Халкидики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halkidiki/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 08:35:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Халкидики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halkidiki/ 32 32 Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nad-60-posledovatelni-zemjotresi-na-halkidiki-po-vcherashniot-so-jachina-od-5-2-stepeni/ Mon, 04 Nov 2024 08:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=833871

Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина.

Големиот земјотрес што не предизвика никакви проблеми, беше регистриран кусо по 19 часот по локално време во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а во период од нешто повеќе од 12 часа биле регистрирани 68 земјотреси помали од 2 степени со исклучок на еден од 3,8 и еден од 4,2 степени што беа само неколку минати по силниот.

Професорот по сеизмологија на Солунскиот Универзитет, Костас Папазахос за државната телевизија ЕРТ утрово рече дека земјотресот од 5,2 степени е вообичаен земјотрес за Грција во нормален расед во регионот на Халкидики, а станува збор за „област со релативно ниска сеизмичка активност“.

Земјотресот беше почувствуван и во Солун, но и во јужниот дел на нашата земја.

The post Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени appeared first on Република.

]]>

Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот земјотрес што не предизвика никакви проблеми, беше регистриран кусо по 19 часот по локално време во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а во период од нешто повеќе од 12 часа биле регистрирани 68 земјотреси помали од 2 степени со исклучок на еден од 3,8 и еден од 4,2 степени што беа само неколку минати по силниот. Професорот по сеизмологија на Солунскиот Универзитет, Костас Папазахос за државната телевизија ЕРТ утрово рече дека земјотресот од 5,2 степени е вообичаен земјотрес за Грција во нормален расед во регионот на Халкидики, а станува збор за „област со релативно ниска сеизмичка активност“. Земјотресот беше почувствуван и во Солун, но и во јужниот дел на нашата земја.

The post Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени appeared first on Република.

]]>
Силен земјторес го погоди Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/silen-zemjtores-go-pogodi-halkidiki/ Sun, 25 Aug 2024 07:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=809867

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Егејското Море, недалеку од Халкидики во Северна Грција.

Имено, како што информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил почувствуван на 20 километри југоисточно од населбата Неа Роди и 109 километри источно од Солун.

Епицентарот е измерен на длабочина од 15 километри, додека засега нема информации за материјална штета.

The post Силен земјторес го погоди Халкидики appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Егејското Море, недалеку од Халкидики во Северна Грција. Имено, како што информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил почувствуван на 20 километри југоисточно од населбата Неа Роди и 109 километри источно од Солун. Епицентарот е измерен на длабочина од 15 километри, додека засега нема информации за материјална штета.

The post Силен земјторес го погоди Халкидики appeared first on Република.

]]>
Петмина уапсени, по едно лице се трага поради пукањето во кафеана на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petmina-uapseni-po-edno-litse-se-traga-poradi-pukaneto-vo-kafeana-na-halkidiki/ Sat, 17 Aug 2024 11:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=807474

Пет лица се уапсени и се трага по уште едно лице, а повредени се тројца во пукање во кафуле на плажа во Ханиоти на Халкидики во кое, според грчките медиуми, учествувале бугарски државјани, а не е исклучена веројатноста да се работи за мафијашка пресметка, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил доцна синоќа кусо пред полноќ додека во барот се одржувала музичка вечер и присутни биле и семејства со деца, а причините за пукањето засега се непознати.

Според државната телевизија ЕРТ инцидентот бил помеѓу сопственикот на кафулето и неколку лица, кои почнале да пукаат со огнено оружје.

Повредени биле три лица и пренесени во болница, додека пак полицијата уапсила петмина, а се трага по лицето што пукало.

The post Петмина уапсени, по едно лице се трага поради пукањето во кафеана на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Пет лица се уапсени и се трага по уште едно лице, а повредени се тројца во пукање во кафуле на плажа во Ханиоти на Халкидики во кое, според грчките медиуми, учествувале бугарски државјани, а не е исклучена веројатноста да се работи за мафијашка пресметка, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентот се случил доцна синоќа кусо пред полноќ додека во барот се одржувала музичка вечер и присутни биле и семејства со деца, а причините за пукањето засега се непознати. Според државната телевизија ЕРТ инцидентот бил помеѓу сопственикот на кафулето и неколку лица, кои почнале да пукаат со огнено оружје. Повредени биле три лица и пренесени во болница, додека пак полицијата уапсила петмина, а се трага по лицето што пукало.

