Гутереш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/guteresh/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 10:16:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гутереш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/guteresh/ 32 32 Гутереш: Недостигот на единство во Советот за безбедност за војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас фатално го поткопа нашиот авторитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-nedostigot-na-edinstvo-vo-sovetot-za-bezbednost-za-vojnata-vo-ukraina-i-konfliktot-megu-izrael-i-hamas-fatalno-go-potkopa-nashiot-avtoritet/ Mon, 26 Feb 2024 10:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=748437

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН не успеал соодветно да одговори на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и војната во Украина, оценувајќи дека овие два конфликти „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на Советот за безбедност.

„Недостигот на единство во Советот во врска со рускиот напад врз Украина и израелските воени операции во Газа по ужасните терористички напади на Хамас на 7 октомври сериозно, можеби фатално, го поткопа нашиот авторитет“, рече Гутереш за време на неговото обраќање пред Советот во Женева.

Тој додаде дека Советот за безбедност на Обединетите нации често се наоѓа во ќорсокак и не е способен адекватно да дејствува по најважните прашања за мирот и безбедноста, објави Ројтерс.

„Потребна е сериозна реформа на неговиот состав и методи на работа“, рече Гутереш. Минатата недела, САД по трет пат ставија вето на нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа.

Се проценува дека околу 1,5 милиони жители на Газа се во засолништа во градот Рафа на границата со Египет, од кои повеќето побегнале од северот на енклавата за да ги избегнат нападите на израелската армија.

Гутереш го опиша Рафа како главна точка каде што се обезбедува помош за цивилите во Појасот Газа, додавајќи дека евентуален напад на израелската армија врз тој град ќе има катастрофални последици.

„Сеопфатна израелска офанзива на градот не само што би била катастрофална за повеќе од милион палестински цивили кои се засолниле таму, туку и последна шајка во ковчегот за нашите програми за помош“, тврди Гутереш.

The post Гутереш: Недостигот на единство во Советот за безбедност за војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас фатално го поткопа нашиот авторитет appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН не успеал соодветно да одговори на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и војната во Украина, оценувајќи дека овие два конфликти „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на Советот за безбедност. „Недостигот на единство во Советот во врска со рускиот напад врз Украина и израелските воени операции во Газа по ужасните терористички напади на Хамас на 7 октомври сериозно, можеби фатално, го поткопа нашиот авторитет“, рече Гутереш за време на неговото обраќање пред Советот во Женева. Тој додаде дека Советот за безбедност на Обединетите нации често се наоѓа во ќорсокак и не е способен адекватно да дејствува по најважните прашања за мирот и безбедноста, објави Ројтерс. „Потребна е сериозна реформа на неговиот состав и методи на работа“, рече Гутереш. Минатата недела, САД по трет пат ставија вето на нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа. Се проценува дека околу 1,5 милиони жители на Газа се во засолништа во градот Рафа на границата со Египет, од кои повеќето побегнале од северот на енклавата за да ги избегнат нападите на израелската армија. Гутереш го опиша Рафа како главна точка каде што се обезбедува помош за цивилите во Појасот Газа, додавајќи дека евентуален напад на израелската армија врз тој град ќе има катастрофални последици. „Сеопфатна израелска офанзива на градот не само што би била катастрофална за повеќе од милион палестински цивили кои се засолниле таму, туку и последна шајка во ковчегот за нашите програми за помош“, тврди Гутереш.

The post Гутереш: Недостигот на единство во Советот за безбедност за војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас фатално го поткопа нашиот авторитет appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Неприфатливи услови на талибанците за учество на состанокот под покровителство на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-neprifatlivi-uslovi-na-talibantsite-za-uchestvo-na-sostanokot-pod-pokrovitelstvo-na-on/ Mon, 19 Feb 2024 17:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=745804

Талибанците поставија неприфатливи услови за присуство на состанокот за Авганистан под покровителство на Обединетите нации, изјави денес генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

По дводневната средба во Катар, тој рече дека меѓу барањата на талибанците е исклучување на членовите на авганистанското граѓанско општество од преговорите во Доха и третман што претставува официјално признавање на Талибанците како легитимни власти во Авганистан.

„Добив писмо (од Талибанците) со низа услови за присуство на оваа средба кои не беа прифатливи“, рече генералниот секретар на ОН на прес-конференција.

