Хамиди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hamidi/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 14:38:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хамиди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hamidi/ 32 32 Хамиди не сака да даде оставка зошто Владата и онака најавила дека ќе го разреши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hamidi-ne-saka-da-dade-ostavka-zoshto-vladata-i-onaka-najavila-deka-ke-go-razreshi/ Fri, 05 Jan 2024 14:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=730093

М-НАВ гарантира дека безбедноста никогаш, ниту била, ниту ќе биде загрозена, вели извршниот директор на македонската навигација, Фахрудин Хамиди на прес конференција. Тој вели дека по пандемијата со ковид-19, М-НАВ била во загуби, а тој и неговиот тим ги подмирил сите загуби, без ниту денар помош од било кого.

Ние го цениме трудот на нашите експерти, знаеме што значи кадар кој е многу важен за нашата компанија. Беше фамозен еден систем кој што е стар, но без разлика што е стар, тој е во добра кондиција и комплименти за техничарите кои го одржуваат. Со него правиме одржување на целото воздухопловство. Сега имаме нов систем, кој почнува од идната недела да се тестира и верувам дека заедно со нашите експерти и експертите од Еуро контрол, ќе биде пуштен во употреба и ќе биде зголемен капацитетот за 60 отсто. Со него, ќе бидеме во состојба да биде двигател во наредните 30 години. Овој Управен одбор и покрај тешката финансиска криза не запре со обуката на нови контролори за летање. На осум им дадовме договор на неопределено време. Имаме нов кадар, но и искусни кадри. За жал, цело време бевме атакувани од страна на синдикалецот Тасевски. Не сакавме да излеземе пред медиумите и можеби тука згрешивме. Тој перманентно не повредува сите нас и не не остава да работиме поради негови лични интереси. Репутацијата е доведена во прашање поради клевети дека ништо не чинело. Безбедноста не е нарушена, ниту ќе биде нарушена. За жал, колегите излегоа зад него, иако добро ги разбирам, бидејќи на крајот ќе застанат зад него иако се замаени во случајов. Јас не ги оставам на цедило моите контролори. Тасевски кажува за непотизам, за други работи. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, истовремено беше вработен тој, а и брат му е вработен како контролор, рече Хамиди.

Тој вели дека барањето за студенти да работат било од техничарите, а не од управниот одбор на чие чело е самиот Хамиди. Вели дека се гордее со тоа што го сторил за М-НАВ. Вели, подготвен е да даде оставка, но не го сторил тоа затоа што смета дека има направено позитивни работи за М-НАВ.

Не сакам да дадам оставка денеска поради тоа што владата веќе најави дека ќе не разреши, посочи Хамиди.

The post Хамиди не сака да даде оставка зошто Владата и онака најавила дека ќе го разреши appeared first on Република.

]]>

Хамиди: М-НАВ не користи пари од Буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hamidi-m-nav-ne-koristi-pari-od-budzetot-nitu-za-plati-nitu-za-kapitalni-investicii/ Thu, 17 Nov 2022 19:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=575109

Директорот на М-Нав Фахрудин Хамиди на денешниот брифинг, осврнувајќи се на аферата „паразити“ што ја објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на платите на вработените во акционерското друштво, нагласи дека не користат пари од Буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестии и истакна дека платите се оформени според комплексноста на дејноста, како и за да се спречи „одлив на мозоци“. М-НАВ се финасира од средства што ги добива од Јуроконтрол.
– Контролорската работа е многу деликатна. За да се создаде еден кадар како контролор на летање потребни се повеќе од три до пет години и потрошени се за еден контролор на летање севкупно 100 до 150 илјади евра и тој кадар е секогаш на мета, за жал и во државата се случуваат такви работи и во другите професии, за одлив на кадар. Затоа сме приморани и со задоволство тоа го правиме согласно сите стандарди со Јуроконтрол и согласно колективен договор, потпишан со сите три синдикални организации во М-НАВ, минималната сума од прилив што ги добиваме поради прелетите и терминалните услуги во М-НАВ да ги даваме минимум 68 отсто од целата таа пита за плати, наведе Хамиди.

