od-konkursot-vo-svetot-na-hari-poter/ Mon, 18 Apr 2022 21:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=490272

Многубројни ученици од основните и средните училишта, нивните наставници и родители, како и фанови на популарниот серијал за младиот волшебник од Џ. К. Роулинг, беа дел од настанот посветен на Хари Потер, што се одржа на 16 април (сабота) во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“.

На настанот беа промовирани книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, беа прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, а се одржа и натпревар во знаење. Дополнителен шарм на оваа дружба дадоа многубројните фанови маскирани како Хари Потер и Хермиона Гренџер.

На конкурсот, што се одржа од 18 февруари до 20 март, пристигнаа повеќе од 350 волшебни ликовни творби, фотографии и други визуелни творби и над 50 магично напишани литературни дела (песни, раскази, есеи) од учениците во основните и средните училишта од цела Македонија.

За победниците и пофалените во литературниот дел одлучи жирито во состав: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска (уредници на книгите „Хари Потер“ на македонски јазик) и Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“ и администраторка на страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“).

Гран-при на литературниот дел од конкурсот „Во светот на Хари Потер“ освои Јана Глигороска, ученичка во 4 клас, СУГС гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, Скопје. На првата позиција е Ева Дејановска (9 одд., ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“), на второто место се: Лина Кулевска (6 одд., ОУ „Гоце Делчев“, Битола) и Илина Стевковска (8-2 одд., ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје).
На третото место се: Трајче Бансколиев (8 одд., ОУ „Видое Подгорец“, Колешино), Горазд Трајковски (4 одд., ОУ „Мирче Ацев“, Скопје) и Теодора Гијевска (4 одд., ОУ „Наум Наумовски-Борче“, Скопје).

Пофалени од литературниот дел на конкурсот се: Теодор Милосиовски (6 одд., ОУ „Димитар Македонски“), Лука Трајковски (6 одд., ОУ „Кочо Рацин“, Куманово), Теодора Ѓорѓиеска (7 одд., ОУ „Гоце Делчев“, Прилеп), Сара Ангелова (9 одд., ОУ „Климент Охридски“, Делчево), Давид Атанасовски (1 одд., ОУ „Коле Калински“, Битола) и Матеј Маневски (3 одд., ОУ „Вера Циривири-Трена“, Скопје).

Во образложението на жирито се вели:
„Во литературниот дел од конкурсот доминантни беа две наративни линии – првата, во која доминираат желбите да се биде дел од волшебниот свет на Хари Потер, и втората, во која е потенциран восхитот од начинот на кој е креиран светот на магијата и фантазијата од страна на авторката Џ. К. Роулинг. Нишката што ги поврзува овие наративи и она што сите деца без исклучок го посакуваат: е да имаат волшебни моќи со кои ќе му се спротивстават на злото. Осоколени од храброста, сплотеноста и моќта на пријателството на тројцата главни јунаци кои извојуваат победа над мрачните сили во делата и филмските адаптации на Роулинг, тие пренесуваат исклучително моќна порака: тоа што се деца не значи дека не можат да направат сигнификантни промени, да извојуваат макар и ситни победи, да се чуе нивниот глас и нивното мислење. Доминантни, во таа смисла беа творби во кои злото против кое се борат младите волшебници во книгите на Роулинг е транспонирано во најголемото зло и закана на денешницата, војната. Пораката на нивните творби е јасна и недвосмислена: кога би имале волшебно стапче и супермоќи, тие би ги искористиле да ја запрат војната за да им обезбедат среќно и спокојно детство на своите другарчиња“.

За победниците во ликовно-визуелниот дел од конкурсот, пак, беа задолжени: Здравко Гиров (стрип-артист и илустратор), Сашко Потер Мицевски (филмаџија и голем фан на Хари Потер) и Александра Филипоска (графичка дизајнерка и илустраторка во „Арс Ламина“).

Првото место во ликовниот дел од конкурсот го освои Нена Стојкоска, која е втор клас при СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија. На втората позиција се: Сашка Билбиловска (9-б одд., ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, Гостивар), Никол Стојкоска (II-4 клас, СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија). Трето место се: Наталија Арсовска (7-3 одд., ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје) и Сара Цветановска (8 одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје).