The post Гутереш: Неприфатливи услови на талибанците за учество на состанокот под покровителство на ОН appeared first on Република.

]]>

Талибанците поставија неприфатливи услови за присуство на состанокот за Авганистан под покровителство на Обединетите нации, изјави денес генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. По дводневната средба во Катар, тој рече дека меѓу барањата на талибанците е исклучување на членовите на авганистанското граѓанско општество од преговорите во Доха и третман што претставува официјално признавање на Талибанците како легитимни власти во Авганистан. „Добив писмо (од Талибанците) со низа услови за присуство на оваа средба кои не беа прифатливи“, рече генералниот секретар на ОН на прес-конференција.

The post Гутереш: Неприфатливи услови на талибанците за учество на состанокот под покровителство на ОН appeared first on Република.

]]>
Гутереш: КOP28 да се заложи за напуштање на фосилните горива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-kop28-da-se-zalozhi-za-napushtane-na-fosilnite-goriva/ Thu, 30 Nov 2023 10:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=717909

Конференцијата за климата КOP28, која започнува денеска во Дубаи, мора да се посвети на вистинско „постапно исфрлање“ на фосилните горива, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, осудувајќи го недостатокот на „политичка волја“ во спречувањето на „климатската катастрофа“.

Јас сум силно за текст кој вклучува напуштање (фосилни горива), рече Гутереш во интервју пред да замине за Дубаи.

Соочени со недоволна глобална акција за исполнување на целта на Парискиот договор за ограничување на порастот на температурата на 1,5 степени Целзиусови, некои земји сакаат финалниот документ КOP28, кој треба да биде усвоен со консензус, експлицитно да повикува на намалување на фосилните горива.

Намалувањето може да биде сè, никогаш не знаеме што значи тоа. „Напуштање“ значи запирање во одредена точка. Дури и ако не можеме да престанеме (да користиме фосилни горива) утре, додаде Гутереш.

The post Гутереш: КOP28 да се заложи за напуштање на фосилните горива appeared first on Република.

]]>

Конференцијата за климата КOP28, која започнува денеска во Дубаи, мора да се посвети на вистинско „постапно исфрлање“ на фосилните горива, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, осудувајќи го недостатокот на „политичка волја“ во спречувањето на „климатската катастрофа“.
Јас сум силно за текст кој вклучува напуштање (фосилни горива), рече Гутереш во интервју пред да замине за Дубаи.
Соочени со недоволна глобална акција за исполнување на целта на Парискиот договор за ограничување на порастот на температурата на 1,5 степени Целзиусови, некои земји сакаат финалниот документ КOP28, кој треба да биде усвоен со консензус, експлицитно да повикува на намалување на фосилните горива.
Намалувањето може да биде сè, никогаш не знаеме што значи тоа. „Напуштање“ значи запирање во одредена точка. Дури и ако не можеме да престанеме (да користиме фосилни горива) утре, додаде Гутереш.

The post Гутереш: КOP28 да се заложи за напуштање на фосилните горива appeared first on Република.

]]>
Гутереш повика на долгорочно примирје во Газа и ослободување на сите заложници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-povika-na-dolgorochno-primirje-vo-gaza-i-osloboduvane-na-site-zalozhnitsi/ Tue, 28 Nov 2023 10:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=717071

енералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го повтори својот повик за долгорочен прекин на огнот и ослободување на сите заложници кои ги држат палестинските екстремисти во Газа.

Во изјавата објавена пред Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, Гутереш оцени дека Палестинците страдаат во „едно од најтемните поглавја“ во својата историја.

Гутереш повторно ги осуди нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври, кои ја предизвикаа петтата и најсмртоносна војна во Газа, но додаде дека „тоа не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“.

Тој повика на „долгорочен хуманитарен прекин на огнот, неограничен пристап до помош, ослободување на сите заложници, заштита на цивилите и крај на кршењето на меѓународното хуманитарно право“.

Израел и палестинскиот исламски Хамас, кој владее со Газа, се договорија од утрово да го продолжат привремениот прекин на огнот за два дена и планираат размена на заложници кои ги држат екстремистите и палестинските затвореници во израелските затвори.

Израелските лидери, сепак, се заканија дека ќе ја продолжат војната за уништување на Хамас откако ќе запре ослободувањето на заложниците.

The post Гутереш повика на долгорочно примирје во Газа и ослободување на сите заложници appeared first on Република.