The post Петмина уапсени, по едно лице се трага поради пукањето во кафеана на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Трагедија на Халкидики, во базен се удави осумгодишно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragedija-na-halkidiki-vo-bazen-se-udavi-osumgodishno-devojche/ Sat, 17 Aug 2024 09:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=807435

Осумгодишно девојче е пронајдено мртво во базен во камп на Халкидики во Грција. Девојчето се удавило додека било со други деца во базенот.

Според информациите на ThessToday.gr, детето е пронајдено без знаци на живот под неразјаснети околности.

Веднаш по извлекување на детето стигнале возила на брза помош, но обидите за реанимација биле неуспешни.

Девојчето отишло во кампот со својата сестра. Двете девојчиња наводно влегле заедно во базенот, како и другите кампери, но изгледа дека 8-годишното девојче не излегло од водата.

Спасителот наводно рекол дека не забележал никого во водата околу 13 часот. Алармот во кампот бил вклучен нешто пред 15 часот, речиси два часа подоцна. Истрагата продолжува.

The post Трагедија на Халкидики, во базен се удави осумгодишно девојче appeared first on Република.

]]>

Осумгодишно девојче е пронајдено мртво во базен во камп на Халкидики во Грција. Девојчето се удавило додека било со други деца во базенот. Според информациите на ThessToday.gr, детето е пронајдено без знаци на живот под неразјаснети околности. Веднаш по извлекување на детето стигнале возила на брза помош, но обидите за реанимација биле неуспешни. Девојчето отишло во кампот со својата сестра. Двете девојчиња наводно влегле заедно во базенот, како и другите кампери, но изгледа дека 8-годишното девојче не излегло од водата. Спасителот наводно рекол дека не забележал никого во водата околу 13 часот. Алармот во кампот бил вклучен нешто пред 15 часот, речиси два часа подоцна. Истрагата продолжува.

The post Трагедија на Халкидики, во базен се удави осумгодишно девојче appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе има големо невреме на Халкидики, на туристите им е испратено предупредување преку СМС https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/deneska-ke-ima-golemo-nevreme-na-halkidiki-na-turistite-im-e-isprateno-predupreduvane-preku-sms/ Thu, 04 Jul 2024 07:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=793264

Грција денеска ќе ја погоди страшно невреме, а на граѓаните и туристите им е испратено предупредување во форма на СМС порака. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, вчера зборуваше за очекуваното невреме.

Граѓани кои престојуваат на Халкидики, веќе почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од утрово небото е сиво, а во Сарти се појави и мало торнадо.

Според прогнозите, најголемите проблеми ќе има претпладне на Халкидики и Солун и Кавала, додека на пладне невремето ќе се прошири.

Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со громови на копно и на море. За подобри информации за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита, се додава во соопштението на министерот.

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области во северна Грција, добија итна смс порака.

Избегнувајте преминување на потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не ги вклучувајте електричните апарати или телефоните, бидејќи молњата може да помине низ жици. Избегнувајте допирање на водоводните цевки (кујна, бања), бидејќи тие се струјни спроводници, се вели во предупредувањето.

The post Денеска ќе има големо невреме на Халкидики, на туристите им е испратено предупредување преку СМС appeared first on Република.

]]>

Грција денеска ќе ја погоди страшно невреме, а на граѓаните и туристите им е испратено предупредување во форма на СМС порака. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, вчера зборуваше за очекуваното невреме. Граѓани кои престојуваат на Халкидики, веќе почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од утрово небото е сиво, а во Сарти се појави и мало торнадо. Според прогнозите, најголемите проблеми ќе има претпладне на Халкидики и Солун и Кавала, додека на пладне невремето ќе се прошири. Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со громови на копно и на море. За подобри информации за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита, се додава во соопштението на министерот. Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области во северна Грција, добија итна смс порака. Избегнувајте преминување на потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не ги вклучувајте електричните апарати или телефоните, бидејќи молњата може да помине низ жици. Избегнувајте допирање на водоводните цевки (кујна, бања), бидејќи тие се струјни спроводници, се вели во предупредувањето.

The post Денеска ќе има големо невреме на Халкидики, на туристите им е испратено предупредување преку СМС appeared first on Република.

]]>
Се огласи таткото на 13-годишното девојче кое настрада од гром на плажа на Халкидики: Се кае за една одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-oglasi-tatkoto-na-13-godishnoto-devojche-koe-nastrada-od-grom-na-plazha-na-halkidiki-se-kae-za-edna-odluka/ Fri, 28 Jun 2024 19:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=791692

Родителите на девојчето (13), кое рано утрината на 28 јуни, на плажата на Халкидики го усмрти гром, се во шок и не можат да поверуваат што се случило со нивната ќерка.

