халил снопче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halil-snopche/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 08:14:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png халил снопче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halil-snopche/ 32 32 Таравари по изјавата на Снопче: Односите во Владата се коректни, треба почесто да се консултираме и да се синхронизираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-po-izjavata-na-snopche-odnosite-vo-vladata-se-korektni-treba-pochesto-da-se-konsultirame-i-da-se-sinhronizirame/ Wed, 25 Sep 2024 07:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=819431

Министерот за здравство и лидер на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, кој учествува на 79.Генералното собрание на ОН, изјави дека односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ, се коректни и дека оваа Влада ќе продолжи да функционира. Владата, вели тој, има подолгорочна стратегија, но потребна е почеста консултација и синхронизација меѓу партиите од власта.

Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, Таравари ова го кажа по вчерашните изјави на Халил Снопче дека Вреди ќе излезе од владината коалиција ако се изгласа законот за бранители и на премиерот Христијан Мицкоски кој му посака среќа на пратеникот доколку се случи тоа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/neka-mu-e-so-sreka-reche-mitskoski-za-izjavata-na-snopche-deka-ke-ja-napushtat-vladata-ako-se-donese-zakonot-za-braniteli/

Односите помеѓу Влен и ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека се доста коректни. На ниво на претседатели на партии. Нормално ние имаме структури сите партии Влен и ВМРО-ДПМНЕ. Можеби имало некаде и некое помало недоразбирање што не можам да кажам истото и за ЗНАМ и за Влен. Меѓутоа, повторно, ќе кажам односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Влен и ЗНАМ се коректни и ние се обидувавме да бидеме што посинхрони овие сто дена, меѓутоа некаде имало недоразбирања, некаде имало испади кои не биле координирани како што треба, затоа треба време за да се синхронизираме тотално и комплетно и тоа да се види и кај граѓаните. Меѓутоа, генерално можам да кажам дека очекувањата на граѓаните беа огромни од ова мнозинство, рече министерот за здравство.

Не можат, посочи Таравари, да се остварат сите предизборни ветувања само за сто дена. Има постојани дефокусирања од она што е испорачувано во овие сто дена посебно во албанскиот блок. Според него, направени се огромни работи.

Сепак ДУИ некако успеваше со сите ресурси што ги има и финансиски и човечки да не дефокусира комплетно од тоа што е сработено и да се занимаваме со комплетно маргинални теми, кои се толку небитни за луѓето. Ние штом направиме нешто, како Влада зборувам, утредента имаш веднаш некаков дефокус кој е се испорачува од ДУИ. Јас се надевам дека со тек на времето да инсистираме што повеќе да кажеме на јавноста и на граѓаните што сме сработеле овие први сто дена но и понатаму, рече Таравари.

Смета дека реакцијата на Снопче за законот за бранителите била, како што рече, како што треба, но се надева дека во владиното мнозинство ќе има координација и дека ќе се надмине „овој ситен проблем“.

Законот за бранители веќе пет пати е изгласан од 2002 година и ова е шести пат и неверувам дека ненамерно СДСМ оваа точка за бранителите прво ја испорача во февруари 2024 година кога ги разрешуваа двајцата министри Азири и Фатмир Меџити и втор пат сега токму кога беа важни точки на дневен ред во Собранието. Како вонредна точка го поставија и законот за бранители. Генерално, мислам дека кога нешто планираме да донесеме како Влада треба да бидеме синхронизирани и известени едни од други, така што и реакцијата на господинот Снопче беше во овој правец. Значи ние не сме известени, ние начелно сме против нешто да помине без да бидеме договорени меѓу нас. Реакцијата на Снопче беше како што треба и се надевам дека ќе имаме координација меѓу нас и ќе го поминеме и овој да речам ситен проблем што ДУИ се обидува заедно со СДСМ. Мислам дека се координирани да ставаат, да подметнуваат искри во функционирањето на коалицијата во владејачкото мнозинство, рече Таравари.

Во однос на балансерот и законот за јазици вели дека тие се во Уставниот суд повеќе од пет години и оти не верува дека токму сега Судот требало да ги актуелизира овие теми.

Само човек да биде малоумен па да верува дека баш сега во првите сто дена Уставниот суд треба да ги актуелизира овие две теми. Замислете пет години се барањата за балансерот и за употребата на албанскиот јазик, и баш сега се актуелизира и претседателот на Уставниот суд го става на дневен ред за да покаже дека ете треба нешто ново. Ние генерално сме усогласени и сме кажале дека треба закон за правична застапеност, не само на етничките заедници, туку правична застапеност на сите категории кои живеат во државата, така што ќе видиме со закон да го покриеме ова што се трга балансерот, вели Таравари.