Пофалени за своите ликовни творби се: Мила Поповска (6-а одд., ООУ „Кочо Рацин“, Скопје), Олег Трајковски (9-3 одд., ОУ „Гоце Делчев“, Битола), Ања Русевска (9-1 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово), Леона Стојковска (8 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово), Кристијан Стефановски (ООУ „Кочо Рацин“, Куманово), Лина Беслаќ (6-а одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје), Калина Зрмановска (8-3 одд., ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје), Марта Јанева (I-5 клас, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“), Вероника Корунска (9 одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје), Теа Бурнеска (5-4 одд., ОУ „Климент Охридски“, Прилеп), Мила Вукелиќ (7 одд., ООУ „Киро Глигоров“, Скопје), Ана Ивановска (5 одд., ОУ „Владо Тасевски“, Скопје).

Во образложението на жирито за ликовниот дел се вели:
„Првонаградената Нена Стојкоска нѐ маѓепса со нејзиниот портрет на саканиот протагонист, Хари. Цртежот е насликан со одлична техника и одлична композиција на портретот и изобилува со многу детали што го карактеризираат ликот: бушава коса, був во заднината, замокот Хогвортс во заднината, Грифиндор вратоврска и легендарната молња лузна на неговото чело. Неговиот отсутен и замислен поглед го предизвикува гледачот да се внурне во мислите на ликот и да се праша ’Која е неговата следна авантура?‘“

Учесниците и нивните ментори добија дипломи/пофалници, а за најуспешните следуваа и вредни награди инспирирани од светот на Хари Потер.
На настанот се одржа и промоција на седумте книги од серијалот „Хари Потер“ од авторката Џ. К. Роулинг, објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје. Станува збор за книгите: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. За книгите и за искуството при нивното уредување зборуваа уредниците на македонските изданија: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска.
Голем интерес на настанот предизвика и интерактивниот дел за сите млади читатели и фанови на Хари Потер. Во овој дел, Сашко Потер, кој е голем вљубеник во Хари Потер и учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“, поставуваше интересни прашања поврзани со факти од книгите, за што следуваа многу награди и изненадувања.
Денот на Хари Потер беше во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник. Со овој настан се приклучивме на светските случувања со кои се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од првиот филм.

Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14804.

 

The post Матурантката од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ Јана Глигороска освои Гран-при на литературниот дел од конкурсот „Во светот на Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>