Според таткото на девојчето, семејните безгрижни моменти се претвориле во кошмар кога гром ги погодил неговата ќерка и сопругата. Девојчето починало на лице место, додека неговата сопруга е повредена.

Тој вели дека денеска фамилијарно отишле на пливање и дека кога почналo да врне, излегле од морето. Додека биле на плажа, пред нив удрил гром, а неговата сопруга и ќерката паднале на песокот.

„Моето девојче повеќе не стануваше“, вели неутешениот татко.

The post Се огласи таткото на 13-годишното девојче кое настрада од гром на плажа на Халкидики: Се кае за една одлука appeared first on Република.

]]>

Родителите на девојчето (13), кое рано утрината на 28 јуни, на плажата на Халкидики го усмрти гром, се во шок и не можат да поверуваат што се случило со нивната ќерка. Според таткото на девојчето, семејните безгрижни моменти се претвориле во кошмар кога гром ги погодил неговата ќерка и сопругата. Девојчето починало на лице место, додека неговата сопруга е повредена. Тој вели дека денеска фамилијарно отишле на пливање и дека кога почналo да врне, излегле од морето. Додека биле на плажа, пред нив удрил гром, а неговата сопруга и ќерката паднале на песокот.
„Моето девојче повеќе не стануваше“, вели неутешениот татко.

The post Се огласи таткото на 13-годишното девојче кое настрада од гром на плажа на Халкидики: Се кае за една одлука appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Грција: Гром усмрти 13-годишно девојче на плажа на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-grtsija-grom-usmrti-13-godishno-devojche-na-plazha-na-halkidiki/ Fri, 28 Jun 2024 17:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=791659

13-годишно девојче го загуби животот денеска по удар од гром додека било на плажа во Халкидики. Инцидентот се случил попладне, додека девојчето било на песокот. Првичните информации укажуваат дека нејзината мајка исто така претрпела повреди.

Полициската управа Касандра спроведува прелиминарна истрага за инцидентот, јавуваат грчките медиуми.

Денешното време на Халкидики е многу лошо, со силни поројни дождови.

The post Трагедија во Грција: Гром усмрти 13-годишно девојче на плажа на Халкидики appeared first on Република.

]]>

13-годишно девојче го загуби животот денеска по удар од гром додека било на плажа во Халкидики. Инцидентот се случил попладне, додека девојчето било на песокот. Првичните информации укажуваат дека нејзината мајка исто така претрпела повреди. Полициската управа Касандра спроведува прелиминарна истрага за инцидентот, јавуваат грчките медиуми. Денешното време на Халкидики е многу лошо, со силни поројни дождови.

The post Трагедија во Грција: Гром усмрти 13-годишно девојче на плажа на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Ова се топ 10 најубавите плажи на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ova-se-top-10-najubavite-plazhi-na-halkidiki/ Tue, 25 Jun 2024 08:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=790524

Порталот „Трипедвајзор“ (TripAdvisor) состави список од десетте најдобри плажи на Халкидики.

Од Ситонија, вториот крак, на топ-10 листата се најдоа плажите Трани Амудија, Калогрија, Торони, Кариди, Сарти, Каламици, Лагомандра и Платаници.

Следи плажата Посиди, којашто се наоѓа на Касандра, на 70 км јужно од Полигирос, главниот град на Халкидики. На списокот, од плажите на првиот краксе најде и плажата во Калитеа.

The post Ова се топ 10 најубавите плажи на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Порталот „Трипедвајзор“ (TripAdvisor) состави список од десетте најдобри плажи на Халкидики.
Од Ситонија, вториот крак, на топ-10 листата се најдоа плажите Трани Амудија, Калогрија, Торони, Кариди, Сарти, Каламици, Лагомандра и Платаници.
Следи плажата Посиди, којашто се наоѓа на Касандра, на 70 км јужно од Полигирос, главниот град на Халкидики. На списокот, од плажите на првиот краксе најде и плажата во Калитеа.

The post Ова се топ 10 најубавите плажи на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Со овој пиштол на Халкидики е убиен Оки од Чаир од кланот „Дуќанџик“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-ovoj-pishtol-na-halkidiki-e-ubien-oki-od-chair-od-klanot-dukandhik/ Fri, 12 Jan 2024 09:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=732263

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Македонија, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор кај нас, осомничен за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, во непосредна близина на убиството бил пронајден пиштолот, како и ракавиците на сторителот.

