гвадалупе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gvadalupe/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Jun 2022 07:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гвадалупе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gvadalupe/ 32 32 Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е и со голо око https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkriena-najgolemata-bakterija-na-svetot-vidliva-e-i-so-golo-oko/ Fri, 24 Jun 2022 07:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=519114

Научници ја откриле најголемата бактерија на светот, којашто може да се види и со голо око. Бактеријата е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрово дрво, објави списанието „Сајенс“ (Science).

3а илустрација, истражувачите ја споредуваат пронајдената бактерија со паричка со просечна големина.

Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега - истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.

Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или „величествен сулфурен бисер“.

Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка.

Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите.

Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан смета дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација, односно за да не ја јадат помалите организми.

The post Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е и со голо око appeared first on Република.

]]>

Научници ја откриле најголемата бактерија на светот, којашто може да се види и со голо око. Бактеријата е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрово дрво, објави списанието „Сајенс“ (Science). 3а илустрација, истражувачите ја споредуваат пронајдената бактерија со паричка со просечна големина.
Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега - истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.
Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или „величествен сулфурен бисер“. Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка. Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите. Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан смета дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација, односно за да не ја јадат помалите организми.

The post Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е и со голо око appeared first on Република.

]]>