хакерски напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hakerski-napad/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 07:41:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хакерски напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hakerski-napad/ 32 32 Изборниот штаб на Трамп бил хакиран, сомненијата водат кон Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izborniot-shtab-na-tramp-bil-hakiran-somnenijata-vodat-kon-iran/ Sun, 11 Aug 2024 07:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=805344

Изборниот штаб на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека дел од неговите внатрешни комуникации биле хакирани. За ваквиот кибер нападот штабот на Трамп го обвини Иран.

Тимот на Трамп не обезбеди директни докази за нивните тврдења, но потсети на непријателството меѓу поранешниот американски претседател и официјален Техеран во минатото.

Изборниот штаб на Трамп го издаде соопштението откако информативната веб-страница „Политико“ објави дека почнала да прима мејлови со внатрешни документи за кампањата од анонимна сметка.

Овие документи се незаконски добиени од странски извори непријателски настроени кон САД, со намера да се мешаат во изборите во 2024 година и да направат хаос во нашиот демократски процес“, се вели во текстот.

Тимот на Трамп вчера цитираше соопштение од претставници на „Мајкрософт“ дека хакери поврзани со иранските власти се обиделе во јуни да упаднат во профилот на висок претставник на предизборниот штаб на САД. Американскиот софтверски гигант не го откри идентитетот на човекот.

Иранците знаат дека претседателот Трамп ќе стави крај на нивното владеење на терор исто како што тоа го правеше во првите четири години во Белата куќа“, соопштија од тимот на републиканецот.

The post Изборниот штаб на Трамп бил хакиран, сомненијата водат кон Иран appeared first on Република.

]]>

Изборниот штаб на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека дел од неговите внатрешни комуникации биле хакирани. За ваквиот кибер нападот штабот на Трамп го обвини Иран. Тимот на Трамп не обезбеди директни докази за нивните тврдења, но потсети на непријателството меѓу поранешниот американски претседател и официјален Техеран во минатото. Изборниот штаб на Трамп го издаде соопштението откако информативната веб-страница „Политико“ објави дека почнала да прима мејлови со внатрешни документи за кампањата од анонимна сметка.
Овие документи се незаконски добиени од странски извори непријателски настроени кон САД, со намера да се мешаат во изборите во 2024 година и да направат хаос во нашиот демократски процес“, се вели во текстот.
Тимот на Трамп вчера цитираше соопштение од претставници на „Мајкрософт“ дека хакери поврзани со иранските власти се обиделе во јуни да упаднат во профилот на висок претставник на предизборниот штаб на САД. Американскиот софтверски гигант не го откри идентитетот на човекот.
Иранците знаат дека претседателот Трамп ќе стави крај на нивното владеење на терор исто како што тоа го правеше во првите четири години во Белата куќа“, соопштија од тимот на републиканецот.

The post Изборниот штаб на Трамп бил хакиран, сомненијата водат кон Иран appeared first on Република.

]]>
Хакерски напад врз ИТ системот на аеродромот во Сплит https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/hakerski-napad-vrz-it-sistemot-na-aerodromot-vo-split/ Tue, 23 Jul 2024 08:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=799441

Помошникот на директорот на сплитскиот аеродром Перо Билас денеска изјави дека ИТ системот на аеродромот синоќа бил нападнат од хакери.

Причината за вчерашното нефункционирање на ИТ системот на аеродромот Св. Јеорним е хакерски напад, рече Билас. Тој нагласи дека во тој настан се вклучени сите надлежни служби. Стручните служби интензивно работат на отстранување на последиците од овој напад. Во контакт сме со сите авиокомпании и заедно бараме алтернативни решенија. Ги молиме сите патници за трпение, рече Билас.

Нападот бил извршен синоќа околу 19:30 часот и притоа не функционирал системот за одобрување полетувања и слетувања на аеродромот. Ситуацијата почна да се нормализира околу 22 часот и 30 минути.

The post Хакерски напад врз ИТ системот на аеродромот во Сплит appeared first on Република.

Голем хакерски напад врз германската опозициска партија ЦДУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golem-hakerski-napad-vrz-germanskata-opozitsiska-partija-tsdu/ Sat, 01 Jun 2024 15:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=783914

Хакери извршија голем напад врз германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија(ЦДУ) , потврди денеска германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.

Министерството не даде дополнителни информации за обемот или природата на нападот, што во моментов го истражува германската безбедносна служба- Канцеларијата за заштита на Уставот.

Меѓутоа, природата на нападот укажува на многу професионален актер, рече портпаролот на МВР, пренесува германската агенција.

Според извори блиски до германската Влада, пренесува ДПА, инцидентот, што се случува на една недела пред изборите за Европскиот парламент, е сфатен многу сериозно.

Министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, наводно била во контакт со лидерот на партијата ЦДУ Фридрих Мерц.

ЦДУ, партијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, соопшти дека тесно соработува со германските безбедносни власти и други надворешни експерти.

Сојузната канцеларија за заштита на Уставот денеска треба да издаде предупредување до сите партии во германскиот Парламент“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

-Нашите безбедносни власти ги засилија сите заштитни мерки против дигитални и хибридни закани и обезбедуваат информации за опасностите. Уште еднаш гледаме колку е тоа неопходно, особено пред изборите, додаде тој.

Минатата година и германската владејачка Социјалдемократска партија (СПД) беше жртва на кибер напад, кога и беа хакирани адресите на е-поштата. Владата тогаш за хакирањето ја обвини руската воена разузнавачка единица (ГРУ) и повика висок руски дипломат во Министерството за надворешни работи во Берлин.

The post Голем хакерски напад врз германската опозициска партија ЦДУ appeared first on Република.

]]>

Хакери извршија голем напад врз германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија(ЦДУ) , потврди денеска германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. Министерството не даде дополнителни информации за обемот или природата на нападот, што во моментов го истражува германската безбедносна служба- Канцеларијата за заштита на Уставот.
Меѓутоа, природата на нападот укажува на многу професионален актер, рече портпаролот на МВР, пренесува германската агенција.
Според извори блиски до германската Влада, пренесува ДПА, инцидентот, што се случува на една недела пред изборите за Европскиот парламент, е сфатен многу сериозно. Министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, наводно била во контакт со лидерот на партијата ЦДУ Фридрих Мерц. ЦДУ, партијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, соопшти дека тесно соработува со германските безбедносни власти и други надворешни експерти.
Сојузната канцеларија за заштита на Уставот денеска треба да издаде предупредување до сите партии во германскиот Парламент“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
-Нашите безбедносни власти ги засилија сите заштитни мерки против дигитални и хибридни закани и обезбедуваат информации за опасностите. Уште еднаш гледаме колку е тоа неопходно, особено пред изборите, додаде тој. Минатата година и германската владејачка Социјалдемократска партија (СПД) беше жртва на кибер напад, кога и беа хакирани адресите на е-поштата. Владата тогаш за хакирањето ја обвини руската воена разузнавачка единица (ГРУ) и повика висок руски дипломат во Министерството за надворешни работи во Берлин.

