гувернерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/guvernerka/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 20:46:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гувернерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/guvernerka/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерките на централните банки од регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-guvernerkite-na-tsentralnite-banki-od-regionot/ Tue, 01 Oct 2024 20:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=821525

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерките на централните банки од регионот: Ирена Радовиќ на Црна Гора и Јасмина Селимовиќ на Босна и Херцеговина, кои учествуваа на конференцијата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржа денеска во Скопје.

На средбата се разговараше за улогата на жените на раководни позиции и перспективите за ефективно управување и носење одлуки, поттикнувајќи ги иновациите и продуктивноста, а особено нивниот пристап кон социјалните прашања, преку политиките коишто застапуваат еднаквост и образование.

Соговорничките посочија дека зголемувањето на учеството на жените на раководни позиции не е само прашање на правичност, туку и стратегиска предност за создавање поурамнотежени и напредни економии и дека женското лидерство е од клучно значење за поттикнување инклузивен економски раст и општествен развој.

Претседателката Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека жените на челни позиции во финансискиот сектор носат голема одговорност, порача дека тие претставуваат пример и инспирација за сите други жени кои го бараат своето место во општеството да ја постигнат својата професионална цел и кариера.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерките на централните банки од регионот appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерките на централните банки од регионот: Ирена Радовиќ на Црна Гора и Јасмина Селимовиќ на Босна и Херцеговина, кои учествуваа на конференцијата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржа денеска во Скопје. На средбата се разговараше за улогата на жените на раководни позиции и перспективите за ефективно управување и носење одлуки, поттикнувајќи ги иновациите и продуктивноста, а особено нивниот пристап кон социјалните прашања, преку политиките коишто застапуваат еднаквост и образование. Соговорничките посочија дека зголемувањето на учеството на жените на раководни позиции не е само прашање на правичност, туку и стратегиска предност за создавање поурамнотежени и напредни економии и дека женското лидерство е од клучно значење за поттикнување инклузивен економски раст и општествен развој. Претседателката Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека жените на челни позиции во финансискиот сектор носат голема одговорност, порача дека тие претставуваат пример и инспирација за сите други жени кои го бараат своето место во општеството да ја постигнат својата професионална цел и кариера.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерките на централните банки од регионот appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-guvernerkata-na-narodnata-banka-anita-angelovska-bezhoska/ Tue, 28 May 2024 17:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=782500

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Македонија.

На средбата, прва по нејзиното стапување на функцијата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на Народната банка и остварувањето на предвидените цели, насочени кон постигнување и одржување на ценовната стабилност и кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.

На средбата гувернерката Ангеловска-Бежоска ги претстави и стратегиските цели насочени кон унапредување на спроведување на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, управувањето со девизните резерви, а во функција на обезбедување на услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги.

Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави напорите на Народната банка за зачување на макроекономската стабилност на државата, во услови на геополитички и геоекономски ризици.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата и ѝ посака успех во работата.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска appeared first on Република.