гудачки квартет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gudachki-kvartet/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 11:12:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гудачки квартет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gudachki-kvartet/ 32 32 „Балканско патување“ – концерт во Битола на Пламенка гудачки квартет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/balkansko-patuvane-kontsert-vo-bitola-na-plamenka-gudachki-kvartet/ Sun, 28 Jul 2024 11:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=801016

Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“ во Битола, Пламенка – гудачки квартет вечерва ќе одржи концерт на платото пред Офицерскиот дом во Битола.

Концертот претставува музички истражувачки проект во кој преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на балканските простори.

На концертот ќе бидат изведени нови аранжмани за гудачки квартет базирани на балкански фолклорни теми во аранжман на Пламенка Трајковска.

Во гудачкиот квартет ќе учествуваат музичарките Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

„Балканско патување“ се осврнува кон богатата балканска музичка ризница а посебен осврт е направен на  одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на целиот регион и за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користеа како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.

Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет - виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика кои имаат само еден наслов – балканска композиција.

Концертот „Балканско патување“ е  покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во светската музичка ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

Пламенка Трајковска до сега има реализирано повеќе проекти кои се осврнуваат на светското музичко наследство. Таа е дел од етно составот Келтикум кој интерпретираше фолкорна музика од Ирска, Франција, Шпанија и сефардска музика, дел од камерниот состав Агогик со кој интерпретира танго музика. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе, Ламенто вело и други.

Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

The post „Балканско патување“ – концерт во Битола на Пламенка гудачки квартет appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“ во Битола, Пламенка – гудачки квартет вечерва ќе одржи концерт на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Концертот претставува музички истражувачки проект во кој преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на балканските простори. На концертот ќе бидат изведени нови аранжмани за гудачки квартет базирани на балкански фолклорни теми во аранжман на Пламенка Трајковска. Во гудачкиот квартет ќе учествуваат музичарките Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. „Балканско патување“ се осврнува кон богатата балканска музичка ризница а посебен осврт е направен на  одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на целиот регион и за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користеа како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет. Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет - виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика кои имаат само еден наслов – балканска композиција. Концертот „Балканско патување“ е  покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во светската музичка ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи. Пламенка Трајковска до сега има реализирано повеќе проекти кои се осврнуваат на светското музичко наследство. Таа е дел од етно составот Келтикум кој интерпретираше фолкорна музика од Ирска, Франција, Шпанија и сефардска музика, дел од камерниот состав Агогик со кој интерпретира танго музика. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе, Ламенто вело и други. Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

The post „Балканско патување“ – концерт во Битола на Пламенка гудачки квартет appeared first on Република.

]]>
Гудачки квартети од Бетовен, Јаначек и Менделсон на репертоарот на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gudachki-kvarteti-od-betoven-janachek-i-mendelson-na-repertoarot-na-ohridsko-leto/ Mon, 24 Jul 2023 15:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=664802

Гудачкиот квартет  ,,Шуман“ ќе одржи целовечерен концерт на фестивалот „Охридско лето“  вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се гудачки квартети од композиторите Л. В. Бетовен, Л. Јаначек и Ф. Менделсон.

Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман музицираат заедно од нивното најрано детство, а заедно со виолистот Фaит Хертенштајн го сочинуваат гудачкиот квартет „Шуман“. Овие четворица музичари имаат неверојатна моќ да комуницираат без зборови. Иако, нивните индивидуални квалитети се секогаш видливи, во нивниот заеднички настап тие се „единство“ кое се вклопува во еден вид духовна метаморфоза. Нивната отвореност за нови музички истражувања и исклучителна изведувачка љубопитност, членовите на квартетот веројатно им ја должат на луѓето од кои учеле како Еберхарт Фелц и квартетот „Албан Берг“ како и  на оние со кои соработувале, на пример на Менахем Преслер.

Во својот уметнички развој, квартетот „Шуман“ веројатно ја достигнал фазата кога сѐ е возможно, а самите ќе речат дека за нив „музичкото дело вистински се развива само за време на изведба во живо“. Па така, со цел да внесат дополнителна енергија на концертите  и да ја потврдат таа теза  тие  настапуваат заедно со ред исклучителни уметници како партнери на сцената. Тоа се:  Шарон Кам, Фабијан Милер, Ана Лусија Рихтер, Ана Винитскаја и Јорг Видман…

Во актуелната сезона квартетот „Шуман“ оствари концертна турнеја во Сингапур и во Аделаида во Австралија  и два пати настапи во амстердамскиот „Концертгебау“ и дури три пати во „Вигмор Хол“ во Лондон. Во април оваа година остварија Европска турнеја ( Брисел, Хамбург, Берлин, Женева …) на која заедно со пијанистката Ана Винитскаја го изведуваа Клавирскиот квинтет од Роберт Шуман.

 

The post Гудачки квартети од Бетовен, Јаначек и Менделсон на репертоарот на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Гудачкиот квартет  ,,Шуман“ ќе одржи целовечерен концерт на фестивалот „Охридско лето“  вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се гудачки квартети од композиторите Л. В. Бетовен, Л. Јаначек и Ф. Менделсон. Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман музицираат заедно од нивното најрано детство, а заедно со виолистот Фaит Хертенштајн го сочинуваат гудачкиот квартет „Шуман“. Овие четворица музичари имаат неверојатна моќ да комуницираат без зборови. Иако, нивните индивидуални квалитети се секогаш видливи, во нивниот заеднички настап тие се „единство“ кое се вклопува во еден вид духовна метаморфоза. Нивната отвореност за нови музички истражувања и исклучителна изведувачка љубопитност, членовите на квартетот веројатно им ја должат на луѓето од кои учеле како Еберхарт Фелц и квартетот „Албан Берг“ како и  на оние со кои соработувале, на пример на Менахем Преслер. Во својот уметнички развој, квартетот „Шуман“ веројатно ја достигнал фазата кога сѐ е возможно, а самите ќе речат дека за нив „музичкото дело вистински се развива само за време на изведба во живо“. Па така, со цел да внесат дополнителна енергија на концертите  и да ја потврдат таа теза  тие  настапуваат заедно со ред исклучителни уметници како партнери на сцената. Тоа се:  Шарон Кам, Фабијан Милер, Ана Лусија Рихтер, Ана Винитскаја и Јорг Видман… Во актуелната сезона квартетот „Шуман“ оствари концертна турнеја во Сингапур и во Аделаида во Австралија  и два пати настапи во амстердамскиот „Концертгебау“ и дури три пати во „Вигмор Хол“ во Лондон. Во април оваа година остварија Европска турнеја ( Брисел, Хамбург, Берлин, Женева …) на која заедно со пијанистката Ана Винитскаја го изведуваа Клавирскиот квинтет од Роберт Шуман.  

The post Гудачки квартети од Бетовен, Јаначек и Менделсон на репертоарот на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>