Укажува дека сите политички партии се свесни за злоупотребата на балансерот и дека владејачко мнозинство ќе изнајде решение за да можат припадници на сите заедници да бидат застапени во институциите.

Партиите од коалицијата Вреди по локалните избори ќе одлучуваат дали ќе се спојат во една политичка партија.

Коалицијата Влен функционира меѓу себе. Идејата за спојување сме ја отвориле меѓу нас, меѓутоа има различни идеи. Едната е дека треба да функционираме како четири партии до локалните избори бидејќи така имаме четири ограноци на четири партии во сите градови, да не ни се случи ако се споиме од сега некаков негативен ефект врз ограноците. Идејата стои да се споиме после изборите. Меѓутоа повторно треба да седнеме заедно и после изборите треба да одлучиме како понатаму, вели Таравари.

Министерот за здравство во четврток ќе се обрати на Генералното собрание на ОН на Сесијата за резистентност на антибактериска терапија, а потоа заминува во Вашингтон во посета на два универзитета за да ја разгледа можноста за соработка на медицинските факултети.

Јас ќе ги кажам искуствата на Република Македонија и што е спроведено кај нас посебно после Ковид 19, рече Таравари.

The post Таравари по изјавата на Снопче: Односите во Владата се коректни, треба почесто да се консултираме и да се синхронизираме appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство и лидер на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, кој учествува на 79.Генералното собрание на ОН, изјави дека односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ, се коректни и дека оваа Влада ќе продолжи да функционира. Владата, вели тој, има подолгорочна стратегија, но потребна е почеста консултација и синхронизација меѓу партиите од власта. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, Таравари ова го кажа по вчерашните изјави на Халил Снопче дека Вреди ќе излезе од владината коалиција ако се изгласа законот за бранители и на премиерот Христијан Мицкоски кој му посака среќа на пратеникот доколку се случи тоа. https://republika.mk/vesti/makedonija/neka-mu-e-so-sreka-reche-mitskoski-za-izjavata-na-snopche-deka-ke-ja-napushtat-vladata-ako-se-donese-zakonot-za-braniteli/
Односите помеѓу Влен и ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека се доста коректни. На ниво на претседатели на партии. Нормално ние имаме структури сите партии Влен и ВМРО-ДПМНЕ. Можеби имало некаде и некое помало недоразбирање што не можам да кажам истото и за ЗНАМ и за Влен. Меѓутоа, повторно, ќе кажам односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Влен и ЗНАМ се коректни и ние се обидувавме да бидеме што посинхрони овие сто дена, меѓутоа некаде имало недоразбирања, некаде имало испади кои не биле координирани како што треба, затоа треба време за да се синхронизираме тотално и комплетно и тоа да се види и кај граѓаните. Меѓутоа, генерално можам да кажам дека очекувањата на граѓаните беа огромни од ова мнозинство, рече министерот за здравство.
Не можат, посочи Таравари, да се остварат сите предизборни ветувања само за сто дена. Има постојани дефокусирања од она што е испорачувано во овие сто дена посебно во албанскиот блок. Според него, направени се огромни работи.
Сепак ДУИ некако успеваше со сите ресурси што ги има и финансиски и човечки да не дефокусира комплетно од тоа што е сработено и да се занимаваме со комплетно маргинални теми, кои се толку небитни за луѓето. Ние штом направиме нешто, како Влада зборувам, утредента имаш веднаш некаков дефокус кој е се испорачува од ДУИ. Јас се надевам дека со тек на времето да инсистираме што повеќе да кажеме на јавноста и на граѓаните што сме сработеле овие први сто дена но и понатаму, рече Таравари.
Смета дека реакцијата на Снопче за законот за бранителите била, како што рече, како што треба, но се надева дека во владиното мнозинство ќе има координација и дека ќе се надмине „овој ситен проблем“.
Законот за бранители веќе пет пати е изгласан од 2002 година и ова е шести пат и неверувам дека ненамерно СДСМ оваа точка за бранителите прво ја испорача во февруари 2024 година кога ги разрешуваа двајцата министри Азири и Фатмир Меџити и втор пат сега токму кога беа важни точки на дневен ред во Собранието. Како вонредна точка го поставија и законот за бранители. Генерално, мислам дека кога нешто планираме да донесеме како Влада треба да бидеме синхронизирани и известени едни од други, така што и реакцијата на господинот Снопче беше во овој правец. Значи ние не сме известени, ние начелно сме против нешто да помине без да бидеме договорени меѓу нас. Реакцијата на Снопче беше како што треба и се надевам дека ќе имаме координација меѓу нас и ќе го поминеме и овој да речам ситен проблем што ДУИ се обидува заедно со СДСМ. Мислам дека се координирани да ставаат, да подметнуваат искри во функционирањето на коалицијата во владејачкото мнозинство, рече Таравари.
Во однос на балансерот и законот за јазици вели дека тие се во Уставниот суд повеќе од пет години и оти не верува дека токму сега Судот требало да ги актуелизира овие теми.
Само човек да биде малоумен па да верува дека баш сега во првите сто дена Уставниот суд треба да ги актуелизира овие две теми. Замислете пет години се барањата за балансерот и за употребата на албанскиот јазик, и баш сега се актуелизира и претседателот на Уставниот суд го става на дневен ред за да покаже дека ете треба нешто ново. Ние генерално сме усогласени и сме кажале дека треба закон за правична застапеност, не само на етничките заедници, туку правична застапеност на сите категории кои живеат во државата, така што ќе видиме со закон да го покриеме ова што се трга балансерот, вели Таравари.
Укажува дека сите политички партии се свесни за злоупотребата на балансерот и дека владејачко мнозинство ќе изнајде решение за да можат припадници на сите заедници да бидат застапени во институциите. Партиите од коалицијата Вреди по локалните избори ќе одлучуваат дали ќе се спојат во една политичка партија.
Коалицијата Влен функционира меѓу себе. Идејата за спојување сме ја отвориле меѓу нас, меѓутоа има различни идеи. Едната е дека треба да функционираме како четири партии до локалните избори бидејќи така имаме четири ограноци на четири партии во сите градови, да не ни се случи ако се споиме од сега некаков негативен ефект врз ограноците. Идејата стои да се споиме после изборите. Меѓутоа повторно треба да седнеме заедно и после изборите треба да одлучиме како понатаму, вели Таравари.
Министерот за здравство во четврток ќе се обрати на Генералното собрание на ОН на Сесијата за резистентност на антибактериска терапија, а потоа заминува во Вашингтон во посета на два универзитета за да ја разгледа можноста за соработка на медицинските факултети.
Јас ќе ги кажам искуствата на Република Македонија и што е спроведено кај нас посебно после Ковид 19, рече Таравари.