Од грчката полиција соопштија дека по методична и детална истрага од страна на полициските службеници од Одделот за безбедност во Полигиро, со асистенција на Одделот за кривични дела против животот и личната слобода на Управата за безбедност во Солун, „идентификуван е странски државјанин, кој лани во јули заедно со неговиот соучесник, пукал и смртно ранил странски државјанин, нивен сонародник и повредија уште еден нивни сонародник, кои беа на одмор на Халкидики“.

Истрагата, веднаш по убиството била проширена на поширокото подрачје, што резултирало со откривање на рутата на сторителите при нивното бегство, а на оддалеченост од неколку стотини метри од вилата, во непроодна област, бил пронајден пиштолот со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут.

Од лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдено било дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.

-Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја, соопштија од грчката полиција.

Додаваат дека истрагата продолжува за идентификување останатите соучесници или други инволвирани лица.

Од грчката полиција потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две лица, со скриени лица, се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници.

Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури.

Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група

The post Со овој пиштол на Халкидики е убиен Оки од Чаир од кланот „Дуќанџик“ appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Македонија, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор кај нас, осомничен за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, во непосредна близина на убиството бил пронајден пиштолот, како и ракавиците на сторителот. Од грчката полиција соопштија дека по методична и детална истрага од страна на полициските службеници од Одделот за безбедност во Полигиро, со асистенција на Одделот за кривични дела против животот и личната слобода на Управата за безбедност во Солун, „идентификуван е странски државјанин, кој лани во јули заедно со неговиот соучесник, пукал и смртно ранил странски државјанин, нивен сонародник и повредија уште еден нивни сонародник, кои беа на одмор на Халкидики“. Истрагата, веднаш по убиството била проширена на поширокото подрачје, што резултирало со откривање на рутата на сторителите при нивното бегство, а на оддалеченост од неколку стотини метри од вилата, во непроодна област, бил пронајден пиштолот со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут. Од лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдено било дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.
-Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја, соопштија од грчката полиција.
Додаваат дека истрагата продолжува за идентификување останатите соучесници или други инволвирани лица. Од грчката полиција потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две лица, со скриени лица, се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници. Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури. Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група

The post Со овој пиштол на Халкидики е убиен Оки од Чаир од кланот „Дуќанџик“ appeared first on Република.

]]>
Грчката полиција го откри сторителот на убиството на Оки од Чаир извршено на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/grchkata-politsija-go-otkri-storitelot-na-ubistvoto-na-oki-od-chair-izvrsheno-na-halkidiki/ Fri, 12 Jan 2024 08:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=732219

Грчката полиција ја откри мафијашката егзекуција на Орхан Бајрами – Оки од Македонија, кој беше убиен на 15 јули 2023 година, додека бил на одмор на Халкидики, пишува euronews.al.

Атентатот го извршила екипа од неколку лица, кои со пиштол „застава“ калибар 7,65 милиметри го застрелале Охран Бајрам, а тешко го раниле неговиот сопатник Сеад Сезловик.

Истрагата покажала дека сторител е Г.Т., роден 1991 година, државјанин на Македонија.Грчките медиуми информираат дека се трага по двајца негови соучесници, исто така државјани на Македонија.

The post Грчката полиција го откри сторителот на убиството на Оки од Чаир извршено на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција ја откри мафијашката егзекуција на Орхан Бајрами – Оки од Македонија, кој беше убиен на 15 јули 2023 година, додека бил на одмор на Халкидики, пишува euronews.al. Атентатот го извршила екипа од неколку лица, кои со пиштол „застава“ калибар 7,65 милиметри го застрелале Охран Бајрам, а тешко го раниле неговиот сопатник Сеад Сезловик. Истрагата покажала дека сторител е Г.Т., роден 1991 година, државјанин на Македонија.Грчките медиуми информираат дека се трага по двајца негови соучесници, исто така државјани на Македонија.

The post Грчката полиција го откри сторителот на убиството на Оки од Чаир извршено на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/detali-za-bandata-od-makedonija-koja-kradela-avtomobili-na-halkidiki/ Sat, 09 Sep 2023 12:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=680250

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидики, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос.

За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници.

Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност.

Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидики, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата.

Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидики, од кои се пронајдени седум украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.

 

The post Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидики, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос. За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници. Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност. Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидики, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата. Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидики, од кои се пронајдени седум украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.  

The post Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Исчезна жена во морето на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ischezna-zhena-vo-moreto-na-halkidiki/ Tue, 05 Sep 2023 18:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=679111

Непозната жена исчезна денеска во областа Торони на Халкидики. Како што пишуваат грчките медиуми, жената исчезнала на море додека била во кану.

Ја нема околу еден час, а силните ефекти од бурата „Даниел“ веќе почнаа да се појавуваат во областите на полуостровот Ситонија, пишува „Прототема“.

