гумење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gumenje/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 12:51:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гумење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gumenje/ 32 32 Мицкоски: Прогласувам мораториум на теми кои разделуваат и подавам рака за конструктивни дијалози https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-proglasuvam-moratorium-na-temi-koi-razdeluvaat-i-podavam-raka-za-konstruktivni-dijalozi/ Fri, 02 Aug 2024 11:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=802612

Во говорот од Гумење, по повод одбележувањето на 121 година од Илинденското востание, претседателот на Владата Христијан Мицкоски се осврна на барањата кои создаваат конфликти и го напаѓаат единството и целовитоста на Македонија.

Неодминливо е чуството дека не сите субјекти и политички чинители ја чуствуваат Македонија како своја татковина. Односно во наративите тие секогаш ќе ја почитуваат, но со делата и барањата кои ги ставаат на маса тие го прават токму спротивното. Било тоа да се барања за регионализација, дводомност и слични чекори на редефинирање. И затоа претходно ви говорев за единството врз кое се градеше Крушевскиот манифест а кое денес се помалку го имаме, а е идеал за кој вреди секоја борба денес и затоа борбата мора да трае. И ова е политичкиот фолклор, иако во самата суштина мотивите за ваквото однесување кон државата како да е туѓа, се наоѓаат во личните интереси и лукративните цели кои ги имаат. Смислуваат барања за да дојдат до власт која за нив значи привилегии, пари, империи, згради, имоти, удобства стекнати на грбот на народот. И кога така се расфлаат со барања со кои удираат по државата, треба да се свесни дека и јас како лидер можам и во суштина имам барања кои лесно може да се извадат на маса, но дали тоа ќе ги реши проблемите. Дали тоа ќе донесе доверба едни кон други и дали тоа ќе обезбеди иднина за сите нас. А сите сме под едно исто небо и делиме една заедничка судбина. Суштината не се политичките барања што може да се измислат, туку напорот да го направиме животот на граѓаните подобар. Не е поважно какво слово ќе има на парче хартија, од тоа каков живот има во реалноста. Не е поважно од тоа каков закон ќе има од тоа дали Липково, Желино, Тетово или Делчево има вода за пиење. И Македонците, и Албанците, И Турците, и Ромите, и Србите, И Власите, и Бошњаците се вистински уморни од злоупотребата на нивните позиции и фактот што политички елити градат кариери на нивниот грб додека сите заедно делиме една иста судбина, рече Мицкоски.

Затоа во име на подобар живот за сите Мицкоски прогласи мораториум на разговор на теми кои делат, создаваат тензии и се злоупотребуваат етничките прашања, и ги повика сите партии, субјекти и лидери да зборуваат за она што е вистински важно, економијата, образованието и иновациите кои носат иднина.

Ајде да збориме за повеќе пари за народот и економија. Ајде да отвориме дебата за економијата и како да ги решиме проблемите на граѓаните овде во Крушево, Гостивар, Дебар или Струмица и Прилеп, Кавадрци или Кичево. Подавам рака за решавање на проблеми, за конструктивни дијалози и за предлози како до подобар живот. Еве ги слушам вашите предлози. Да обезбедиме единство за економска иднина, повика Мицкоски во својата илинденска порака.

Така ќе го градиме единството и ќе создадеме иднина за сите.

Имаме економска визија за развиена Македонија. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почетокот на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина.

The post Мицкоски: Прогласувам мораториум на теми кои разделуваат и подавам рака за конструктивни дијалози appeared first on Република.

]]>

Мицкоски за спорот со Бугарија: Верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sporot-so-bugarija-veruvam-vo-reshenija-diktirani-od-razumot-a-ne-od-silata/ Fri, 02 Aug 2024 11:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=802603

Додека ја решаваме катастрофата која ја наследивме, се борам и за нови инвестиции, за повисоки пензии и за нови пари за капитални инвестиции во општините и поддршка на домашниот бизнис, порача Христијан Мицкоски во првото обраќање пред народот откако е на чело на владата.

Тоа што ќе се менуваат работите не им одговара на оние кои со децении ја краделе оваа држава, се однесувале како моќници, се заканувале, се богателе на грбот на граѓаните. Не им одговара на сите оние кои научија дека во оваа држава за едни е мајка, за друѓи маќеа. Мора да ставиме ред, бидејќи кога нема систем постои мито и корупција, рече Мицкоски.

