Хакан Фидан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hakan-fidan/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 09:59:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хакан Фидан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hakan-fidan/ 32 32 Фидан: Не може да се исклучи употреба и на нуклеарно оружје во руско – украинската војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fidan-ne-mozhe-da-se-iskluchi-upotreba-i-na-nuklearno-oruzhje-vo-rusko-ukrainskata-vojna/ Thu, 10 Oct 2024 09:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=825168

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека ризикот од ширење на руско-украинската војна е поголем од кога и да е и дека не може да се исклучи употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување во конфликтот, пренесува Анадолија.

Фидан ова го изјави на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, Хрватска.

Фидан ја повтори поддршката на Анкара за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и посочи дека Турција од самиот почеток вложува дипломатски напори за завршување на војната, нагласувајќи ја улогата на Анкара во одржувањето на преговорите меѓу завојуваните страни, таа е посредник во размената на затворениците и во функционирањето на Црноморската иницијатива за жито.

Тој посочи дека конфликтот во Украина ја влошил глобалната поларизација.

Во однос на учеството на Русија во преговорите, Фидан истакна дека одржливо решение може да се постигне само со вклучување на сите страни, вклучително и Русија во преговорите.

Шефот на турската дипломатија рече дека осигурувањето безбедност на храната, слободна пловидба, заштитата на нуклеарните капацитети и заштитата на критичната инфраструктура може да помогне во ублажувањето на уништувањето.

Самитот, кој првпат се одржа во грчката престолнина Атина во август 2023 година, а потоа во Тирана, Албанија, во февруари 2024 година, ги собра лидерите на Украина и земјите од Југоисточна Европа во Дубровник.

За време на посетата на Дубровник, Фидан се сретна и со својот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.

The post Фидан: Не може да се исклучи употреба и на нуклеарно оружје во руско – украинската војна appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека ризикот од ширење на руско-украинската војна е поголем од кога и да е и дека не може да се исклучи употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување во конфликтот, пренесува Анадолија. Фидан ова го изјави на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, Хрватска. Фидан ја повтори поддршката на Анкара за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и посочи дека Турција од самиот почеток вложува дипломатски напори за завршување на војната, нагласувајќи ја улогата на Анкара во одржувањето на преговорите меѓу завојуваните страни, таа е посредник во размената на затворениците и во функционирањето на Црноморската иницијатива за жито. Тој посочи дека конфликтот во Украина ја влошил глобалната поларизација. Во однос на учеството на Русија во преговорите, Фидан истакна дека одржливо решение може да се постигне само со вклучување на сите страни, вклучително и Русија во преговорите. Шефот на турската дипломатија рече дека осигурувањето безбедност на храната, слободна пловидба, заштитата на нуклеарните капацитети и заштитата на критичната инфраструктура може да помогне во ублажувањето на уништувањето. Самитот, кој првпат се одржа во грчката престолнина Атина во август 2023 година, а потоа во Тирана, Албанија, во февруари 2024 година, ги собра лидерите на Украина и земјите од Југоисточна Европа во Дубровник. За време на посетата на Дубровник, Фидан се сретна и со својот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.

The post Фидан: Не може да се исклучи употреба и на нуклеарно оружје во руско – украинската војна appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА се лути што турскиот министер нѐ нарече Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-se-luti-shto-turskiot-minister-n-nareche-makedonija/ Fri, 06 Sep 2024 10:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=813794

СИРИЗА недвосмислено ги осудува сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од турскиот МНР Хакан Фидан за време на неговата посета на Република Македонија и ја повикува Владата да престане да ги потценува турските провокации и конечно да реагира динамично, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека „овој провокативен турски став не е случаен“, туку според нив е последица на политичките одлуки на Владата на Мицотакис, која „систематски води нетранспарентна надворешна политика, нанесувајќи им штета на националните интереси, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“.

