гроздобер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grozdober/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Sep 2023 15:55:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гроздобер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grozdober/ 32 32 Мицкоски: Им посакувам успешна берба на лозарите, и повикувам на што поголема посетеност на „Гроздоберот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-im-posakuvam-uspeshna-berba-na-lozarite-i-povikuvam-na-shto-pogolema-posetenost-na-grozdoberot/ Sat, 09 Sep 2023 15:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=680301

За мене претставува чест и задоволство да сум на овој преубав настан овде во Кавадарци, на покана на градоначалникот, на покана на Општината. Денеска сум тука, и навистина претставува еден исклучително добар и убав, и би рекол настан кој што го одбележува овој период во овој регион. Навистина прекрасна организација и мислам целиот викенд ако не се лажам, од петокот, од вчера почна и ќе трае и утре. Како што слушнавте, како што кажа Митко очекуваме да дојдат овде во Кавадарци и одговорно да конзумираат вино, повеќе десетици илјади македонски граѓани. Но, зошто не и од странство, има луѓе кои што сакаат да го посетат овој настан - порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска беше во посета на Кавадарци.

Тој додаде:

Ете и официјалниот почеток на гроздоберот е нели денеска, иако јас ја користам и оваа прилика и да им посакам успешна берба на лозарите нели во периодот кој што следи. Нормално, тие кои што својот труд го вложиле изминатиов период соодветно да биде и плате тој истиот труд од страна на откупувачите. Знаете дека тоа години наназад претставува голем предизвик за оваа Влада бидејќи секогаш мора со лаги и манипулации да се служи кога станува збор за откупот на трудот на лозарите.

Но, како и да е, јас ги повикувам сите граѓани во Македонија, но и сите оние кои што не следат надвор од Македонија, овој викенд денеска, утре да бидат тука во Кавадарци, да бидат дел од овој спектакуларен настан и да уживаат во добро расположение, со убава енергија. Затоа што убава енергија ни е потребна, убаво расположение ни е потребно. Впрочем да се чувствуваме убаво во денешно време претставува предизвик, а зашто ние денеска и утре да не се чувствуваме убаво. Бидејќи овој карневалски настан нас сите ќе не прави да се чувствуваме убаво.

The post Мицкоски: Им посакувам успешна берба на лозарите, и повикувам на што поголема посетеност на „Гроздоберот“ appeared first on Република.

]]>

За мене претставува чест и задоволство да сум на овој преубав настан овде во Кавадарци, на покана на градоначалникот, на покана на Општината. Денеска сум тука, и навистина претставува еден исклучително добар и убав, и би рекол настан кој што го одбележува овој период во овој регион. Навистина прекрасна организација и мислам целиот викенд ако не се лажам, од петокот, од вчера почна и ќе трае и утре. Како што слушнавте, како што кажа Митко очекуваме да дојдат овде во Кавадарци и одговорно да конзумираат вино, повеќе десетици илјади македонски граѓани. Но, зошто не и од странство, има луѓе кои што сакаат да го посетат овој настан - порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска беше во посета на Кавадарци. Тој додаде:
Ете и официјалниот почеток на гроздоберот е нели денеска, иако јас ја користам и оваа прилика и да им посакам успешна берба на лозарите нели во периодот кој што следи. Нормално, тие кои што својот труд го вложиле изминатиов период соодветно да биде и плате тој истиот труд од страна на откупувачите. Знаете дека тоа години наназад претставува голем предизвик за оваа Влада бидејќи секогаш мора со лаги и манипулации да се служи кога станува збор за откупот на трудот на лозарите. Но, како и да е, јас ги повикувам сите граѓани во Македонија, но и сите оние кои што не следат надвор од Македонија, овој викенд денеска, утре да бидат тука во Кавадарци, да бидат дел од овој спектакуларен настан и да уживаат во добро расположение, со убава енергија. Затоа што убава енергија ни е потребна, убаво расположение ни е потребно. Впрочем да се чувствуваме убаво во денешно време претставува предизвик, а зашто ние денеска и утре да не се чувствуваме убаво. Бидејќи овој карневалски настан нас сите ќе не прави да се чувствуваме убаво.