The post Голем хакерски напад врз германската опозициска партија ЦДУ appeared first on Република.

]]>
Швајцарската федерална администрација мета на хакерски напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajtsarskata-federalna-administratsija-meta-na-hakerski-napad/ Mon, 12 Jun 2023 10:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=650435

Швајцарската федерална администрација денеска беше цел на кибер-напад поради што официјалните мрежи и страниците на компаниите поврзани со неа беа недостапни, соопшти владата.

Одговорноста за нападот познат како напад со дистрибуирано одбивање на услуга (DDoS), кој го оневозможува пристапот до веб-страниците преплавувајќи ги со барања за пристап, ја презеде групата „No name“, која изврши сличен напад на веб-страницата на швајцарскиот Парламент минатата недела, се додава во соопштението.

Националниот центар за кибер безбедност спроведува истрага, но во соопштението се уште нема подетални информации за хакерите на групата „No name“.

Центарот „го анализира нападот заедно со засегнатите административни служби и ги утврдува потребните мерки“, нагласуваат надлежните, додавајќи дека во DDoS нападите не се губат податоци.

На почетокот на јуни, швајцарските власти соопштија дека истражуваат втор информатички напад врз давател на услуги чии клиенти вклучуваат многу федерални и кантонални министерства, вклучително и армијата и федералната полиција.

Тој напад на хакерската група PLAY беше насочен против компанијата Xplain AG, швајцарска компанија специјализирана за ИТ решенија во областа на внатрешната безбедност.

И два швајцарски весници, CH Media и NZZ, неодамна беа жртви на нападите на PLAY.

The post Швајцарската федерална администрација мета на хакерски напад appeared first on Република.

]]>

Швајцарската федерална администрација денеска беше цел на кибер-напад поради што официјалните мрежи и страниците на компаниите поврзани со неа беа недостапни, соопшти владата. Одговорноста за нападот познат како напад со дистрибуирано одбивање на услуга (DDoS), кој го оневозможува пристапот до веб-страниците преплавувајќи ги со барања за пристап, ја презеде групата „No name“, која изврши сличен напад на веб-страницата на швајцарскиот Парламент минатата недела, се додава во соопштението. Националниот центар за кибер безбедност спроведува истрага, но во соопштението се уште нема подетални информации за хакерите на групата „No name“. Центарот „го анализира нападот заедно со засегнатите административни служби и ги утврдува потребните мерки“, нагласуваат надлежните, додавајќи дека во DDoS нападите не се губат податоци. На почетокот на јуни, швајцарските власти соопштија дека истражуваат втор информатички напад врз давател на услуги чии клиенти вклучуваат многу федерални и кантонални министерства, вклучително и армијата и федералната полиција. Тој напад на хакерската група PLAY беше насочен против компанијата Xplain AG, швајцарска компанија специјализирана за ИТ решенија во областа на внатрешната безбедност. И два швајцарски весници, CH Media и NZZ, неодамна беа жртви на нападите на PLAY.

The post Швајцарската федерална администрација мета на хакерски напад appeared first on Република.

]]>
Хакерски напад во АЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hakerski-napad-vo-aek/ Thu, 13 Apr 2023 16:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=630675

Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, пишува „Мета.мк“. Нападот бил потврден и од МВР.

„Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, рекле од МВР

Директорот на Агенцијата, Јетон Акику потврдил дека имало „мал инцидент“ и дека во моментов се подигаат нови сервери.

Според информациите, Акику објаснил дека до крајот на денот ќе испрати детални одговори за настанатата ситуација.

Агенцијата за електронски комуникации е регулатор на пазарот за електронски комуникации кои ги вклучува двата најголеми мобилни оператори, Македонски Телеком и А1 Македонија, како и давателите на услуги за фиксна телефонија, кабелска телевизија и интернет.

Дел од податоците кои ги собира АЕК, а кои содржат лични податоци се и оние за сите корисници кои имаат извршено промена на телефонски број од еден оператор на друг.

The post Хакерски напад во АЕК appeared first on Република.

]]>

Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, пишува „Мета.мк“. Нападот бил потврден и од МВР.
„Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, рекле од МВР
Директорот на Агенцијата, Јетон Акику потврдил дека имало „мал инцидент“ и дека во моментов се подигаат нови сервери. Според информациите, Акику објаснил дека до крајот на денот ќе испрати детални одговори за настанатата ситуација. Агенцијата за електронски комуникации е регулатор на пазарот за електронски комуникации кои ги вклучува двата најголеми мобилни оператори, Македонски Телеком и А1 Македонија, како и давателите на услуги за фиксна телефонија, кабелска телевизија и интернет. Дел од податоците кои ги собира АЕК, а кои содржат лични податоци се и оние за сите корисници кои имаат извршено промена на телефонски број од еден оператор на друг.

The post Хакерски напад во АЕК appeared first on Република.

]]>
Хакери бараат 4,5 милиони долари од клиника во Барселона за да не објават податоци за нивни пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-od-klinika-vo-barselona-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-nivni-patsienti/ Fri, 10 Mar 2023 18:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=618270

Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакирала клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите.

Владините претставници соопштија дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција - Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат објавени, пишува шпанска „Лавангардија“.

Од Мосос наведуваат дека ќе се обидат да спречат ширење информации на „темната мрежа“ (dark web), но признаваат дека ќе биде тешко.

Поради заканата, клиниката откажала повеќе од 4.000 тестирања на амбулантските пациенти, повеќе од 300 операции и повеќе од 11.000 амбулантски посети, додека околните болници го презеле лекувањето со радиотерапија на пациентите со карцином во прв стадиум.

Во клиниката и натаму се се прави рачно поради нападот и оттаму се надеваат дека до понеделник или вторник ќе се воспостави нормално функционирање.

Во меѓувреме, повеќе од 200 компјутери за вонредни ситуации се инсталирани за да се обезбеди пристап до клиничката документација на пациентите, а 15 отсто од дигиталните системи се обновени.

Во Каталонија минатата година се случиле 600 софтверски напади, главно мали сајбер-измами, што претставува само еден процент од сајбер криминалот.

Според полицискиот вештак, истрагата за овој вид криминал ја отежнува и фактот дека се случува од странство, а шансите да се фатат криминалците се мали.

