хакерски напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hakerski-napadi/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Sep 2023 15:31:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хакерски напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hakerski-napadi/ 32 32 МИА била цел на хакерски напади од Индија и Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mia-bila-tsel-na-hakerski-napadi-od-indija-i-kina/ Tue, 19 Sep 2023 15:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=683227

Македонската информативна агенција – МИА во текот на синоќешните и утринските часови била цел на хакерски напади што довело до повремени кратки прекини во објавите, информираа од Агенцијата.

Ангажираните ИТ експерти лоцираа дека нападите доаѓаат од Индија и Кина.

 

The post МИА била цел на хакерски напади од Индија и Кина appeared first on Република.

]]>

Македонската информативна агенција – МИА во текот на синоќешните и утринските часови била цел на хакерски напади што довело до повремени кратки прекини во објавите, информираа од Агенцијата. Ангажираните ИТ експерти лоцираа дека нападите доаѓаат од Индија и Кина.  

The post МИА била цел на хакерски напади од Индија и Кина appeared first on Република.

]]>
ФБИ: Албанија била нападната 14 месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fbi-albanija-bila-napadnata-14-meseci/ Sun, 25 Sep 2022 09:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=553991

ФБИ и Американската агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност објавија извештај за иранските кибернапади врз Владата на Албанија.

Според извештајот, хакерите биле присутни во албанскиот систем 14 месеци и вклучиле деструктивен „малвер“.

Гигантот за кибербезбедност „Мандиант“ за Албанијан пост“ истакна дека хакерите ги избришале владините податоци од системот, што албанската влада претходно го демантираше и ја информираше јавноста дека податоците не се избришани, бидејќи системот не функционира така и ги чува сите документи.

Шефот на анализата за кибершпионажа на „Мандиант“, Бенџамин Рид, чиј тим следи и известува за шпионски групи од Кина, Русија, Северна Кореја и многу други земји, објасни дека во извештајот на ФБИ се споменува „голема количина на податоци што биле избришани од владината мрежа. ”

Рид нагласи дека е тешко да се каже колкав бил целокупниот обем на нападот.

„Врз основа на она што го кажува извештајот, јасно се сугерира дека напаѓачите имале пристап до голем дел од мрежата“, рече Рид.

Како што пренесуваат албанските медиуми, според анализите на најдобрите експерти на „Мандиант“ нема сомнеж дека имало масовно бришење на податоци.

The post ФБИ: Албанија била нападната 14 месеци appeared first on Република.

]]>

ФБИ и Американската агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност објавија извештај за иранските кибернапади врз Владата на Албанија. Според извештајот, хакерите биле присутни во албанскиот систем 14 месеци и вклучиле деструктивен „малвер“. Гигантот за кибербезбедност „Мандиант“ за Албанијан пост“ истакна дека хакерите ги избришале владините податоци од системот, што албанската влада претходно го демантираше и ја информираше јавноста дека податоците не се избришани, бидејќи системот не функционира така и ги чува сите документи. Шефот на анализата за кибершпионажа на „Мандиант“, Бенџамин Рид, чиј тим следи и известува за шпионски групи од Кина, Русија, Северна Кореја и многу други земји, објасни дека во извештајот на ФБИ се споменува „голема количина на податоци што биле избришани од владината мрежа. ” Рид нагласи дека е тешко да се каже колкав бил целокупниот обем на нападот. „Врз основа на она што го кажува извештајот, јасно се сугерира дека напаѓачите имале пристап до голем дел од мрежата“, рече Рид. Како што пренесуваат албанските медиуми, според анализите на најдобрите експерти на „Мандиант“ нема сомнеж дека имало масовно бришење на податоци.

The post ФБИ: Албанија била нападната 14 месеци appeared first on Република.

]]>
Два хакерски напади го урнаа сајтот на Министерството за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dva-hakerski-napadi-go-urnaa-sajtot-na-ministerstvoto-za-obrazovanie/ Sat, 10 Sep 2022 16:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=549502

Хакерски напади го урнаа сајтот на Министерството за образование. Интернет страната на МОН е недостапна од синоќа, откако сајбер напаѓачите успеале да се пробијат низ безбедносните протоколи.

Официјална потврда нема, но според информации на Сител, веб страната ја презеле бугарски и грчки хакери во два одделни напада, кои се заканиле дека ќе објават сензитивни податоци од базата на МОН.

Случајот е веднаш пријавен во надлежните институции, а интернет страната на МОН е исклучена. Од Министерството се децидни - нема место за загриженост, ниту се пробиени бази на податоци како што се шпекулира.

„МОН е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана. Нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер“

Дека нема простор за загриженост сугерираат и експертите за сајбер безбедност кои се запознаени со случајот.

Што се однесува до едниот од сајбер нападите, тој е извршен од хакерска група од Грција која себеси се нарекува “Netwatchers”, чии припадници по влезот на страната на МОН, го поставиле своето лого на неколку места на сајтот.

