халит фератов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halit-feratov/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Aug 2023 10:33:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png халит фератов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halit-feratov/ 32 32 Јаневска: Директорот на ДПИ, Ферати е противправно поставен на функцијата, институциите да постапат за овој случај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-direktorot-na-dpi-ferati-e-protivpravno-postaven-na-funktsijata-institutsiite-da-postapat-za-ovoj-sluchaj/ Thu, 10 Aug 2023 10:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=670704

Владата на ДУИ и СДСМ продолжува да практикува лицемерие и неправда и самоволие во државата. Ја информирам јавноста, но и МВР, а и Владата доколку не знае, а треба да знае затоа што тие ја донеле одлуката, дека на местото директор на Државниот просветен инспекторат е поставена личност која по закон не ги исполнува условите. Директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фаратов дипломирал на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово на студиска програма Труд и социјална политка и магистрирал на тема „Државниот инспекторат за администрација на Република Македонија“. Од насловот на темата не може да се заклучи за истражувањето, но тоа е работа на менторот и рецензенската комисија, ние зборуваме за друго, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Во својата биографија Директорот на Државниот просветен инспекторат додал дека има работно искуство:

-Од 2012-2021 година во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор;
-Од 2021- 2023 во Служба за општи и заеднички работи на Владата;
И 2023 година тој е именуван за Директор на Државниот просветен инспекторат.

Почитувани, членот 5 став 2 од Законот за просветна инспекција вели: За директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое има високо образование, што има, и најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието. Потенцирам 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Директорот Халит Ферати нема 5 години педагошко работно искуство во образование и воспитание. Директорот на Државен просветен инспекторат кој треба да ги надгледува и корегира процесите во образованието противправно е именуван за директор на важна државна институција.

Веројатно баш затоа во моментот создава хаос и води хајка против некои од најдобрите инспектори во инспекторатот.

Поради се ова што го кажав го повикувм МВР, а и Јавниот обвинител да постапи по закон и да поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност по членот 353 од Кривичниот законик на цела Влада (член 5 став 1 од истиот закон), затоа што таа цела Влада на Република Македонија го именува директорот кој не исполнува услови за да ја врши таа функција -истакна Јаневска.

Според неа Владата останува глува на примедбите и препораките на нашите стратешки пријатели, а состојбата се менува на полошо.

Таа е глува и за коментарите и апелите на опозицијата, но и на народот. Уште еден доказ за партизација и нелегално работење е објавата на Комисијата за образование и наука на СДСМ во која се вели дека Комисијата во месец јули и август е во постојатна координација со МОН и БРО за подготовка на насоки и упатства за наставниците во основните училишта со фокус на многубројните прашања од кои се издвојува Концепцијата. Значи МОН и БРО секојдневно се координирани од Комисијата на СДСМ, класична политизација на интитуциите. Дополнително, Концепцијата има нерешени прашања. Така е и ние така тврдиме, и постојано тврдевме. Сега Комисијата на СДСМ давала препораки, мислење и стручност за изнаоѓање на решенија и предлози за подобро организирање на наставата. Значи МОН и БРО не се способни да си вршат работата, па комисијата на СДСМ мора да им помага или во прашање е диктатура над двете институции со цел да се сокрие срамот за неуспешната Концепција која ја донесе нивната министерка, Мила Царовска. Владата секојдневно го засилува нелегалното работење и партизацијата на институциите со злоупотреба на моќ при што врши булинг и терор на цел еден народ. Што е многу многу е и доста е - рече на крајот Јаневска.

The post Јаневска: Директорот на ДПИ, Ферати е противправно поставен на функцијата, институциите да постапат за овој случај appeared first on Република.