Се очекува брод и хеликоптер на крајбрежната стража да помогнат во потрагата по жената.

Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пелион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

Грчката полиција претходно денес забрани движење на возила на централниот град Волос и блискиот планински регион Пелион, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени порои. Забрана за сообраќај има и на Скијатос.

The post Исчезна жена во морето на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Непозната жена исчезна денеска во областа Торони на Халкидики. Како што пишуваат грчките медиуми, жената исчезнала на море додека била во кану.
Ја нема околу еден час, а силните ефекти од бурата „Даниел“ веќе почнаа да се појавуваат во областите на полуостровот Ситонија, пишува „Прототема“.
Се очекува брод и хеликоптер на крајбрежната стража да помогнат во потрагата по жената. Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пелион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето. Грчката полиција претходно денес забрани движење на возила на централниот град Волос и блискиот планински регион Пелион, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени порои. Забрана за сообраќај има и на Скијатос.

The post Исчезна жена во морето на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Драма на познатата грчка плажа: Автомобил падна во морето https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drama-na-poznatata-grchka-plazha-avtomobil-padna-vo-moreto/ Thu, 10 Aug 2023 17:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=670877

Вистинската драма се одвивала на плажата Неа Мудања на Халкидики, кога автомобил паднал во морето.

Возилото завршило во вода бидејќи, најверојатно, возачот не ја повлекол рачната сопирачка, коментираат грчките медиуми.

Во инцидентот немало повредени.

Возилото во текот на денот е извлечено на копно.

 

The post Драма на познатата грчка плажа: Автомобил падна во морето appeared first on Република.

]]>

Вистинската драма се одвивала на плажата Неа Мудања на Халкидики, кога автомобил паднал во морето. Возилото завршило во вода бидејќи, најверојатно, возачот не ја повлекол рачната сопирачка, коментираат грчките медиуми. Во инцидентот немало повредени. Возилото во текот на денот е извлечено на копно.  

The post Драма на познатата грчка плажа: Автомобил падна во морето appeared first on Република.

]]>
МНР: Постојана комуникација со грчкото МВР за расчистување на убиството на Халкидики, повредениот е во стабилна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-postojana-komunikatsija-so-grchkoto-mvr-za-raschistuvane-na-ubistvoto-na-halkidiki-povredeniot-e-vo-stabilna-sostojba/ Sun, 16 Jul 2023 13:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=661962

По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, соопштија од МНР.

Во соопштението се наведува дека, според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.

Од МНР додаваат дека дипломатско-конзуларната мрежа на Македонија во Грција е активна и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.

Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.

The post МНР: Постојана комуникација со грчкото МВР за расчистување на убиството на Халкидики, повредениот е во стабилна состојба appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, соопштија од МНР.
Во соопштението се наведува дека, според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност. Од МНР додаваат дека дипломатско-конзуларната мрежа на Македонија во Грција е активна и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции. Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.

The post МНР: Постојана комуникација со грчкото МВР за расчистување на убиството на Халкидики, повредениот е во стабилна состојба appeared first on Република.

]]>
Нападната група од пет макеоднски државјани: Грчката полиција трага по двајцата сторители на убиството на Халкидики, пронајдени 19 чаури https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/napadnata-grupa-od-pet-makeodnski-drzhavjani-grchkata-politsija-traga-po-dvajtsata-storiteli-na-ubistvoto-na-halkidiki-pronajdeni-19-chauri/ Sat, 15 Jul 2023 18:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=661767

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје.

Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош.

Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност.

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шарже

The post Нападната група од пет макеоднски државјани: Грчката полиција трага по двајцата сторители на убиството на Халкидики, пронајдени 19 чаури appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јави дописничката на МИА од Атина. Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје. Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност. На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шарже

The post Нападната група од пет макеоднски државјани: Грчката полиција трага по двајцата сторители на убиството на Халкидики, пронајдени 19 чаури appeared first on Република.

]]>
Познат идентитетот на убиениот македонски државјанин во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poznat-identitetot-na-ubieniot-makedonski-drzhavjanin-vo-grtsija/ Sat, 15 Jul 2023 08:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=661574

Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казиното во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател, пренесуваат грчките медиуми

Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки , а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

Се упатува на нарачано убиство бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.

https://republika.mk/vesti/balkan/pukano-vo-dve-litsa-od-skopje-na-halkidiki-edniot-pochinalo-drugiot-so-teshki-povredi/

The post Познат идентитетот на убиениот македонски државјанин во Грција appeared first on Република.