Ако мораме да одиме на другата страна на светот да ги бараме овие господа, ќе го направиме тоа. Комплицирана работа е што тие поминуваат од земја во земја кога ќе ги лоцираме“, изјави шефот на каталонската полиција.

The post Хакери бараат 4,5 милиони долари од клиника во Барселона за да не објават податоци за нивни пациенти appeared first on Република.

]]>

Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакирала клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите. Владините претставници соопштија дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција - Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат објавени, пишува шпанска „Лавангардија“. Од Мосос наведуваат дека ќе се обидат да спречат ширење информации на „темната мрежа“ (dark web), но признаваат дека ќе биде тешко. Поради заканата, клиниката откажала повеќе од 4.000 тестирања на амбулантските пациенти, повеќе од 300 операции и повеќе од 11.000 амбулантски посети, додека околните болници го презеле лекувањето со радиотерапија на пациентите со карцином во прв стадиум. Во клиниката и натаму се се прави рачно поради нападот и оттаму се надеваат дека до понеделник или вторник ќе се воспостави нормално функционирање. Во меѓувреме, повеќе од 200 компјутери за вонредни ситуации се инсталирани за да се обезбеди пристап до клиничката документација на пациентите, а 15 отсто од дигиталните системи се обновени. Во Каталонија минатата година се случиле 600 софтверски напади, главно мали сајбер-измами, што претставува само еден процент од сајбер криминалот. Според полицискиот вештак, истрагата за овој вид криминал ја отежнува и фактот дека се случува од странство, а шансите да се фатат криминалците се мали.
Ако мораме да одиме на другата страна на светот да ги бараме овие господа, ќе го направиме тоа. Комплицирана работа е што тие поминуваат од земја во земја кога ќе ги лоцираме“, изјави шефот на каталонската полиција.

The post Хакери бараат 4,5 милиони долари од клиника во Барселона за да не објават податоци за нивни пациенти appeared first on Република.

]]>
Нападот беше насочен само на системите во кои спаѓаат виртуелни системи, но не и на податоците на граѓаните, вели директорката на ФЗО за хакерскиот напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napadot-beshe-nasochen-samo-na-sistemite-vo-koi-spagaat-virtuelni-sistemi-no-ne-i-na-podatotsite-na-graganite-veli-direktorkata-na-fzo-za-hakerskiot-napad/ Wed, 22 Feb 2023 14:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=611984

Директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашкоска гарантира дека за време на хакерскиот напад на институцијата немало манипулација со матичните броеви на корисниците и дека податоците цело време биле безбедни.

Здравствените и личните податоци се безбедни и граѓаните непречено може да си ги остваруваат сите свои права. Системите на Фондот се вратени речиси во нормала. Податоците се безбедни и биле безбедни. Нападот беше насочен само на системите во кои спаѓаат виртуелни системи, но не и на податоците. Податоците од граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи со голо око без поврзување на апликативниот сервер кој во нашиот случај не беа афектирани во сегашниот напад. Се работи за виртуелни сервери на Фондот кои се лоцирани во рамки на интерниот дата центар, рече Филиповска Грашкоска на денешната средба со новинарите и додаде дека од Фондот имаат пристап до податоците и оти нападот бил насочен кон серверите и апликациите.

Нагласи дека од страна на Фондот е преземено се што може да се преземе за да се заштитат од можни нови напади.

Наскоро откако ќе се стабилизира овој систем ние треба да извршиме миграција на клауд-систем којшто ќе обезбеди примарна и секундарна локација, дизастар рикавери комуникејшн. Дополнително во тек е итна постапка и на офлајн бекап, тоа е тој систем со ленти. По информациите коишто јас ги добивам од ИТ-експертите, инсталирани се потребни антивирусни заштитни потребни фајлови, соодветни софтвери за бекап, значи, се е тоа преземено, но секако во најскор можен период ќе се изврши и миграцијата на клауд што ќе биде и дополнителна заштита, рече Филиповска Грашкоска и додаде дека системот на ФЗО и претходно ги имаше сите овие заштити – антивирусна и фаервол заштита.

Прашана кој е одговорен и дали чувствува лична одговорност и колку пари бараа хакерите за да го одблокираат системот, директорката на ФЗО рече дека е отворена истрага и оти истрагата ќе утврди кој е точно одговорен за хакерскиот напад на институцијата.

Отворена е истрага, тоа е предмет на истрага. Има прелиминарна анализа направено, меѓутоа и таа е вклучена во истрагата. Сите овие прашања ќе бидат одговорени по завршување на истрагата. За себе лично можам да кажам дека од првиот момент откако сум влезена во оваа институција максимално се заложувам, ги давам сите напори за да се обезбеди што е можно подобра услуга за граѓаните. И во овие две недели и јас и сите колеги овде максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот што е решен за толку брзо време покажува дека ние си ја вршиме работата како што треба, рече Филиповска Грашкоска.

За евентуалната одговорност на нејзиниот колега Фатон Ахмети кој е на одмор рече дека треба него лично да го прашаат.

Тоа прашање ќе треба да го упатите до него. Колегата Ватон користи годишен одмор со решение кое што е уште пред да се случи инцидентот. Известен е за се. Сметам дека би било непрофесионално и некоректно јас да коментирам во негово име. Ве молам овие прашања упатете ги до него. Колегата беше известен за целата ситуација, беше известен и за денешниот брифинг. Согласно решението тој е се уште на одмор, потенцира Филиповска Грашкоска.

Како што кажа, на 6 февруари во Фондот е забележан технички проблем поради кој се исклучени сите системи и е повикан тим за првична дијагностика. Инцидентот веднаш е пријавен во МВР, а од таму добиле информација дека е пријавен во Основното јавно обвинителство кое веќе почнало истрага.

The post Нападот беше насочен само на системите во кои спаѓаат виртуелни системи, но не и на податоците на граѓаните, вели директорката на ФЗО за хакерскиот напад appeared first on Република.

Директорката на ФЗО не гледа одговорност кај себе за сајбер-нападот, не кажа колку пари барале хакерите и дали е платено https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/direktorkata-na-fzo-ne-gleda-odgovornost-kaj-sebe-za-sajber-napadot-ne-kazha-kolku-pari-barale-hakerite-i-dali-e-plateno/ Wed, 22 Feb 2023 14:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=611965

Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот. Прашана колку пари бараа хакерите, Филиповска-Грашкоска рече „сите прашања се предмет на истрага“.

Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот си бил на одмор кој не го прекинал по падот на системот. Според Филиповска-Грашкоска, истрагата ќе покаже кој е виновен.