The post Таравари по изјавата на Снопче: Односите во Владата се коректни, треба почесто да се консултираме и да се синхронизираме appeared first on Република.

]]>
„Нека му е со среќа“: Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neka-mu-e-so-sreka-mitskoski-za-izjavata-na-snopche-deka-ke-ja-napushtat-vladata-ako-se-donese-zakonot-za-braniteli/ Tue, 24 Sep 2024 10:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=819237

Нека му е со среќа“.

Вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата.

Имено, пратеникот Снопче за Клик Плус изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.

Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.

Мицкоски присуствуваше на изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров, каде меѓудругото беше прашан за коментар за изјавата на Снопче.

The post „Нека му е со среќа“: Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители appeared first on Република.

]]>

Нека му е со среќа“.
Вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата. Имено, пратеникот Снопче за Клик Плус изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.
Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.
Мицкоски присуствуваше на изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров, каде меѓудругото беше прашан за коментар за изјавата на Снопче.

The post „Нека му е со среќа“: Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители appeared first on Република.

]]>
Хајредини за изјавата на Снопче дека новата влада ќе се гласа на 15 јуни: Следниот ден или ќе почне борба против криминалот и корупцијата или не доаѓај на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-za-izjavata-na-snopche-deka-novata-vlada-ke-se-glasa-na-15-juni-sledniot-den-ili-ke-pochne-borba-protiv-kriminalot-i-koruptsijata-ili-ne-doagaj-na-rabota/ Tue, 04 Jun 2024 16:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=784761

Професорот Џевдет Хајредини на Фејсбук ја искоментира изјавата на пратеникот Халил Снопче дека на 15 јуни ќе се бира владата на ВМРО-ДПМНЕ,ВЛЕН и ЗНАМ.

Следниот ден или ќе ја започнеш борбата против криминалот и корупцијата, или воопшто не оди на работа-предупредува Хајредини.

The post Хајредини за изјавата на Снопче дека новата влада ќе се гласа на 15 јуни: Следниот ден или ќе почне борба против криминалот и корупцијата или не доаѓај на работа appeared first on Република.

Снопче: Еден од главните приоритети на ВЛЕН е бескомпромисната борба против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/snopche-eden-od-glavnite-prioriteti-na-vlen-e-beskompromisnata-borba-protiv-koruptsijata/ Sat, 27 Apr 2024 18:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=771760

Кандидатот за пратеник од редовите на ВЛЕН, Халил Снопче денеска ги претстави 6-те важни точки од платформата на коалицијата ВЛЕН во процесот на дигитализација, според кои се причините да се гласа за коалицијата ВЛЕН.