Тој истакна дека за време на корона кризата А.Д. било во тешка финансиска состојба поради екстремно намалениот број на летови. Тогаш се обратиле до Владата, но не добиле никаква помош. Од таа причина донеле одлука платите на вработените да бидат намалени за 30 проценти, се додека не се врати ситуацијата под контрола.

Хамиди, зборувајќи за сумата на неговата плата, што беше објавена во аферата „паразит“ рече дека во таа плата има плус 30 проценти додадок, бидејќи ги враќаат сумите кои биле одземени за време на кризата. Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски во јануари годинава во М-НАВ изјави дека ќе бидат дадени 11 милиони евра за нов навигациски систем во акционерското друштво, но денеска, директорот Хамиди рече дека не станува збор за државни пари, туку дека земале кредит од ЕБОР за таа инвестиција.

– Од целата историја на постоење на М-НАВ и пред тоа со Агенцијата за цивилно воздухопловство кога бевме заедно, сите капитални инвестиции се сервисирани од страна на овие финансиски делови коишто ги добиваме. Три кредити сме ги сервисирале преку ЕБОР, сега е четвртиот на ред и укажуваме дека ниту еден денар не сме добиле од Владата поради фактот дека Владата креирала, створила таков ентитет каков што е М-НАВ самофинансирачки да ги оперира, да ги сервисира сите свои обврски што ги има. Тоа е истата работа и во регионот, значи не е само за кај нас во Македонија, туку и Србија, Црна Гора, БиХ итн. и во Европа, потенцираше Хамиди.

Тој додаде дека се надеваат оти од наредната година ќе работат со новиот систем за навигација.

– Ќе работиме со нов систем, верувам од наредната година кога тоа ќе биде решено. Тоа значи дека ќе ги зголемиме капацитетите за 25 до 30 отсто со новиот систем. Тоа значи дека ќе биде побезбеден, не дека сегашниот не е безбеден да не се разбереме погрешно, туку ќе биде уште побезбеден, ќе имаме уште дополнителни алатки за да си го зголемиме капацитетот на работење – наместо 36 авиони на саат коишто ги водиме од еден сектор, а често пати преку лето имаме и три сектори, што значи над 90 авиони на саат, ние со новиот систем ќе добиеме капацитет каде што ќе работиме со повеќе од 45 авиони на саат, наведе Хамиди.

Директорот посочи дека авионскиот сообраќај, во споредба со 2019 година, пред корона-кризата, е зголемен за 4,5 отосто. Тој, осврнувајќи се на шпекулациите за конкурсот за контролори за летање, нагласи дека одлично се завршила целата постапка и повторно ги демантираше сите шпекулации за „партиски врски“ при селекцијата.

– Прекрасно ја завршивме целата постапка во рок и вчера ги потпишавме договорите за вработување на најдобрите осум рангирани студенти. Добивме одоговор од данската компанија која што беше избрана преку меѓународен тендер дека ќе почнат со школувањето при крај на овој месец. Успешно им пожелувам на новите студенти и верувам дека ќе добиеме прекрасен кадар како и другиот кадар што го имаме во М-НАВ и дека ќе имаме успешна приказна и во наредните години со нов систем, со нови кадри, со нови капацитети и безбедното небо над Македонија секогаш ќе биде наша парадигма, порача Хамиди.

Тој додаде дека со оглед на проблемот со „одлив на мозоци“, одлучиле сите нови вработени да потпишат договор со кој се обврзуваат дека 10 години ќе работат во М-НАВ.

The post Хамиди: М-НАВ не користи пари од Буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестиции appeared first on Република.

