гувернер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/guverner/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 12:13:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гувернер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/guverner/ 32 32 Ставрески е врвен експерт, неговото назначување на гувернер на НБ воопшто не било на дневен ред, ниту пак е дискутирано, изјави Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stavreski-e-vrven-ekspert-negovoto-naznachuvane-na-guverner-na-nb-voopshto-ne-bilo-na-dneven-red-nitu-pak-e-diskutirano-izjavi-mitskoski/ Wed, 12 Jun 2024 12:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=786932

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески е врвен е експерт, но прашањето за неговото назначување на гувернер на Народна банка воопшто не било на дневен ред, ниту за тоа прашање било дискутирано.

Тој ова го изјави пред Шестата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа одгововарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Ставрески за гувернер на НБ.

Моето мислење за господинот Ставрески е врвно, тој е исклучителен експерт, голем познавач. Таа тема воопшто не била на дневен ред, ниту пак била дискутирана воопшто - одговори кусо мандатарот.

Дел од медумите, повикувајќи се на извори од партијата, објавија дека поранешниот висок функционер во владите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов гувернер на НБ

The post Ставрески е врвен експерт, неговото назначување на гувернер на НБ воопшто не било на дневен ред, ниту пак е дискутирано, изјави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески е врвен е експерт, но прашањето за неговото назначување на гувернер на Народна банка воопшто не било на дневен ред, ниту за тоа прашање било дискутирано. Тој ова го изјави пред Шестата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа одгововарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Ставрески за гувернер на НБ.
Моето мислење за господинот Ставрески е врвно, тој е исклучителен експерт, голем познавач. Таа тема воопшто не била на дневен ред, ниту пак била дискутирана воопшто - одговори кусо мандатарот.
Дел од медумите, повикувајќи се на извори од партијата, објавија дека поранешниот висок функционер во владите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов гувернер на НБ

The post Ставрески е врвен експерт, неговото назначување на гувернер на НБ воопшто не било на дневен ред, ниту пак е дискутирано, изјави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Договарал и организирал убиства на бизнисмени: Поранешен руски гувернер осуден на 22 години строг затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dogovaral-i-organiziral-ubistva-na-biznismeni-poraneshen-ruski-guverner-osuden-na-22-godini-strog-zatvor/ Fri, 10 Feb 2023 16:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=607494

Суд во Москова, врз основа на пресуда на поротата, го осуди поранешниот гувернер на територијата Хабаровск, Сергеј Фургал, на 22 години затворска казна поради организирање на две убиства и еден обид за атентат.

Одбраната на сите обвинети (Фургал и неговите наводни соучесници) инсистирала тие да бидат ослободени од сите обвиненија. Бранителите побарале од главниот судија да го искористи правото на вето на пресудата, да ја разреши поротата и да го врати предметот на ново судење со поинаков состав.

Фургал беше приведен на 9 јули 2020 година.

Според истражителите, во периодот 2004-2005 година, Фургал го организирал обидот за убиство на бизнисменот Александар Смолски и убиството на претприемачите Евгени Зори и Олег Булатов.

Фургал се изјасни за невин. На обвинителната клупа беа и неговите наводни соучесници Марат Кадиров, Андреј Карепов и Андреј Палеј.

The post Договарал и организирал убиства на бизнисмени: Поранешен руски гувернер осуден на 22 години строг затвор appeared first on Република.

]]>

Суд во Москова, врз основа на пресуда на поротата, го осуди поранешниот гувернер на територијата Хабаровск, Сергеј Фургал, на 22 години затворска казна поради организирање на две убиства и еден обид за атентат. Одбраната на сите обвинети (Фургал и неговите наводни соучесници) инсистирала тие да бидат ослободени од сите обвиненија. Бранителите побарале од главниот судија да го искористи правото на вето на пресудата, да ја разреши поротата и да го врати предметот на ново судење со поинаков состав. Фургал беше приведен на 9 јули 2020 година. Според истражителите, во периодот 2004-2005 година, Фургал го организирал обидот за убиство на бизнисменот Александар Смолски и убиството на претприемачите Евгени Зори и Олег Булатов. Фургал се изјасни за невин. На обвинителната клупа беа и неговите наводни соучесници Марат Кадиров, Андреј Карепов и Андреј Палеј.

The post Договарал и организирал убиства на бизнисмени: Поранешен руски гувернер осуден на 22 години строг затвор appeared first on Република.

]]>
Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на ријалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guvernerot-na-narodnata-banka-na-iran-podnese-ostavka-poradi-devalvatsija-na-rialot/ Thu, 29 Dec 2022 21:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=591650

Гувернерот на Националната банка на Иран денеска поднесе оставка по рекордната девалвација на ријалот поради санкциите воведени против Иран од 2018 година, јавија локалните медиуми.

Откако ја прифати оставката на Али Салехабади, одборот на директори го избра Мохамед Реза Фарзин за нов шеф на централната банка, јави иранската државна телевизија.

Гувернерот во оставка беше назначен пред 15 месеци. Во тој период, ријалот загуби околу 25 отсто од својата вредност. Валутата падна од околу 330.000 ријали за еден долар за два месеци на 430.000 ријали, бидејќи инфлацијата расте.

Иран е погоден од серија американски санкции од 2018 година. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече својата земја од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции против Иран.

Западните земји, исто така, воведоа санкции за некои ирански компании и воен персонал, по обвинувањата дека Иран и доставува беспилотни летала на Русија за инвазијата врз Украина. Техеран ги негира обвинувањата.

Иран, исто така, е погоден од санкции од Европа, САД и Канада поради неговиот одговор на протестите по смртта на Иранката Махса Амини во притвор. Таа беше уапсена поради кршење на правилата за облекување.

The post Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на ријалот appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на Националната банка на Иран денеска поднесе оставка по рекордната девалвација на ријалот поради санкциите воведени против Иран од 2018 година, јавија локалните медиуми.
Откако ја прифати оставката на Али Салехабади, одборот на директори го избра Мохамед Реза Фарзин за нов шеф на централната банка, јави иранската државна телевизија.
Гувернерот во оставка беше назначен пред 15 месеци. Во тој период, ријалот загуби околу 25 отсто од својата вредност. Валутата падна од околу 330.000 ријали за еден долар за два месеци на 430.000 ријали, бидејќи инфлацијата расте. Иран е погоден од серија американски санкции од 2018 година. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече својата земја од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции против Иран. Западните земји, исто така, воведоа санкции за некои ирански компании и воен персонал, по обвинувањата дека Иран и доставува беспилотни летала на Русија за инвазијата врз Украина. Техеран ги негира обвинувањата. Иран, исто така, е погоден од санкции од Европа, САД и Канада поради неговиот одговор на протестите по смртта на Иранката Махса Амини во притвор. Таа беше уапсена поради кршење на правилата за облекување.

The post Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на ријалот appeared first on Република.

]]>