Освен профил на социјалната мрежа Инстаграм кој е заклучен, за оваа хакерска група од Грција нема други податоци на интернет.

Според Симеонов, Македонија не обрнува многу внимание на сајбер безбедност.

Последниот хакерски напад на МОН е само еден од низата кои се случија во изминатиот период. Претходно цел на хаекрите беа УКИМ, Државниот завод за статистика, ДИК, но и Бирото за јавни набавки.

The post Два хакерски напади го урнаа сајтот на Министерството за образование appeared first on Република.

]]>

Хакерски напади го урнаа сајтот на Министерството за образование. Интернет страната на МОН е недостапна од синоќа, откако сајбер напаѓачите успеале да се пробијат низ безбедносните протоколи. Официјална потврда нема, но според информации на Сител, веб страната ја презеле бугарски и грчки хакери во два одделни напада, кои се заканиле дека ќе објават сензитивни податоци од базата на МОН. Случајот е веднаш пријавен во надлежните институции, а интернет страната на МОН е исклучена. Од Министерството се децидни - нема место за загриженост, ниту се пробиени бази на податоци како што се шпекулира. „МОН е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана. Нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер“ Дека нема простор за загриженост сугерираат и експертите за сајбер безбедност кои се запознаени со случајот. Што се однесува до едниот од сајбер нападите, тој е извршен од хакерска група од Грција која себеси се нарекува “Netwatchers”, чии припадници по влезот на страната на МОН, го поставиле своето лого на неколку места на сајтот. Освен профил на социјалната мрежа Инстаграм кој е заклучен, за оваа хакерска група од Грција нема други податоци на интернет. Според Симеонов, Македонија не обрнува многу внимание на сајбер безбедност. Последниот хакерски напад на МОН е само еден од низата кои се случија во изминатиот период. Претходно цел на хаекрите беа УКИМ, Државниот завод за статистика, ДИК, но и Бирото за јавни набавки.

The post Два хакерски напади го урнаа сајтот на Министерството за образование appeared first on Република.

]]>
Сајтовите на Кремљ, Думата, банки, медиуми: Анонимуси хакирале над 300 руски интернет страници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sajtovite-na-kremlj-dumata-banki-mediumi-anonimusi-hakirale-nad-300-ruski-internet-stranici/ Sun, 27 Feb 2022 10:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=464625

Глобалната хакерска група Анонимуси во рок од 48 час хакирале повеќе од 300 руски интернет страници, вклучувајќи ги и сајтовите на Кремљ, руската Дума, банки и медиуми.

Од Анонимуси велат дека дел од нив и во моментов се офјалн.

https://twitter.com/YourAnonNews/status/1497574730282541060?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497574730282541060%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3880785%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-pao-harkov-ruska-vojska-usla-u-grad-posle-stravicnog-raketiranja

The post Сајтовите на Кремљ, Думата, банки, медиуми: Анонимуси хакирале над 300 руски интернет страници appeared first on Република.

]]>

Глобалната хакерска група Анонимуси во рок од 48 час хакирале повеќе од 300 руски интернет страници, вклучувајќи ги и сајтовите на Кремљ, руската Дума, банки и медиуми. Од Анонимуси велат дека дел од нив и во моментов се офјалн. https://twitter.com/YourAnonNews/status/1497574730282541060?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497574730282541060%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3880785%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-pao-harkov-ruska-vojska-usla-u-grad-posle-stravicnog-raketiranja

The post Сајтовите на Кремљ, Думата, банки, медиуми: Анонимуси хакирале над 300 руски интернет страници appeared first on Република.

]]>
Поради хакерски напади недостапни сајтовите на украинската Влада и Министерството за надворешни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-hakerski-napadi-nedostapni-sajtovite-na-ukrainskata-vlada-i-ministerstvoto-za-nadvoreshni/ Wed, 23 Feb 2022 17:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=462634

Неколку интернет страници на украински државни органи, вклучувајќи ги и страниците на владата и Министерството за надворешни работи, се недостапни.

Британските медиуми пренесоа дека украинските власти неделава веќе соопштиле дека забележале онлајн предупредувања дека хакери подготвуваат напади од поголеми размери врз владините агенции, банки и одбранбениот сектор.

Во екот на кризата во и околу Украина, Киев ја обвинува Москва за кибер напади, додека Русија ги отфрла ваквите обвинувања.

The post Поради хакерски напади недостапни сајтовите на украинската Влада и Министерството за надворешни appeared first on Република.

]]>

Неколку интернет страници на украински државни органи, вклучувајќи ги и страниците на владата и Министерството за надворешни работи, се недостапни. Британските медиуми пренесоа дека украинските власти неделава веќе соопштиле дека забележале онлајн предупредувања дека хакери подготвуваат напади од поголеми размери врз владините агенции, банки и одбранбениот сектор. Во екот на кризата во и околу Украина, Киев ја обвинува Москва за кибер напади, додека Русија ги отфрла ваквите обвинувања.

The post Поради хакерски напади недостапни сајтовите на украинската Влада и Министерството за надворешни appeared first on Република.

]]>