Харалдур Торлефсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/haraldur-torlefson/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Mar 2023 08:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Харалдур Торлефсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/haraldur-torlefson/ 32 32 Илон Маск му се извини на вработен во инвалидска количка кој преку Твитер праша дали е отпуштен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ilon-mask-mu-se-izvini-na-vraboten-vo-invalidska-kolichka-koj-preku-tviter-prasha-dali-e-otpushten/ Sun, 12 Mar 2023 08:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=618624

Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, јавно се извини откога се соочи со бран критики од корисниците на социјалните мрежи поради вирална јавна размена со вработен што не бил сигурен дали добил отказ.

Кога вработениот во „Твитер“ не добил известување дека е отпуштен, се обратил до Маск за потврда. Она што следувало потоа било јавна преписка, во која Маск го критикува човекот за неговата работа и ја доведува во прашање неговата инвалидност.

Сега веќе поранешниот вработен, Харалдур Торлефсон, апелирал до Маск да му го појасни неговиот работен статус. Реакцијата на Маск била дека тој, всушност, и не работел, притоа обидувајќи се да фрли сомнеж за неговата попреченост.

Торлефсон, кој користи инвалидска количка и се нарекува Хали на „Твитер“, првпат забележал на крајот на февруари дека не може да се логира на системите на компанијата.

Кога го прашал одделот за човечки ресурси на компанијата дали е пуштен, Торлеифсон не добил јасен одговор. По девет дена, се огласил на „Твитер“ за одговори и го означил Маск.

Можеби ако доволно луѓе ретвитнат, ќе ми одговорите овде?“, напишал тој.

Маск почнал да го прашува Торлефсон за задачите што ги извршувал на „Твитер“ и која е неговата улога. Како што продолжуваше виралната размена, Маск напишал дека Торлефсон, всушност, и не работел ништо.

Тврдите дека имате инвалидност што ве спречува да пишувате, но сепак успеавте да твитнете голема бура“, напиша Маск.

Отпуштениот вработен одговорил:

Причината поради која ве прашав јавно е затоа што вие (или кој било друг на „Твитер“) не одговори на моите приватни пораки. Имате целосно право да ми дадете отказ. Но, би било убаво да ме известите!“

Торлефсон, кој живее на Исланд, му се придружи на „Твитер“ во 2021 година кога компанијата го купила неговиот стартап „Уено“.

Тој избрал да му се исплаќаат плати за куповната цена на неговата компанија за да плаќа данок во исландските социјални служби, потег што наиде на пофалби во исландските медиуми.

The post Илон Маск му се извини на вработен во инвалидска количка кој преку Твитер праша дали е отпуштен appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, јавно се извини откога се соочи со бран критики од корисниците на социјалните мрежи поради вирална јавна размена со вработен што не бил сигурен дали добил отказ. Кога вработениот во „Твитер“ не добил известување дека е отпуштен, се обратил до Маск за потврда. Она што следувало потоа било јавна преписка, во која Маск го критикува човекот за неговата работа и ја доведува во прашање неговата инвалидност. Сега веќе поранешниот вработен, Харалдур Торлефсон, апелирал до Маск да му го појасни неговиот работен статус. Реакцијата на Маск била дека тој, всушност, и не работел, притоа обидувајќи се да фрли сомнеж за неговата попреченост. Торлефсон, кој користи инвалидска количка и се нарекува Хали на „Твитер“, првпат забележал на крајот на февруари дека не може да се логира на системите на компанијата. Кога го прашал одделот за човечки ресурси на компанијата дали е пуштен, Торлеифсон не добил јасен одговор. По девет дена, се огласил на „Твитер“ за одговори и го означил Маск.
Можеби ако доволно луѓе ретвитнат, ќе ми одговорите овде?“, напишал тој.
Маск почнал да го прашува Торлефсон за задачите што ги извршувал на „Твитер“ и која е неговата улога. Како што продолжуваше виралната размена, Маск напишал дека Торлефсон, всушност, и не работел ништо.
Тврдите дека имате инвалидност што ве спречува да пишувате, но сепак успеавте да твитнете голема бура“, напиша Маск.
Отпуштениот вработен одговорил:
Причината поради која ве прашав јавно е затоа што вие (или кој било друг на „Твитер“) не одговори на моите приватни пораки. Имате целосно право да ми дадете отказ. Но, би било убаво да ме известите!“
Торлефсон, кој живее на Исланд, му се придружи на „Твитер“ во 2021 година кога компанијата го купила неговиот стартап „Уено“. Тој избрал да му се исплаќаат плати за куповната цена на неговата компанија за да плаќа данок во исландските социјални служби, потег што наиде на пофалби во исландските медиуми.

The post Илон Маск му се извини на вработен во инвалидска количка кој преку Твитер праша дали е отпуштен appeared first on Република.

]]>