гробари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grobari/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 06:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гробари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grobari/ 32 32 „Гробарите“ навредуваа, Звезда службено ја освои титулата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/grobarite-navreduvaa-zvezda-sluzhbeno-ja-osvoi-titulata/ Thu, 06 Jun 2024 07:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=785115

Директорот на кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин изјави дека вториот натпревар од финалето на плејофот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кој синоќа беше прекинат поради инциденти предизвикани од домашните навивачи, ќе биде регистриран со службен резултат 20:0 во корист на црвено-белите, што ќе значи нивна одбрана на титулата.

„Натпреварот ќе биде регистриран врз основа на делегатскиот извештај со службен резултат 20:0 за Црвена ѕвезда“, изјави Грујин за белградските медиуми.

Натпреварот во белградската Арена беше прекинат при водство на Партизан од 57:45, на 7:55 минути пред крајот на третата четвртина, откако навивачите на Партизан пошнаа да ги навредуваат семејството на претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и фрлаа разни предмети на теренот.

Црвено-белите го напуштија теренот, а по нив и судиите, додека играчите на Партизан останаа на теренот.

Судијата Урош Николиќ побара да се испразни салата за да може натпреварот да продолжи, а по речиси еден час играчите и стручниот штаб на Партизан го напуштија теренот и натпреварот беше прекинат.

Официјалниот спикер, без консултации со официјалните лица, објави дека натпреварот ќе биде доигран во рок од 24 часа, по што повеќето кошаркари на Партизан си заминаа дома, а играчите на Црвена ѕвезда и судиите излегоа на теренот.

Во 22 часот и 50 минути започна 15-минутното одбројување за играчите на Партизан да се вратат на теренот, а откако тие не се појавија, делегатот на натпреварот состави официјален записник според кој натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 20-0 во корист на Црвена ѕвезда.

Актуелниот шампион Црвена ѕвезда води во финалната серија до две победи со 1:0.

The post „Гробарите“ навредуваа, Звезда службено ја освои титулата appeared first on Република.

]]>

Директорот на кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин изјави дека вториот натпревар од финалето на плејофот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кој синоќа беше прекинат поради инциденти предизвикани од домашните навивачи, ќе биде регистриран со службен резултат 20:0 во корист на црвено-белите, што ќе значи нивна одбрана на титулата. „Натпреварот ќе биде регистриран врз основа на делегатскиот извештај со службен резултат 20:0 за Црвена ѕвезда“, изјави Грујин за белградските медиуми. Натпреварот во белградската Арена беше прекинат при водство на Партизан од 57:45, на 7:55 минути пред крајот на третата четвртина, откако навивачите на Партизан пошнаа да ги навредуваат семејството на претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и фрлаа разни предмети на теренот. Црвено-белите го напуштија теренот, а по нив и судиите, додека играчите на Партизан останаа на теренот. Судијата Урош Николиќ побара да се испразни салата за да може натпреварот да продолжи, а по речиси еден час играчите и стручниот штаб на Партизан го напуштија теренот и натпреварот беше прекинат. Официјалниот спикер, без консултации со официјалните лица, објави дека натпреварот ќе биде доигран во рок од 24 часа, по што повеќето кошаркари на Партизан си заминаа дома, а играчите на Црвена ѕвезда и судиите излегоа на теренот. Во 22 часот и 50 минути започна 15-минутното одбројување за играчите на Партизан да се вратат на теренот, а откако тие не се појавија, делегатот на натпреварот состави официјален записник според кој натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 20-0 во корист на Црвена ѕвезда. Актуелниот шампион Црвена ѕвезда води во финалната серија до две победи со 1:0.

The post „Гробарите“ навредуваа, Звезда службено ја освои титулата appeared first on Република.

]]>
Хаос во Белград: Масовна крвава тепачка меѓу „Делии“ и „Гробари“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/haos-vo-belgrad-masovna-krvava-tepachka-megu-delii-i-grobari/ Sat, 20 Apr 2024 16:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=768536

Српските медиуми јавуваат за жестоки пресметки во центарот на Белград меѓу Делиите и Гробарите. Навивачите се судриле кај споменикот на Вук Караџиќ во центарот. Во тепачката учествувале повеќе од 300 навивачи, а биле употребувани камења, цигли, палки, пиротехника…

Полицијата брзо реагирала, но има повредени и меѓу навивачите и полицајците. Уапсени се повеќе од 50 навивачи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ - BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

The post Хаос во Белград: Масовна крвава тепачка меѓу „Делии“ и „Гробари“ appeared first on Република.