Од прв момент кога сум влезена во институцијава давам напори за се подобра услуга за граѓаните“, рече Грашковска, па беше потсетена на прашањето за моралната одговорност таа додаде: „Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“.

Филиповска-Грашкоска не сакаше да го коментира одморот на другиот директор на Фондот, Фатон Ахмети. Таа побара новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.

Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата беше известен за ситуацијата и брифингот, согласно решението, тој е се уште на одмор“, додаде Филиповска-Грашкоска.

The post Директорката на ФЗО не гледа одговорност кај себе за сајбер-нападот, не кажа колку пари барале хакерите и дали е платено appeared first on Република.

]]>

Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот. Прашана колку пари бараа хакерите, Филиповска-Грашкоска рече „сите прашања се предмет на истрага“. Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот си бил на одмор кој не го прекинал по падот на системот. Според Филиповска-Грашкоска, истрагата ќе покаже кој е виновен.
Од прв момент кога сум влезена во институцијава давам напори за се подобра услуга за граѓаните“, рече Грашковска, па беше потсетена на прашањето за моралната одговорност таа додаде: „Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“.
Филиповска-Грашкоска не сакаше да го коментира одморот на другиот директор на Фондот, Фатон Ахмети. Таа побара новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.
Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата беше известен за ситуацијата и брифингот, согласно решението, тој е се уште на одмор“, додаде Филиповска-Грашкоска.
 
The post Директорката на ФЗО не гледа одговорност кај себе за сајбер-нападот, не кажа колку пари барале хакерите и дали е платено appeared first on Република.

]]>
Симов: Нарушена е достапноста на информациониот систем на ФЗОМ, очигледно е дека нападот е подготвуван подолго https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/simov-narushena-e-dostapnosta-na-informatsioniot-sistem-na-fzom-ochigledno-e-deka-napadot-e-podgotvuvan-podolgo/ Mon, 20 Feb 2023 22:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=611288

„Сведоци сме дека е нарушена безбедноста на информациониот систем на Фондот за здравство. Тој систем за информациона безбедност има три постулати тоа се доверливост, интегритет и достапност на информациониот систем. Со сигурност можеме да потврдиме дека достапноста информациониот систем е нарушена затоа што тој не е во функција неколку денови, а за доверливоста и интегритетот не сме сигурни. Денес видовме дека некои од системите на фондот за здравство се вратени во функција, најверојатно се реставрирани некои бази на податоци“, рече универзитетскиот професор и претседател на Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Симов во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.

Тој посочи дека се нема точна информација дали имаат бекап на податоци, колку е стар тој бекап на податоци и како се реставрирани тие податоци.

„Рансом значи откуп, што значи дека рансомвеарен напад во кој се криптираат податоците на субјектот на нападот, се криптираат неговите системски системи и потоа за да се декриптираат се побарува откуп да се плати најчесто во криптовалути за да не може да се следи трагот на финансиските средства“, рече Симов.

Симов кажа дека тој рансомварен напад не се случува во моментот туку напаѓачот може долго време да ја монетуира мрежата на нападнатиот субјект во внатрешната мрежа и инсталира соодветни програми  и тоа не значи дека има 100 проценти на бекап.

„Во овој случај информациониот систем на фондот за здравство е нападнат со „ransomware“ и навлезено е во внатрешната структура и во внатрешната мрежа на системот, во систем салата и крипитрани се базите на податоци и серверите, меѓутоа тоа не значи дека нема бекап. Бекап можеби има затоа што вистинските и сигурните бекапи треба да бидат офлајн, тие не смеат да бидат бекапи на компјутерски системи кои се вклучени во мрежата каде е продкцискиот систем и тие треба да бидат некаде на страна и да бидат офлајн а не приклучени на интеренет“, вели Симов.

The post Симов: Нарушена е достапноста на информациониот систем на ФЗОМ, очигледно е дека нападот е подготвуван подолго appeared first on Република.

Ковачевски со Бесими синоќа договарал како им се исплатат платите на вработените во јавно здравство, откако имаше хакерски напад на ФЗО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kovachevski-so-besimi-sinoka-dogovaral-kako-im-se-isplatat-platite-na-vrabotenite-vo-javno-zdravstvo-otkako-imashe-hakerski-napad-na-fzo/ Thu, 16 Feb 2023 11:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=609700

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа доцна навечер разговарал со министерот за финансии  Фатмир Бесими да се изнајде начин како да им се исплатат платите на вработените во јавното здравство.

Здравствените работници сѐ уште немаат земено плата за јануари.

Во наредните денови ќе има решение. Меѓутоа, свесен за тоа дека вработените немаат земено плата, а дека имаат свои обврски по кредитни, дебитни картички итн., разговаравме да може да се направи исплата преку Централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот во ФЗОМ, изјави Ковачевски, кој присустуваше денеска на отворањето на новата градинка во скопско Волково.

Ковачевски смета дека блокираната интернет страница на Фондот за здравствено осигирување (ФЗОМ) која веќе неколку дена не е во функција, претставува хакерски напад. Со експертски тимови од Германија, како што соопшти денеска, се работи на овој проблем, но разговарано е и со Министерството за финансии да се изнајде начин за исплата на плати на вработените во здравствениот сектор.

Ковачевски апелира до корисниците на ФЗОМ да бидат трпеливи, зашто, како што напомена, се прават максимални напори да нема застој во давањето на услугите.

Сe работи за хакерски напад на ФЗОМ, за ист тип хакерски напад каков што имаа Министерството за земјоделство пред извесен период и некои други институции. Се работи за напад кој е дел од хибридната војна што се води моментно во Европа покрај класичната војна во Украина по нападот од страна на Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави и тоа особено членки на НАТО. Сетете се само на хакерските и на сајбер нападите што беа во Албанија и во Црна Гора и во други држави. Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗОМ по различни основи. 

Според премиерот, се работи за комплексна операција.

Упатувам апел до сите вработени во здравствениот сектор, до сите корисници на ФЗОМ, да имаат трпение, бидејќи навистина вработените во ФЗОМ деноноќно работат со цел овој проблем да биде решен во корист на сите корисници на услугите на ФЗОМ. Ние обезбедивме преку вработените во ФЗОМ во изминатиот период да нема застој во давање на услугите со тоа што ги продолжија и своите работни часови вработените, дел од процедурите беа променети од дигитално во мануелно процесирање на барањата на осигурениците, особено на оние што одат од државните во приватниот сектор и обратно за одредени прегледи и за одредени интервенции, подвлече Ковачевски.

