Хансер Микел Родригез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hanser-mikel-rodrigez/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 11:56:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хансер Микел Родригез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hanser-mikel-rodrigez/ 32 32 Уште еден Кубанец дојде во РК Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ushte-eden-kubanets-dojde-vo-rk-vardar/ Tue, 25 Jul 2023 11:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=665095

Кубански ракометар Хансер Микел Родригез е најновото засилување за Вардар. „Црвено-црните“ денес соопштија дека е потпишан договор со 21-годишниот Родригез.

 

Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата.

 

Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар. Беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригез беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.

 

Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.

 

За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола.

 

Родригез важи за ол-раунд играч, кој покрај тоа што игра на позицјата лев бек, исто тако може да игра и како лево крило и среден бек.

The post Уште еден Кубанец дојде во РК Вардар appeared first on Република.

]]>

Кубански ракометар Хансер Микел Родригез е најновото засилување за Вардар. „Црвено-црните“ денес соопштија дека е потпишан договор со 21-годишниот Родригез.   Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата.   Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар. Беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригез беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.   Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.   За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола.   Родригез важи за ол-раунд играч, кој покрај тоа што игра на позицјата лев бек, исто тако може да игра и како лево крило и среден бек.

The post Уште еден Кубанец дојде во РК Вардар appeared first on Република.

]]>