]]>

Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казиното во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател, пренесуваат грчките медиуми Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки , а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми. Се упатува на нарачано убиство бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја. https://republika.mk/vesti/balkan/pukano-vo-dve-litsa-od-skopje-na-halkidiki-edniot-pochinalo-drugiot-so-teshki-povredi/

The post Познат идентитетот на убиениот македонски државјанин во Грција appeared first on Република.

]]>
Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obilnite-dozhdovi-predizvikaa-poplavi-vo-solun-i-na-halkidiki/ Sat, 17 Jun 2023 14:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=652468

Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис,

Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија.

Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на вода, отстранување на дрвја и за транспорт на луѓе на безбедно. Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што е блокиран сообраќајот.

Во исто време, градоначалникот на Касторија, Јанис Коренџидис, побара прогласување вонредна состојба во неговиот град од страна на регионалниот гувернер на областа Западна Македонија, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, а исто така го погодија и земјоделското производство.

Национална метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува дождот и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, вклучително и островите.

 

The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис, Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на вода, отстранување на дрвја и за транспорт на луѓе на безбедно. Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што е блокиран сообраќајот. Во исто време, градоначалникот на Касторија, Јанис Коренџидис, побара прогласување вонредна состојба во неговиот град од страна на регионалниот гувернер на областа Западна Македонија, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, а исто така го погодија и земјоделското производство. Национална метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува дождот и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, вклучително и островите.  

The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Поплавени улици и уништени плажи по невремето на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poplaveni-ulici-i-unishteni-plazi-po-nevremeto-na-halkidiki/ Thu, 25 Aug 2022 08:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=543892

Силно невреме во средата го погоди поголемиот дел од Грција, најмногу на крајбрежјето на Егејското Море. Според податоците на Националната метеоролошка служба, наврнале повеќе од 100 милилитри дожд, а во невремето биле уништени и бројни плажи.

Мобилните оператори претходно испратија пораки до туристите кои моментално се на одмор во Грција со предупредување дека во следните два дена ќе има силно невреме.

Туристи на социјалните мрежи споделуваат како изгледаа туристичките места на Халкидики:

Сарти:

 

The post Поплавени улици и уништени плажи по невремето на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Силно невреме во средата го погоди поголемиот дел од Грција, најмногу на крајбрежјето на Егејското Море. Според податоците на Националната метеоролошка служба, наврнале повеќе од 100 милилитри дожд, а во невремето биле уништени и бројни плажи. Мобилните оператори претходно испратија пораки до туристите кои моментално се на одмор во Грција со предупредување дека во следните два дена ќе има силно невреме. Туристи на социјалните мрежи споделуваат како изгледаа туристичките места на Халкидики: Сарти:  

The post Поплавени улици и уништени плажи по невремето на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Ограбено уште едно семејство на Халкидики: Добро организирана банда се, го одбраа Сивири зошто е мало и мирно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ograbeno-ushte-edno-semejstvo-na-halkidiki-dobro-organizirana-banda-se-go-odbraa-siviri-zoshto-e-malo-i-mirno/ Wed, 03 Aug 2022 09:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=536365

Претседателот на Здружението на домови за стари лица на Србија, Радослав Миловановиќ и неговото семејство, кои пред шест дена заминаа на одмор во Сивири на Халкидики за српски „Курир“ ги открија деталите за немилиот настан што ги снашол за време на летувањето.

Возам ново БМВ, кое привлекува големо внимание кај минувачите, па нè препознаа како добар улов. Провалиле во текот на ноќта и ни украдоа неколку илјади евра, лаптоп, рачен часовник, а мене уште не ми се верува што ни се случи, раскажува тој.

Објаснува дека иако има лесен сон и се будел неколку пати во текот на ноќта, не слушнал кога крадците се „прошетале“ по нивната куќа.

Ја оставивме вратата на балконот на кипење. Станав рано со намера да одам на плажа пред да се разбудат децата, а кога го побарав лаптопот што беше оставен на масата, видов дека го нема. Сопругата ми рече дека не го земала. Веднаш сфатив дека некој влегол во станот додека спиевме, вели Радослав.

Веднаш ја побарал чантата во која ги чува пасошите и сите други документи, но неа ја немало.

Ја оставив на приземје. Сепак, ја забележав на терасата, и тоа во ранецот на жена ми, замислете. Земале сè, извадиле на тераса, истресле што имало и земале што им одговарало, дури и го земале клучот од колата и отишле да видат што има во неa, но бидејќи ништо не нашле, уредно го ставиле клучот назад во чантата до празниот паричник. Не ги допиреа картичките, мобилните телефони, дури ни таблетите, бидејќи знаат дека на овој начин полицијата може полесно да ги лоцира. Ми го земаа и рачниот часовник. Ги тријам очите и не ми се верува што гледам. Истрчав надвор да видам дали автомобилот е таму. Гледам дека е, но е отклучен и ретровизорите се поместени, вели Радослав.

