хаг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hag/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 17:46:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хаг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hag/ 32 32 Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kanadski-advokat-slobodan-miloshevik-beshe-otruen-vo-hag/ Fri, 15 Nov 2024 19:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=838268

Канадскиот адвокат на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Кристофер Блек, вели дека тој билотруен во судот во Хаг.

Во 2008 година, агент на ЦИА ми се закани дека ќе ме убие затоа што им направив неволја во Трибуналот во Руанда. Ми рече: „Ќе те убиеме и тебе“. А кога му одговорив дека не му верувам, додаде: „Го отрувме твојот пријател Милошевиќ, го отрувме Арафат“. Ќе ти кажам како, а после ќе те убијам и тебе“, вели Блек.

Адвокатот потсетува дека медиумите во САД постојано ширеле гласини дека Милошевиќ ќе изврши самоубиство:

Така знаевме дека неговиот живот е во опасност бидејќи Милошевиќ никогаш не падна во депресија. Никогаш. Тој беше многу позитивна и силна личност. Го обвинија за се, но сето тоа беше невистинито. Обвиненијата се измислени. Затворските службеници ни го ограничија пристапот и го третираа како обичен криминалец“, вели Блек.

Адвокатот тврди дека Милошевиќ бил киднапиран и незаконски однесен од Србија.

Врховниот суд рече дека екстрадицијата е незаконска. Но, истиот ден тој беше врзан со лисици и одведен во Хаг со британски авион. Тоа беше киднапирање и заплашување“, вели канадскиот адвокат.

The post Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг appeared first on Република.

]]>

Канадскиот адвокат на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Кристофер Блек, вели дека тој билотруен во судот во Хаг.
Во 2008 година, агент на ЦИА ми се закани дека ќе ме убие затоа што им направив неволја во Трибуналот во Руанда. Ми рече: „Ќе те убиеме и тебе“. А кога му одговорив дека не му верувам, додаде: „Го отрувме твојот пријател Милошевиќ, го отрувме Арафат“. Ќе ти кажам како, а после ќе те убијам и тебе“, вели Блек.
Адвокатот потсетува дека медиумите во САД постојано ширеле гласини дека Милошевиќ ќе изврши самоубиство:
Така знаевме дека неговиот живот е во опасност бидејќи Милошевиќ никогаш не падна во депресија. Никогаш. Тој беше многу позитивна и силна личност. Го обвинија за се, но сето тоа беше невистинито. Обвиненијата се измислени. Затворските службеници ни го ограничија пристапот и го третираа како обичен криминалец“, вели Блек.
Адвокатот тврди дека Милошевиќ бил киднапиран и незаконски однесен од Србија.
Врховниот суд рече дека екстрадицијата е незаконска. Но, истиот ден тој беше врзан со лисици и одведен во Хаг со британски авион. Тоа беше киднапирање и заплашување“, вели канадскиот адвокат.

The post Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг appeared first on Република.

]]>
Лекари од Република Српска пуштени во Хаг да го прегледаат генерал Ратко Младиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lekari-od-republika-srpska-pushteni-vo-hag-da-go-pregledaat-general-ratko-mladik/ Tue, 20 Feb 2024 20:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=746295

Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска пристигна во Хаг, каде што в среда треба да го прегледаат генералот Ратко Младиќ.

Лекарскиот тим од Република Српска треба да ја утврди здравствената состојба на генерал Младиќ и да предложи соодветна терапија.

Во тимот од Клиничкиот центар се Милан Стојаковиќ, Никола Шобот и Синиша Миљковиќ.

За семејството на Младиќ, како што велат, ова ќе биде многу значајно, меѓу другото, бидејќи лекарите ќе комуницираат со него на мајчин јазик, пренесуваат медиумите во Република Српска.

The post Лекари од Република Српска пуштени во Хаг да го прегледаат генерал Ратко Младиќ appeared first on Република.