Многубројни ученици од основните и средните училишта, нивните наставници и родители, како и фанови на популарниот серијал за младиот волшебник од Џ. К. Роулинг, беа дел од настанот посветен на Хари Потер, што се одржа на 16 април (сабота) во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. На настанот беа промовирани книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, беа прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, а се одржа и натпревар во знаење. Дополнителен шарм на оваа дружба дадоа многубројните фанови маскирани како Хари Потер и Хермиона Гренџер. На конкурсот, што се одржа од 18 февруари до 20 март, пристигнаа повеќе од 350 волшебни ликовни творби, фотографии и други визуелни творби и над 50 магично напишани литературни дела (песни, раскази, есеи) од учениците во основните и средните училишта од цела Македонија. За победниците и пофалените во литературниот дел одлучи жирито во состав: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска (уредници на книгите „Хари Потер“ на македонски јазик) и Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“ и администраторка на страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“). Гран-при на литературниот дел од конкурсот „Во светот на Хари Потер“ освои Јана Глигороска, ученичка во 4 клас, СУГС гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, Скопје. На првата позиција е Ева Дејановска (9 одд., ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“), на второто место се: Лина Кулевска (6 одд., ОУ „Гоце Делчев“, Битола) и Илина Стевковска (8-2 одд., ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје). На третото место се: Трајче Бансколиев (8 одд., ОУ „Видое Подгорец“, Колешино), Горазд Трајковски (4 одд., ОУ „Мирче Ацев“, Скопје) и Теодора Гијевска (4 одд., ОУ „Наум Наумовски-Борче“, Скопје). Пофалени од литературниот дел на конкурсот се: Теодор Милосиовски (6 одд., ОУ „Димитар Македонски“), Лука Трајковски (6 одд., ОУ „Кочо Рацин“, Куманово), Теодора Ѓорѓиеска (7 одд., ОУ „Гоце Делчев“, Прилеп), Сара Ангелова (9 одд., ОУ „Климент Охридски“, Делчево), Давид Атанасовски (1 одд., ОУ „Коле Калински“, Битола) и Матеј Маневски (3 одд., ОУ „Вера Циривири-Трена“, Скопје). Во образложението на жирито се вели: „Во литературниот дел од конкурсот доминантни беа две наративни линии – првата, во која доминираат желбите да се биде дел од волшебниот свет на Хари Потер, и втората, во која е потенциран восхитот од начинот на кој е креиран светот на магијата и фантазијата од страна на авторката Џ. К. Роулинг. Нишката што ги поврзува овие наративи и она што сите деца без исклучок го посакуваат: е да имаат волшебни моќи со кои ќе му се спротивстават на злото. Осоколени од храброста, сплотеноста и моќта на пријателството на тројцата главни јунаци кои извојуваат победа над мрачните сили во делата и филмските адаптации на Роулинг, тие пренесуваат исклучително моќна порака: тоа што се деца не значи дека не можат да направат сигнификантни промени, да извојуваат макар и ситни победи, да се чуе нивниот глас и нивното мислење. Доминантни, во таа смисла беа творби во кои злото против кое се борат младите волшебници во книгите на Роулинг е транспонирано во најголемото зло и закана на денешницата, војната. Пораката на нивните творби е јасна и недвосмислена: кога би имале волшебно стапче и супермоќи, тие би ги искористиле да ја запрат војната за да им обезбедат среќно и спокојно детство на своите другарчиња“. За победниците во ликовно-визуелниот дел од конкурсот, пак, беа задолжени: Здравко Гиров (стрип-артист и илустратор), Сашко Потер Мицевски (филмаџија и голем фан на Хари Потер) и Александра Филипоска (графичка дизајнерка и илустраторка во „Арс Ламина“). Првото место во ликовниот дел од конкурсот го освои Нена Стојкоска, која е втор клас при СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија. На втората позиција се: Сашка Билбиловска (9-б одд., ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, Гостивар), Никол Стојкоска (II-4 клас, СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија). Трето место се: Наталија Арсовска (7-3 одд., ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје) и Сара Цветановска (8 одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје). Пофалени за своите ликовни творби се: Мила Поповска (6-а одд., ООУ „Кочо Рацин“, Скопје), Олег Трајковски (9-3 одд., ОУ „Гоце Делчев“, Битола), Ања Русевска (9-1 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово), Леона Стојковска (8 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово), Кристијан Стефановски (ООУ „Кочо Рацин“, Куманово), Лина Беслаќ (6-а одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје), Калина Зрмановска (8-3 одд., ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје), Марта Јанева (I-5 клас, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“), Вероника Корунска (9 одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје), Теа Бурнеска (5-4 одд., ОУ „Климент Охридски“, Прилеп), Мила Вукелиќ (7 одд., ООУ „Киро Глигоров“, Скопје), Ана Ивановска (5 одд., ОУ „Владо Тасевски“, Скопје). Во образложението на жирито за ликовниот дел се вели: „Првонаградената Нена Стојкоска нѐ маѓепса со нејзиниот портрет на саканиот протагонист, Хари. Цртежот е насликан со одлична техника и одлична композиција на портретот и изобилува со многу детали што го карактеризираат ликот: бушава коса, був во заднината, замокот Хогвортс во заднината, Грифиндор вратоврска и легендарната молња лузна на неговото чело. Неговиот отсутен и замислен поглед го предизвикува гледачот да се внурне во мислите на ликот и да се праша ’Која е неговата следна авантура?‘“ Учесниците и нивните ментори добија дипломи/пофалници, а за најуспешните следуваа и вредни награди инспирирани од светот на Хари Потер. На настанот се одржа и промоција на седумте книги од серијалот „Хари Потер“ од авторката Џ. К. Роулинг, објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје. Станува збор за книгите: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. За книгите и за искуството при нивното уредување зборуваа уредниците на македонските изданија: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска. Голем интерес на настанот предизвика и интерактивниот дел за сите млади читатели и фанови на Хари Потер. Во овој дел, Сашко Потер, кој е голем вљубеник во Хари Потер и учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“, поставуваше интересни прашања поврзани со факти од книгите, за што следуваа многу награди и изненадувања. Денот на Хари Потер беше во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник. Со овој настан се приклучивме на светските случувања со кои се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од првиот филм. Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14804.  