]]>

Владата на ДУИ и СДСМ продолжува да практикува лицемерие и неправда и самоволие во државата. Ја информирам јавноста, но и МВР, а и Владата доколку не знае, а треба да знае затоа што тие ја донеле одлуката, дека на местото директор на Државниот просветен инспекторат е поставена личност која по закон не ги исполнува условите. Директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фаратов дипломирал на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово на студиска програма Труд и социјална политка и магистрирал на тема „Државниот инспекторат за администрација на Република Македонија“. Од насловот на темата не може да се заклучи за истражувањето, но тоа е работа на менторот и рецензенската комисија, ние зборуваме за друго, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Во својата биографија Директорот на Државниот просветен инспекторат додал дека има работно искуство: -Од 2012-2021 година во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор; -Од 2021- 2023 во Служба за општи и заеднички работи на Владата; И 2023 година тој е именуван за Директор на Државниот просветен инспекторат.
Почитувани, членот 5 став 2 од Законот за просветна инспекција вели: За директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое има високо образование, што има, и најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието. Потенцирам 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Директорот Халит Ферати нема 5 години педагошко работно искуство во образование и воспитание. Директорот на Државен просветен инспекторат кој треба да ги надгледува и корегира процесите во образованието противправно е именуван за директор на важна државна институција. Веројатно баш затоа во моментот создава хаос и води хајка против некои од најдобрите инспектори во инспекторатот. Поради се ова што го кажав го повикувм МВР, а и Јавниот обвинител да постапи по закон и да поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност по членот 353 од Кривичниот законик на цела Влада (член 5 став 1 од истиот закон), затоа што таа цела Влада на Република Македонија го именува директорот кој не исполнува услови за да ја врши таа функција -истакна Јаневска.
Според неа Владата останува глува на примедбите и препораките на нашите стратешки пријатели, а состојбата се менува на полошо.
Таа е глува и за коментарите и апелите на опозицијата, но и на народот. Уште еден доказ за партизација и нелегално работење е објавата на Комисијата за образование и наука на СДСМ во која се вели дека Комисијата во месец јули и август е во постојатна координација со МОН и БРО за подготовка на насоки и упатства за наставниците во основните училишта со фокус на многубројните прашања од кои се издвојува Концепцијата. Значи МОН и БРО секојдневно се координирани од Комисијата на СДСМ, класична политизација на интитуциите. Дополнително, Концепцијата има нерешени прашања. Така е и ние така тврдиме, и постојано тврдевме. Сега Комисијата на СДСМ давала препораки, мислење и стручност за изнаоѓање на решенија и предлози за подобро организирање на наставата. Значи МОН и БРО не се способни да си вршат работата, па комисијата на СДСМ мора да им помага или во прашање е диктатура над двете институции со цел да се сокрие срамот за неуспешната Концепција која ја донесе нивната министерка, Мила Царовска. Владата секојдневно го засилува нелегалното работење и партизацијата на институциите со злоупотреба на моќ при што врши булинг и терор на цел еден народ. Што е многу многу е и доста е - рече на крајот Јаневска.

The post Јаневска: Директорот на ДПИ, Ферати е противправно поставен на функцијата, институциите да постапат за овој случај appeared first on Република.

]]>
Како се станува директор на ДПИ без никакво педагошко работно искуство? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-se-stanuva-direktor-na-dpi-bez-nikakvo-pedagoshko-rabotno-iskustvo/ Wed, 22 Mar 2023 12:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=622431

Закони има пазарџии, треба да се почитуваат! им нагласува професорката Весна Јаневска на властите, зошто на чело на Државниот просветен инсперкторат е поставен човек без никакво педагошко работно искуство иако тоа е противзаконско.

Директорот на Државниот просветен инсперкторат, по закон, го назначува министетот за образование и наука, во моментов Јетон Шакири. Назначен е господин Халит Фератов, кој по закон треба да има најмалку 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Господинов работел во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор и Служби за општи и заеднички работи на Влада, а сега е назначен за директор на ДПИ.
После ќе се прашуваме зошто ни образованиеѕо такво какво што е.
Пазар 3? Бетер. ЗАКОНИ ИМА ПАЗАРЏИИ! ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ!, пишува професорката.

The post Како се станува директор на ДПИ без никакво педагошко работно искуство? appeared first on Република.

]]>

Закони има пазарџии, треба да се почитуваат! им нагласува професорката Весна Јаневска на властите, зошто на чело на Државниот просветен инсперкторат е поставен човек без никакво педагошко работно искуство иако тоа е противзаконско.
Директорот на Државниот просветен инсперкторат, по закон, го назначува министетот за образование и наука, во моментов Јетон Шакири. Назначен е господин Халит Фератов, кој по закон треба да има најмалку 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Господинов работел во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор и Служби за општи и заеднички работи на Влада, а сега е назначен за директор на ДПИ. После ќе се прашуваме зошто ни образованиеѕо такво какво што е. Пазар 3? Бетер. ЗАКОНИ ИМА ПАЗАРЏИИ! ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ!, пишува професорката.

The post Како се станува директор на ДПИ без никакво педагошко работно искуство? appeared first on Република.

]]>