Харадинај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/haradinaj/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 14:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Харадинај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/haradinaj/ 32 32 Харадинај: Курти го одбра патот за напуштање на НАТО, се сврте кон руската агенда https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-kurti-go-odbra-patot-za-napushtane-na-nato-se-svrte-kon-ruskata-agenda/ Thu, 29 Feb 2024 14:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=749711

– Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај изјави дека премиерот Албин Курти го избрал патот на оддалечување на земјата од НАТО и, според него, тоа е во согласност со руската агенда, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Собранието, поранешниот премиер рече дека Косово мора да го спроведе француско-германскиот план за договор со Србија, кој води кон членство во НАТО.

 

– За нас ќе беше од голем интерес веднаш по постигнувањето на договорот, кој е познат како француско-германски план, да почнеме да го спроведуваме за навреме да ја фатиме можноста за зачленување во НАТО.

Да не ги пропуштиме овие клучни моменти на НАТО, како што е овогодинешниот, 75-ти самит.

 

Целиот политички договор беше дека во случај на успешна имплементација, на Косово ќе му се отворат можности за интеграција, рече Харадинај.

Меѓутоа, додаде тој, „премиерот Курти избра друг пат, оној на оддалечување на Косово од НАТО, а за жал тоа е руската агенда, го сврте Косово кон руската агенда“.

 

– Наш интерес ќе беше веднаш по договорот, особено во однос на безбедносната ситуација, да продолжиме со имплементација, да влеземе во НАТО.

За жал, Курти одеше наназад и тоа ги донесе овие околности, изјави Харадинај.

The post Харадинај: Курти го одбра патот за напуштање на НАТО, се сврте кон руската агенда appeared first on Република.

]]>

– Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај изјави дека премиерот Албин Курти го избрал патот на оддалечување на земјата од НАТО и, според него, тоа е во согласност со руската агенда, јави дописникот на МИА од Приштина.
  Во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Собранието, поранешниот премиер рече дека Косово мора да го спроведе француско-германскиот план за договор со Србија, кој води кон членство во НАТО.   – За нас ќе беше од голем интерес веднаш по постигнувањето на договорот, кој е познат како француско-германски план, да почнеме да го спроведуваме за навреме да ја фатиме можноста за зачленување во НАТО. Да не ги пропуштиме овие клучни моменти на НАТО, како што е овогодинешниот, 75-ти самит.   Целиот политички договор беше дека во случај на успешна имплементација, на Косово ќе му се отворат можности за интеграција, рече Харадинај. Меѓутоа, додаде тој, „премиерот Курти избра друг пат, оној на оддалечување на Косово од НАТО, а за жал тоа е руската агенда, го сврте Косово кон руската агенда“.   – Наш интерес ќе беше веднаш по договорот, особено во однос на безбедносната ситуација, да продолжиме со имплементација, да влеземе во НАТО. За жал, Курти одеше наназад и тоа ги донесе овие околности, изјави Харадинај.

The post Харадинај: Курти го одбра патот за напуштање на НАТО, се сврте кон руската агенда appeared first on Република.

]]>
Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-do-kurti-za-razlika-od-tebe-koj-mu-se-predade-na-srpskiot-rezhim-spetsijaltsite-ne-se-predadoa-na-24-septemvri/ Wed, 06 Dec 2023 14:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=720384

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му порача на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, за разлика од него, кој во војната во 1999 година му се предаде на српскиот режим, припадниците на Специјалната единица на косовската полиција, кои сега ги навредува, „не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија терористите спонзорирани од Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на Харадинај уследи откако порталот „Албаниан пост“ објави напис во кој тврди дека има ексклузивни сознанија за тоа што се разговарало на средбата меѓу припадниците на Специјалната единица за интервенции и премиерот Курти на 15 ноември.

Станува збор за средба што се одржа по масовниот протест на оваа единица на косовската полиција на почетокот на ноември, поради незадоволство од платите и од новата одлука за додатоци на плата за нивните единици.

- За разлика од тебе премиере, кој во војната му се предаде на српскиот режим, без отпор, припадниците на Специјалната единица, кои денес ги навредуваш, не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија и посрамотија терористите спонзорирани од Србија, му порача Харадинај на Курти преку својата страница на Фејсбук.

На средбата, според претходните информации, специјалците му ги презентирале своите барања на косовскиот премиер, а „Албаниан пост“ за првпат изнесува наводни детали од текот на преговорите.

Порталот тврди дека специјалците биле „запрепастени“ од изјавите на Курти и одговорите на нивните барања. Наводно не сакал ниту да ги ислуша нивните барања и директно им порачал дека нема да им ги сиполни барањата, бидејќи „не може да им се предаде“ и дека тоа не му е приоритет. Тој, тврди порталот, ги критикувал за начинот на кој протестираа пред косовската влада.