The post Матурантката од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ Јана Глигороска освои Гран-при на литературниот дел од конкурсот „Во светот на Хари Потер“ appeared first on Република.

]]>
Победниците на ликовниот и литературен конкус „Светот на Хари Потер“ ќе бидат објавени в сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pobednicite-na-likovniot-i-literaturen-konkus-svetot-na-hari-poter-kje-bidat-objaveni-v-sabota/ Wed, 13 Apr 2022 11:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=487854

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се одржа од 18 февруари до 20 март, а на кој учествуваа неколку стотици ученици од основните и од средните училишта од цела Македонија.

Во жирито за литературниот дел од конкурсот се: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска (уредници на книгите „Хари Потер“ на македонски јазик) и Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“ и администраторка на страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“).
За победниците во ликовниот дел од конкурсот одлучуваат: Здравко Гиров (илустратор), Сашко Потер Мицевски (филмаџија и голем фан на Хари Потер) и Александра Филипоска (графичката дизајнерка и илустраторка во „Арс Ламина“).

Ќе следува промоција на седумте книги од серијалот „Хари Потер“ од авторката Џ. К. Роулинг, објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје. Станува збор за книгите: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. За книгите ќе зборуваат уредниците на македонските изданија: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска.

Во продолжение ќе се одржи интерактивен дел за сите млади читатели и фанови на Хари Потер, со многу награди и изненадувања. Настанот ќе биде и од cosplay (костимиран) формат, односно секој што сака може да присуствува маскиран во некој од своите омилени ликови од серијалот „Хари Потер“.

Специјален гостин на дружбата ќе биде Сашко Потер, кој е голем вљубеник во Хари Потер и учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“.

Денот на Хари Потер е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник. Со овој настан се приклучуваме на светските случувања со кои се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг.
Настанот е со поддршка на „Скопје сити мол“ и кината „Синеплекс“, каде што деновиве премиерно ќе се прикажува „Фантастични ѕверки 3: Тајните на Дамблдор“ – филм инспириран од светот на Хари Потер.
Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

The post Победниците на ликовниот и литературен конкус „Светот на Хари Потер“ ќе бидат објавени в сабота appeared first on Република.

]]>

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се одржа од 18 февруари до 20 март, а на кој учествуваа неколку стотици ученици од основните и од средните училишта од цела Македонија. Во жирито за литературниот дел од конкурсот се: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска (уредници на книгите „Хари Потер“ на македонски јазик) и Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“ и администраторка на страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“). За победниците во ликовниот дел од конкурсот одлучуваат: Здравко Гиров (илустратор), Сашко Потер Мицевски (филмаџија и голем фан на Хари Потер) и Александра Филипоска (графичката дизајнерка и илустраторка во „Арс Ламина“). Ќе следува промоција на седумте книги од серијалот „Хари Потер“ од авторката Џ. К. Роулинг, објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје. Станува збор за книгите: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. За книгите ќе зборуваат уредниците на македонските изданија: Ведран Диздаревиќ и Јана Соколовска. Во продолжение ќе се одржи интерактивен дел за сите млади читатели и фанови на Хари Потер, со многу награди и изненадувања. Настанот ќе биде и од cosplay (костимиран) формат, односно секој што сака може да присуствува маскиран во некој од своите омилени ликови од серијалот „Хари Потер“. Специјален гостин на дружбата ќе биде Сашко Потер, кој е голем вљубеник во Хари Потер и учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“. Денот на Хари Потер е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник. Со овој настан се приклучуваме на светските случувања со кои се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг. Настанот е со поддршка на „Скопје сити мол“ и кината „Синеплекс“, каде што деновиве премиерно ќе се прикажува „Фантастични ѕверки 3: Тајните на Дамблдор“ – филм инспириран од светот на Хари Потер. Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

The post Победниците на ликовниот и литературен конкус „Светот на Хари Потер“ ќе бидат објавени в сабота appeared first on Република.

]]>
„Арс Ламина“ организира литературен, ликовен и фото конкурс на тема Хари Потер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ars-lamina-organizira-literaturen-likoven-i-foto-konkurs-na-tema-hari-poter/ Tue, 22 Feb 2022 12:05:14 +0000 https://republika.mk/?p=461914

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал.

Тие ќе се натпреваруваат во неколку категории, поделени по возраст, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април 2022 година, а наградите ќе бидат врачени на посебен настан.