Го имаме бројот 6, математички се смета за прв совршен број, затоа би презентирал 6 точки  зошто треба да се гласа за бројот 6 - нагласува Халил Снопче.

Првата точка е борбата против корупцијата, продолжување со модернизацијата на образованието и зголемувањето на економската конкуренција. Како почетна точка, Снопче става акцент на зголемување на транспарентноста и намалување на корупцијата во јавната администрација. Платформата ВЛЕН, според Снопче, ќе го поддржи образовниот процес да се дигитализира, што ќе биде тесно поврзано со другата точка за зголемување на економските инвестиции преку дигитализација.

Еден од главните приоритети на изборната програма на коалицијата ВЛЕН е бескомпромисната борба против корупцијата. Дигитализацијата на државата ќе ги реорганизира процесите, ќе ја зголеми транспарентноста и ќе ги намали можностите за корупција во јавната администрација, промовирајќи ја довербата и одговорноста кај граѓаните. Преку дигитализацијата на услугите ќе се минимизираат директните контакти на граѓаните со луѓето, а со тоа ќе се минимизираат и можностите за корупција. Дигитализацијата во образованието гарантира дека нашите студенти се опремени со потребните вештини за дигитална економија, усогласување на нашиот образовен систем со европските стандарди и зголемување на можностите за нашите млади луѓе. Со искористување на дигитализацијата, можеме да ја придвижиме нашата економија напред, правејќи ја поагилна, иновативна и конкурентна во регионот, привлекувајќи инвестиции и поттикнувајќи одржлив раст“. – нагласува Халил Снопче.

Како други важни точки, во областа на дигитализацијата ВЛЕН предвидува почиста животна средина, подобрување на услугите за граѓаните и промоција на иновациите и вработувањето на младите.

Дигитализацијата нуди решенија за подобрување на одржливоста на животната средина преку промовирање на процеси без хартија, намалување на отпадот и имплементирање на паметни технологии за поефикасно следење и управување со ресурсите. Дигитално вештите граѓани ќе имаат корист од лесниот пристап до владините услуги, намалувањето на бирократијата и зголемувањето на практичноста, што на крајот ќе го подобри нивното севкупно задоволство од владините услуги. Затоа, ќе инвестираме во бесплатни обуки за граѓаните за да можат да добиваат административни услуги од дома, без да одат на шалтери. Инвестициите во дигитализација и поддршка на стартапи ќе создадат плодна почва за иновации, претприемништво и отворање нови работни места, особено во корист на младите придонесувајќи за енергична и динамична работна сила во нашата земја“

The post Снопче: Еден од главните приоритети на ВЛЕН е бескомпромисната борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за пратеник од редовите на ВЛЕН, Халил Снопче денеска ги претстави 6-те важни точки од платформата на коалицијата ВЛЕН во процесот на дигитализација, според кои се причините да се гласа за коалицијата ВЛЕН. Го имаме бројот 6, математички се смета за прв совршен број, затоа би презентирал 6 точки  зошто треба да се гласа за бројот 6 - нагласува Халил Снопче. Првата точка е борбата против корупцијата, продолжување со модернизацијата на образованието и зголемувањето на економската конкуренција. Како почетна точка, Снопче става акцент на зголемување на транспарентноста и намалување на корупцијата во јавната администрација. Платформата ВЛЕН, според Снопче, ќе го поддржи образовниот процес да се дигитализира, што ќе биде тесно поврзано со другата точка за зголемување на економските инвестиции преку дигитализација. „Еден од главните приоритети на изборната програма на коалицијата ВЛЕН е бескомпромисната борба против корупцијата. Дигитализацијата на државата ќе ги реорганизира процесите, ќе ја зголеми транспарентноста и ќе ги намали можностите за корупција во јавната администрација, промовирајќи ја довербата и одговорноста кај граѓаните. Преку дигитализацијата на услугите ќе се минимизираат директните контакти на граѓаните со луѓето, а со тоа ќе се минимизираат и можностите за корупција. Дигитализацијата во образованието гарантира дека нашите студенти се опремени со потребните вештини за дигитална економија, усогласување на нашиот образовен систем со европските стандарди и зголемување на можностите за нашите млади луѓе. Со искористување на дигитализацијата, можеме да ја придвижиме нашата економија напред, правејќи ја поагилна, иновативна и конкурентна во регионот, привлекувајќи инвестиции и поттикнувајќи одржлив раст“. – нагласува Халил Снопче. Како други важни точки, во областа на дигитализацијата ВЛЕН предвидува почиста животна средина, подобрување на услугите за граѓаните и промоција на иновациите и вработувањето на младите. „Дигитализацијата нуди решенија за подобрување на одржливоста на животната средина преку промовирање на процеси без хартија, намалување на отпадот и имплементирање на паметни технологии за поефикасно следење и управување со ресурсите. Дигитално вештите граѓани ќе имаат корист од лесниот пристап до владините услуги, намалувањето на бирократијата и зголемувањето на практичноста, што на крајот ќе го подобри нивното севкупно задоволство од владините услуги. Затоа, ќе инвестираме во бесплатни обуки за граѓаните за да можат да добиваат административни услуги од дома, без да одат на шалтери. Инвестициите во дигитализација и поддршка на стартапи ќе создадат плодна почва за иновации, претприемништво и отворање нови работни места, особено во корист на младите придонесувајќи за енергична и динамична работна сила во нашата земја“

