гушкање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gushkanje/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Feb 2022 18:35:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гушкање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gushkanje/ 32 32 Мексико им забрани на државните службеници да се гушкаат, бакнуваат и да си даваат комплименти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meksiko-im-zabrani-na-drzavnite-sluzbenici-da-se-gushkaat-baknuvaat-i-da-si-davaat-komplimenti/ Fri, 11 Feb 2022 18:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=457325

Вработените во државните служби во Мексико отсега ќе мора да избегнуваат бакнување, гушкање и комплименти за физичкиот изглед како дел од новиот етички кодекс насочен кон борба против сексуалното вознемирување.

Новите прописи, објавени и во Службениот весник, ги повикува државните службеници да „избегнуваат однесување со физички контакт, сугестивна или сексуална по природа, како што се допирање, гушкање и бакнување“. Текстот, кој веќе стапи на сила, исто така повикува и да се избегнуваат „коментари, задевања, комплименти или шеги со сексуална конотација кон друга личност кога станува збор за нивниот физички изглед“.

Речиси една недела пред Денот на вљубените, од службениците се бара на друго лице да не даваат „подароци кои укажуваат на сексуален интерес“.

Прекршителите на новиот етички кодекс ќе бидат казнети во согласност со мексиканските закони за одговорност во јавните служби.

Новите прописи доаѓаат во време кога феминистичките движења ширум Латинска Америка се мобилизираат против сексуалното вознемирување и насилството врз жените.

https://republika.mk/vesti/svet/iljadnici-zeni-izlegoa-na-protest-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-urugvaj/

The post Мексико им забрани на државните службеници да се гушкаат, бакнуваат и да си даваат комплименти appeared first on Република.

]]>

Вработените во државните служби во Мексико отсега ќе мора да избегнуваат бакнување, гушкање и комплименти за физичкиот изглед како дел од новиот етички кодекс насочен кон борба против сексуалното вознемирување. Новите прописи, објавени и во Службениот весник, ги повикува државните службеници да „избегнуваат однесување со физички контакт, сугестивна или сексуална по природа, како што се допирање, гушкање и бакнување“. Текстот, кој веќе стапи на сила, исто така повикува и да се избегнуваат „коментари, задевања, комплименти или шеги со сексуална конотација кон друга личност кога станува збор за нивниот физички изглед“. Речиси една недела пред Денот на вљубените, од службениците се бара на друго лице да не даваат „подароци кои укажуваат на сексуален интерес“. Прекршителите на новиот етички кодекс ќе бидат казнети во согласност со мексиканските закони за одговорност во јавните служби. Новите прописи доаѓаат во време кога феминистичките движења ширум Латинска Америка се мобилизираат против сексуалното вознемирување и насилството врз жените. https://republika.mk/vesti/svet/iljadnici-zeni-izlegoa-na-protest-protiv-seksualnoto-nasilstvo-vo-urugvaj/

The post Мексико им забрани на државните службеници да се гушкаат, бакнуваат и да си даваат комплименти appeared first on Република.

]]>