Густав Малер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gustav-maler/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Apr 2023 06:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Густав Малер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gustav-maler/ 32 32 Проекција на филмот „Малер“ во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proektsija-na-filmot-maler-vo-kinoteka/ Tue, 04 Apr 2023 06:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=626962

Кинотеката во соработка со Филхармонијата, вечерва ќе го прикаже биографскиот филм за композиторот Густав Малер, на сценаристот и режисер Кен Расел.

Проекцијата на филмот за Густав Малер ќе го антиципира концертот на 13 април, кога оркестарот на Филхармонијата ќе ја изведе маестралната Симфонија број 5 која претставува совршена апотеоза на животот, љубовта и смртта.

„Малер“ е филм од 1974 година, во режија на Кен Расел, а главните улоги ги толкуваат Роберт Пауел, Џорџина Хејл и Ли Монтаг. Раскажана во низа ретроспективни сцени додека композиторот и неговата сопруга Алма разговараат за нивниот неуспешен брак за време на патување со воз, сторијата низ флешбек секвенци го прикажува турбулентното детство на Малер, обременето со самоубиството на неговиот брат, искуството со антисемитизмот, неговото конвертитство од јудаизам во католицизам, брачните проблеми, смртта на неговата млада ќерка.

Расел ја истражува музиката на Малер и низ неговите односи со Козима фон Билов, ќерката на композиторот Франц Лист и вдовицата на Рихард Вагнер. Во улогата на композиторот Густав Малер настапува актерот Роберт Пауел, познат по неговата иконична креација на Исус Христос во „Исус од Назарет“ на Франко Зефирели, како и од мјузиклот „Томи“ на Расел, реализиран во 1975 година.

„Малер“ е дел од творештвото на Расел, посветено на екранизациите на биографиите на славните класични композитори и уметници како Петар Илич Чајковски, Франц Лист, холивудската икона Рудолф Валентино (во интерпретација на славниот балетан Рудолф Нуреев.

The post Проекција на филмот „Малер“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Кинотеката во соработка со Филхармонијата, вечерва ќе го прикаже биографскиот филм за композиторот Густав Малер, на сценаристот и режисер Кен Расел. Проекцијата на филмот за Густав Малер ќе го антиципира концертот на 13 април, кога оркестарот на Филхармонијата ќе ја изведе маестралната Симфонија број 5 која претставува совршена апотеоза на животот, љубовта и смртта. „Малер“ е филм од 1974 година, во режија на Кен Расел, а главните улоги ги толкуваат Роберт Пауел, Џорџина Хејл и Ли Монтаг. Раскажана во низа ретроспективни сцени додека композиторот и неговата сопруга Алма разговараат за нивниот неуспешен брак за време на патување со воз, сторијата низ флешбек секвенци го прикажува турбулентното детство на Малер, обременето со самоубиството на неговиот брат, искуството со антисемитизмот, неговото конвертитство од јудаизам во католицизам, брачните проблеми, смртта на неговата млада ќерка. Расел ја истражува музиката на Малер и низ неговите односи со Козима фон Билов, ќерката на композиторот Франц Лист и вдовицата на Рихард Вагнер. Во улогата на композиторот Густав Малер настапува актерот Роберт Пауел, познат по неговата иконична креација на Исус Христос во „Исус од Назарет“ на Франко Зефирели, како и од мјузиклот „Томи“ на Расел, реализиран во 1975 година. „Малер“ е дел од творештвото на Расел, посветено на екранизациите на биографиите на славните класични композитори и уметници како Петар Илич Чајковски, Франц Лист, холивудската икона Рудолф Валентино (во интерпретација на славниот балетан Рудолф Нуреев.

The post Проекција на филмот „Малер“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>