The post Ковачевски со Бесими синоќа договарал како им се исплатат платите на вработените во јавно здравство, откако имаше хакерски напад на ФЗО appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа доцна навечер разговарал со министерот за финансии  Фатмир Бесими да се изнајде начин како да им се исплатат платите на вработените во јавното здравство. Здравствените работници сѐ уште немаат земено плата за јануари.
Во наредните денови ќе има решение. Меѓутоа, свесен за тоа дека вработените немаат земено плата, а дека имаат свои обврски по кредитни, дебитни картички итн., разговаравме да може да се направи исплата преку Централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот во ФЗОМ, изјави Ковачевски, кој присустуваше денеска на отворањето на новата градинка во скопско Волково.
Ковачевски смета дека блокираната интернет страница на Фондот за здравствено осигирување (ФЗОМ) која веќе неколку дена не е во функција, претставува хакерски напад. Со експертски тимови од Германија, како што соопшти денеска, се работи на овој проблем, но разговарано е и со Министерството за финансии да се изнајде начин за исплата на плати на вработените во здравствениот сектор. Ковачевски апелира до корисниците на ФЗОМ да бидат трпеливи, зашто, како што напомена, се прават максимални напори да нема застој во давањето на услугите.
Сe работи за хакерски напад на ФЗОМ, за ист тип хакерски напад каков што имаа Министерството за земјоделство пред извесен период и некои други институции. Се работи за напад кој е дел од хибридната војна што се води моментно во Европа покрај класичната војна во Украина по нападот од страна на Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави и тоа особено членки на НАТО. Сетете се само на хакерските и на сајбер нападите што беа во Албанија и во Црна Гора и во други држави. Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗОМ по различни основи. 
Според премиерот, се работи за комплексна операција.
Упатувам апел до сите вработени во здравствениот сектор, до сите корисници на ФЗОМ, да имаат трпение, бидејќи навистина вработените во ФЗОМ деноноќно работат со цел овој проблем да биде решен во корист на сите корисници на услугите на ФЗОМ. Ние обезбедивме преку вработените во ФЗОМ во изминатиот период да нема застој во давање на услугите со тоа што ги продолжија и своите работни часови вработените, дел од процедурите беа променети од дигитално во мануелно процесирање на барањата на осигурениците, особено на оние што одат од државните во приватниот сектор и обратно за одредени прегледи и за одредени интервенции, подвлече Ковачевски.
 
The post Ковачевски со Бесими синоќа договарал како им се исплатат платите на вработените во јавно здравство, откако имаше хакерски напад на ФЗО appeared first on Република.

]]>
Хакерски напад врз НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hakerski-napad-vrz-nato/ Mon, 13 Feb 2023 09:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=608286

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

– Кибер експертите на НАТО активно работат на инцидент што влијаеше на некои веб-страници на НАТО. НАТО редовно се справува со кибер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани, изјави претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА.

Коментарот дојде по извештаите на социјалните мрежи дека проруски хакери ја нападнале веб-страницата на Штабот за специјални операции на НАТО (NSHQ) и други сајтови, поради што беа привремено недостапни.

The post Хакерски напад врз НАТО appeared first on Република.

]]>

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници. – Кибер експертите на НАТО активно работат на инцидент што влијаеше на некои веб-страници на НАТО. НАТО редовно се справува со кибер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани, изјави претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА. Коментарот дојде по извештаите на социјалните мрежи дека проруски хакери ја нападнале веб-страницата на Штабот за специјални операции на НАТО (NSHQ) и други сајтови, поради што беа привремено недостапни.

The post Хакерски напад врз НАТО appeared first on Република.

]]>
Секретарката на пратеничката на група на СИРИЗА пријави хакерски напад и одземени пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sekretarkata-na-pratenichkata-na-grupa-na-siriza-prijavi-hakerski-napad-i-odzemeni-pari/ Fri, 25 Nov 2022 10:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=578137

Секретарката на пратеничката група на грчката опозициска партија СИРИЗА и поранешна министерка Олга Геровасили пријави хакерски напад како на нејзините пратенички банкарски сметки од кои ѝ биле одземени пари, така и на нејзините профили на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.

Геровасили во писмената изјава посочи дека „во продолжение на скандалот со прислушувањето од страна на центарот за следење Националната разузнавачка служба – Предатор“, на чиј мета, како што вели,била и таа лично, а за што веќе има преземено правни дејствија, сега била жртва на електронски напад.

Моите пратенички банкарски сметки веќе се хакирани и одземени се пари, а исто така хакирани се и моите социјални мрежи. Веќе ги презедов потребните дејствија пред надлежните органи за откривање на виновниците, рече Геровасили.

Од Министерството за заштита на граѓаните на Грција соопштија дека надлежниот министер Такис ​​Теодорикакос имал телефонски разговор со пратеничката на СИРИЗА, а во политичката канцеларија на Геровасили бил испратен тим од секторот за борба со електронски криминал за целосно расветлување на случајот.

The post Секретарката на пратеничката на група на СИРИЗА пријави хакерски напад и одземени пари appeared first on Република.

]]>

Секретарката на пратеничката група на грчката опозициска партија СИРИЗА и поранешна министерка Олга Геровасили пријави хакерски напад како на нејзините пратенички банкарски сметки од кои ѝ биле одземени пари, така и на нејзините профили на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина. Геровасили во писмената изјава посочи дека „во продолжение на скандалот со прислушувањето од страна на центарот за следење Националната разузнавачка служба – Предатор“, на чиј мета, како што вели,била и таа лично, а за што веќе има преземено правни дејствија, сега била жртва на електронски напад.
Моите пратенички банкарски сметки веќе се хакирани и одземени се пари, а исто така хакирани се и моите социјални мрежи. Веќе ги презедов потребните дејствија пред надлежните органи за откривање на виновниците, рече Геровасили.
Од Министерството за заштита на граѓаните на Грција соопштија дека надлежниот министер Такис ​​Теодорикакос имал телефонски разговор со пратеничката на СИРИЗА, а во политичката канцеларија на Геровасили бил испратен тим од секторот за борба со електронски криминал за целосно расветлување на случајот.  

The post Секретарката на пратеничката на група на СИРИЗА пријави хакерски напад и одземени пари appeared first on Република.

]]>
Министерството за финансии на САД соопшти дека одбило напади од руски хакери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerstvoto-za-finansii-na-sad-soopshti-deka-odbilo-napadi-od-ruski-hakeri/ Wed, 02 Nov 2022 06:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=568494

Министерството за финансии на САД во октомври одбило кибер напади од руска хакерска група. Како што објавија од финансискиот орган, инцидентот не предизвикал прекини и потврдил дека преземените мерки за засилување на кибербезбедноста на министерството се ефективни.