]]>

Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска пристигна во Хаг, каде што в среда треба да го прегледаат генералот Ратко Младиќ. Лекарскиот тим од Република Српска треба да ја утврди здравствената состојба на генерал Младиќ и да предложи соодветна терапија. Во тимот од Клиничкиот центар се Милан Стојаковиќ, Никола Шобот и Синиша Миљковиќ. За семејството на Младиќ, како што велат, ова ќе биде многу значајно, меѓу другото, бидејќи лекарите ќе комуницираат со него на мајчин јазик, пренесуваат медиумите во Република Српска.

The post Лекари од Република Српска пуштени во Хаг да го прегледаат генерал Ратко Младиќ appeared first on Република.

]]>
Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-hag-privremeno-gi-zabrani-site-poseti-na-tachi-veseli-i-selimi/ Fri, 24 Nov 2023 17:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=716019

Судот за злосторства на ОВК во Хаг привремено ги забрани сите посети на приведените поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими поради сомневање дека на посетителите им оддавале заштитени сведоци во обид да ги спречат да сведочат.

Тачи, Весели и Селими, заедно со Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-1999 година, пренесе Бета.

Со одлуката објавена денеска, расправата на барање на обвинителството забрани тројцата обвинети да ги посетуваат сите лица освен нивните адвокати.

Судиите заклучиле дека врз основа на податоците доставени од обвинителството „постои реален ризик“ обвинетите „да обелодениле доверливи информации на лица кои не биле овластени да ги примат“.

-Незаконското објавување на такви информации може негативно да влијае на заштитата на сведоците и на интегритетот на процесот, се вели во одлуката.

The post Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими appeared first on Република.

]]>

Судот за злосторства на ОВК во Хаг привремено ги забрани сите посети на приведените поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими поради сомневање дека на посетителите им оддавале заштитени сведоци во обид да ги спречат да сведочат. Тачи, Весели и Селими, заедно со Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-1999 година, пренесе Бета. Со одлуката објавена денеска, расправата на барање на обвинителството забрани тројцата обвинети да ги посетуваат сите лица освен нивните адвокати. Судиите заклучиле дека врз основа на податоците доставени од обвинителството „постои реален ризик“ обвинетите „да обелодениле доверливи информации на лица кои не биле овластени да ги примат“. -Незаконското објавување на такви информации може негативно да влијае на заштитата на сведоците и на интегритетот на процесот, се вели во одлуката.

The post Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими appeared first on Република.

]]>
Меѓународниот кривичен суд во Хаг мета на хакерски напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodniot-krivichen-sud-vo-hag-meta-na-hakerski-napad/ Wed, 20 Sep 2023 08:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=683360

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг беше жртва на кибер напад минатата недела, соопшти Судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип станува збор.

Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи.

Сепак, како што се наведува, Судот не сакал да го потврди тоа, а портпаролот рекол дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, како и дали зад нападот стои странска влада.

МКС рече дека презема итни мерки за да ги минимизира последиците од кибер нападот и дека цени оти Холандија помага во тоа. Оттаму додадоа дека работат на подобрување на својата кибер безбедност. МКС не даде дополнителни детали за степенот на нападот или за каков тип на кибер напад станува збор.

МКС е основан во 2002 година од страна на десетици држави. Истражува геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и има овластување да ги гони осомничените преку државните линии

The post Меѓународниот кривичен суд во Хаг мета на хакерски напад appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг беше жртва на кибер напад минатата недела, соопшти Судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип станува збор. Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи. Сепак, како што се наведува, Судот не сакал да го потврди тоа, а портпаролот рекол дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, како и дали зад нападот стои странска влада. МКС рече дека презема итни мерки за да ги минимизира последиците од кибер нападот и дека цени оти Холандија помага во тоа. Оттаму додадоа дека работат на подобрување на својата кибер безбедност. МКС не даде дополнителни детали за степенот на нападот или за каков тип на кибер напад станува збор. МКС е основан во 2002 година од страна на десетици држави. Истражува геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и има овластување да ги гони осомничените преку државните линии

The post Меѓународниот кривичен суд во Хаг мета на хакерски напад appeared first on Република.