- Индикативен е фактот што посетата на турскиот МНР има за цел зајакнување на стратешките односи со Македонија, а од друга страна Нова демократија не се погрижи да ги развие билатералните стратешки односи и улогата на Грција кај соседната земја, со ратификување на меморандумите, потпишување нови и свикување на предвидените Високи совети за стратешка соработка, при што веќе се очигледни последиците за нашите национални интереси, соопштија од СИРИЗА.

Дополнително, го повикаа грчкиот премиер да преземе дипломатски дејствија со демарши за „Турција конечно да се усогласи со меѓународното право и реалноста“.

Вчерашната посета на шефот на турската дипломатија на Скопје и прес- конференцијата со неговиот македонски колега се најдоа и во грчките медиуми, кои акцентот го ставија, не само на суштината на изјавите на двајцата министри и на пораките што ги испратија, туки и на тоа кое име го употребил Фидан, т.е. дека земјата ја нарекол Македонија.

Грчката телевизија „Скај“ коментираше дека министерот за надворешни работи на Турција на прес конференцијата користел и Македонија и Македонија, нешто што го поткрепија со видео од изјавите на Фидан.

-Изјавите беа хибридни, Македонија - Македонија, Македонија-Македонија. На почетокот рече Македонија, веднаш потоа рече Македонија. Подоцна пак Македонија, потоа повторно Македонија, објасни дописникот на „Скај“ од Турција

The post СИРИЗА се лути што турскиот министер нѐ нарече Македонија appeared first on Република.

]]>

СИРИЗА недвосмислено ги осудува сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од турскиот МНР Хакан Фидан за време на неговата посета на Република Македонија и ја повикува Владата да престане да ги потценува турските провокации и конечно да реагира динамично, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА велат дека „овој провокативен турски став не е случаен“, туку според нив е последица на политичките одлуки на Владата на Мицотакис, која „систематски води нетранспарентна надворешна политика, нанесувајќи им штета на националните интереси, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“.
- Индикативен е фактот што посетата на турскиот МНР има за цел зајакнување на стратешките односи со Македонија, а од друга страна Нова демократија не се погрижи да ги развие билатералните стратешки односи и улогата на Грција кај соседната земја, со ратификување на меморандумите, потпишување нови и свикување на предвидените Високи совети за стратешка соработка, при што веќе се очигледни последиците за нашите национални интереси, соопштија од СИРИЗА. Дополнително, го повикаа грчкиот премиер да преземе дипломатски дејствија со демарши за „Турција конечно да се усогласи со меѓународното право и реалноста“.
Вчерашната посета на шефот на турската дипломатија на Скопје и прес- конференцијата со неговиот македонски колега се најдоа и во грчките медиуми, кои акцентот го ставија, не само на суштината на изјавите на двајцата министри и на пораките што ги испратија, туки и на тоа кое име го употребил Фидан, т.е. дека земјата ја нарекол Македонија. Грчката телевизија „Скај“ коментираше дека министерот за надворешни работи на Турција на прес конференцијата користел и Македонија и Македонија, нешто што го поткрепија со видео од изјавите на Фидан.
-Изјавите беа хибридни, Македонија - Македонија, Македонија-Македонија. На почетокот рече Македонија, веднаш потоа рече Македонија. Подоцна пак Македонија, потоа повторно Македонија, објасни дописникот на „Скај“ од Турција

The post СИРИЗА се лути што турскиот министер нѐ нарече Македонија appeared first on Република.

]]>
Силно партнерство и нови можности: Мицкоски и турскиот министер Фидан ја зајакнуваат економската и политичката соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silno-partnerstvo-i-novi-mozhnosti-mitskoski-i-turskiot-minister-fidan-ja-zajaknuvaat-ekonomskata-i-politichkata-sorabotka/ Thu, 05 Sep 2024 15:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=813597

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

На средбата се разговараше за долгогодишното пријателство помеѓу двете држави, за актуелната политичка и економска состојба, како и за напредокот на Македонија кон Европската Унија.