]]>

енералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го повтори својот повик за долгорочен прекин на огнот и ослободување на сите заложници кои ги држат палестинските екстремисти во Газа. Во изјавата објавена пред Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, Гутереш оцени дека Палестинците страдаат во „едно од најтемните поглавја“ во својата историја. Гутереш повторно ги осуди нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври, кои ја предизвикаа петтата и најсмртоносна војна во Газа, но додаде дека „тоа не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“. Тој повика на „долгорочен хуманитарен прекин на огнот, неограничен пристап до помош, ослободување на сите заложници, заштита на цивилите и крај на кршењето на меѓународното хуманитарно право“. Израел и палестинскиот исламски Хамас, кој владее со Газа, се договорија од утрово да го продолжат привремениот прекин на огнот за два дена и планираат размена на заложници кои ги држат екстремистите и палестинските затвореници во израелските затвори. Израелските лидери, сепак, се заканија дека ќе ја продолжат војната за уништување на Хамас откако ќе запре ослободувањето на заложниците.

The post Гутереш повика на долгорочно примирје во Газа и ослободување на сите заложници appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-nema-opravduvane-za-smrtonosniot-napad-na-hamas-vrz-izrael/ Wed, 25 Oct 2023 07:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=694713

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска рече дека нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел, откако израелските власти го повикаа да поднесе оставка поради неговата изјава дека нападите на Хамас „не се случиле во вакуум“.

Гутереш на платформата Икс напиша дека поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат страшните напади на Хамас, ниту дека нападите на таа група можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ.

Израелските власти го критикуваа Гутереш во вторникот, откако тој пред Советот за безбедност на ОН рече дека е исто така важно да се признае дека нападите на Хамас не се случиле во вакуум.

Многу израелски официјални лица оттогаш го повикаа Гутереш да поднесе оставка.

Постојаниот претставник на Израел во ОН, Гилад Ердан, во вторникот го повика Гутереш веднаш да поднесе оставка бидејќи, како што рече, не е способен да ја води светската организација. „Генералниот секретар на ОН, кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање деца, жени и стари лица не е способен да ги води ОН. Го повикувам веднаш да поднесе оставка“, напиша Ердан на Икс.

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен го критикуваше Гутереш на состанокот на Советот за безбедност за неговите критики за нападите на Израел врз Газа, прашувајќи го „во каков свет живее“. Коен подоцна на платформата Икс напиша дека ја откажал планираната средба со Гутереш.

Гутереш претходно повика на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и нагласи дека „страшните напади“ на палестинската милитантна група Хамас врз Израел не можат да го оправдаат „колективното казнување на палестинскиот народ“.

„Ниту една страна во вооружен конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, рече генералниот секретар на ОН. Тој посочи дека нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври не се случија „во вакуум“ и нагласи дека палестинскиот народ е под окупација 56 години.

The post Гутереш: Нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска рече дека нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел, откако израелските власти го повикаа да поднесе оставка поради неговата изјава дека нападите на Хамас „не се случиле во вакуум“. Гутереш на платформата Икс напиша дека поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат страшните напади на Хамас, ниту дека нападите на таа група можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ. Израелските власти го критикуваа Гутереш во вторникот, откако тој пред Советот за безбедност на ОН рече дека е исто така важно да се признае дека нападите на Хамас не се случиле во вакуум. Многу израелски официјални лица оттогаш го повикаа Гутереш да поднесе оставка. Постојаниот претставник на Израел во ОН, Гилад Ердан, во вторникот го повика Гутереш веднаш да поднесе оставка бидејќи, како што рече, не е способен да ја води светската организација. „Генералниот секретар на ОН, кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање деца, жени и стари лица не е способен да ги води ОН. Го повикувам веднаш да поднесе оставка“, напиша Ердан на Икс. Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен го критикуваше Гутереш на состанокот на Советот за безбедност за неговите критики за нападите на Израел врз Газа, прашувајќи го „во каков свет живее“. Коен подоцна на платформата Икс напиша дека ја откажал планираната средба со Гутереш. Гутереш претходно повика на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и нагласи дека „страшните напади“ на палестинската милитантна група Хамас врз Израел не можат да го оправдаат „колективното казнување на палестинскиот народ“.
„Ниту една страна во вооружен конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, рече генералниот секретар на ОН. Тој посочи дека нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври не се случија „во вакуум“ и нагласи дека палестинскиот народ е под окупација 56 години.