]]>
Во Хаг продолжи судењето на командантите на ОВК, Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-hag-prodolzhi-sudeneto-na-komandantite-na-ovk-hashim-tachi-redhep-selimi-jakup-krasniki-i-kadri-veseli/ Thu, 20 Jul 2023 12:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=663557

Судењето на на поранешните команданти на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели, започна во 9 часот, додека вчера беше сослушан 14-от сведок во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК, британскиот разузнавач кој служел на Косово, Френсис Ледвиџ.

Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, се изјаснија дека не се виновни по ниту едно од обвиненијата. Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.

 

 

The post Во Хаг продолжи судењето на командантите на ОВК, Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели appeared first on Република.

]]>

Судењето на на поранешните команданти на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели, започна во 9 часот, додека вчера беше сослушан 14-от сведок во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК, британскиот разузнавач кој служел на Косово, Френсис Ледвиџ. Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, се изјаснија дека не се виновни по ниту едно од обвиненијата. Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.
 
 

The post Во Хаг продолжи судењето на командантите на ОВК, Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели appeared first on Република.

]]>
Нападната амбасадата на Белорусија во Хаг, едно лице уапсено https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napadnata-ambasadata-na-belorusija-vo-hag-edno-litse-uapseno/ Sun, 02 Jul 2023 15:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=657492

Непознати лица ја нападнале амбасадата на Белорусија во Хаг, при што е уапсен еден осомничен, соопштидипломатското претставништво на Белорусија.

Инцидентот се случи во ноќта меѓу 1 и 2 јули. Како резултат на вандалскиот чин, скршен е прозорец, а фасадата на амбасадата е извалкана, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Во соопштението се наведува дека полицијата го привела напаѓачот.

Холандските медиуми јавуваат дека за време на инцидентот непознати лица скршиле неколку прозорци со камења и напишале на ѕидовите, меѓу кои и обвинувања против претседателот Александар Лукашенко за тероризам.

 

The post Нападната амбасадата на Белорусија во Хаг, едно лице уапсено appeared first on Република.

]]>

Непознати лица ја нападнале амбасадата на Белорусија во Хаг, при што е уапсен еден осомничен, соопштидипломатското претставништво на Белорусија.
Инцидентот се случи во ноќта меѓу 1 и 2 јули. Како резултат на вандалскиот чин, скршен е прозорец, а фасадата на амбасадата е извалкана, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.
Во соопштението се наведува дека полицијата го привела напаѓачот. Холандските медиуми јавуваат дека за време на инцидентот непознати лица скршиле неколку прозорци со камења и напишале на ѕидовите, меѓу кои и обвинувања против претседателот Александар Лукашенко за тероризам.  

The post Нападната амбасадата на Белорусија во Хаг, едно лице уапсено appeared first on Република.

]]>
Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/deneska-vo-hag-prodolzhuva-sudeneto-na-poraneshnite-vodachi-na-ovk-hashim-tachi-kadri-veseli-jakup-krasniki-i-redhep-selimi/ Mon, 22 May 2023 09:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=643502

Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, пренесува Газета експрес.

Денеска ќе биде сослушан петтиот сведок кој сведочеше минатата недела, делумно приватно, делумно јавно.

Судскиот совет изрази загриженост што речиси сите докази досега во овој судски случај се изведуваат на приватни или затворени седници и потсетија дека од јавен интерес е овој процес, колку што е можно, да се води јавно.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогон на политичка и етничка основа, незаконско апсење и приведување и други нехумани дела.

Кривичните дела се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства.

Судењето започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од октомври 2020 година.

The post Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими appeared first on Република.

]]>

Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, пренесува Газета експрес. Денеска ќе биде сослушан петтиот сведок кој сведочеше минатата недела, делумно приватно, делумно јавно. Судскиот совет изрази загриженост што речиси сите докази досега во овој судски случај се изведуваат на приватни или затворени седници и потсетија дека од јавен интерес е овој процес, колку што е можно, да се води јавно. Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогон на политичка и етничка основа, незаконско апсење и приведување и други нехумани дела. Кривичните дела се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства. Судењето започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од октомври 2020 година.