Нападите биле во форма на дистрибуиран отказ на служба (DDoS) и се случиле неколку денови по сличните напади на руската хакерска група „Килнет“ на американски фирми од финансискиот сектор.

Тогаш била нападната мрежната инфраструктура на „JPMorgan Chase Со.“, но банкатa не соопшти дали имало последици по нејзината дејност.

Во согласност со новите процедури донесени од администрацијата на пртседателот Џо Бајден, Министерствотo за финансии ги предалo ИП адресите користени во нападите.

The post Министерството за финансии на САД соопшти дека одбило напади од руски хакери appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии на САД во октомври одбило кибер напади од руска хакерска група. Како што објавија од финансискиот орган, инцидентот не предизвикал прекини и потврдил дека преземените мерки за засилување на кибербезбедноста на министерството се ефективни. Нападите биле во форма на дистрибуиран отказ на служба (DDoS) и се случиле неколку денови по сличните напади на руската хакерска група „Килнет“ на американски фирми од финансискиот сектор. Тогаш била нападната мрежната инфраструктура на „JPMorgan Chase Со.“, но банкатa не соопшти дали имало последици по нејзината дејност. Во согласност со новите процедури донесени од администрацијата на пртседателот Џо Бајден, Министерствотo за финансии ги предалo ИП адресите користени во нападите.

The post Министерството за финансии на САД соопшти дека одбило напади од руски хакери appeared first on Република.

]]>
При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pri-hakerski-napad-zagrozeni-lichnite-podatoci-na-povekje-od-10-milioni-ziteli-na-avstralija/ Tue, 27 Sep 2022 09:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=554712

Австралиската полиција ја истражува кражбата на лични податоци на 10.000 корисници на телекомуникациската компанија „Оптус“ (Optus), која беше цел на хакерски напад и е побаран откуп од еден милион австралиски долари во криптовалута, соопшти компанијата.

Од „Оптус“, вториот по големина мобилен оператор во Австралија, кој е во сопственост на „Сингапур телеком“ украдени се податоците на 10 милиони корисници, вклучително и домашни адреси, возачки дозволи и броеви на пасоши, биле компромитирани во едно од најголемите истекување на лични податоци во Австралија.

Хакерите денеска соопштија дека ги избришале податоците поради преголемото медиумско внимание и оти го повлекуваат барањето за откуп. Тие исто така изразија жалење поради протекувањето на податоците на 10.200 Австралијци.

„Оптус“ и австралиската федерална полиција, кои соработуваа со американското Федерално истражно биро (ФБИ) и други агенции вклучени во истрагата, одбија да ги коментираат наводите на хакерите.

The post При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија appeared first on Република.

]]>

Австралиската полиција ја истражува кражбата на лични податоци на 10.000 корисници на телекомуникациската компанија „Оптус“ (Optus), која беше цел на хакерски напад и е побаран откуп од еден милион австралиски долари во криптовалута, соопшти компанијата. Од „Оптус“, вториот по големина мобилен оператор во Австралија, кој е во сопственост на „Сингапур телеком“ украдени се податоците на 10 милиони корисници, вклучително и домашни адреси, возачки дозволи и броеви на пасоши, биле компромитирани во едно од најголемите истекување на лични податоци во Австралија. Хакерите денеска соопштија дека ги избришале податоците поради преголемото медиумско внимание и оти го повлекуваат барањето за откуп. Тие исто така изразија жалење поради протекувањето на податоците на 10.200 Австралијци. „Оптус“ и австралиската федерална полиција, кои соработуваа со американското Федерално истражно биро (ФБИ) и други агенции вклучени во истрагата, одбија да ги коментираат наводите на хакерите.

The post При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Дали хакерскиот напад е обид за прикривање на криминалот на министерот Николовски и власта? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-dali-hakerskiot-napad-e-obid-za-prikrivanje-na-kriminalot-na-ministerot-nikolovski-i-vlasta/ Sat, 24 Sep 2022 10:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=553750

Компјутерскиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе десетина дена не е во функција, а од министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се води во министерството.

Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кои недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри што ги води МЗШВ за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници.  Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки.

Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч.

Поради овој хакерски напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во Министерството за труд и социјална политика.

Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ. Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозно сомневање дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прикривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС.

Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување?

Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот.

Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара.

Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат.

На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми“, изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Дали хакерскиот напад е обид за прикривање на криминалот на министерот Николовски и власта? appeared first on Република.

]]>

Компјутерскиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе десетина дена не е во функција, а од министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се води во министерството.
Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кои недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри што ги води МЗШВ за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници.  Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки. Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч. Поради овој хакерски напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во Министерството за труд и социјална политика. Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ. Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозно сомневање дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прикривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС. Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување? Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот. Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара. Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат. На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми“, изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Дали хакерскиот напад е обид за прикривање на криминалот на министерот Николовски и власта? appeared first on Република.

]]>
Ќе се проверува дали имало нарушување на безбедноста на личните податоци по хакирањето на веб – страната на МОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-proveruva-dali-imalo-narushuvanje-na-bezbednosta-na-lichnite-podatoci-po-hakiranjeto-na-veb-stranata-na-mon/ Mon, 12 Sep 2022 14:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=550069

Министерството за образование и наука (МОН) досега не доставило до Агенцијата за заштита на лични податоци известување за нарушување на безбедноста на личните податоци, откако пред два дена сајтот на Министерството беше цел на напад на хакерска група. Веб -страната на МОН и денеска не е достапна за јавноста. Од Агенцијата за МИА наведуваат дека по службена должност ќе истражат и ќе проверат дали дошло до нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат на веб страницата на МОН.

-Досега во Агенцијата, од страна на Министерството за образование и наука (МОН) нема доставено известување за нарушување на безбедноста на личните податоци. Агенцијата по службена должност ќе истражи и провери дали дошло дo нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат на веб страницата на МОН, односно дали обработката на личните податоци е во согласност со правилата на Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија 42/20 и 294/2021). Во зависност од состојбата Агенцијата може да поведе постапка на вршење вонредна супервизија, се наведува во информацијата што МИА ја доби од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, како што наведуваат од Агенцијата, контролорот, во конкретниот случај Министерството за образование и наука, мора веднаш и не подоцна од 72 часа откако дознал за нарушувањето да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци на incident@privacy.mk.

-Кога известувањето до Агенцијата не е поднесено во рок од 72 часа, заедно со известувањето треба да биде доставено и образложение за причините за доцнењето, посочуваат од АЗЛП.

Доколку нема можност за известување на Агенцијата за заштита на личните податоци во рок од 72 часа, додаваат, контролорот може да го достави известувањето постепено, без понатамошно непотребно одложување.