Премиерот Мицкоски истакна дека економската и политичката соработка помеѓу двете држави е од огромно значење и дека има потреба од нејзино понатамошно продлабочување. Во тој контекст, беа дискутирани можностите за зголемено учество на турските компании во македонската економија и за нови инвестиции од Турција.

Како НАТО сојузници, Мицкоски и Фидан ја нагласија важноста на мирот и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека дипломатијата останува клучна за решавање на сите конфликти.

Мицкоски нагласи дека турското пријателство е од огромна важност за нашата земја, а турската заедница има значаен придонес во општествениот живот и економијата на Македонија. Воедно, беше истакнато дека Турција е докажан поддржувач и пријател на нашата земја и дека постои простор за продлабочување на односите во повеќе области.

The post Силно партнерство и нови можности: Мицкоски и турскиот министер Фидан ја зајакнуваат економската и политичката соработка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На средбата се разговараше за долгогодишното пријателство помеѓу двете држави, за актуелната политичка и економска состојба, како и за напредокот на Македонија кон Европската Унија. Премиерот Мицкоски истакна дека економската и политичката соработка помеѓу двете држави е од огромно значење и дека има потреба од нејзино понатамошно продлабочување. Во тој контекст, беа дискутирани можностите за зголемено учество на турските компании во македонската економија и за нови инвестиции од Турција. Како НАТО сојузници, Мицкоски и Фидан ја нагласија важноста на мирот и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека дипломатијата останува клучна за решавање на сите конфликти. Мицкоски нагласи дека турското пријателство е од огромна важност за нашата земја, а турската заедница има значаен придонес во општествениот живот и економијата на Македонија. Воедно, беше истакнато дека Турција е докажан поддржувач и пријател на нашата земја и дека постои простор за продлабочување на односите во повеќе области.  

The post Силно партнерство и нови можности: Мицкоски и турскиот министер Фидан ја зајакнуваат економската и политичката соработка appeared first on Република.

]]>
Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fidan-mutsunski-turtsija-e-dokazhan-prijatel-i-nato-sojuznik-na-makedonija/ Thu, 05 Sep 2024 10:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=813450

Турција цврсто ја поддржува Македонија од осамостојувањето и ќе продолжи со тоа, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.

– Имавме интензивна агенда. Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме интерес да потпишеме Биш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милјарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава. Продолжуваме и со воената соработка, преку учество на заеднички вежби – изјави Фидан по средбата со Муцунски.

Македонија има посебно место за мене, нагласи Фидан, и верувам дека отоманското наследство е значаен дел од културното наследство на земјава и ќе продолжиме со соработка во таа област.

– Турската заедница во земјава силно не поврзува, како Камениот мост во центарот на градот. Посакуваме да имаме мир и стабилност на целиот Балкан и како Турција сме активно вклучени во тоа. Затоа активно ќе ја зголемиме соработката со Македонија – нагласи Фидан.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е домаќин на турскиот колега Фидан, на заедничка прес-конференција изјави дека Турција е наш докажан пријател и НАТО сојузник. Денешната посета, Муцунски ја оцени како значаен момент во билатералните односи, како и дека како прва посета на странски министер за надворешни работи од неговото стапување на функцијата, како што нагласи, е силна потврда за се посилното стратешко партнерство.

– Традиционално добрите односи позитивно влијаат на економската соработка. Со Турција споделуваме заеднички ставови и за безбедносни и регионални прашања. Посебно го запознав со нашиот евроинтеграцискиот пат, со посебен акцент дека предвидливост е многу важна – изјави Муцунски.

Од својата независност, посочи Муцунски, нашата држава можеше да се потпре на Турција како наш пријател и поддржувач за остварување на нашите стратешки цели.

Фидан, како што е најавено, ќе го посети и Собранието каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши.

The post Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Македонија appeared first on Република.