The post Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-loga-vo-hag-ostvari-sredba-so-pretsedatelot-na-evropravda-hamran/ Mon, 15 May 2023 17:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=641091

Соработката меѓу Македонија и Европравда ќе се интензивира и продлабочи во наредниот период. Министерот за правда Кренар Лога кој е во работна посета на Хаг, оствари билатерална средба со Претседателот на Европравда, Ладислав Хамран.

Како што соопшти Министерство за правда, Хамран го истакна задоволството од присуството на министерот за правда Кренар Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на Проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските, што ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди Европравда од аспект на упатување на обвинител за врска од Македонија во Хаг што ќе доведе до видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети.

Лога од своја страна истакна дека е запознаен со досегашната соработка со Европравда како и важноста од исполнувањето на обврските кои не се реализирани од аспект на пристапниот процес.

Министерот ги презентираше активностите кои се преземаат во судството, јавното обвинителство, процесот на дигитализација и носењето на одржливи решенија.

На покана на министерот за правда беше договорено претседателот на Европравда Хамран да ја посети државава.

The post Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран appeared first on Република.

]]>

Соработката меѓу Македонија и Европравда ќе се интензивира и продлабочи во наредниот период. Министерот за правда Кренар Лога кој е во работна посета на Хаг, оствари билатерална средба со Претседателот на Европравда, Ладислав Хамран. Како што соопшти Министерство за правда, Хамран го истакна задоволството од присуството на министерот за правда Кренар Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на Проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските, што ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди Европравда од аспект на упатување на обвинител за врска од Македонија во Хаг што ќе доведе до видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети. Лога од своја страна истакна дека е запознаен со досегашната соработка со Европравда како и важноста од исполнувањето на обврските кои не се реализирани од аспект на пристапниот процес. Министерот ги презентираше активностите кои се преземаат во судството, јавното обвинителство, процесот на дигитализација и носењето на одржливи решенија. На покана на министерот за правда беше договорено претседателот на Европравда Хамран да ја посети државава.

The post Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран appeared first on Република.

]]>
Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-podnese-protest-do-holandija-poradi-kineneto-kopija-od-kuranot-na-protest-vo-hag/ Tue, 24 Jan 2023 10:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=600418

Турција денеска го повика холандскиот амбасадор во Анкара на разговор во врска со протестот што се одржа во неделата во Хаг, а на кој беше искината копија од муслиманската света книга Куранот, соопшти министерството за надворешни работи.

Амбасадорот на Холандија во Анкара беше поканет во нашето министерство и ние го осудивме и протестиравме овој грозоморен и одвратен чин и баравме Холандија да не дозволи такви провокативни акти, се вели во соопштението.

Беше објавено дека „одвратниот чин“ во Холандија, по Шведска, каде што беа навредувани светите вредности на исламот, е „злосторство од омраза“ и дека е јасен показател дека „исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, наведува британската агенција.

Откако копија од Куранот беше запалена во саботата на протестот во Стокхолм, Турција ѝ кажа на Шведска дека не треба да очекува поддршка за нејзината кандидатура за членство во НАТО.

Не беше првпат екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан, кој го предводи данското антиисламско движење Страм Курс (тврдокорен), да го запали Куранот.

The post Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг appeared first on Република.

]]>

Турција денеска го повика холандскиот амбасадор во Анкара на разговор во врска со протестот што се одржа во неделата во Хаг, а на кој беше искината копија од муслиманската света книга Куранот, соопшти министерството за надворешни работи. Амбасадорот на Холандија во Анкара беше поканет во нашето министерство и ние го осудивме и протестиравме овој грозоморен и одвратен чин и баравме Холандија да не дозволи такви провокативни акти, се вели во соопштението. Беше објавено дека „одвратниот чин“ во Холандија, по Шведска, каде што беа навредувани светите вредности на исламот, е „злосторство од омраза“ и дека е јасен показател дека „исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, наведува британската агенција. Откако копија од Куранот беше запалена во саботата на протестот во Стокхолм, Турција ѝ кажа на Шведска дека не треба да очекува поддршка за нејзината кандидатура за членство во НАТО. Не беше првпат екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан, кој го предводи данското антиисламско движење Страм Курс (тврдокорен), да го запали Куранот.