-Оваа обврска не се применува во случаи каде нема веројатност дека нарушувањето на безбедноста на личните податоци ќе резултира во голем ризик за правата и слободите на физичките лица, велат од Агенцијата.

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) беше хакирана на 10 септември. На сајтот на МОН пишуваше дека е хакирана од грчки хакерски тим „Netwatchers“. Тогаш Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваа со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана, наведоа од МОН.

Од МОН во саботата посочија дека нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер

The post Ќе се проверува дали имало нарушување на безбедноста на личните податоци по хакирањето на веб – страната на МОН appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) досега не доставило до Агенцијата за заштита на лични податоци известување за нарушување на безбедноста на личните податоци, откако пред два дена сајтот на Министерството беше цел на напад на хакерска група. Веб -страната на МОН и денеска не е достапна за јавноста. Од Агенцијата за МИА наведуваат дека по службена должност ќе истражат и ќе проверат дали дошло до нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат на веб страницата на МОН. -Досега во Агенцијата, од страна на Министерството за образование и наука (МОН) нема доставено известување за нарушување на безбедноста на личните податоци. Агенцијата по службена должност ќе истражи и провери дали дошло дo нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат на веб страницата на МОН, односно дали обработката на личните податоци е во согласност со правилата на Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија 42/20 и 294/2021). Во зависност од состојбата Агенцијата може да поведе постапка на вршење вонредна супервизија, се наведува во информацијата што МИА ја доби од Агенцијата за заштита на личните податоци. Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, како што наведуваат од Агенцијата, контролорот, во конкретниот случај Министерството за образование и наука, мора веднаш и не подоцна од 72 часа откако дознал за нарушувањето да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци на incident@privacy.mk. -Кога известувањето до Агенцијата не е поднесено во рок од 72 часа, заедно со известувањето треба да биде доставено и образложение за причините за доцнењето, посочуваат од АЗЛП. Доколку нема можност за известување на Агенцијата за заштита на личните податоци во рок од 72 часа, додаваат, контролорот може да го достави известувањето постепено, без понатамошно непотребно одложување. -Оваа обврска не се применува во случаи каде нема веројатност дека нарушувањето на безбедноста на личните податоци ќе резултира во голем ризик за правата и слободите на физичките лица, велат од Агенцијата. Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) беше хакирана на 10 септември. На сајтот на МОН пишуваше дека е хакирана од грчки хакерски тим „Netwatchers“. Тогаш Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваа со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана, наведоа од МОН. Од МОН во саботата посочија дека нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер

The post Ќе се проверува дали имало нарушување на безбедноста на личните податоци по хакирањето на веб – страната на МОН appeared first on Република.

]]>
Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежата на ФБИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-hakeri-se-obidele-da-upadnat-vo-mrezata-na-fbi/ Thu, 07 Apr 2022 16:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=484905

Американските власти соопштија дека Федералното истражно биро (ФБИ) успеало да ја врати контролата врз илјадници рутери и „фајервол“ уреди од руски воени хакери.

Со обидот за хакирање, руските шпиони сакале да воспостават комуникација со Москва.

За среќа, успеавме да го попречиме овој ботнет пред да може да се користи - изјави американскиот државен обвинител, Мерик Гарланд.

Ботнет е мрежа која е создадена исклучиво за да донесе огромни придобивки за хакерите кои стојат зад него.

Целниот ботнет е контролиран од злонамерен софтвер наречен „Cyclops Blink“, кој агенциите за сајбер одбрана на САД и Велика Британија јавно му го припишаа на „Sandworm“, наводно еден од хакерските тимови на руската воена разузнавачка служба постојано обвинет за извршување сајбер напади.

Го отстранивме малициозниот софтвер од уредите што ги користат илјадници претежно мали бизниси за мрежна безбедност ширум светот. Ја затворивме вратата во која влегоа Русите -  изјавија американските власти.

Овој наводен хакерскиот напад доаѓа во време на новите санкции што Америка ги воведе кон Русија. Санкциите ќе бидат воведени во координација со земјите членки на Г7 и Европската Унија.

Новиот пакет санкции ќе ги забрани сите нови инвестиции на американските граѓани во Русија, ќе ги зголеми санкциите против финансиските институции и државните компании во Русија и ќе ги санкционира руските владини претставници и членовите на нивните семејства.

The post Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежата на ФБИ appeared first on Република.

]]>

Американските власти соопштија дека Федералното истражно биро (ФБИ) успеало да ја врати контролата врз илјадници рутери и „фајервол“ уреди од руски воени хакери. Со обидот за хакирање, руските шпиони сакале да воспостават комуникација со Москва.
За среќа, успеавме да го попречиме овој ботнет пред да може да се користи - изјави американскиот државен обвинител, Мерик Гарланд.
Ботнет е мрежа која е создадена исклучиво за да донесе огромни придобивки за хакерите кои стојат зад него. Целниот ботнет е контролиран од злонамерен софтвер наречен „Cyclops Blink“, кој агенциите за сајбер одбрана на САД и Велика Британија јавно му го припишаа на „Sandworm“, наводно еден од хакерските тимови на руската воена разузнавачка служба постојано обвинет за извршување сајбер напади.
Го отстранивме малициозниот софтвер од уредите што ги користат илјадници претежно мали бизниси за мрежна безбедност ширум светот. Ја затворивме вратата во која влегоа Русите -  изјавија американските власти.
Овој наводен хакерскиот напад доаѓа во време на новите санкции што Америка ги воведе кон Русија. Санкциите ќе бидат воведени во координација со земјите членки на Г7 и Европската Унија. Новиот пакет санкции ќе ги забрани сите нови инвестиции на американските граѓани во Русија, ќе ги зголеми санкциите против финансиските институции и државните компании во Русија и ќе ги санкционира руските владини претставници и членовите на нивните семејства.

The post Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежата на ФБИ appeared first on Република.

]]>
Бугарските електронски медиуми хакирани – се појавила оваа слика https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-elektronski-mediumi-hakirani-se-pojavila-ovaa-slcel-na-hakerski-napad/ Mon, 07 Mar 2022 07:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=468715

Доцна синоќа биле хакирани голем број бугарски електронски медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на нивната содржина, се појави мим со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за илустрација во која Путин е облечен како Мерлин Монро во стилот на Енди Ворхол, на позадината на знамето на гордоста.

Визијата е добро познат мим, кој може да се најде под името „Gay Clown Putin“. Нова ТВ, БНТ, Спортал.ТВ, ТВ Бугарија Он Ер и другите бугарски електронски медиуми беа нападнати.

Само bTV не беше погодена од нападот.

