халил буфи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halil-bufi/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 11:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png халил буфи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/halil-bufi/ 32 32 Халил Буфи назначен за државен правобранител за Дебар и Центар Жупа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/halil-bufi-naznachen-za-drzhaven-pravobranitel-za-debar-i-tsentar-zhupa/ Sat, 27 Jan 2024 10:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=737431

По две и пол децении повторно е назначен државен правобранител во Дебар, кој во рамки на своите надлежности ќе ја покрива и општина Центар Жупа.

По предлог на Комисијата за именувања, за државен правобранител е именуван Халил Буфи, досегашен виш соработник на претседателот на Основниот суд во Дебар, со 17- годишно работно искуство во оваа судска институција.

Ова за мене е голема чест, но, секако и одговорност. Оваа институција во Дебар функционирала до 1998 година, по што надлежностите ги презема државниот правобранител од Струга. Враќањето на надлежностите во Дебар секако се добредојдени и за моите сограѓани, кои полесно и без многу мака ќе ги извршуваат своите потреби. Максимално ќе се залагам да ја оправдам довербата, вели Буфи за МИА.

Буфи (42) потекнува од позната дебарска фамилија на претставници на судската фела. Неговиот татко Ештреф Буфи, кој е познат судија во пензија, долги години беше претседател на Основниот суд во Дебар, како и прв човек на Апелацискиот суд во Гостивар. По неговите стапки оди и неговиот син Верон Буфи, кој е адвокат.

The post Халил Буфи назначен за државен правобранител за Дебар и Центар Жупа appeared first on Република.

]]>

По две и пол децении повторно е назначен државен правобранител во Дебар, кој во рамки на своите надлежности ќе ја покрива и општина Центар Жупа. По предлог на Комисијата за именувања, за државен правобранител е именуван Халил Буфи, досегашен виш соработник на претседателот на Основниот суд во Дебар, со 17- годишно работно искуство во оваа судска институција.