]]>

Директорот на М-Нав Фахрудин Хамиди на денешниот брифинг, осврнувајќи се на аферата „паразити“ што ја објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на платите на вработените во акционерското друштво, нагласи дека не користат пари од Буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестии и истакна дека платите се оформени според комплексноста на дејноста, како и за да се спречи „одлив на мозоци“. М-НАВ се финасира од средства што ги добива од Јуроконтрол. – Контролорската работа е многу деликатна. За да се создаде еден кадар како контролор на летање потребни се повеќе од три до пет години и потрошени се за еден контролор на летање севкупно 100 до 150 илјади евра и тој кадар е секогаш на мета, за жал и во државата се случуваат такви работи и во другите професии, за одлив на кадар. Затоа сме приморани и со задоволство тоа го правиме согласно сите стандарди со Јуроконтрол и согласно колективен договор, потпишан со сите три синдикални организации во М-НАВ, минималната сума од прилив што ги добиваме поради прелетите и терминалните услуги во М-НАВ да ги даваме минимум 68 отсто од целата таа пита за плати, наведе Хамиди. Тој истакна дека за време на корона кризата А.Д. било во тешка финансиска состојба поради екстремно намалениот број на летови. Тогаш се обратиле до Владата, но не добиле никаква помош. Од таа причина донеле одлука платите на вработените да бидат намалени за 30 проценти, се додека не се врати ситуацијата под контрола. Хамиди, зборувајќи за сумата на неговата плата, што беше објавена во аферата „паразит“ рече дека во таа плата има плус 30 проценти додадок, бидејќи ги враќаат сумите кои биле одземени за време на кризата. Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски во јануари годинава во М-НАВ изјави дека ќе бидат дадени 11 милиони евра за нов навигациски систем во акционерското друштво, но денеска, директорот Хамиди рече дека не станува збор за државни пари, туку дека земале кредит од ЕБОР за таа инвестиција. – Од целата историја на постоење на М-НАВ и пред тоа со Агенцијата за цивилно воздухопловство кога бевме заедно, сите капитални инвестиции се сервисирани од страна на овие финансиски делови коишто ги добиваме. Три кредити сме ги сервисирале преку ЕБОР, сега е четвртиот на ред и укажуваме дека ниту еден денар не сме добиле од Владата поради фактот дека Владата креирала, створила таков ентитет каков што е М-НАВ самофинансирачки да ги оперира, да ги сервисира сите свои обврски што ги има. Тоа е истата работа и во регионот, значи не е само за кај нас во Македонија, туку и Србија, Црна Гора, БиХ итн. и во Европа, потенцираше Хамиди. Тој додаде дека се надеваат оти од наредната година ќе работат со новиот систем за навигација. – Ќе работиме со нов систем, верувам од наредната година кога тоа ќе биде решено. Тоа значи дека ќе ги зголемиме капацитетите за 25 до 30 отсто со новиот систем. Тоа значи дека ќе биде побезбеден, не дека сегашниот не е безбеден да не се разбереме погрешно, туку ќе биде уште побезбеден, ќе имаме уште дополнителни алатки за да си го зголемиме капацитетот на работење – наместо 36 авиони на саат коишто ги водиме од еден сектор, а често пати преку лето имаме и три сектори, што значи над 90 авиони на саат, ние со новиот систем ќе добиеме капацитет каде што ќе работиме со повеќе од 45 авиони на саат, наведе Хамиди. Директорот посочи дека авионскиот сообраќај, во споредба со 2019 година, пред корона-кризата, е зголемен за 4,5 отосто. Тој, осврнувајќи се на шпекулациите за конкурсот за контролори за летање, нагласи дека одлично се завршила целата постапка и повторно ги демантираше сите шпекулации за „партиски врски“ при селекцијата. – Прекрасно ја завршивме целата постапка во рок и вчера ги потпишавме договорите за вработување на најдобрите осум рангирани студенти. Добивме одоговор од данската компанија која што беше избрана преку меѓународен тендер дека ќе почнат со школувањето при крај на овој месец. Успешно им пожелувам на новите студенти и верувам дека ќе добиеме прекрасен кадар како и другиот кадар што го имаме во М-НАВ и дека ќе имаме успешна приказна и во наредните години со нов систем, со нови кадри, со нови капацитети и безбедното небо над Македонија секогаш ќе биде наша парадигма, порача Хамиди. Тој додаде дека со оглед на проблемот со „одлив на мозоци“, одлучиле сите нови вработени да потпишат договор со кој се обврзуваат дека 10 години ќе работат во М-НАВ.

The post Хамиди: М-НАВ не користи пари од Буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестиции appeared first on Република.

]]>