Миловановиќ вели дека најмногу жали за компјутерот на неговата сопруга во кој имало многу доверливи податоци.

Работи како социјален работник, таму имаше многу документи, не знам што ќе биде со нив. Едноставно не ми се верува дека ништо не сум слушнал, а можеби е и подобро, бидејќи не знам како ќе реагирав. Сигурно ги имало два-тројца бидејќи се беше совршено организирано, додава Радослав.

Според него, разбојниците се добро координирана група која со недели оперира низ Грција.

Ограбиле Бугарин. Му го зеле автомобилот. Соседите велат дека го виделе крадецот како седи во автомобилот и чепка нешто, но не им паднало на памет дека е крадец. На една жена и влегле во станот. Типот кој стоел над нејзината глава кога се разбудила, ѝ направил знак да молчи, ѝ ја украл чантата и си заминал. Убеден сум дека се работи за организирана албанска група. Крадците дури го исклучиле и рефлекторот пред куќата. Секоја вечер го паркирав автомобилот таму, светеше, но сега не, вели Радослав.

Миловановиќ веднаш ја известил полицијата која во станот пристигнала два часа подоцна, додека вештачењето дошло следниот ден.

Ни кажаа дека во последно време се пријавени неколку случаи, дека ова место е на удар, бидејќи е мирно и не е големо. Наводно, им влегле во траг на разбојниците, дури имаат и опис на еден од нив, бидејќи сличен грабеж се случил во хотел. Познато е дека возат црн „голф“. Седум дена сме уште на одмор, го продолживме одморот како ништо да не било. На сите им советувам кога избираат стан да одберат место со видео надзор, паркинг и сеф. Верувајте дека се се случува, вели Радослав.

The post Ограбено уште едно семејство на Халкидики: Добро организирана банда се, го одбраа Сивири зошто е мало и мирно appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Здружението на домови за стари лица на Србија, Радослав Миловановиќ и неговото семејство, кои пред шест дена заминаа на одмор во Сивири на Халкидики за српски „Курир“ ги открија деталите за немилиот настан што ги снашол за време на летувањето.
Возам ново БМВ, кое привлекува големо внимание кај минувачите, па нè препознаа како добар улов. Провалиле во текот на ноќта и ни украдоа неколку илјади евра, лаптоп, рачен часовник, а мене уште не ми се верува што ни се случи, раскажува тој.
Објаснува дека иако има лесен сон и се будел неколку пати во текот на ноќта, не слушнал кога крадците се „прошетале“ по нивната куќа.
Ја оставивме вратата на балконот на кипење. Станав рано со намера да одам на плажа пред да се разбудат децата, а кога го побарав лаптопот што беше оставен на масата, видов дека го нема. Сопругата ми рече дека не го земала. Веднаш сфатив дека некој влегол во станот додека спиевме, вели Радослав.
Веднаш ја побарал чантата во која ги чува пасошите и сите други документи, но неа ја немало.
Ја оставив на приземје. Сепак, ја забележав на терасата, и тоа во ранецот на жена ми, замислете. Земале сè, извадиле на тераса, истресле што имало и земале што им одговарало, дури и го земале клучот од колата и отишле да видат што има во неa, но бидејќи ништо не нашле, уредно го ставиле клучот назад во чантата до празниот паричник. Не ги допиреа картичките, мобилните телефони, дури ни таблетите, бидејќи знаат дека на овој начин полицијата може полесно да ги лоцира. Ми го земаа и рачниот часовник. Ги тријам очите и не ми се верува што гледам. Истрчав надвор да видам дали автомобилот е таму. Гледам дека е, но е отклучен и ретровизорите се поместени, вели Радослав.
Миловановиќ вели дека најмногу жали за компјутерот на неговата сопруга во кој имало многу доверливи податоци.
Работи како социјален работник, таму имаше многу документи, не знам што ќе биде со нив. Едноставно не ми се верува дека ништо не сум слушнал, а можеби е и подобро, бидејќи не знам како ќе реагирав. Сигурно ги имало два-тројца бидејќи се беше совршено организирано, додава Радослав.
Според него, разбојниците се добро координирана група која со недели оперира низ Грција.
Ограбиле Бугарин. Му го зеле автомобилот. Соседите велат дека го виделе крадецот како седи во автомобилот и чепка нешто, но не им паднало на памет дека е крадец. На една жена и влегле во станот. Типот кој стоел над нејзината глава кога се разбудила, ѝ направил знак да молчи, ѝ ја украл чантата и си заминал. Убеден сум дека се работи за организирана албанска група. Крадците дури го исклучиле и рефлекторот пред куќата. Секоја вечер го паркирав автомобилот таму, светеше, но сега не, вели Радослав.
Миловановиќ веднаш ја известил полицијата која во станот пристигнала два часа подоцна, додека вештачењето дошло следниот ден.
Ни кажаа дека во последно време се пријавени неколку случаи, дека ова место е на удар, бидејќи е мирно и не е големо. Наводно, им влегле во траг на разбојниците, дури имаат и опис на еден од нив, бидејќи сличен грабеж се случил во хотел. Познато е дека возат црн „голф“. Седум дена сме уште на одмор, го продолживме одморот како ништо да не било. На сите им советувам кога избираат стан да одберат место со видео надзор, паркинг и сеф. Верувајте дека се се случува, вели Радослав.