Истиот медиум тврди и дека за нивната акција на 24 септември во село Бањска, која претходно ја пофали, Курти сега ним лично им рекол дека „тоа што го направија во Бањска не претставува никаков успех од нивна страна, бидејќи убиле три лица од дистанца со снајпер“.

- Косовската полиција е еден од најголемите успеси на нашата земја. Не ја навредувај полицијата, затоа што те знаеме кој си. Исполни ги нивните барања, напиша опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер, Харадинај.

The post Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му порача на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, за разлика од него, кој во војната во 1999 година му се предаде на српскиот режим, припадниците на Специјалната единица на косовската полиција, кои сега ги навредува, „не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија терористите спонзорирани од Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Реакцијата на Харадинај уследи откако порталот „Албаниан пост“ објави напис во кој тврди дека има ексклузивни сознанија за тоа што се разговарало на средбата меѓу припадниците на Специјалната единица за интервенции и премиерот Курти на 15 ноември. Станува збор за средба што се одржа по масовниот протест на оваа единица на косовската полиција на почетокот на ноември, поради незадоволство од платите и од новата одлука за додатоци на плата за нивните единици.
- За разлика од тебе премиере, кој во војната му се предаде на српскиот режим, без отпор, припадниците на Специјалната единица, кои денес ги навредуваш, не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија и посрамотија терористите спонзорирани од Србија, му порача Харадинај на Курти преку својата страница на Фејсбук.
На средбата, според претходните информации, специјалците му ги презентирале своите барања на косовскиот премиер, а „Албаниан пост“ за првпат изнесува наводни детали од текот на преговорите. Порталот тврди дека специјалците биле „запрепастени“ од изјавите на Курти и одговорите на нивните барања. Наводно не сакал ниту да ги ислуша нивните барања и директно им порачал дека нема да им ги сиполни барањата, бидејќи „не може да им се предаде“ и дека тоа не му е приоритет. Тој, тврди порталот, ги критикувал за начинот на кој протестираа пред косовската влада. Истиот медиум тврди и дека за нивната акција на 24 септември во село Бањска, која претходно ја пофали, Курти сега ним лично им рекол дека „тоа што го направија во Бањска не претставува никаков успех од нивна страна, бидејќи убиле три лица од дистанца со снајпер“. - Косовската полиција е еден од најголемите успеси на нашата земја. Не ја навредувај полицијата, затоа што те знаеме кој си. Исполни ги нивните барања, напиша опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер, Харадинај.

The post Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември appeared first on Република.

]]>
Харадинај: Косово да го спроведе европскиот план, да не остане заложник на деструктивноста на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-kosovo-da-go-sprovede-evropskiot-plan-da-ne-ostane-zalozhnik-na-destruktivnosta-na-srbija/ Sun, 29 Oct 2023 18:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=696045

Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Косово не треба да биде заложник на деструктивноста на Србија, туку треба да ја продолжи перспективата кон членство во НАТО и Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на Фејсбук вечерва, Харадинај порача дека Косово во континуитет докажува дека е за западните и евроатлантските вредности и е секогаш конструктивно во пристапот за постигнување конечен договор за меѓусебно признавање со Србија.

Според поранешниот косовски премиер, Косово треба без одлагање да го спроведе планот што на почетокот на годинава го предложија Франција и Германија за продолжување на преговорите меѓу Косово и Србија за надминување на меѓусебните спорови.

Србија, од друга страна, континуирано ги саботира напорите за траен мировен договор меѓу двете земји, со цел да се врати времето на конфликтот. Нема сомнеж дека таа и денес го следи овој курс. Косово во таква ситуација, без да мора да докажува колку е лоша Србија, треба да го следи својот евроатлантски курс и да ги исполни преземените обврски, спроведувајќи го без одлагање француско-германскиот план, напиша Харадинај.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека го прифаќа нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, кој беше еден од предусловите за продолжување за продолжување на преговорите со посредство на ЕУ за решавање на споровите меѓу Косово и Србија. Меѓутоа, контактите меѓу Приштина и Белград беа целосно прекинати по нападот во Бањска, во северно Косово, во кој загина еден и беа ранети двајца припадници на косовската полиција, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите, додека остантите пребегнаа во Србија.

Курти исто така го обвини офцијален Белград и српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека продолжуваат да ги одбиваат обврските преземени со договорите постигнати во Брисел со посредство на Европската унија и со анексот договорен на лидерската средба во Охрид во март годинава.

The post Харадинај: Косово да го спроведе европскиот план, да не остане заложник на деструктивноста на Србија appeared first on Република.