The post Гутереш: Нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Згрозен сум од експлозијата во болницата во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-zgrozen-sum-od-eksplozijata-vo-bolnitsata-vo-gaza/ Wed, 18 Oct 2023 13:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=692531

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека е згрозен од експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, во која загинаа стотици луѓе и нагласи дека најостро ја осудува таа акција.

Гутереш, говорејќи на церемонијата на отворањето на форумот „Појас и пат“ во Пекинг, рече дека ги осудува нападите на Хамас врз цивилите во Израел на 7 октомври, но нагласи дека овие напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ.

Хамас го обвини Израел за напад врз болница во Газа, во кој, палестинската милитантна група соопшти дека се убиени најмалку 500 луѓе, а стотици се ранети. Од друга страна, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ракета истрелана од палестинската милитантна група Исламски џихад е одговорна за експлозијата. Оваа група негира вмешаност.

The post Гутереш: Згрозен сум од експлозијата во болницата во Газа appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека е згрозен од експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, во која загинаа стотици луѓе и нагласи дека најостро ја осудува таа акција. Гутереш, говорејќи на церемонијата на отворањето на форумот „Појас и пат“ во Пекинг, рече дека ги осудува нападите на Хамас врз цивилите во Израел на 7 октомври, но нагласи дека овие напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ. Хамас го обвини Израел за напад врз болница во Газа, во кој, палестинската милитантна група соопшти дека се убиени најмалку 500 луѓе, а стотици се ранети. Од друга страна, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ракета истрелана од палестинската милитантна група Исламски џихад е одговорна за експлозијата. Оваа група негира вмешаност.

The post Гутереш: Згрозен сум од експлозијата во болницата во Газа appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Северот на Газа е речиси невозможно да се евакуира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-severot-na-gaza-e-rechisi-nevozmozhno-da-se-evakuira/ Fri, 13 Oct 2023 20:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=691065

Шефот на ОН Антонио Гутереш повика на хуманитарен пристап до Газа, но немаше повик за прекин на огнот.

-Преместувањето на повеќе од милион луѓе низ густо населената воена зона на место без храна, вода или засолниште, кога целата територија е под опсада, е крајно опасно и во некои случаи едноставно не е можно, рече Гутереш за време на кратките изјави во седиштето на ОН во Њујорк.

Земјите го повикаа Израел да го одложи нападот врз северниот дел на Газа. Милитантната група, која ја контролира густо населената палестинска територија, вели дека ќе се бори до последната капка крв и им порача на жителите да не одат никаде, иако Израел им нареди да се евакуираат на југ од енклавата во рок од 24 часа.

Некои Палестинци ја послушаа таа порака, но попладнево имаше неколку знаци за масовен егзодус.

The post Гутереш: Северот на Газа е речиси невозможно да се евакуира appeared first on Република.

]]>

Шефот на ОН Антонио Гутереш повика на хуманитарен пристап до Газа, но немаше повик за прекин на огнот. -Преместувањето на повеќе од милион луѓе низ густо населената воена зона на место без храна, вода или засолниште, кога целата територија е под опсада, е крајно опасно и во некои случаи едноставно не е можно, рече Гутереш за време на кратките изјави во седиштето на ОН во Њујорк. Земјите го повикаа Израел да го одложи нападот врз северниот дел на Газа. Милитантната група, која ја контролира густо населената палестинска територија, вели дека ќе се бори до последната капка крв и им порача на жителите да не одат никаде, иако Израел им нареди да се евакуираат на југ од енклавата во рок од 24 часа. Некои Палестинци ја послушаа таа порака, но попладнево имаше неколку знаци за масовен егзодус.

The post Гутереш: Северот на Газа е речиси невозможно да се евакуира appeared first on Република.

]]>
Гутереш загрижен поради нападите од јужен Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-zagrizhen-poradi-napadite-od-juzhen-liban/ Wed, 11 Oct 2023 17:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=690250

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш н предупреди на пријавени напади од јужен Либан, нагласувајќи ја итната потреба да се избегне прелевање на конфликтот во Израел.

- Апелирам до сите страни и оние кои имаат влијание врз тие страни да избегнат каква било понатамошна ескалација и прелевање, нагласи тој.

- Повикувам на итно ослободување на сите израелски заложници кои се држат во Газа. Цивилите мора да бидат заштитени во секое време. Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува и спроведува, истакна Гутереш.