The post Снопче: Еден од главните приоритети на ВЛЕН е бескомпромисната борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Кој сака да им ги помеша лончињата: Снопче тврди дека АА не побарала разрешување на министри, Груби и СДСМ им правеле пуч https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-saka-da-im-gi-pomesha-lonchinata-snopche-tvrdi-deka-aa-ne-pobarala-razreshuvane-na-ministri-grubi-i-sdsm-im-pravele-puch/ Fri, 09 Feb 2024 13:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=742243

Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче, денеска во изјава за медиумите истакна дека партијата не побарала разрешување на министритe за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

Сакам да известам дека Алијансата за Албанците не побарала такво нешто од Владата, од господинот Талат Џафери како технички премиер на оваа Влада. Органите на АА стојат позади министрите Алиу и Меџити и Централното собрание и Претседателството. Тоа се докажа и сношти каде што од 29 членови на Претседателството 17 беа присутни и физички - рече тој.

Снопче изјави дека вчера донеле одлука за поддршка на повикот на Таравари на следните избори да коалицираат со албанската опозицијата.

Одлуката нема врска со нашето партнерство во оваа Влада. Ако се случи такво нешто, сакам да кажам дека ние немаме ниту една обврска кон договорите со оваа Влада и со СДСМ и со никој друг. Значи, тие сами решаваат да не’ избркаат од Владата, нешто слично како што се случи во 2017 година. Интересен факт е дека ова се случува под диригентска палка на Артан Груби и по се изгледа тие луѓе, нашите сопартијци што не се согласуваат со повикот на нашиот претседател на следните избори да одиме заедно со опозицијата значи преку Артан Груби сакаат да направат пуч во партијата и очигледно имаат избрано еден вршител на должност на претседател на таа група кој што е Артан Груби. Видовте, ние го споделивме со медиумите дописот на Артан Групи со директорите, вчера мислам дека ТВ 21 објави дека им наредува да не примаат никаква наредба од министерот Меџити се додека не се избере новиот наш министер. Значи, кој е тој наш министер што се избира? Значи, дали ДУИ ќе има двајца други министри. Значи, колку што има плус двајца - истакна Снопче.

Тоа не е барање на АА и уверувам дека СДСМ самоволно како во 2017 година ако се случи такво нешто значи се откажува соработката со АА и ние нема да имаме никаква обврска кон договорените работи со СДСМ, рече тој.

Според Снопче кадровска комисија нема ингеренции да предлага до Владата.

Кадровска комисија не може да предлага до Влада. Која е кадровската комисија? Ингеренциите на таа комисија се само да за да може да предложи до Претседателството на Алијансата за именување и разрешување на кадри. Нема никаква друга ингеренција. Затоа велам дека е извршен пуч. Порака до Ковачевски да внимава бидејќи ние не сме должни да почитуваме никаков договор со СДСМ и Владата - рече Снопче.

Тој додаде дека ниту Таравари, ниту, како што рече членовите на Централното собрание кои вчера застанале зад партискиот претседател утре нема да присуствуваат на Централното собрание закажано од Зијадин Села.