]]>

Турција цврсто ја поддржува Македонија од осамостојувањето и ќе продолжи со тоа, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.
– Имавме интензивна агенда. Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме интерес да потпишеме Биш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милјарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава. Продолжуваме и со воената соработка, преку учество на заеднички вежби – изјави Фидан по средбата со Муцунски.
Македонија има посебно место за мене, нагласи Фидан, и верувам дека отоманското наследство е значаен дел од културното наследство на земјава и ќе продолжиме со соработка во таа област.
– Турската заедница во земјава силно не поврзува, како Камениот мост во центарот на градот. Посакуваме да имаме мир и стабилност на целиот Балкан и како Турција сме активно вклучени во тоа. Затоа активно ќе ја зголемиме соработката со Македонија – нагласи Фидан.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е домаќин на турскиот колега Фидан, на заедничка прес-конференција изјави дека Турција е наш докажан пријател и НАТО сојузник. Денешната посета, Муцунски ја оцени како значаен момент во билатералните односи, како и дека како прва посета на странски министер за надворешни работи од неговото стапување на функцијата, како што нагласи, е силна потврда за се посилното стратешко партнерство.
– Традиционално добрите односи позитивно влијаат на економската соработка. Со Турција споделуваме заеднички ставови и за безбедносни и регионални прашања. Посебно го запознав со нашиот евроинтеграцискиот пат, со посебен акцент дека предвидливост е многу важна – изјави Муцунски.
Од својата независност, посочи Муцунски, нашата држава можеше да се потпре на Турција како наш пријател и поддржувач за остварување на нашите стратешки цели. Фидан, како што е најавено, ќе го посети и Собранието каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши.

The post Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Македонија appeared first on Република.

]]>
Турскиот министер за надворешни работи Фидан во официјална посета на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/turskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-fidan-vo-ofitsijalna-poseta-na-makedonija/ Thu, 05 Sep 2024 06:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=813291

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во официјална посета на Република Македонија.

Како што информира МНР, фокус на разговорите Муцунски - Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, искористувањето на инвестициските можности и унапредувањето на соработката во други области од заемен интерес.

Според агендата, двајцата министри најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, па билатерална средба на која ќе присуствуваат и делегации од двете министерства, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.

The post Турскиот министер за надворешни работи Фидан во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во официјална посета на Република Македонија. Како што информира МНР, фокус на разговорите Муцунски - Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, искористувањето на инвестициските можности и унапредувањето на соработката во други области од заемен интерес. Според агендата, двајцата министри најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, па билатерална средба на која ќе присуствуваат и делегации од двете министерства, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.

The post Турскиот министер за надворешни работи Фидан во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
Турскиот шеф на дипломатијата: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turskiot-shef-na-diplomatijata-mirovniot-predlog-na-putin-e-troshka-nadezh/ Sun, 16 Jun 2024 14:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=788134

Tурскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека новите мировни предлози за Украина, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, се трошка надеж дека конференцијата во Швајцарија би можела да биде поефикасна доколку на неа учествуваа руски претставници.

Русија неодамна претстави нови услови. Без оглед на нивната содржина, тие се важен чекор и трошка надеж за почеток, изјави Фидан на отворањето на конференцијата за Украина во Швајцарија.

Фидан додаде дека конференцијата „би била повеќе ориентирана кон резултати доколку претставниците на Русија биле присутни таму во салата“.

Турскиот минстер додаде дека официјална Анкара верува во потребата од целосно дипломатско решение на конфликтот и дека неговата земја е секогаш подготвена да прифати нови преговори меѓу Москва и Киев.

Според него, последниот обид на турските власти да предложат алтернатива на прекинатиот договор за жито, бил блиску до договорот на двете страни.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги претстави новите мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои вклучуваат признавање на статусот на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Херсон и Запорожје како региони на Русија, Украина да прифати воена неутралност, нејзина демилитаризација и укинување на антируските санкции.

Украинската страна ја отфрли иницијативата.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж appeared first on Република.