Наградниот фонд се состои од дипломи, книги и подароци со ликовите од „Хари Потер“.
Tворбитe инспирирани од Хари Потер се испраќаат на следната е-адреса: konkurs@arslamina.com.

При конкурирањето се потребни овие податоци: име и презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници).

Во светски рамки во 2022 година се одбележуваат два значајни јубилеја поврзани со Хари Потер – 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од премиерата на истоимениот филм.

По тој повод, „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, се приклучува кон глобалното одбележување, а една од активностите е овој креативен конкурс.
„Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега ги има објавено „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“ и „Хари Потер и Редот на фениксот“. Во текот на оваа година се очекуваат и следните делови.

The post „Арс Ламина“ организира литературен, ликовен и фото конкурс на тема Хари Потер appeared first on Република.

]]>

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал. Тие ќе се натпреваруваат во неколку категории, поделени по возраст, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април 2022 година, а наградите ќе бидат врачени на посебен настан. Наградниот фонд се состои од дипломи, книги и подароци со ликовите од „Хари Потер“. Tворбитe инспирирани од Хари Потер се испраќаат на следната е-адреса: konkurs@arslamina.com. При конкурирањето се потребни овие податоци: име и презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници). Во светски рамки во 2022 година се одбележуваат два значајни јубилеја поврзани со Хари Потер – 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од премиерата на истоимениот филм. По тој повод, „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, се приклучува кон глобалното одбележување, а една од активностите е овој креативен конкурс. „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега ги има објавено „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“ и „Хари Потер и Редот на фениксот“. Во текот на оваа година се очекуваат и следните делови.

The post „Арс Ламина“ организира литературен, ликовен и фото конкурс на тема Хари Потер appeared first on Република.

]]>
Во Америка насовно се палеа книги, верници фрлаа во оган примероци од „Хари Потер“ и „Самрак“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-amerika-nasovno-se-palea-knigi-vernici-frlaa-vo-ogan-primeroci-od-hari-poter-i-samrak/ Sat, 05 Feb 2022 15:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=454533

Контроверзниот пастор Грег Лок од Тенеси отганизирал палење на книги, за да се бори против демонските влијанија. Во книгите што ги палела толпата верници имало и примероци од серијалите „Хари Потер“ и „Самрак“. Обредот се пренесувал во живо на Фејсбук.

Свесни сме во што се впуштаме. Донесете се. Престанете да дозволувате демони да влегуваат во вашите домови. Волшебништвото мора да исчезне, напишал Лок на Фејсбук, но ја тргнал објавата подоцна. Сепак, преносот во живо на обредот се уште е достапен на Фејсбук.

Пред обредот Лок рекол дека се бори против „масонските ѓаволи“.

Не се плеткам со вештерки, не се плеткам со демони, сите е ги прозивам во името на Исус Христос, рекол.

Американското здружение на книжарници објави дека неодамна доживеало невиден пораст на побарувачката за забрана на книги - само минатата есен читателите означиле 330 книги за непошелни. Во целата 2020 година, такви барања имало само 156.

The post Во Америка насовно се палеа книги, верници фрлаа во оган примероци од „Хари Потер“ и „Самрак“ appeared first on Република.

]]>

Контроверзниот пастор Грег Лок од Тенеси отганизирал палење на книги, за да се бори против демонските влијанија. Во книгите што ги палела толпата верници имало и примероци од серијалите „Хари Потер“ и „Самрак“. Обредот се пренесувал во живо на Фејсбук.
Свесни сме во што се впуштаме. Донесете се. Престанете да дозволувате демони да влегуваат во вашите домови. Волшебништвото мора да исчезне, напишал Лок на Фејсбук, но ја тргнал објавата подоцна. Сепак, преносот во живо на обредот се уште е достапен на Фејсбук.
Пред обредот Лок рекол дека се бори против „масонските ѓаволи“.
Не се плеткам со вештерки, не се плеткам со демони, сите е ги прозивам во името на Исус Христос, рекол.
Американското здружение на книжарници објави дека неодамна доживеало невиден пораст на побарувачката за забрана на книги - само минатата есен читателите означиле 330 книги за непошелни. Во целата 2020 година, такви барања имало само 156.

The post Во Америка насовно се палеа книги, верници фрлаа во оган примероци од „Хари Потер“ и „Самрак“ appeared first on Република.

]]>