The post Кој сака да им ги помеша лончињата: Снопче тврди дека АА не побарала разрешување на министри, Груби и СДСМ им правеле пуч appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче, денеска во изјава за медиумите истакна дека партијата не побарала разрешување на министритe за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.
Сакам да известам дека Алијансата за Албанците не побарала такво нешто од Владата, од господинот Талат Џафери како технички премиер на оваа Влада. Органите на АА стојат позади министрите Алиу и Меџити и Централното собрание и Претседателството. Тоа се докажа и сношти каде што од 29 членови на Претседателството 17 беа присутни и физички - рече тој.
Снопче изјави дека вчера донеле одлука за поддршка на повикот на Таравари на следните избори да коалицираат со албанската опозицијата.
Одлуката нема врска со нашето партнерство во оваа Влада. Ако се случи такво нешто, сакам да кажам дека ние немаме ниту една обврска кон договорите со оваа Влада и со СДСМ и со никој друг. Значи, тие сами решаваат да не’ избркаат од Владата, нешто слично како што се случи во 2017 година. Интересен факт е дека ова се случува под диригентска палка на Артан Груби и по се изгледа тие луѓе, нашите сопартијци што не се согласуваат со повикот на нашиот претседател на следните избори да одиме заедно со опозицијата значи преку Артан Груби сакаат да направат пуч во партијата и очигледно имаат избрано еден вршител на должност на претседател на таа група кој што е Артан Груби. Видовте, ние го споделивме со медиумите дописот на Артан Групи со директорите, вчера мислам дека ТВ 21 објави дека им наредува да не примаат никаква наредба од министерот Меџити се додека не се избере новиот наш министер. Значи, кој е тој наш министер што се избира? Значи, дали ДУИ ќе има двајца други министри. Значи, колку што има плус двајца - истакна Снопче.
Тоа не е барање на АА и уверувам дека СДСМ самоволно како во 2017 година ако се случи такво нешто значи се откажува соработката со АА и ние нема да имаме никаква обврска кон договорените работи со СДСМ, рече тој. Според Снопче кадровска комисија нема ингеренции да предлага до Владата.
Кадровска комисија не може да предлага до Влада. Која е кадровската комисија? Ингеренциите на таа комисија се само да за да може да предложи до Претседателството на Алијансата за именување и разрешување на кадри. Нема никаква друга ингеренција. Затоа велам дека е извршен пуч. Порака до Ковачевски да внимава бидејќи ние не сме должни да почитуваме никаков договор со СДСМ и Владата - рече Снопче.
Тој додаде дека ниту Таравари, ниту, како што рече членовите на Централното собрание кои вчера застанале зад партискиот претседател утре нема да присуствуваат на Централното собрание закажано од Зијадин Села.

The post Кој сака да им ги помеша лончињата: Снопче тврди дека АА не побарала разрешување на министри, Груби и СДСМ им правеле пуч appeared first on Република.

]]>
Продолжува расправата во Собрание: Во Алијанса не се пишман за тоа што претходно го кажале за ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-raspravata-vo-sobranie-vo-alijansa-ne-se-pishman-za-toa-shto-prethodno-go-kazhale-za-dui/ Thu, 16 Feb 2023 08:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=609565

Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат  104-тата седница  на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците.

 По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива - Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

 За нови министри, премиерот ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од Алијансата за Албанците, и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

 На претходна седница Собранието ги констатираше оставките на министрите за правда и за животна средина и просторно планирање, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за правда и за здравство, Агим Нухиу и Владимир Рендевски.

 На дневен ред на 104. седница се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување заменици министри и Предлогот за именување заменици министри.

 На првиот ден од расправата, премиерот Димитар Ковачевски образложувајќи ја одлуката за реконструкција на Владата, истакна дека на државата и треба стабилно мнозинство кое ќе овозможи брз развој и напредок.

 Во изминатите три дена пратениците од власта  и опозицијата полемизираа за политиките на Владата, која за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  е  „Пазар 3 коалиција“ и „купи-продај Влада од денес за утре“.

Тие реагираа дека премиерот Ковачевски во експозето не образложил ни една причина за разрешување на министрите, туку зборувал „за европската интеграција и кочничарот ВМРО-ДПМНЕ“. Според опозиционерите, смената во ресорите што ги имаше Алтернатива е само трговија и затоа што „им поминала употребната вредност“.

За Алијанса за Албанците (АА), пак, која во Парламентот има осум пратеници, влезот во владејачката коалиција е поради европската иднина на државата.

На потсетувањата од опозициските пратеници какви биле ставовите на АА кон ДУИ, со која сега ќе бидат во коалиција,  пратеникот од АА Халил Снопче  рече дека „не се пишман“ за тоа што го кажале.

-Не сме пишман за тоа што сме кажале. Не умира нашата кауза, но ќе умре евроинтеграциската перспектива. А ова  е клучна година. Со нашето учество во Владата, ние даваме надеж за европската иднина на државата, рече Снопче

The post Продолжува расправата во Собрание: Во Алијанса не се пишман за тоа што претходно го кажале за ДУИ appeared first on Република.

