ханиоти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hanioti/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Aug 2024 14:22:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ханиоти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hanioti/ 32 32 Бугарска мафија се степа во Ханиоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarska-mafija-se-stepa-vo-hanioti/ Sun, 18 Aug 2024 14:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=807665

По масовната тепачка и пукање меѓу Бугари во грчки ресторан на Халкидики, тројца Бугари кои беа повредени во метежот остануваат во болница.

Снимката од безбедносните камери на плажата Ахинос Тути го покажува објектот преполн во петокот вечерта. А во следните секунди – врисоци, паника и тепачка меѓу неколку мажи. Се фрлаат столчиња, влегуваат уште тројца мажи. Снимањето започнува. Клиентите бегаат.

За bTV зборуваа и очевидци на акцијата. Таму е и ќерката на локалниот волонтер Џенис која трча и го повикува на помош. 2 минути подоцна таткото е пред ресторанот. Откако ќе се увери дека неговата ќерка е неповредена, тој влегува да им помогне на настраданите.

The post Бугарска мафија се степа во Ханиоти appeared first on Република.

]]>

По масовната тепачка и пукање меѓу Бугари во грчки ресторан на Халкидики, тројца Бугари кои беа повредени во метежот остануваат во болница. Снимката од безбедносните камери на плажата Ахинос Тути го покажува објектот преполн во петокот вечерта. А во следните секунди – врисоци, паника и тепачка меѓу неколку мажи. Се фрлаат столчиња, влегуваат уште тројца мажи. Снимањето започнува. Клиентите бегаат. За bTV зборуваа и очевидци на акцијата. Таму е и ќерката на локалниот волонтер Џенис која трча и го повикува на помош. 2 минути подоцна таткото е пред ресторанот. Откако ќе се увери дека неговата ќерка е неповредена, тој влегува да им помогне на настраданите.

The post Бугарска мафија се степа во Ханиоти appeared first on Република.

]]>
Имало жива музика, кога почнало пукањето незнаеле кој каде да фати: Мафијашка пресметка во кафеана во Ханиоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/imalo-zhiva-muzika-koga-pochnalo-pukaneto-neznaele-koj-kade-da-fati-mafijashka-presmetka-vo-kafeana-vo-hanioti/ Sat, 17 Aug 2024 10:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=807467

Едно лице се бори за живот, додека две се тешко повредени во тепачката што се случи во петокот во кафеана на плажа на Халкидики!

Група бугарски државјани, според локалните медиуми, нападнале сопственик на кафеана во Ханиоти и сонародник, удирајќи ги со тупаници и клоци по лицето и телото. При пресметката одекнале пет-шест истрели, по што гостите почнале да бегаат од локалот каде имало вечер со жива музика.

Полицијата уапсила пет бугарски државјани, а во истрагата наводно биле пронајдени четири гранати.

Многумина плачеа и врескаа! Луѓето почнаа да бегаат. Им ги извадиле ножевите и пукале! Малите деца трчаа со своите родители. Настана паника – рекла жена која била присутна.

За точно две минути пристигнав на местото на инцидентот и веднаш се фокусирав на човекот кој беше застрелан во градниот кош… Барав две возила на брза помош бидејќи имаше уште две повредени лица. Едниот бил испрскан со бибер спреј, по што добил повеќе удари по главата – опишува спасувачот за Касандра.

Локалните медиуми јавуваат дека било пресметка меѓу членови на бугарската мафија.

The post Имало жива музика, кога почнало пукањето незнаеле кој каде да фати: Мафијашка пресметка во кафеана во Ханиоти appeared first on Република.

]]>

Едно лице се бори за живот, додека две се тешко повредени во тепачката што се случи во петокот во кафеана на плажа на Халкидики! Група бугарски државјани, според локалните медиуми, нападнале сопственик на кафеана во Ханиоти и сонародник, удирајќи ги со тупаници и клоци по лицето и телото. При пресметката одекнале пет-шест истрели, по што гостите почнале да бегаат од локалот каде имало вечер со жива музика. Полицијата уапсила пет бугарски државјани, а во истрагата наводно биле пронајдени четири гранати. Многумина плачеа и врескаа! Луѓето почнаа да бегаат. Им ги извадиле ножевите и пукале! Малите деца трчаа со своите родители. Настана паника – рекла жена која била присутна. За точно две минути пристигнав на местото на инцидентот и веднаш се фокусирав на човекот кој беше застрелан во градниот кош… Барав две возила на брза помош бидејќи имаше уште две повредени лица. Едниот бил испрскан со бибер спреј, по што добил повеќе удари по главата – опишува спасувачот за Касандра. Локалните медиуми јавуваат дека било пресметка меѓу членови на бугарската мафија.