Тој потсети на заветот дека Македонија е неговото семејство и дека нема да ја изневери дадената поддршка.

Оние кои ме познаваат, знаат дека сум човек кој се држи до својот збор. А пред вас дадов завет дека оваа држава е моето семејство и дека ќе се грижам за неа како да се грижам за семејството. Дадов завет дека нема да ве разочарам, бидејќи не барав ваша поддршка да продолжиме и како досега – што милуваа нашите претходници да кажат, туку да воспоставиме систем што ќе функционира. Да направиме држава каде нема да има граѓани од прв и втор ред. Да имаме држава каде секој ќе знае дека е заштитен, а не уплашен ако му се закани некој политичар. Ова не смее да биде држава каде ќе има неправди. Ова не смее да биде држава каде ќе има наредени и потчинети поради политичка припадност. Ова ќе биде држава каде ќе се почитува секој оној што е чесен, искрен и вреден, а ќе се казнува секој оној што е корумпиран, и неработник. Да ги вратиме вредностите онаму каде што им е местото – тие кои се огрешиле кон законите да одговараат, работниците да бидат со пристојни плати, младите со шанса за иднина, земјоделците да бидат задоволни, лекарите почитувани... Македонија повторно горда и повторно твоја, рече Мицкоски.

Направени се големи национални предавства. Но, ќе се носиме достоинствено со овие проблеми и ќе градиме принципиелни односи помеѓу рамноправни партнери, а не помеѓу господари и поданици.

Македонија ќе стои гордо, силна и независна. И колку и пати да ме прашаат и во колку и форми да се постави прашањето за Бугарија, одговорот секогаш ќе биде единствен. Ние сме за достоинствено решение, и сакаме решение, но не по цена на нашиот иденитет и по цена на погазено достоинство. Воедно неспорна е нашата заложба за членство во Европската Унија, исто како што е неспорен и нашиот ангажман во исполнување на критериумите. И ова го правиме не за да угодиме на некој однадвор туку да си помогнеме себе си одвнатре, но воедно неодминлива е и забелешката дека овој процес трае предолго, со премногу пречки, сопки и барања кои не секогаш се разумни, а многу повеќе политички. Ние ќе водиме дијалог, но со блага горчина ќе се присетиме дека држави кои направија многу помалку од нас, но и без политички сопки на тој план сега се рамноправни членки. Тој интегративен процес мора да биде двонасочна улица во кој ќе се слуша и нашиот глас. И верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата. Решенија кои ќе создаваат и носат иднина, наместо живот во минатото.

The post Мицкоски за спорот со Бугарија: Верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата appeared first on Република.

Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-opozitsijata-im-se-raduva-na-pozharite-im-oddavam-pochit-na-pozharnikarite/ Fri, 02 Aug 2024 11:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=802578

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.

Навистина посакувам секоја генерација да создава и остава зад себе меморија и дела за тоа како се гради, инвестира и создава. Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.   

И не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата ѝ оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без каква било организираност.

Политиката на ниски страсти која ја води опозицијата за Мицкоски е недостаток на визионерство.

И додека го држам овој говор сакам да им одадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум независно од се што зборува опозицијата, рече Мицкоски наглаувајќи дека нема да го оптоварува говорот со главната политичка преокупација на опозицијата - разградување на единството .

The post Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.
Навистина посакувам секоја генерација да создава и остава зад себе меморија и дела за тоа како се гради, инвестира и создава. Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.    И не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата ѝ оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без каква било организираност.
Политиката на ниски страсти која ја води опозицијата за Мицкоски е недостаток на визионерство.
И додека го држам овој говор сакам да им одадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум независно од се што зборува опозицијата, рече Мицкоски наглаувајќи дека нема да го оптоварува говорот со главната политичка преокупација на опозицијата - разградување на единството .
 
The post Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите appeared first on Република.

]]>
Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrz-edinstvo-se-gradeshe-krushevskata-republika-a-denes-poedintsi-go-prodavaat/ Fri, 02 Aug 2024 11:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=802561

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево.

Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.

Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.

Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.

Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.