The post Ограбено уште едно семејство на Халкидики: Добро организирана банда се, го одбраа Сивири зошто е мало и мирно appeared first on Република.

]]>
Гори и Халкидики: Активни три големи пожари во различни делови на Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gori-i-halkidiki-aktivni-tri-golemi-pozari-vo-razlichni-delovi-na-grcija/ Mon, 25 Jul 2022 08:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=532847

Над 550 пожарникари интервенираат во трите големи пожари во Грција во три различни делови на земјата, на Лезбос, на Пелопонез и кај Еврос, активни веќе неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Во областа Суфли кај Еврос во близина на Националниот парк Дадиа, пожарот избувна во четвртокот, а во текот на викендот откако огнената стихија се доближи до населени места, превентивно беа евакуирани жителите.

Интервенираат 320 пожарникар со 13 пешадиски тима, 68 возила, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и војската, полицијата, пожарникари волонтери, како и цистерни од општините.

Рано утрово, дождот го олесни гаснењето на пожарот и напорите да се спаси Националниот парк.

Во областа, од вчера е и министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилианидис.

Вчера избувна пожар во западниот дел на Пелопонез во областа Илиа, во близина на античка Олимпија, а утрово интервенираат 159 пожарникар со седум пешадиски тима, 59 возила, четири авиони и четири хеликоптери.

Веќе трет ден, активен е и шумскиот пожар во јужниот дел на островот Лезбос во кој во саботата изгореа куќи, а превентивно беа евакуирани жители на селата во близина на приморското место Ватера.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 83 пожарникари со пет пешадиски тима, 21 возило, шест авиони и два хеликоптери, а помагаат и пожарникари волонтери и цистерни од општините.

Во трите пожари предизвикана е и материјална штета со изгорена голема површина.

Рано утрово избија шумски пожари во Касандра и Ситонија на Халидики.

The post Гори и Халкидики: Активни три големи пожари во различни делови на Грција appeared first on Република.

]]>

Над 550 пожарникари интервенираат во трите големи пожари во Грција во три различни делови на земјата, на Лезбос, на Пелопонез и кај Еврос, активни веќе неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина. Во областа Суфли кај Еврос во близина на Националниот парк Дадиа, пожарот избувна во четвртокот, а во текот на викендот откако огнената стихија се доближи до населени места, превентивно беа евакуирани жителите. Интервенираат 320 пожарникар со 13 пешадиски тима, 68 возила, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и војската, полицијата, пожарникари волонтери, како и цистерни од општините. Рано утрово, дождот го олесни гаснењето на пожарот и напорите да се спаси Националниот парк. Во областа, од вчера е и министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилианидис. Вчера избувна пожар во западниот дел на Пелопонез во областа Илиа, во близина на античка Олимпија, а утрово интервенираат 159 пожарникар со седум пешадиски тима, 59 возила, четири авиони и четири хеликоптери. Веќе трет ден, активен е и шумскиот пожар во јужниот дел на островот Лезбос во кој во саботата изгореа куќи, а превентивно беа евакуирани жители на селата во близина на приморското место Ватера. Во гаснењето на пожарот интервенираат 83 пожарникари со пет пешадиски тима, 21 возило, шест авиони и два хеликоптери, а помагаат и пожарникари волонтери и цистерни од општините. Во трите пожари предизвикана е и материјална штета со изгорена голема површина. Рано утрово избија шумски пожари во Касандра и Ситонија на Халидики.

The post Гори и Халкидики: Активни три големи пожари во различни делови на Грција appeared first on Република.

]]>