The post Имало жива музика, кога почнало пукањето незнаеле кој каде да фати: Мафијашка пресметка во кафеана во Ханиоти appeared first on Република.

]]>
Децата ги гледаа и вриштеа: Се истепаа српски туристи на плажа во Ханиоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/detsata-gi-gledaa-i-vrishtea-se-istepaa-srpski-turisti-na-plazha-vo-hanioti/ Sun, 06 Aug 2023 14:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=669255

Туристите на плажата во Ханиоти биле сведоци на непријатна ситуација, кога неколку мажи се истепале по расправија. Што точно се случувало пишува очевидка на фејсбук групата „Грчка инфо“.

За жал, вчера околу 20 часот бевме сведоци на тепачка на 2 мажи поради риболов, додека луѓето се уште се капеа, еден човек почна да лови риба. Другиот му рече дека не смее, а овај му врати со пцости и така почна тепачка. Денеска слушнавме дека рибарот заработил два скршени заба, пукната аркада и задниот дел од главата со камен. Беше застрашувачки да се види сето тоа, особено што нивните деца гледаа и врескаа. Локалниот лекар не го ни прегледал, туку веднаш го испратил во болница. Вака човек си го расипува одморот и за себе и за семејството, напиша таа, а во коментарите многумина додадоа дека требало да се изостави дека се работи за Срби.

The post Децата ги гледаа и вриштеа: Се истепаа српски туристи на плажа во Ханиоти appeared first on Република.

Од МНР стапиле во контакт со полицијата во Солун во врска со убиството во Ханиоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-mnr-stapile-vo-kontakt-so-politsijata-vo-solun-vo-vrska-so-ubistvoto-vo-hanioti/ Sat, 15 Jul 2023 10:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=661631

По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Македонија.

Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос.

Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, стои во соопштение од МНР.

The post Од МНР стапиле во контакт со полицијата во Солун во врска со убиството во Ханиоти appeared first on Република.

]]>

По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Македонија. Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос.
Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, стои во соопштение од МНР.
 
The post Од МНР стапиле во контакт со полицијата во Солун во врска со убиството во Ханиоти appeared first on Република.

]]>
Драма во Ханиоти: Двегодишно дете од Србија го одвлече морската струја 2км од брегот, едвај го спасија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drama-vo-hanioti-dvegodishno-dete-od-srbija-go-odvleche-morskata-struja-2km-od-bregot-edvaj-go-spasija/ Mon, 26 Jun 2023 08:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=655133

Двегодишно момче од Србија го однело ветерот додека било на гумен чамец на километри подалеку од брегот, пишува Курир. Се се случило во познатото грчко одморалиште Ханиоти.

Неколку луѓе, меѓу кои и родителите, залудно пливале за да стигнат до момчето, бидејќи детето пребрзо се оддалечувало од брегот.

- Се одвиваше вистинска драма - велат сведоците на настанот.

По 30 минути агонија и повикување на помош од сите присутни во тој момент, човек на џет ски стигнал до момчето и го извлекол на брегот.

Момчето било вратено живо и здраво кај загрижените родители, пишуваат локалните медиуми. Полицијата апелира до родителите да внимаваат на своите деца и никогаш да не ги оставаат сами или без надзор на плажите и на море.

The post Драма во Ханиоти: Двегодишно дете од Србија го одвлече морската струја 2км од брегот, едвај го спасија appeared first on Република.

]]>

Двегодишно момче од Србија го однело ветерот додека било на гумен чамец на километри подалеку од брегот, пишува Курир. Се се случило во познатото грчко одморалиште Ханиоти. Неколку луѓе, меѓу кои и родителите, залудно пливале за да стигнат до момчето, бидејќи детето пребрзо се оддалечувало од брегот.
- Се одвиваше вистинска драма - велат сведоците на настанот.
По 30 минути агонија и повикување на помош од сите присутни во тој момент, човек на џет ски стигнал до момчето и го извлекол на брегот. Момчето било вратено живо и здраво кај загрижените родители, пишуваат локалните медиуми. Полицијата апелира до родителите да внимаваат на своите деца и никогаш да не ги оставаат сами или без надзор на плажите и на море.

The post Драма во Ханиоти: Двегодишно дете од Србија го одвлече морската струја 2км од брегот, едвај го спасија appeared first on Република.

]]>