The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево. Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.
Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.
Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.
Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.
 
The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-krushevo-dodeka-vo-evropa-vladeat-monarhiite-vo-porobena-makedonija-se-raga-republikata/ Fri, 02 Aug 2024 11:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=802556

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележува 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

На централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката во Крушево на Гумење и на Мечкин Камен, се обраќа премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвикот на илјадници кои славната 1903 година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Треба секој од нас овде, и насекаде низ светот, да знае дека хероите на оваа земја беа скромни и пркосни луѓе кои со своите животи ја плаќаа слободата која денес ја имаме и живееме. Секое парче земја по која денес се движиме е натопено со крвта на Илинденците, со маката и жртвата на илјадници пред тоа, што само дава одговор дека нашата борба има континуитет, таа траела и опстојувала, дека хероите на оваа земја се сите оние кои на свои плеќи со своја жртва ја плаќаа скапата цена на слободата која имаме денес, започна премиерот Мицкоски.

Во говорот тој се осврна и на визијата на илинденската генерација. Во време кога во Европа монархиите го доживуваат својот врв, на Балканот се раѓа република.

Овде среде лутиот Балкан, во поробена Македонија, во малото и славно Крушево се раѓа Републиката, чии темели се потпираат врз идејата за демократија, народно владеење и целосно почитување на човековите права, Мицкоски го потенцира фактот дека секогаш во кодот на нашиот народ била почита на народната волја, колективните права и достоинството на поединецот.

Овие шуми и падини не се сведоци само за громогрласното ехо УРА за слободна Македонија, туку и на жртвата која ја дале комитите за слободата што ја имаме денес, но и за неспорното дело на Внатрешната македонска револуционерна организација ВМРО, мајката на македонската борба за слобода.

Дел од луѓето на четите на славните војводи Никола Карев и Питу Гули беа и со ненавршени 19 и 20 години, со огромна енергија и жар ги положуваа животите водени со мисла, идеја, верба и надеж за слобода каква имаме денес и иднина за која се бориме и денес. Тие го даваа најскапото. За нашата иднина, рече Мицкоски.

Со Крушевската Република тие ни оставија наследство на борба и надеж - наследство кое денес гордо го носиме и го чуваме како најголема светост.

Ехото на денешниот настан, на слоганот „Борбата трае“ извира од зборовите на нашиот голем револуционер Гоце Делчев, кој рекол: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех! Јас сакам револуција со кадарни граѓани подготвени да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба…“.

Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес, рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката appeared first on Република.

]]>

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележува 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. На централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката во Крушево на Гумење и на Мечкин Камен, се обраќа премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.
Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвикот на илјадници кои славната 1903 година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Треба секој од нас овде, и насекаде низ светот, да знае дека хероите на оваа земја беа скромни и пркосни луѓе кои со своите животи ја плаќаа слободата која денес ја имаме и живееме. Секое парче земја по која денес се движиме е натопено со крвта на Илинденците, со маката и жртвата на илјадници пред тоа, што само дава одговор дека нашата борба има континуитет, таа траела и опстојувала, дека хероите на оваа земја се сите оние кои на свои плеќи со своја жртва ја плаќаа скапата цена на слободата која имаме денес, започна премиерот Мицкоски.
Во говорот тој се осврна и на визијата на илинденската генерација. Во време кога во Европа монархиите го доживуваат својот врв, на Балканот се раѓа република.
Овде среде лутиот Балкан, во поробена Македонија, во малото и славно Крушево се раѓа Републиката, чии темели се потпираат врз идејата за демократија, народно владеење и целосно почитување на човековите права, Мицкоски го потенцира фактот дека секогаш во кодот на нашиот народ била почита на народната волја, колективните права и достоинството на поединецот.
Овие шуми и падини не се сведоци само за громогрласното ехо УРА за слободна Македонија, туку и на жртвата која ја дале комитите за слободата што ја имаме денес, но и за неспорното дело на Внатрешната македонска револуционерна организација ВМРО, мајката на македонската борба за слобода.
Дел од луѓето на четите на славните војводи Никола Карев и Питу Гули беа и со ненавршени 19 и 20 години, со огромна енергија и жар ги положуваа животите водени со мисла, идеја, верба и надеж за слобода каква имаме денес и иднина за која се бориме и денес. Тие го даваа најскапото. За нашата иднина, рече Мицкоски.
Со Крушевската Република тие ни оставија наследство на борба и надеж - наследство кое денес гордо го носиме и го чуваме како најголема светост. Ехото на денешниот настан, на слоганот „Борбата трае“ извира од зборовите на нашиот голем револуционер Гоце Делчев, кој рекол: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех! Јас сакам револуција со кадарни граѓани подготвени да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба…“.
Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес, рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката appeared first on Република.