The post Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг appeared first on Република.

]]>
Ахмети бара слобода за Хашим Тачи и другите членови на УЧК обвинети во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ahmeti-bara-sloboda-za-hashim-tachi-i-drugite-chlenovi-na-uchk-obvineti-vo-hag/ Sun, 06 Nov 2022 08:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=570268

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи побара слобода за Хашим Тачи и останати борци од УЧК кои се во притвор во Хаг.

Како што порачува Ахмети, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи и борците, Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красниќи неправедно се оддалечени од нивните домови.

Длабоко сум убеден дека правдата ќе триумфира и овој пат со сите аргументи и дека ќе се докаже невиноста на лидерите на УЧК и чистата војна на албанскиот народ кој е автохтон во своите земји, се вели во објавата на Ахмети.

The post Ахмети бара слобода за Хашим Тачи и другите членови на УЧК обвинети во Хаг appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи побара слобода за Хашим Тачи и останати борци од УЧК кои се во притвор во Хаг. Како што порачува Ахмети, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи и борците, Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красниќи неправедно се оддалечени од нивните домови.
Длабоко сум убеден дека правдата ќе триумфира и овој пат со сите аргументи и дека ќе се докаже невиноста на лидерите на УЧК и чистата војна на албанскиот народ кој е автохтон во своите земји, се вели во објавата на Ахмети.

The post Ахмети бара слобода за Хашим Тачи и другите членови на УЧК обвинети во Хаг appeared first on Република.

]]>
Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ratko-mladikj-vo-losha-zdravstvena-sostojba-hospitaliziran-e-vo-hag/ Sun, 11 Sep 2022 16:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=549784

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП.

Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.

Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП.

На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.

The post Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг appeared first on Република.

]]>

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП. Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.
Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП.
На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.

The post Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг appeared first on Република.

]]>
Тачи се изјасни дека не е виновен за новите обвинувања за воени злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tachi-se-izjasni-deka-ne-e-vinoven-za-novite-obvinuvanja-za-voeni-zlostorstva/ Tue, 10 May 2022 19:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=500741

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни дека не е виновен по новите обвиненија за воени злосторства од потврденото изменето обвинение, кое го поднесе Специјализираното обвинителство за Косово со седиште во Хаг.

Тачи на денешното рочиште кажа дека не ги разбира новите обвинувања со кои се терети но сепак се изјасни дека не се чувствува виновен.

Новите обвиненија се однесуваат на наводни злосторства во два притворски центри во Сува Река и притворскиот центар во Гњилане, односно дека тамус е извршени прогон, затворања и други нехумани дела, нехумано постапување, мачење, противзаконско убиство и присилно исчезнување.

Претресниот судија кажа дека обвинителството поднело изменето обвинение во случајот против Тачи и другите поранешни припадници на УЧК – Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

Се наведува дека од март 1998 до септембри 1999 Тачи, Весељи, Сељими, Красниќи и други членови на „здружениот злосторнички потфат имале иста цел за стекнување и контрола над цело Косово користејќи разни средства, вклучувајќи заплашување, малтретирање, насилство и елиминација на оние кои ги сметале за противници“.

Во обвинението се наведува дека на неколку локации на Косово и во северна Албанија припадници на УЧК извршиле кривични дела над стотици цивили и лица кои не учествувале во борбите, а се наведува дека меѓу жртвите има и Срби и Роми и Албанци за кои се сметало дека се против УЧК.

Специјалниот суд за Косово има мандат за наводни злосторства против човештвото, воени злосторства и други кривични дела кои се поврзуваат со извештајот на Дик Марти, извршени во периодот од јануари 1998 до декември 2000.

