грозје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grozje/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 11:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грозје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grozje/ 32 32 Крадци фатени со 300кг украдено грозје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kradtsi-fateni-so-300kg-ukradeno-grozje/ Wed, 06 Nov 2024 11:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=834699

ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против 41-годишната С.В, Н.В.(43) и Р.В.(24), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235  став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против З.К.(64) од Кавадарци поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело по член 235 став 1 во врска со член 23 до Кривичниот законик.

На 14.09.2024, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, кавадаречко, сопственост на 54-годишната Л.Р. од Кавадарци. Притоа, во возило комби „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано покрај насадот, и во редовите од насадот биле пронајдени 11 вреќи полни со грозје со вкупна тежина од околу 300 килограми. З.К. го сторил делото на тој начин што го поттикнал Н.В. да го изврши. Имено, тие се сретнале на 13.09.2024 во вечерните часови се сретнале, при што му рекол да оди на тој лозов насад и да го обере грозјето, соопшти МВР.

The post Крадци фатени со 300кг украдено грозје appeared first on Република.

]]>

Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/smederevka-18-3-denari-vranets-20-8-denari-objavena-proizvodnata-tsena-na-kilogram-vinsko-grozje/ Tue, 06 Aug 2024 12:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=803899

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска преку соопштение информира дека Земјоделскиот институт – Скопје завршил со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25% согласно Законот за вино.

Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари.

The post Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска преку соопштение информира дека Земјоделскиот институт – Скопје завршил со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец. „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25% согласно Законот за вино. Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари.

The post Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје appeared first on Република.

]]>
Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје, повеќе субвенции за производителите и возобновување на Повардарие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-planirame-garantirani-tseni-na-otkup-za-kluchnite-sorti-grozje-poveke-subventsii-za-proizvoditelite-i-vozobnovuvane-na-povardarie/ Mon, 29 Apr 2024 15:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=772296

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 4 Александар Николоски.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика, појасни Николоски.

https://youtu.be/EVc2-Umt8nM?si=JmB0gcef6azgY_oc

The post Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје, повеќе субвенции за производителите и возобновување на Повардарие appeared first on Република.

]]>

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 4 Александар Николоски. Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино. Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот. Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите. Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството. Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ. Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика, појасни Николоски. https://youtu.be/EVc2-Umt8nM?si=JmB0gcef6azgY_oc

The post Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје, повеќе субвенции за производителите и возобновување на Повардарие appeared first on Република.

]]>
Тригодишно момче се задуши од грозје во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trigodishno-momche-se-zadushi-od-grozje-vo-grtsija/ Wed, 30 Aug 2023 18:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=677378

Трагедија се случила на грчкиот остров Тинос, откако тригодишник се задушил јадејќи грозје, пренесува грчка „Прототема“.

Според информациите, таткото веднаш го однел момчето во полициска станица, која се наоѓа во близина на семејната куќа.

Таму му пружиле прва помош и во таа прилика од устата на момчето извадиле најмалку две зрна грозје.

Сепак, додека момчето било однесено до болницата со полициско возило, веќе било доцна.

Тоа починало.

The post Тригодишно момче се задуши од грозје во Грција appeared first on Република.

]]>

Трагедија се случила на грчкиот остров Тинос, откако тригодишник се задушил јадејќи грозје, пренесува грчка „Прототема“. Според информациите, таткото веднаш го однел момчето во полициска станица, која се наоѓа во близина на семејната куќа. Таму му пружиле прва помош и во таа прилика од устата на момчето извадиле најмалку две зрна грозје. Сепак, додека момчето било однесено до болницата со полициско возило, веќе било доцна. Тоа починало.

The post Тригодишно момче се задуши од грозје во Грција appeared first on Република.

]]>
Винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови, бара здружението „Тиквешки лозароовоштари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vinariite-da-kazat-kolku-grozje-kje-otkupat-godinava-i-pod-koi-uslovi-bara-zdruzenieto-tikveshki-lozaroovoshtari/ Mon, 07 Feb 2022 13:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=455136

Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“ бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, по идниот понеделник, ќе излеземе на протест - соопшти претседателот на здружението, Дане Јошев.

Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање.

Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.

Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите - најави Јошев на прес-конференцијата во Кавадарци.

The post Винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови, бара здружението „Тиквешки лозароовоштари“ appeared first on Република.

]]>

Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“ бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, по идниот понеделник, ќе излеземе на протест - соопшти претседателот на здружението, Дане Јошев.
Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање. Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.
Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите - најави Јошев на прес-конференцијата во Кавадарци.

The post Винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови, бара здружението „Тиквешки лозароовоштари“ appeared first on Република.

]]>
Лозарите најмногу сакаат да садат „вранец“ и „темјаника“, интерес има и за десертни сорти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lozarite-najmnogu-sakaat-da-sadat-vranec-i-temjanika-interes-ima-i-za-desertni-sorti/ Thu, 03 Feb 2022 12:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=453551

Лозарите во Македонија најмногу сакаат да садат лози од винските сорти „вранец“ и „темјаника“, но заинтересирани се и за сите видови десертно грозје.

Според Васка Мојсовска, сопственик на расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник, есенското садење е подобро од пролетното.

Традиционално во Тиквешко, како најголем лозаро-винарски регион во државата, нови лозја се подигнуваат наесен и напролет. Се смета дека есенското садење лозови садници е подобро. Но, вообичаено, поголем е интересот за работа на нови лозови насади во пролет. Во есен или нивите не се доволно подготвени па треба малку да „одлежат“ или се нема пари и се чека да се плати грозјето од претходната реколта, да се земат субвенции. Згора на тоа, при есенското садење лозје, почесто се случува кражба на штотуку посадените садници - вели Мојсовска.

Мојсовска, која е и претседател на Националната федерација на фармери, истакнува дека целокупното производство на садници се базира на претходни договори со лозарите кои сакаат да подигнат нови плантажи.

The post Лозарите најмногу сакаат да садат „вранец“ и „темјаника“, интерес има и за десертни сорти appeared first on Република.

]]>

Лозарите во Македонија најмногу сакаат да садат лози од винските сорти „вранец“ и „темјаника“, но заинтересирани се и за сите видови десертно грозје. Според Васка Мојсовска, сопственик на расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник, есенското садење е подобро од пролетното.