The post Гутереш загрижен поради нападите од јужен Либан appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш н предупреди на пријавени напади од јужен Либан, нагласувајќи ја итната потреба да се избегне прелевање на конфликтот во Израел. - Апелирам до сите страни и оние кои имаат влијание врз тие страни да избегнат каква било понатамошна ескалација и прелевање, нагласи тој. - Повикувам на итно ослободување на сите израелски заложници кои се држат во Газа. Цивилите мора да бидат заштитени во секое време. Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува и спроведува, истакна Гутереш.

The post Гутереш загрижен поради нападите од јужен Либан appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-zagrizhuvachki-izveshtai-za-zhrtvi-vo-nagorno-karabah-iten-prekin-na-ognot/ Wed, 20 Sep 2023 06:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=683321

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата.

„Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на непријателствата, ескалација и построго почитување на примирјето од 2020 година“, се вели во соопштение.

Како што е наведено, Гутереш е „се уште загрижен за хуманитарната ситуација на теренот“ и го повторува својот повик за итни чекори за олеснување на пристапот до хуманитарните акции на луѓето на кои им е потребна.

The post Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата.
„Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на непријателствата, ескалација и построго почитување на примирјето од 2020 година“, се вели во соопштение.
Како што е наведено, Гутереш е „се уште загрижен за хуманитарната ситуација на теренот“ и го повторува својот повик за итни чекори за олеснување на пристапот до хуманитарните акции на луѓето на кои им е потребна.

The post Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Гутереш повторно ја повика Русија да се врати на Црноморскиот договор за жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-povtorno-ja-povika-rusija-da-se-vrati-na-tsrnomorskiot-dogovor-za-zhito/ Mon, 24 Jul 2023 18:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=664857

Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море, повторувајќи го предлогот што му го дал на рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец.

„Со завршувањето на Црноморската иницијатива, најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш на отворањето на состанокот на високо ниво на Организацијата за храна (ФАО) при Обединетите нации во Рим.

„Кога цените на храната растат, сите плаќаме повеќе“, рече Гутереш.

Откако Русија се повлече од договорот и почна систематски да ги напаѓа украинските пристаништа на Црното Море и реката Дунав, цените на пченицата и пченката на светските берзи се зголемија.

„Она што се случува е особено поразително за земјите кои имаат проблеми со прехранувањето на своите жители“, додаде Гутереш.

Генералниот секретар на ОН му пиша на Путин на 11 јули во обид во последен момент да го спаси договорот за жито, предлагајќи Русија да остане во него, бројот на бродови што влегуваат и излегуваат од украинските пристаништа да се ограничи на по четири и поделбата на руската Аграрна банка, Роселколхозбанк, да биде поврзана со глобалниот платен систем СВИФТ. ЕУ ја исклучи банката од системот во јуни 2022 година.

Нејзиното враќање беше еден од условите на Москва да не го прекине учеството во договорот. Другиот беше да се олесни извозот на руски амонијак и ѓубрива, кој, според Кремљ, останува неисполнет, што е исто така аргумент за излегување од договорот за жито.

Од почетокот на војната во Украина, рускиот извоз на жито расте, но тој на вештачки ѓубрива драстично падна.

„Останувам посветен на олеснување за непречен пристап до глобалните пазари за храна и ѓубрива и од Украина и од Русија за да се обезбеди храната што секој човек ја заслужува“, рече Гутереш.

The post Гутереш повторно ја повика Русија да се врати на Црноморскиот договор за жито appeared first on Република.