The post Тачи се изјасни дека не е виновен за новите обвинувања за воени злосторства appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни дека не е виновен по новите обвиненија за воени злосторства од потврденото изменето обвинение, кое го поднесе Специјализираното обвинителство за Косово со седиште во Хаг. Тачи на денешното рочиште кажа дека не ги разбира новите обвинувања со кои се терети но сепак се изјасни дека не се чувствува виновен. Новите обвиненија се однесуваат на наводни злосторства во два притворски центри во Сува Река и притворскиот центар во Гњилане, односно дека тамус е извршени прогон, затворања и други нехумани дела, нехумано постапување, мачење, противзаконско убиство и присилно исчезнување. Претресниот судија кажа дека обвинителството поднело изменето обвинение во случајот против Тачи и другите поранешни припадници на УЧК – Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи. Се наведува дека од март 1998 до септембри 1999 Тачи, Весељи, Сељими, Красниќи и други членови на „здружениот злосторнички потфат имале иста цел за стекнување и контрола над цело Косово користејќи разни средства, вклучувајќи заплашување, малтретирање, насилство и елиминација на оние кои ги сметале за противници“. Во обвинението се наведува дека на неколку локации на Косово и во северна Албанија припадници на УЧК извршиле кривични дела над стотици цивили и лица кои не учествувале во борбите, а се наведува дека меѓу жртвите има и Срби и Роми и Албанци за кои се сметало дека се против УЧК. Специјалниот суд за Косово има мандат за наводни злосторства против човештвото, воени злосторства и други кривични дела кои се поврзуваат со извештајот на Дик Марти, извршени во периодот од јануари 1998 до декември 2000.

The post Тачи се изјасни дека не е виновен за новите обвинувања за воени злосторства appeared first on Република.

]]>
Рама го посети Тачи во Хаг: Ослободителната војна во Косово е херојство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-go-poseti-tachi-vo-hag-osloboditelnata-vojna-vo-kosovo-e-herojstvo/ Tue, 10 May 2022 16:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=500622

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска во Хаг го посети притворениот поранешен косовски претседател Хашим Тачи, поранешен лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК), обвинет за воени злосторства.

По разговорот, Рама рече дека Тачи смета дека судскиот процес против него е начин да се покаже на суд „чистотата на ослободителната војна“ што ја водела ОВК во 1998-1999 година. години.

„Нема што многу да се каже, секако сите сме убедени дека ослободителната војна во Косово не може повторно да се пишува и не може да се влезе во други рамки, дека веќе е вклучена во златната рамка на херојството, пожртвуваноста, крвта и сите напори за слободно, демократско и суверено Косово“, рече Рама.

Во видео пораката „Хаг, посета на претседателот Тачи“, која ја објави на Фејсбук, Рама наведува и дека поранешниот лидер на ОВК е „во топ форма“, пренесува КоССев.

Денеска, пред судот за злосторства на борците на ОВК во Хаг, Тачи се изјасни за невин за злосторствата во општините Сува Река и Гњилане, со што се прошири обвинението со кое се товари за воени злосторства во Косово и Албанија во периодот 1998-99 година.

Според новото обвинение, ОВК киднапирала, незаконски приведувала, тепала, мачела и убила некои Албанци и Срби во Будаково, Семетиште и Гњилане, а некои од нив убила. Обвинителите го обвинуваат Тачи за незаконско и произволно лишување од слобода на цивили, сурово и нехумано постапување, тортура, присилно исчезнување, убиства и прогон, што главниот обвинител Џек Смит ги опиша како воени злосторства и злосторства против човештвото.

