Дваесетгодишно момче е киднапирано и силувано во Тирана, соопшти вчера албанската полиција, додавајќи дека сторителите се уапсени. Злосторството се случило на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Тирана, каде Д.Б. (36), Е.Х. (31) и неименуван 19-годишен маж, насилно го зеле 20-годишникот и го силувале, пренесува „VoxNews“.
Сите тројца се уапсени, додека уште еден маж на 28-годишна возраст исто така е лишен од слобода бидејќи не го пријавил делото. Според полицијата, тројцата со употреба на насилство го киднапирале момчето.
Според информациите на албанскиот портал, целиот настан се случил од „банални мотиви“.
Специјалисти за истрага на криминал од Полициска станица бр. 1, откако добиле пријава од дваесетгодишен маж дека тројца мажи му ја одзеле слободата, веднаш организирале нивно фаќање.
Материјалите се проследени до Обвинителството.
The post Тешко злосторство сред Тирана: Киднапиран и групно силуван млад Албанец appeared first on Република.
]]>The post Тешко злосторство сред Тирана: Киднапиран и групно силуван млад Албанец appeared first on Република.
]]>Полицијата на сицилијанскиот град Катанија соопшти дека 13-годишното девојче, кое во четвртокот беше жртва на групно силување, идентификувало двајца малолетни напаѓачи.
Идентификацијата е направена откако се построиле седуммина осомничени, сите Египќани, додава полицијата.
Од друга страна, девојчето не успеало да ги идентификува преостанатите петмина кои наводно биле дел од таа група, тврдејќи дека не им ги гледала лицата и не сакала да обвинува невини луѓе, пренесува Анса.
Нив ги идентификувало 17-годишното момче на жртвата, кое наводно било принудено да го гледа силувањето додека групата го држела под закана.
Злосторството се случило во паркот на Вила Белини во Катанија, источнен брег на Сицилија, каде што жртвата била силувана од двајца осомничени додека другите гледале. Полицијата додала дека девојчето ги преколнувало силувачите да не ја повредат и да ја пуштат.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони во саботата изрази солидарност со девојчето и најави дека државата ќе обезбеди правда.
The post Седум мигранти во Италија силувале 13-годишно девојче, го натерале нејзиното момче да ги гледа appeared first on Република.
]]>The post Седум мигранти во Италија силувале 13-годишно девојче, го натерале нејзиното момче да ги гледа appeared first on Република.
]]>Група вооружени мажи нападнале и силувале осум девојки за време на снимање на спот во близина на Јоханесбург, Јужноафриканската Република.
Портпаролката на полицијата, бригадниот генерал Бренда Муридили, во изјавата рече дека неидентификувани вооружени напаѓачи вчера нападнале екипа која снимала видео на сет поставен во регионот Кругерсдорп.
Објавувајќи дека во нападот на сетот биле силувани осум жени, Муридили рече дека и некои членови на тимот биле ограбени, јави Анадолија.
Поведена е опсежна истрага и потера за фаќање на сторителите.
The post ЈАР: Осум манекенки силувани при напад додека снимале спот appeared first on Република.
]]>The post ЈАР: Осум манекенки силувани при напад додека снимале спот appeared first on Република.
]]>