The post Бугарските електронски медиуми хакирани – се појавила оваа слика appeared first on Република.

]]>

Доцна синоќа биле хакирани голем број бугарски електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на нивната содржина, се појави мим со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за илустрација во која Путин е облечен како Мерлин Монро во стилот на Енди Ворхол, на позадината на знамето на гордоста. Визијата е добро познат мим, кој може да се најде под името „Gay Clown Putin“. Нова ТВ, БНТ, Спортал.ТВ, ТВ Бугарија Он Ер и другите бугарски електронски медиуми беа нападнати. Само bTV не беше погодена од нападот.

The post Бугарските електронски медиуми хакирани – се појавила оваа слика appeared first on Република.

]]>
Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golem-hakerski-napad-vrz-ruskata-novinska-agencija-tass/ Fri, 04 Mar 2022 18:54:47 +0000 https://republika.mk/?p=467953

СССајтот на руската новинска агенција ТАСС беше подложен на силен хакерски напад.

Главната лента за вести е недостапна за корисниците на агенцијата. Исто така, дописниците на ТАСС во странство не можат да ги испраќаат своите информации.

Тоа не е прв напад врз ТАСС во изминатите денови, но експертите велат дека е најсериозен од почетокот на украинската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина.

The post Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС appeared first on Република.

]]>

СССајтот на руската новинска агенција ТАСС беше подложен на силен хакерски напад. Главната лента за вести е недостапна за корисниците на агенцијата. Исто така, дописниците на ТАСС во странство не можат да ги испраќаат своите информации. Тоа не е прв напад врз ТАСС во изминатите денови, но експертите велат дека е најсериозен од почетокот на украинската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина.

The post Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС appeared first on Република.

]]>
ФБИ предупредува: Хакерските напади ги уништуваат податоците во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fbi-predupreduva-hakerskite-napadi-gi-unishtuvaat-podatocite-vo-ukraina/ Sat, 26 Feb 2022 21:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=464507

Американските компании зтреба да ја зајакнат својата одбрана и да ја зголемат будноста по сајбер нападите што ги уништуваат податоците во Украина пред рускиот напад врз Украина, соопштија ФБИ и американската Агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност.

„Деструктивниот софтвер може да претставува директна закана за секојдневните операции на организацијата, влијаејќи на достапноста на критичните средства и податоци. Веројатно ќе се случат натамошни разурнувачки сајбер напади врз организациите во Украина и може ненамерно да се прелеат на организации во други земји“, изјавија американските агенции на јавна консултација.

Консултацијата вклучува неколку технички препораки за организациите да спречат ширење на малициозен софтвер на нивните системи.

Само неколку часа пред руските сили да почнат да ја напаѓаат Украина рано во четвртокот, истражувачите за сајбер-безбедност рекоа дека пронашле хакер кој ги бришел податоците на стотици компјутери во украинската влада и финансиските институции. Кодот е дизајниран да ги избрише податоците од вашиот компјутер и да го направи нефункционален, што може да ги попречи организациите кои се обидуваат да останат онлајн за време на војната.

Жан-Иан Бутин, шеф на истражување за закани во антивирусната компанија ESET, која одговори на некои од деструктивните хакери, изјави за CNN дека претпоставува дека малициозниот софтвер бил успешно имплементиран и погодените машини биле избришани.

Според единицата за сајбер безбедност на Broadcom, Symantec, двајца украински владини изведувачи – едниот со присуство во Латвија, а другиот со присуство во Литванија, и двајцата членки на НАТО, се погодени од малициозен софтвер. Иако хакирањето беше насочено кон Украина, западните власти силно ја разгледуваа потенцијалната колатерална штета во сајбер просторот за време на војната во Украина.

Не е јасно кој е одговорен за имплементација на деструктивен малициозен софтвер. Тоа беше втор таков деструктивен хакирање во исто толку месеци. Сличен дел од злонамерен код се појави на системите на некои украински владини агенции и непрофитни и технолошки организации во јануари.

Белата куќа ја обвини руската воена разузнавачка агенција ГРУ за одделен сајбер напад врз украинската влада на 15 февруари, со кој привремено беа затворени веб-страниците. Русија ги отфрли обвинувањата.

The post ФБИ предупредува: Хакерските напади ги уништуваат податоците во Украина appeared first on Република.

]]>

Американските компании зтреба да ја зајакнат својата одбрана и да ја зголемат будноста по сајбер нападите што ги уништуваат податоците во Украина пред рускиот напад врз Украина, соопштија ФБИ и американската Агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност.
„Деструктивниот софтвер може да претставува директна закана за секојдневните операции на организацијата, влијаејќи на достапноста на критичните средства и податоци. Веројатно ќе се случат натамошни разурнувачки сајбер напади врз организациите во Украина и може ненамерно да се прелеат на организации во други земји“, изјавија американските агенции на јавна консултација.
Консултацијата вклучува неколку технички препораки за организациите да спречат ширење на малициозен софтвер на нивните системи. Само неколку часа пред руските сили да почнат да ја напаѓаат Украина рано во четвртокот, истражувачите за сајбер-безбедност рекоа дека пронашле хакер кој ги бришел податоците на стотици компјутери во украинската влада и финансиските институции. Кодот е дизајниран да ги избрише податоците од вашиот компјутер и да го направи нефункционален, што може да ги попречи организациите кои се обидуваат да останат онлајн за време на војната. Жан-Иан Бутин, шеф на истражување за закани во антивирусната компанија ESET, која одговори на некои од деструктивните хакери, изјави за CNN дека претпоставува дека малициозниот софтвер бил успешно имплементиран и погодените машини биле избришани. Според единицата за сајбер безбедност на Broadcom, Symantec, двајца украински владини изведувачи – едниот со присуство во Латвија, а другиот со присуство во Литванија, и двајцата членки на НАТО, се погодени од малициозен софтвер. Иако хакирањето беше насочено кон Украина, западните власти силно ја разгледуваа потенцијалната колатерална штета во сајбер просторот за време на војната во Украина. Не е јасно кој е одговорен за имплементација на деструктивен малициозен софтвер. Тоа беше втор таков деструктивен хакирање во исто толку месеци. Сличен дел од злонамерен код се појави на системите на некои украински владини агенции и непрофитни и технолошки организации во јануари. Белата куќа ја обвини руската воена разузнавачка агенција ГРУ за одделен сајбер напад врз украинската влада на 15 февруари, со кој привремено беа затворени веб-страниците. Русија ги отфрли обвинувањата.

The post ФБИ предупредува: Хакерските напади ги уништуваат податоците во Украина appeared first on Република.

]]>