]]>

Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат  104-тата седница  на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците.  По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива - Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.  За нови министри, премиерот ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од Алијансата за Албанците, и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.  На претходна седница Собранието ги констатираше оставките на министрите за правда и за животна средина и просторно планирање, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за правда и за здравство, Агим Нухиу и Владимир Рендевски.  На дневен ред на 104. седница се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување заменици министри и Предлогот за именување заменици министри.  На првиот ден од расправата, премиерот Димитар Ковачевски образложувајќи ја одлуката за реконструкција на Владата, истакна дека на државата и треба стабилно мнозинство кое ќе овозможи брз развој и напредок.  Во изминатите три дена пратениците од власта  и опозицијата полемизираа за политиките на Владата, која за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  е  „Пазар 3 коалиција“ и „купи-продај Влада од денес за утре“. Тие реагираа дека премиерот Ковачевски во експозето не образложил ни една причина за разрешување на министрите, туку зборувал „за европската интеграција и кочничарот ВМРО-ДПМНЕ“. Според опозиционерите, смената во ресорите што ги имаше Алтернатива е само трговија и затоа што „им поминала употребната вредност“. За Алијанса за Албанците (АА), пак, која во Парламентот има осум пратеници, влезот во владејачката коалиција е поради европската иднина на државата. На потсетувањата од опозициските пратеници какви биле ставовите на АА кон ДУИ, со која сега ќе бидат во коалиција,  пратеникот од АА Халил Снопче  рече дека „не се пишман“ за тоа што го кажале.
-Не сме пишман за тоа што сме кажале. Не умира нашата кауза, но ќе умре евроинтеграциската перспектива. А ова  е клучна година. Со нашето учество во Владата, ние даваме надеж за европската иднина на државата, рече Снопче

The post Продолжува расправата во Собрание: Во Алијанса не се пишман за тоа што претходно го кажале за ДУИ appeared first on Република.

]]>
Николоски до Снопче: Кога го молевте ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Таравари во Гостивар вака не зборувавте против ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-do-snopche-koga-go-molevte-vmro-dpmne-za-poddrshka-na-taravari-vo-gostivar-vaka-ne-zboruvavte-protiv-vmro-dpmne/ Mon, 13 Feb 2023 16:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=608535

Јас затоа зборувам за Арбен Таравари затоа што ви е претседател на партија,  откако на претходните избори добро го избојкотира Села со цел да доживеете катастрофа каква што доживеавте и да мора да си поднесува оставка, после тоа ја доби куќата на поклон и на крај влегува во влада. Тоа е траекторија која што мора да се знае и која што граѓаните мора да ја видат, му рече Александар Николоски пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албанците.

Николоски му порача на Снопче дека благодарение на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Таравари победил во општина Гостивар, додавајќи дека нелогично е што Таравари добива на поклон куќа во Скопје, а не во Гостивар, прашувајќи го дали ќе се смени Деталниот урбанистички план во Гостивар за да може Таравари каде што има парк заедно со неговиот братучед да гради згради.

Јас не се сеќавам дека ниту една од овие работи која што ја кажавте на господинот Таравари му сметаа на изборите во Гостивар кога не молеше да го поддржиме со цел да го победи Бејта на избори, иначе ќе изгубеше. Да не беа нашите гласови сега Невзат Бејта ќе беше градоначалник на Гостивар, немаше да е Арбен Таравари и затоа е нелогично што добива куќи на поклон во Скопје, а не во Гостивар, затоа што и самиот очигледно не верува во градот кој што го води, рече Николоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ova-e-vlada-na-kontinuitet-na-kriminalot-i-koruptsijata-doaga-krajot-na-ovaa-elita-potrebni-se-izbori/

Бонус прашање е дали ќе терате промена на ДУП со цел во паркот го Гостивар Арбен Таравари и братучед му да градат згради, го праша Николоски, пратеникот Снопче.

The post Николоски до Снопче: Кога го молевте ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Таравари во Гостивар вака не зборувавте против ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Јас затоа зборувам за Арбен Таравари затоа што ви е претседател на партија,  откако на претходните избори добро го избојкотира Села со цел да доживеете катастрофа каква што доживеавте и да мора да си поднесува оставка, после тоа ја доби куќата на поклон и на крај влегува во влада. Тоа е траекторија која што мора да се знае и која што граѓаните мора да ја видат, му рече Александар Николоски пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албанците. Николоски му порача на Снопче дека благодарение на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Таравари победил во општина Гостивар, додавајќи дека нелогично е што Таравари добива на поклон куќа во Скопје, а не во Гостивар, прашувајќи го дали ќе се смени Деталниот урбанистички план во Гостивар за да може Таравари каде што има парк заедно со неговиот братучед да гради згради.
Јас не се сеќавам дека ниту една од овие работи која што ја кажавте на господинот Таравари му сметаа на изборите во Гостивар кога не молеше да го поддржиме со цел да го победи Бејта на избори, иначе ќе изгубеше. Да не беа нашите гласови сега Невзат Бејта ќе беше градоначалник на Гостивар, немаше да е Арбен Таравари и затоа е нелогично што добива куќи на поклон во Скопје, а не во Гостивар, затоа што и самиот очигледно не верува во градот кој што го води, рече Николоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ova-e-vlada-na-kontinuitet-na-kriminalot-i-koruptsijata-doaga-krajot-na-ovaa-elita-potrebni-se-izbori/ Бонус прашање е дали ќе терате промена на ДУП со цел во паркот го Гостивар Арбен Таравари и братучед му да градат згради, го праша Николоски, пратеникот Снопче.