]]>

Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море, повторувајќи го предлогот што му го дал на рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец. „Со завршувањето на Црноморската иницијатива, најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш на отворањето на состанокот на високо ниво на Организацијата за храна (ФАО) при Обединетите нации во Рим. „Кога цените на храната растат, сите плаќаме повеќе“, рече Гутереш. Откако Русија се повлече од договорот и почна систематски да ги напаѓа украинските пристаништа на Црното Море и реката Дунав, цените на пченицата и пченката на светските берзи се зголемија. „Она што се случува е особено поразително за земјите кои имаат проблеми со прехранувањето на своите жители“, додаде Гутереш. Генералниот секретар на ОН му пиша на Путин на 11 јули во обид во последен момент да го спаси договорот за жито, предлагајќи Русија да остане во него, бројот на бродови што влегуваат и излегуваат од украинските пристаништа да се ограничи на по четири и поделбата на руската Аграрна банка, Роселколхозбанк, да биде поврзана со глобалниот платен систем СВИФТ. ЕУ ја исклучи банката од системот во јуни 2022 година. Нејзиното враќање беше еден од условите на Москва да не го прекине учеството во договорот. Другиот беше да се олесни извозот на руски амонијак и ѓубрива, кој, според Кремљ, останува неисполнет, што е исто така аргумент за излегување од договорот за жито. Од почетокот на војната во Украина, рускиот извоз на жито расте, но тој на вештачки ѓубрива драстично падна. „Останувам посветен на олеснување за непречен пристап до глобалните пазари за храна и ѓубрива и од Украина и од Русија за да се обезбеди храната што секој човек ја заслужува“, рече Гутереш.

The post Гутереш повторно ја повика Русија да се врати на Црноморскиот договор за жито appeared first on Република.

]]>
Средба Ковачевски – Гутереш: Соработката со ОН продолжува, стратешките развојни цели се приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-kovachevski-guteresh-sorabotkata-so-on-prodolzuva-strateshkite-razvojni-celi-se-prioritet/ Thu, 22 Sep 2022 19:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=553314

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

На средбата премиерот Ковачевски изрази благодарност за ангажманот на ОН во Република Македонија и нагласи дека соработката ќе продолжи со зголемен интензитет, особено во имплементирањето на новите стратешки цели за одржлив развој за периодот 2021-2025 година.

Премиерот истакна дека ангажманот на ОН во Република Македонија е мошне важен за јакнење на капацитетите на земјата во клучните сектори и за унапредување на реформите. Тој изрази надеж дека соработката со ОН ќе продолжи и во иднина со цел обезбедување поддршка за нашите развојни цели во контекст на нашите евроинтеграциски аспирации.

„Реформите во областите на доброто владеење, борбата со корупцијата, реформите во судскиот систем, како и јакнењето на социјалната кохезија, ќе бидат приоритетите на земјата. Крајната цел на Владата е да воведе значајни промени во животот на нејзините граѓани, да ја подобри легислативата, да ги зајакне капацитетите и ефикасноста на институциите“, истакна Премиерот.

На средбата беше потврдена нашата силна заложба за јакнење на улогата на ОН во справувањето со глобалните предизвици како руската агресија врз Украина, климатските промени и недостатокот на храна. Владата на Македонија, како што беше посочено е целосно посветена на имплементација на Агендата 2030, којашто се однесува на целите за одржлив развој на ОН и нејзина интеграција во националните стратешки документи и планови.

На средбата со Генералниот секретар Гутереш, премиерот Ковачевски изрази интерес и за зголемено учество на нашата земја во мировните операции на Обединетите Нации. Република Македонија, истакна Ковачевски е активен партнер на меѓународните антитерористички коалиции и ќе продолжи да придонесува кон меѓународните заложби за борба против тероризмот.

Дополнителен доказ за нашиот ангажман во правец на зацврстување на мирот и стабилноста е и нашето претстојно претседателство со ОБСЕ наредната година, за кое интензивно се подготвуваме во време на голема нестабилност предизвикана од руската воена агресија врз Украина. Ковачевски во оваа прилика истакна дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги искористиме сите ресурси и механизми на оваа организација, со цел да се намалат тензиите и да се воспостават канали на комуникација и критички дијaлог.

На средбата беше разговарано и за Преспанскиот договор како пример кој имаше исклучително позитивно влијание врз билатералниот и регионалниот развој на Република Македонија и Грција, и чија имплементација и пошироко беше оценета како историски чин.

Ковачевски изрази големо задоволство и од неодамнешното отпочнување на скрининг процесот во рамки на пристапните преговори кон ЕУ, потврдувајќи ја нашата силна посветеност на реформските процеси на патот кон европското семејство.

The post Средба Ковачевски – Гутереш: Соработката со ОН продолжува, стратешките развојни цели се приоритет appeared first on Република.