The post Мицкоски: Им посакувам успешна берба на лозарите, и повикувам на што поголема посетеност на „Гроздоберот“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Посакувам успешна и бериќетна лозарска година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-posakuvam-uspeshna-i-berikjetna-lozarska-godina/ Sat, 10 Sep 2022 13:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=549447

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, присуствуваше на традиционалниот гроздобер во винаријата „Тиквеш“ каде присутните имаа можност да учествуваат и да го проследат процесот на берба на грозје.

Kако што информира владината прес-служба, Ковачевски ја искористил посетата да ги истакне заложбите на Владата да продолжи интензивно со конструктивната соработка, како и досега, со цел стимулирање на производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат на домашниот и на странските пазари.

Ковачевски го потенцирал огромното значење на малите и големите винарии, чии активности придонесуваат за унапредување на квалитетот на македонското вино и претставувањето на нашата земја како винска земја и рамноправен дел од винската карта, на регионот и пошироко.

Во разговорите, Ковачевски истакнал дека по консултации со винариите и лозарите годинава е постигнат договор за зголемување од историски 30 отсто на овогодинешните откупни цени на грозјето.

Од 2017 година досега, се решени проблеми и покажана е сериозна грижа за лозарите. Преку разни основи на поддршка достигната е бројката, инвестирани се околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, средства директно исплатени кон лозарите. Зголемени се основни субвенции за одржување на лозови насади. Покажана е грижа и за малите производители, сменет е Законот за вино, и денеска постојат вкупно 139 субјекти, а 71 се регистрирани само оваа година - посочил Ковачевски.

Тој потенцирал дека е обезбедена финансиска поддршка и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, за регистрирани производители на вино кои во овие две години имаат произведено и извезено вино.

Винариите беа помогнати и со мерките за време на КовидД кризата кога беа исплатени 649 милиони денари директна помош на лозарите. Сите мерки резултираа со стабилизирање на домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво - изјавил Ковачевски.

Тој додал дека трета година по ред, се бележи раст на извозот на вино, но и на винарските визби кој заклучно со 2022 година изнесува 139 со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри.

Ковачевски на настанот посакал среќа и бериќет, со желби за берба на квалитетно грозје и производство на квалитетно вино.

The post Ковачевски: Посакувам успешна и бериќетна лозарска година appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, присуствуваше на традиционалниот гроздобер во винаријата „Тиквеш“ каде присутните имаа можност да учествуваат и да го проследат процесот на берба на грозје. Kако што информира владината прес-служба, Ковачевски ја искористил посетата да ги истакне заложбите на Владата да продолжи интензивно со конструктивната соработка, како и досега, со цел стимулирање на производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат на домашниот и на странските пазари. Ковачевски го потенцирал огромното значење на малите и големите винарии, чии активности придонесуваат за унапредување на квалитетот на македонското вино и претставувањето на нашата земја како винска земја и рамноправен дел од винската карта, на регионот и пошироко. Во разговорите, Ковачевски истакнал дека по консултации со винариите и лозарите годинава е постигнат договор за зголемување од историски 30 отсто на овогодинешните откупни цени на грозјето.
Од 2017 година досега, се решени проблеми и покажана е сериозна грижа за лозарите. Преку разни основи на поддршка достигната е бројката, инвестирани се околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, средства директно исплатени кон лозарите. Зголемени се основни субвенции за одржување на лозови насади. Покажана е грижа и за малите производители, сменет е Законот за вино, и денеска постојат вкупно 139 субјекти, а 71 се регистрирани само оваа година - посочил Ковачевски.
Тој потенцирал дека е обезбедена финансиска поддршка и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, за регистрирани производители на вино кои во овие две години имаат произведено и извезено вино. Винариите беа помогнати и со мерките за време на КовидД кризата кога беа исплатени 649 милиони денари директна помош на лозарите. Сите мерки резултираа со стабилизирање на домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво - изјавил Ковачевски. Тој додал дека трета година по ред, се бележи раст на извозот на вино, но и на винарските визби кој заклучно со 2022 година изнесува 139 со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Ковачевски на настанот посакал среќа и бериќет, со желби за берба на квалитетно грозје и производство на квалитетно вино.

The post Ковачевски: Посакувам успешна и бериќетна лозарска година appeared first on Република.

]]>