]]>
(ВО ЖИВО ОД КРУШЕВО): Борбата трае: Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borbata-trae-odbelezhuvane-na-ilinden-vo-krushevo-pelintse-i-skopje/ Fri, 02 Aug 2024 06:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=802513

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната манифестација за одбележување на Илинден - Денот на Републиката ќе се одржи во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде ќе има обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе има свое обраќање на манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ. Двајцата претседатели на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се и потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Белград Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, ќе положи цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. На истите локации цвеќе ќе положи и партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Венко Филипче.

Цвеќе пред спомен обележјата во Крушево, Пелинце и Скопје ќе положат и собраниски делегации и делегации од Кабинетот на претседателот.

Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република со низа свечености почна вчера во Крушево кога делегации ја посетија Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, а попладнето во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ беа пречекани коњаниците од цела Македонија. Воедно беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со читање на Крушевскиот манифест и подигање на бајракот на Крушевската Република.

The post (ВО ЖИВО ОД КРУШЕВО): Борбата трае: Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје appeared first on Република.

]]>

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната манифестација за одбележување на Илинден - Денот на Републиката ќе се одржи во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде ќе има обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе има свое обраќање на манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ. Двајцата претседатели на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се и потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Белград Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј. Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, ќе положи цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. На истите локации цвеќе ќе положи и партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Венко Филипче. Цвеќе пред спомен обележјата во Крушево, Пелинце и Скопје ќе положат и собраниски делегации и делегации од Кабинетот на претседателот. Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република со низа свечености почна вчера во Крушево кога делегации ја посетија Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, а попладнето во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ беа пречекани коњаниците од цела Македонија. Воедно беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со читање на Крушевскиот манифест и подигање на бајракот на Крушевската Република.

The post (ВО ЖИВО ОД КРУШЕВО): Борбата трае: Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје appeared first on Република.

]]>
Почна чествувањето на Илинден на Гумење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-chestvuvaneto-na-ilinden-na-gumene/ Wed, 02 Aug 2023 08:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=667827

Со поклон пред вечното почивалиште на претседателот на Крушевската република Никола Карев во куполата од споменикот Илинден, Македониумот на Гумење, во илинденско Крушево почнаа чествувањата за празникот.

Се поклонија бројни делегации. Делегацијата на Собранието ја предводи претседателот Талат Џафери, во владината беа министрите Тренчевска и Николовски, на АРМ и Генерал штабот, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, од семејството на Карев, на илинденско Крушево градоначалникот Томе Христоски, а на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Делегациите се поклонија и на месноста Слива, а потоа ќе се одржи панихида за илинденците во црквата Свети Никола.

The post Почна чествувањето на Илинден на Гумење appeared first on Република.

]]>

Со поклон пред вечното почивалиште на претседателот на Крушевската република Никола Карев во куполата од споменикот Илинден, Македониумот на Гумење, во илинденско Крушево почнаа чествувањата за празникот. Се поклонија бројни делегации. Делегацијата на Собранието ја предводи претседателот Талат Џафери, во владината беа министрите Тренчевска и Николовски, на АРМ и Генерал штабот, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, од семејството на Карев, на илинденско Крушево градоначалникот Томе Христоски, а на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Делегациите се поклонија и на месноста Слива, а потоа ќе се одржи панихида за илинденците во црквата Свети Никола.

The post Почна чествувањето на Илинден на Гумење appeared first on Република.

]]>
Спасовски од Гумење: Најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-od-gumenje-najdobriot-nachin-da-ja-predvidish-idninata-e-da-ja-sozdadesh/ Tue, 02 Aug 2022 07:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=535952

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој по повод националниот празник Илинден се обрати од пред споменикот Македониум, истакна дека тој претставува симбол на непокороноста, борбата, вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. Во куполата на споменикот се наоѓа и гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев.