The post Рама го посети Тачи во Хаг: Ослободителната војна во Косово е херојство appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска во Хаг го посети притворениот поранешен косовски претседател Хашим Тачи, поранешен лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК), обвинет за воени злосторства. По разговорот, Рама рече дека Тачи смета дека судскиот процес против него е начин да се покаже на суд „чистотата на ослободителната војна“ што ја водела ОВК во 1998-1999 година. години.
„Нема што многу да се каже, секако сите сме убедени дека ослободителната војна во Косово не може повторно да се пишува и не може да се влезе во други рамки, дека веќе е вклучена во златната рамка на херојството, пожртвуваноста, крвта и сите напори за слободно, демократско и суверено Косово“, рече Рама.
Во видео пораката „Хаг, посета на претседателот Тачи“, која ја објави на Фејсбук, Рама наведува и дека поранешниот лидер на ОВК е „во топ форма“, пренесува КоССев. Денеска, пред судот за злосторства на борците на ОВК во Хаг, Тачи се изјасни за невин за злосторствата во општините Сува Река и Гњилане, со што се прошири обвинението со кое се товари за воени злосторства во Косово и Албанија во периодот 1998-99 година. Според новото обвинение, ОВК киднапирала, незаконски приведувала, тепала, мачела и убила некои Албанци и Срби во Будаково, Семетиште и Гњилане, а некои од нив убила. Обвинителите го обвинуваат Тачи за незаконско и произволно лишување од слобода на цивили, сурово и нехумано постапување, тортура, присилно исчезнување, убиства и прогон, што главниот обвинител Џек Смит ги опиша како воени злосторства и злосторства против човештвото.

The post Рама го посети Тачи во Хаг: Ослободителната војна во Косово е херојство appeared first on Република.

]]>
Хаг планира киднапирање на Путин за ду му суди, вели поранешен судија на меѓународниот трибунал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hag-planira-kidnapiranje-na-putin-za-du-mu-sudi-veli-poraneshen-sudija-na-megjunarodniot-tribunal/ Fri, 22 Apr 2022 17:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=492402

Поранешниот судија на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Волфганг Шомбург, е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин би можело да биде киднапиран за да му се суди за наводни воени злосторства во Украина.

Шомбург вели дека воените злосторства извршени од руските трупи ќе бидат кривично гонети и изразува надеж дека апсењето на Путин ќе биде можно со издавање тајни налози и дека делата што може да се судат пред Меѓународниот суд на правдата вклучуваат воени злосторства на руската армија.

Тоа се злосторства против човештвото, а тоа вклучува убиства и силувања, како и геноцид, односно масовни убиства на делови или на целото цивилно население - објаснува Шомбург.

Тој додава дека во моментов не треба да се очекува дека војниците ќе бидат доведени во правдата поединечно.

Шомбург вели дека се надева оти ќе му се суди и на Путин.

Тој не би бил првиот лидер на државата што треба да одговара - вели германскиот адвокат.

Шомбург додава дека државите ќе издаваат тајни налози за апсење, кои ќе можат да се применат за време на идните патувања на Путин во странство, бидејќи не верува оти Путин ќе може да биде уапсен во Москва.

Имавме успешни апсења од други земји - заклучува Шомбург

The post Хаг планира киднапирање на Путин за ду му суди, вели поранешен судија на меѓународниот трибунал appeared first on Република.

]]>

Поранешниот судија на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Волфганг Шомбург, е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин би можело да биде киднапиран за да му се суди за наводни воени злосторства во Украина. Шомбург вели дека воените злосторства извршени од руските трупи ќе бидат кривично гонети и изразува надеж дека апсењето на Путин ќе биде можно со издавање тајни налози и дека делата што може да се судат пред Меѓународниот суд на правдата вклучуваат воени злосторства на руската армија.
Тоа се злосторства против човештвото, а тоа вклучува убиства и силувања, како и геноцид, односно масовни убиства на делови или на целото цивилно население - објаснува Шомбург.
Тој додава дека во моментов не треба да се очекува дека војниците ќе бидат доведени во правдата поединечно. Шомбург вели дека се надева оти ќе му се суди и на Путин.
Тој не би бил првиот лидер на државата што треба да одговара - вели германскиот адвокат.
Шомбург додава дека државите ќе издаваат тајни налози за апсење, кои ќе можат да се применат за време на идните патувања на Путин во странство, бидејќи не верува оти Путин ќе може да биде уапсен во Москва.
Имавме успешни апсења од други земји - заклучува Шомбург

The post Хаг планира киднапирање на Путин за ду му суди, вели поранешен судија на меѓународниот трибунал appeared first on Република.