]]>

Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Косово не треба да биде заложник на деструктивноста на Србија, туку треба да ја продолжи перспективата кон членство во НАТО и Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на Фејсбук вечерва, Харадинај порача дека Косово во континуитет докажува дека е за западните и евроатлантските вредности и е секогаш конструктивно во пристапот за постигнување конечен договор за меѓусебно признавање со Србија. Според поранешниот косовски премиер, Косово треба без одлагање да го спроведе планот што на почетокот на годинава го предложија Франција и Германија за продолжување на преговорите меѓу Косово и Србија за надминување на меѓусебните спорови.
Србија, од друга страна, континуирано ги саботира напорите за траен мировен договор меѓу двете земји, со цел да се врати времето на конфликтот. Нема сомнеж дека таа и денес го следи овој курс. Косово во таква ситуација, без да мора да докажува колку е лоша Србија, треба да го следи својот евроатлантски курс и да ги исполни преземените обврски, спроведувајќи го без одлагање француско-германскиот план, напиша Харадинај.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека го прифаќа нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, кој беше еден од предусловите за продолжување за продолжување на преговорите со посредство на ЕУ за решавање на споровите меѓу Косово и Србија. Меѓутоа, контактите меѓу Приштина и Белград беа целосно прекинати по нападот во Бањска, во северно Косово, во кој загина еден и беа ранети двајца припадници на косовската полиција, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите, додека остантите пребегнаа во Србија. Курти исто така го обвини офцијален Белград и српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека продолжуваат да ги одбиваат обврските преземени со договорите постигнати во Брисел со посредство на Европската унија и со анексот договорен на лидерската средба во Охрид во март годинава.

The post Харадинај: Косово да го спроведе европскиот план, да не остане заложник на деструктивноста на Србија appeared first on Република.

]]>
Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-kurti-e-najsmeshniot-i-najshtetniot-politichar-vo-ponovata-istorija-na-kosovo/ Tue, 11 Jul 2023 08:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=659929

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена“.

Албин Курти изгради кула од карти! Безбројните скандали на министрите и најблиските соработници на Албин Курти; курсот на наводен „тврд политичар“ на самиот Албин и неговото повлекување од сè што ветил во животот, го прават него најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Сè што има направено Курти во неговиот политички живот е тоа дека има изградено кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена, напиша Харадинај.

Реакцијата на поранешниот премиер уследи по изјавата на шефицата на косовската дипломатија и вицепремиерка, Доника Грвала, дадена на безбедносната конференција во Дубровник, дека „Европската унија, без САД и НАТО, е само еден тигар од хартија“ и по објавувањето на снимките на разговорите на Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на партијата на Курти, Движење самоопределување, со лидерот на партијата Српска листа, Славко Симиќ. Во разговорот со Симиќ, Кусари-Лила потврдува дека за политички прашања контактирала со Милан Ракиќ, политичар од редовите на косовските Срби за кого се покренати кривични пријави за разни злоупотреби и кој, според приштинските медиуми, се сомничи за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ.

The post Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена“.
Албин Курти изгради кула од карти! Безбројните скандали на министрите и најблиските соработници на Албин Курти; курсот на наводен „тврд политичар“ на самиот Албин и неговото повлекување од сè што ветил во животот, го прават него најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Сè што има направено Курти во неговиот политички живот е тоа дека има изградено кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена, напиша Харадинај.
Реакцијата на поранешниот премиер уследи по изјавата на шефицата на косовската дипломатија и вицепремиерка, Доника Грвала, дадена на безбедносната конференција во Дубровник, дека „Европската унија, без САД и НАТО, е само еден тигар од хартија“ и по објавувањето на снимките на разговорите на Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на партијата на Курти, Движење самоопределување, со лидерот на партијата Српска листа, Славко Симиќ. Во разговорот со Симиќ, Кусари-Лила потврдува дека за политички прашања контактирала со Милан Ракиќ, политичар од редовите на косовските Срби за кого се покренати кривични пријави за разни злоупотреби и кој, според приштинските медиуми, се сомничи за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ.

The post Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово appeared first on Република.

]]>
Рамуш Харадинај: Албин Курти и Вјоса Османи го вратија Косово како пред 10 години, денеска поднесете оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ramush-haradinaj-albin-kurti-i-vjosa-osmani-go-vratija-kosovo-kako-pred-10-godini-deneska-podnesete-ostavka/ Tue, 30 May 2023 18:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=646250

Според претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај земјите инвестираат децении во создавање пријателства и сојузи, додека во случајот со Косово, Курти се обидува да ги уништи.

По американските санкции за Приштина Харадинај оцени дека Албин Курти и Вјоса Османи за неполни три години на власт не постигнале ниту еден успех без да го „свртат наопаку“ и дека за толку кратко време го вратија Косово како пред 10 години.