-Првиот Илинден – симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, без разлика на вера, народност, пол и убедување, отсликан во првата Република на Балканот – Крушевската и нејзините славни ѕидари, во Крушевскиот манифест, војводите и комитите, спомен обележјата околу нас, тука во Крушево. И вториот, оној на АСНОМ, кој ни донесе остварување на идеалите на Илинденците, како симбол на победата над фашизмот, на успешната борба за ослободување од вековното ропство, на хероите – партизани, на Прохор Пчињски, Пелинце и секаде каде што историјата оставила свој печат како паметник за идните генерации. Денеска сме тука да си приспомнеме на херојството на нашите претци, на нивните дела и да им се оддолжиме, рече Спасовски.

Денеска, додаде тој, имаме зошто да празнуваме – не’ грее сонцето на слободата, ја градиме државата на темелите на заедништво и разбирање кои тие, нашите претци ги поставија, нивната визија ја исполнуваме во нашата реалност, а нашите пријатели се сè побројни.

-„Нашата сила за иднината“ е мотото под кое годинава го чествуваме нашиот најголем празник, сплотени во традициите, идеите и културата. Притоа, сосеми свесни дека најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш, бидејќи таа припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа. Нека ни е честит и вековит Илинден, Да ни биде вечна Република Македонија, истакна Спасовски од Крушево.

Македонија денеска го празнува најголемиот празник – Илинден, одбележувајќи 119 години од раѓањето на Крушевската Република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

The post Спасовски од Гумење: Најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш appeared first on Република.

Во Крушево и на Гумење денеска ќе биде одбележан роденденот на Тоше https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vo-krushevo-i-na-gumenje-deneska-kje-bide-odbelezan-rodendenot-na-toshe/ Tue, 25 Jan 2022 09:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=449103

Со посета на вечното почивалиште на Тоше, со промоции, крводарителска акција, со доделување хуманитарни ваучери и со сценско-музички настан насловен „Ангел си ти“ во Крушево на Гумење и во неговата спомен куќа, ќе биде одбележан 41 роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајната несреќа кај Велика Градишка во Хрватска.

Одбележувањата почнуваат со крводарителската акција во спомен куќата „Тодор Проески” на Гумење во Крушево, каде се и најавените настани. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот. Од 10.30 часот е промоција на книгата на Бојан Тодоровски и музичкиот настап на Никола Зацески со групата „Мелем“. Веднаш потоа, од 11 часот ќе биде промовирана збирката песни „1200 молитви за Тоше“, со музички перформанс на Горан Папаз. Напладне ќе бидат доделени хуманитарни ваучери, а од 12.30 часот е посетата на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.

Од 14 до 16 часот во Спомен-куќата на Тоше е музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ во изведба на камерниот оркестар од Битола со пијано трио од Скопје и со солисти од Македонската опера и балет под диригентство на Владимир Димовски.

The post Во Крушево и на Гумење денеска ќе биде одбележан роденденот на Тоше appeared first on Република.

]]>

Со посета на вечното почивалиште на Тоше, со промоции, крводарителска акција, со доделување хуманитарни ваучери и со сценско-музички настан насловен „Ангел си ти“ во Крушево на Гумење и во неговата спомен куќа, ќе биде одбележан 41 роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајната несреќа кај Велика Градишка во Хрватска. Одбележувањата почнуваат со крводарителската акција во спомен куќата „Тодор Проески” на Гумење во Крушево, каде се и најавените настани. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот. Од 10.30 часот е промоција на книгата на Бојан Тодоровски и музичкиот настап на Никола Зацески со групата „Мелем“. Веднаш потоа, од 11 часот ќе биде промовирана збирката песни „1200 молитви за Тоше“, со музички перформанс на Горан Папаз. Напладне ќе бидат доделени хуманитарни ваучери, а од 12.30 часот е посетата на вечното почивалиште на Тоше на Гумење. Од 14 до 16 часот во Спомен-куќата на Тоше е музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ во изведба на камерниот оркестар од Битола со пијано трио од Скопје и со солисти од Македонската опера и балет под диригентство на Владимир Димовски.