The post Николоски до Снопче: Кога го молевте ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Таравари во Гостивар вака не зборувавте против ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Снопче: Бујар Османи неколку пати славеше датум за преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/snopche-bujar-osmani-nekolku-pati-slaveshe-datum-za-pregovori-so-eu/ Mon, 27 Jun 2022 13:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=520341

Пратеникот на Алијанса за Албанците (АА), Халил Снопче смета дека недобивањето на датум за преговори со Европската Унија минатата недела, не е прв неуспех за Македонија. Тој во изјава за Лајм вели дека македонската дипломатија е поразена неколку пати во минатото, иако како што вели,функционери од земјава ги манипулираат граѓаните.

– Немам некоја оценка за улогата на Бујар Османи. Него ќе го оцени историјата. Ако се вратиме наназад, знаме дека неколку пати имавме помпезни најави дека датум за почеток на преговорите е добиен. Со тие фамозни селфи во авион, заедно со поранешниот премиер и поранешниот шеф на дипломатијата. Еднаш се изјавуваше дека датум ќе добиеме во јануари, после во јуни, на есен, на лето, но неколку пати не се успеа да се издејствува датум за почеток на преговорите, изјави Снопче.

The post Снопче: Бујар Османи неколку пати славеше датум за преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на Алијанса за Албанците (АА), Халил Снопче смета дека недобивањето на датум за преговори со Европската Унија минатата недела, не е прв неуспех за Македонија. Тој во изјава за Лајм вели дека македонската дипломатија е поразена неколку пати во минатото, иако како што вели,функционери од земјава ги манипулираат граѓаните. – Немам некоја оценка за улогата на Бујар Османи. Него ќе го оцени историјата. Ако се вратиме наназад, знаме дека неколку пати имавме помпезни најави дека датум за почеток на преговорите е добиен. Со тие фамозни селфи во авион, заедно со поранешниот премиер и поранешниот шеф на дипломатијата. Еднаш се изјавуваше дека датум ќе добиеме во јануари, после во јуни, на есен, на лето, но неколку пати не се успеа да се издејствува датум за почеток на преговорите, изјави Снопче.

The post Снопче: Бујар Османи неколку пати славеше датум за преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Снопче: Џафери е главниот блокатор на работата во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/snopche-dzaferi-e-glavniot-blokator-na-rabotata-vo-sobranieto/ Tue, 10 May 2022 19:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=500730

Халил Снопче од Алијанса за Албанците во емисијата 24 отворено рече дека како опозициона партијата дејствуваат да дојдат на власт.

- Се поставува важно прашање, кој е вистинскиот блокатор на Собранието, на работите кои се поврзани со правата и слободите на граѓаните. Тие права се гарантирани со уставото и во било која држаа, тие се неприкосновени. Зошто Џафери, за кој сметам дека е вистинскиот блокатор на работата на Парламентот, не дозволува расправа во Собранието за точки и за претставки на граѓаните кои сметаат дека нивните права се загрозени и кои се дискриминирани од институциите на системот, рече Снопче.

The post Снопче: Џафери е главниот блокатор на работата во Собранието appeared first on Република.

Снопче: Резерви за веродостојноста на пописот, ги анализираме резултатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/snopche-rezervi-za-verodostojnosta-na-popisot-gi-analizirame-rezultatite/ Wed, 30 Mar 2022 17:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=481086

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите, рече на денешната прес-конференција пратеникот Халил Снопче.

Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција, рече Снопче.

Додаде дека не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.

Неверодостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е светската банка и еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30% од граѓаните на Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении. Плус уште една работа што сакаме да ја изнесеме при овој случај е дека постои една контрадикција меѓу изјавите на претседателот на заводот за статистика, г. Симовски после завршувањето на пописот со соопштените резултати. Имено веднаш после завршувањето на пописот тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеке што се запишани после крајниот рок кој што беше 30 септември, рече Снопче.

The post Снопче: Резерви за веродостојноста на пописот, ги анализираме резултатите appeared first on Република.

]]>

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите, рече на денешната прес-конференција пратеникот Халил Снопче. Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција, рече Снопче. Додаде дека не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.