– Исклучувањето на Косово од вежбата на НАТО – Бранител на Европа 2023 е аларм за нашата национална безбедност. Мора да си многу кусоглед за да бидеш непријателски настроен кон целиот демократски свет во ова деликатно време – напиша Харадинај на Фејсбук.

– Имаше и други во нашата историја кои сакаа да ги уништат овие сојузи, но Косово беше поголемо од нив и триумфираше. Нема друга алтернатива освен да триумфира овој пат. Народот на Косово, кој е најпрозападниот народ на континентот, ќе знае како да ги заштити своите пријатели и нивната ориентација. Албин Курти не може да ја смени ориентацијата на Косово и неговиот народ – изјави Харадинај.

Тој го повика Курти да поднесе оставка.

– Има само една шанса, еднаш во животот да направи нешто добро за Косово! Денеска поднесете оставка – рече Харадинај.

The post Рамуш Харадинај: Албин Курти и Вјоса Османи го вратија Косово како пред 10 години, денеска поднесете оставка appeared first on Република.

]]>

Според претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај земјите инвестираат децении во создавање пријателства и сојузи, додека во случајот со Косово, Курти се обидува да ги уништи. По американските санкции за Приштина Харадинај оцени дека Албин Курти и Вјоса Османи за неполни три години на власт не постигнале ниту еден успех без да го „свртат наопаку“ и дека за толку кратко време го вратија Косово како пред 10 години. – Исклучувањето на Косово од вежбата на НАТО – Бранител на Европа 2023 е аларм за нашата национална безбедност. Мора да си многу кусоглед за да бидеш непријателски настроен кон целиот демократски свет во ова деликатно време – напиша Харадинај на Фејсбук. – Имаше и други во нашата историја кои сакаа да ги уништат овие сојузи, но Косово беше поголемо од нив и триумфираше. Нема друга алтернатива освен да триумфира овој пат. Народот на Косово, кој е најпрозападниот народ на континентот, ќе знае како да ги заштити своите пријатели и нивната ориентација. Албин Курти не може да ја смени ориентацијата на Косово и неговиот народ – изјави Харадинај. Тој го повика Курти да поднесе оставка. – Има само една шанса, еднаш во животот да направи нешто добро за Косово! Денеска поднесете оставка – рече Харадинај.

The post Рамуш Харадинај: Албин Курти и Вјоса Османи го вратија Косово како пред 10 години, денеска поднесете оставка appeared first on Република.

]]>
Харадинај: Бев принуден да ја напуштам средбата бидејќи Курти држеше предавање и не ни објасни зошто ги прекинал односите со Америка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-bev-prinuden-da-ja-napushtam-sredbata-bidejkji-kurti-drzeshe-predavanje-i-ne-ni-objasni-zoshto-gi-prekinal-odnosite-so-amerika/ Tue, 08 Nov 2022 09:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=571307

Бев принуден да ја напуштам средбата бидејќи Курти држеше предавање и не ни објасни зошто ги прекинал односите со Америка и зошто не се враќа да го исполни нивното барање. За мене е неприфатливо во вакви чувствителни случаи да ги раскинуваме односите со главниот безбедносен сојузник, рече лидерот на Алијансата за иднината на Косово.

Средбата меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, и лидерите на трите опозициски партии започна утрово, но по само пет минути претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај си заминал од средбата. Тој ја напуштил средбата бидејќи Курти не објаснил зошто ги прекинал односите со САД и зошто не ги исполнува нивните барања.

Косовскиот премиер Албин Курти ги покани на средба лидерите на трите парламентарни опозициски партии, Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово (АБК) во врска со последните ситуации на северот на Косово.

The post Харадинај: Бев принуден да ја напуштам средбата бидејќи Курти држеше предавање и не ни објасни зошто ги прекинал односите со Америка appeared first on Република.

]]>

Бев принуден да ја напуштам средбата бидејќи Курти држеше предавање и не ни објасни зошто ги прекинал односите со Америка и зошто не се враќа да го исполни нивното барање. За мене е неприфатливо во вакви чувствителни случаи да ги раскинуваме односите со главниот безбедносен сојузник, рече лидерот на Алијансата за иднината на Косово.
Средбата меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, и лидерите на трите опозициски партии започна утрово, но по само пет минути претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај си заминал од средбата. Тој ја напуштил средбата бидејќи Курти не објаснил зошто ги прекинал односите со САД и зошто не ги исполнува нивните барања. Косовскиот премиер Албин Курти ги покани на средба лидерите на трите парламентарни опозициски партии, Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово (АБК) во врска со последните ситуации на северот на Косово.

The post Харадинај: Бев принуден да ја напуштам средбата бидејќи Курти држеше предавање и не ни објасни зошто ги прекинал односите со Америка appeared first on Република.

]]>