]]>

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На средбата премиерот Ковачевски изрази благодарност за ангажманот на ОН во Република Македонија и нагласи дека соработката ќе продолжи со зголемен интензитет, особено во имплементирањето на новите стратешки цели за одржлив развој за периодот 2021-2025 година. Премиерот истакна дека ангажманот на ОН во Република Македонија е мошне важен за јакнење на капацитетите на земјата во клучните сектори и за унапредување на реформите. Тој изрази надеж дека соработката со ОН ќе продолжи и во иднина со цел обезбедување поддршка за нашите развојни цели во контекст на нашите евроинтеграциски аспирации. „Реформите во областите на доброто владеење, борбата со корупцијата, реформите во судскиот систем, како и јакнењето на социјалната кохезија, ќе бидат приоритетите на земјата. Крајната цел на Владата е да воведе значајни промени во животот на нејзините граѓани, да ја подобри легислативата, да ги зајакне капацитетите и ефикасноста на институциите“, истакна Премиерот. На средбата беше потврдена нашата силна заложба за јакнење на улогата на ОН во справувањето со глобалните предизвици како руската агресија врз Украина, климатските промени и недостатокот на храна. Владата на Македонија, како што беше посочено е целосно посветена на имплементација на Агендата 2030, којашто се однесува на целите за одржлив развој на ОН и нејзина интеграција во националните стратешки документи и планови. На средбата со Генералниот секретар Гутереш, премиерот Ковачевски изрази интерес и за зголемено учество на нашата земја во мировните операции на Обединетите Нации. Република Македонија, истакна Ковачевски е активен партнер на меѓународните антитерористички коалиции и ќе продолжи да придонесува кон меѓународните заложби за борба против тероризмот. Дополнителен доказ за нашиот ангажман во правец на зацврстување на мирот и стабилноста е и нашето претстојно претседателство со ОБСЕ наредната година, за кое интензивно се подготвуваме во време на голема нестабилност предизвикана од руската воена агресија врз Украина. Ковачевски во оваа прилика истакна дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги искористиме сите ресурси и механизми на оваа организација, со цел да се намалат тензиите и да се воспостават канали на комуникација и критички дијaлог. На средбата беше разговарано и за Преспанскиот договор како пример кој имаше исклучително позитивно влијание врз билатералниот и регионалниот развој на Република Македонија и Грција, и чија имплементација и пошироко беше оценета како историски чин. Ковачевски изрази големо задоволство и од неодамнешното отпочнување на скрининг процесот во рамки на пристапните преговори кон ЕУ, потврдувајќи ја нашата силна посветеност на реформските процеси на патот кон европското семејство.

The post Средба Ковачевски – Гутереш: Соработката со ОН продолжува, стратешките развојни цели се приоритет appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Половина од светот е во зоната на опасност поради климата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-polovina-od-svetot-e-vo-zonata-na-opasnost-poradi-klimata/ Mon, 18 Jul 2022 13:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=530703

Шумските пожари и топлотните бранови кои предизвикуваат хаос низ планетата покажуваат дека човештвото се соочува со „колективно самоубиство“ и дека половина од светот е во зоната на опасност“, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На самитот за климатски промени, пред 40 министри од различни земји, Гутереш рече дека половина од човештвото е во зоната на опасност поради поплави, суши, силни бури и пожари, пренесе „Гардијан“.

Ниту една земја не е имуна на ова, но ние продолжуваме да ја храниме нашата зависност од фосилните горива. Имаме избор: колективна акција или колективно самоубиство. Сè е во наши раце“, рече Гутереш.

The post Гутереш: Половина од светот е во зоната на опасност поради климата appeared first on Република.

]]>

Шумските пожари и топлотните бранови кои предизвикуваат хаос низ планетата покажуваат дека човештвото се соочува со „колективно самоубиство“ и дека половина од светот е во зоната на опасност“, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. На самитот за климатски промени, пред 40 министри од различни земји, Гутереш рече дека половина од човештвото е во зоната на опасност поради поплави, суши, силни бури и пожари, пренесе „Гардијан“.
Ниту една земја не е имуна на ова, но ние продолжуваме да ја храниме нашата зависност од фосилните горива. Имаме избор: колективна акција или колективно самоубиство. Сè е во наши раце“, рече Гутереш.

The post Гутереш: Половина од светот е во зоната на опасност поради климата appeared first on Република.

]]>
Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-povika-na-chetiridneven-veligdenski-prekin-na-ognot-vo-ukraina/ Tue, 19 Apr 2022 20:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=490755

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.

Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација” и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон.

Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.

Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина”, рече Гутереш.

The post Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април. Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација” и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон. Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.
Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина”, рече Гутереш.

The post Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина appeared first on Република.

]]>