]]>

Tурскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека новите мировни предлози за Украина, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, се трошка надеж дека конференцијата во Швајцарија би можела да биде поефикасна доколку на неа учествуваа руски претставници.
Русија неодамна претстави нови услови. Без оглед на нивната содржина, тие се важен чекор и трошка надеж за почеток, изјави Фидан на отворањето на конференцијата за Украина во Швајцарија.
Фидан додаде дека конференцијата „би била повеќе ориентирана кон резултати доколку претставниците на Русија биле присутни таму во салата“. Турскиот минстер додаде дека официјална Анкара верува во потребата од целосно дипломатско решение на конфликтот и дека неговата земја е секогаш подготвена да прифати нови преговори меѓу Москва и Киев. Според него, последниот обид на турските власти да предложат алтернатива на прекинатиот договор за жито, бил блиску до договорот на двете страни. Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги претстави новите мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои вклучуваат признавање на статусот на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Херсон и Запорожје како региони на Русија, Украина да прифати воена неутралност, нејзина демилитаризација и укинување на антируските санкции. Украинската страна ја отфрли иницијативата.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж appeared first on Република.

]]>
Турскиот министер за надворешни работи во Брисел на средби посветени на Палестина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-brisel-na-sredbi-posveteni-na-palestina/ Sun, 26 May 2024 09:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=781772

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска ќе го посети Брисел за да учествува на состаноци посветени на Палестина,соопшти Министерството за надворешни работи на Турција.

„Состаноците ќе бидат посветени на неодамнешните настани и хуманитарната ситуација во Газа, како и напорите за промовирање на признавањето на државата Палестина од повеќе земји“, се вели во соопштението.

За време на посетата Фидан ќе оствари и билатерални средби.

Шефот на турската дипломатија последен пат го посети Брисел на 3 и 4 април за да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

The post Турскиот министер за надворешни работи во Брисел на средби посветени на Палестина appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска ќе го посети Брисел за да учествува на состаноци посветени на Палестина,соопшти Министерството за надворешни работи на Турција. „Состаноците ќе бидат посветени на неодамнешните настани и хуманитарната ситуација во Газа, како и напорите за промовирање на признавањето на државата Палестина од повеќе земји“, се вели во соопштението. За време на посетата Фидан ќе оствари и билатерални средби. Шефот на турската дипломатија последен пат го посети Брисел на 3 и 4 април за да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.  

The post Турскиот министер за надворешни работи во Брисел на средби посветени на Палестина appeared first on Република.

]]>
Османи се сретна со Хакан Фидан во Анталија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-sretna-so-hakan-fidan-vo-antalija/ Sat, 02 Mar 2024 14:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=750398

На маргините на учеството на Анталија дипломатскиот форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

Соговорниците изразија задоволство од нивото на севкупните односи меѓу двете земји, кои се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство и  за зајакнување на истото се договорија да се иницира заедничка средба меѓу двете влади.

“Оваа година ќе одбележуваме 32 години од воспоставувањето дипломатските односи меѓу нашите земји, повеќе од три децении откако Турција во континутитет претставува наш важен пријател и сојузник на Македонија. Оттука, наша обврска е да продолжиме да го негуваме ова наше традиционално партнерство преку заедничка средба на двете влади”, истакна Османи.

Во врска со трговската размена меѓу двете земји Османи подвлече дека е во постојан раст последните пет години, но дека исто така целиме кон користење на сите потенцијали за економска и туристичка соработка.

Министрите разговараа и за мултилатералната соработка во рамки на меѓународните организации, особено сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата.

На средба се разменија мислења и за други актуелни прашања од надворешната политика како и предизвиците од новите геополитички околности.

За време на престојот во Анталија, Османи оствари и други бројни средби со колеги од различни земји.

The post Османи се сретна со Хакан Фидан во Анталија appeared first on Република.

