Ѓурѓај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gurgaj/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Oct 2023 13:10:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓурѓај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gurgaj/ 32 32 Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/istoriski-den-za-makedontsite-vo-albanija-makedonskiot-jazik-za-prvpat-vo-ofitsijalen-dokument-na-fuen/ Sun, 22 Oct 2023 12:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=693874

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.

-Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден”-Тирана.

Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.

Ѓурѓај вели дека првото издание на германска јазик од оваа брошура, е отпечатено во декември 2019 година.

– Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, посочува тој.

За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај.

Според Ѓурѓај, работната група на словенските малцинства (АГСМ) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на Брошурата.

– Воедно, за нас, како Македонци од Република Албанија многу значи, што ова, исклучително важно издание на ФУЕН ќе добие и онлајн верзија која ќе биде достапна до многу поголем број на заинтересирани лица за проблемите и состојбите со националните малцинства во Европа, посочува Ѓурѓај.

МД „Илинден”-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска а кој завршува денеска.

Друштвото „Илинден” член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

The post Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН appeared first on Република.

]]>

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.
-Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден”-Тирана.
Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.
Ѓурѓај вели дека првото издание на германска јазик од оваа брошура, е отпечатено во декември 2019 година.
– Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, посочува тој.
За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај. Според Ѓурѓај, работната група на словенските малцинства (АГСМ) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на Брошурата.
– Воедно, за нас, како Македонци од Република Албанија многу значи, што ова, исклучително важно издание на ФУЕН ќе добие и онлајн верзија која ќе биде достапна до многу поголем број на заинтересирани лица за проблемите и состојбите со националните малцинства во Европа, посочува Ѓурѓај.
МД „Илинден”-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска а кој завршува денеска. Друштвото „Илинден” член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.