]]>
Русија го избегнува сослушувањето за војната во Украина во судот на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-izbegnuva-soslushuvanjeto-za-vojnata-vo-ukraina-vo-sudot-na-on/ Mon, 07 Mar 2022 09:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=468846

Русија одби да присуствува денеска на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.

Судот жали поради непојавувањето на Руската федерација во овие усни постапки - рече претседателката Џоан Доногју.

Редот од места резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето.

Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето помина без руската делегација.

The post Русија го избегнува сослушувањето за војната во Украина во судот на ОН appeared first on Република.

]]>

Русија одби да присуствува денеска на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.
Судот жали поради непојавувањето на Руската федерација во овие усни постапки - рече претседателката Џоан Доногју.
Редот од места резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето. Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето помина без руската делегација.

The post Русија го избегнува сослушувањето за војната во Украина во судот на ОН appeared first on Република.

]]>
Последен момент на слобода: Вака изгледал Милошевиќ пред да го однесат во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/posleden-moment-na-sloboda-vaka-izgledal-miloshevikj-pred-da-go-odnesat-vo-hag/ Sat, 19 Feb 2022 21:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=460959

Серијата „Породица“ ги сруши сите рекорди на гледаност и го вратија сеќавањето за ликот и делото на Слободен Милошевиќ. Се појавија фотографии од Тузла од каде со американски авион беше однесен во Хаг. До Тузла пак го однесе српската полиција.

Слоба во воената база „Игл“ во Тузла добил шишенце вода и нервозно се врткал по собата. Претохдно полицајците му ги прегледале лековите за притисок кој ги носел со себе и му го прегледале јазикот. По неколку часови беше во келијата во Шевениген.

The post Последен момент на слобода: Вака изгледал Милошевиќ пред да го однесат во Хаг appeared first on Република.

]]>

Серијата „Породица“ ги сруши сите рекорди на гледаност и го вратија сеќавањето за ликот и делото на Слободен Милошевиќ. Се појавија фотографии од Тузла од каде со американски авион беше однесен во Хаг. До Тузла пак го однесе српската полиција. Слоба во воената база „Игл“ во Тузла добил шишенце вода и нервозно се врткал по собата. Претохдно полицајците му ги прегледале лековите за притисок кој ги носел со себе и му го прегледале јазикот. По неколку часови беше во келијата во Шевениген.

The post Последен момент на слобода: Вака изгледал Милошевиќ пред да го однесат во Хаг appeared first on Република.

]]>
Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на Тачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/specijalniot-sud-vo-hag-mu-go-prodolzi-pritvorot-na-tachi/ Fri, 28 Jan 2022 10:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=450623

Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, изјави Ангела Грип, шефица за односи со јавноста на Специјализиранииот совет на Косово, пренесе „Газета експрес“.

Грип на онлајн прес-конференција ги презентираше најновите информации за настаните поврзани со судските постапки и активности во овој суд, пренесува „Косово онлајн“. Таа соопшти дека за случајот „Тачи и другите“, во вторник, на 25 јануари, била доставена јавна верзија на одлуката на судијата на претходна постапка, со која на Хашим Тачи му е одредена мерка понатамошен притвор.

Како што пренесува „Репортери“, следниот петок, на 4 февруари, ќе се одржи статусна конференција за текот на постапките против Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

The post Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на Тачи appeared first on Република.

]]>

Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, изјави Ангела Грип, шефица за односи со јавноста на Специјализиранииот совет на Косово, пренесе „Газета експрес“. Грип на онлајн прес-конференција ги презентираше најновите информации за настаните поврзани со судските постапки и активности во овој суд, пренесува „Косово онлајн“. Таа соопшти дека за случајот „Тачи и другите“, во вторник, на 25 јануари, била доставена јавна верзија на одлуката на судијата на претходна постапка, со која на Хашим Тачи му е одредена мерка понатамошен притвор. Како што пренесува „Репортери“, следниот петок, на 4 февруари, ќе се одржи статусна конференција за текот на постапките против Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

The post Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на Тачи appeared first on Република.

]]>