Турскиот шеф на дипломатијата: ЕУ да ја покаже потребната волја за унапредување на меѓусебните односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turskiot-shef-na-diplomatijata-eu-da-ja-pokazhe-potrebnata-volja-za-unapreduvane-na-megusebnite-odnosi/ Wed, 06 Sep 2023 20:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=679463

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, порача дека односите меѓу Турција и Европската Унија не треба да бидат заложници на интересите на одредени земји.

ЕУ не може да биде глобален актер без Турција, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во Анкара.

Фидан порача дека Турција очекува ЕУ да ја покаже потребната волја и да дејствува похрабро за унапредување на меѓусебните односи.

Нема промена во перспективата за членство на Турција во ЕУ. Тоа е многу силна политичка волја, додаде тој.

Вархеји, кој е во дводневна посета на Анкара за да разговара за билатералните односи и соработка, изјави дека верува оти односите меѓу ЕУ и Турција може да се подобрат по воспоставувањето на новата влада во Анкара.

Потенцирајќи дека односите со Турција отсекогаш биле од клучно значење, Вархеји рече дека ЕУ била заедно со турскиот народ и земја кога станува збор за мигрантската криза и санирањето на последиците од разорните земјотреси и оти заедно реагирале на настаните во овој стратешки важен регион и соседство.

Како што рече почитуваниот министер Фидан, Република Турција е наш пријател, изјави Вархеји.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: ЕУ да ја покаже потребната волја за унапредување на меѓусебните односи appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, порача дека односите меѓу Турција и Европската Унија не треба да бидат заложници на интересите на одредени земји.
ЕУ не може да биде глобален актер без Турција, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во Анкара.
Фидан порача дека Турција очекува ЕУ да ја покаже потребната волја и да дејствува похрабро за унапредување на меѓусебните односи.
Нема промена во перспективата за членство на Турција во ЕУ. Тоа е многу силна политичка волја, додаде тој.
Вархеји, кој е во дводневна посета на Анкара за да разговара за билатералните односи и соработка, изјави дека верува оти односите меѓу ЕУ и Турција може да се подобрат по воспоставувањето на новата влада во Анкара. Потенцирајќи дека односите со Турција отсекогаш биле од клучно значење, Вархеји рече дека ЕУ била заедно со турскиот народ и земја кога станува збор за мигрантската криза и санирањето на последиците од разорните земјотреси и оти заедно реагирале на настаните во овој стратешки важен регион и соседство.
Како што рече почитуваниот министер Фидан, Република Турција е наш пријател, изјави Вархеји.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: ЕУ да ја покаже потребната волја за унапредување на меѓусебните односи appeared first on Република.

]]>
Турција и Унгарија се во тесна координација за членството на Шведска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-i-ungarija-se-vo-tesna-koordinatsija-za-chlenstvoto-na-shvedska-vo-nato/ Fri, 28 Jul 2023 17:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=666406

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, изјави дека Турција и Унгарија се во тесна координација во врска со ратификацијата на членството на Шведска во НАТО.

На заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, Фидан истакна дека Шведска презела одредени чекори како одговор на барањата на Турција во врска со борбата против тероризмот, но оти очекува дополнителни чекори од Стокхолм.

Турскиот парламент ќе расправа за ратификацијата на членството на Шведска во НАТО кога ќе продолжи со работа наесен, во октомври.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 10 јули даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО, што тој го блокираше повеќе од една година.

The post Турција и Унгарија се во тесна координација за членството на Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, изјави дека Турција и Унгарија се во тесна координација во врска со ратификацијата на членството на Шведска во НАТО. На заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, Фидан истакна дека Шведска презела одредени чекори како одговор на барањата на Турција во врска со борбата против тероризмот, но оти очекува дополнителни чекори од Стокхолм. Турскиот парламент ќе расправа за ратификацијата на членството на Шведска во НАТО кога ќе продолжи со работа наесен, во октомври. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 10 јули даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО, што тој го блокираше повеќе од една година.

The post Турција и Унгарија се во тесна координација за членството на Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>