]]>

Српските медиуми јавуваат за жестоки пресметки во центарот на Белград меѓу Делиите и Гробарите. Навивачите се судриле кај споменикот на Вук Караџиќ во центарот. Во тепачката учествувале повеќе од 300 навивачи, а биле употребувани камења, цигли, палки, пиротехника… Полицијата брзо реагирала, но има повредени и меѓу навивачите и полицајците. Уапсени се повеќе од 50 навивачи.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by MOJ - BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

The post Хаос во Белград: Масовна крвава тепачка меѓу „Делии“ и „Гробари“ appeared first on Република.

]]>
Навивачите на Партизан за еден ден собраа половина милион евра за долгот на клубот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/navivachite-na-partizan-za-eden-den-sobraa-polovina-milion-evra-za-dolgot-na-klubot/ Thu, 20 Apr 2023 16:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=632572

КК Партизан ќе се спаси од долгот кон државата, а за тоа најзаслужни ќе се навивачите на црно-белите. Навивачите на Партизан, кои се вистински хит сезонава во Евролигата, својата љубов кон клубот ја докажаа со донациите за исплата на заостанатиот данок.

Во интервју за „Моцарт Спорт“, првиот човек Остоја Мијаловиќ откри дека за еден ден од навивачите собрале неверојатни 500.000 евра.

Прво акцијата ја започнаа околу 2.000 навивачи и на почетокот бевме скептични, не знаевме дали воопшто да ја прифатиме, но на крајот се одлучивме да им дадеме шанса на навивачите да ни помогнат. Внатре во клубот ќе собереме 1.6 милиони евра што исто така е добра основа за застанување на нозе. Најголем дел од долгот е од времето на пандемијата, тогаш загубивме многу пари затоа што не продававме билети, изјави Мијаловиќ.

Исто така, тој откри дека само од билети клубот сезонава заработил пет милиони евра.

The post Навивачите на Партизан за еден ден собраа половина милион евра за долгот на клубот appeared first on Република.

]]>

КК Партизан ќе се спаси од долгот кон државата, а за тоа најзаслужни ќе се навивачите на црно-белите. Навивачите на Партизан, кои се вистински хит сезонава во Евролигата, својата љубов кон клубот ја докажаа со донациите за исплата на заостанатиот данок. Во интервју за „Моцарт Спорт“, првиот човек Остоја Мијаловиќ откри дека за еден ден од навивачите собрале неверојатни 500.000 евра.
Прво акцијата ја започнаа околу 2.000 навивачи и на почетокот бевме скептични, не знаевме дали воопшто да ја прифатиме, но на крајот се одлучивме да им дадеме шанса на навивачите да ни помогнат. Внатре во клубот ќе собереме 1.6 милиони евра што исто така е добра основа за застанување на нозе. Најголем дел од долгот е од времето на пандемијата, тогаш загубивме многу пари затоа што не продававме билети, изјави Мијаловиќ.
Исто така, тој откри дека само од билети клубот сезонава заработил пет милиони евра.

The post Навивачите на Партизан за еден ден собраа половина милион евра за долгот на клубот appeared first on Република.

]]>
„Гробари“ со нова провокација: Група со српско име, бугарски војник слави, мора да ви е тешко со таа криза на идентитет https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/grobari-so-nova-provokatsija-grupa-so-srpsko-ime-bugarski-vojnik-slavi-mora-da-vi-e-teshko-so-taa-kriza-na-identitet/ Tue, 28 Feb 2023 18:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=614360

Откако навивачите на Партизан „Гробари“ со жестока провокација го пречекаа Вардар истакнувајќи го грчкото знаме во првото полувреме од натпреварот во СЕХА лигата, тие со срамна парола го отворија второто полувреме.

Според „Гробари“ Гоце Делчев е бугарски војник, а Македонците се Срби.

„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари.

The post „Гробари“ со нова провокација: Група со српско име, бугарски војник слави, мора да ви е тешко со таа криза на идентитет appeared first on Република.

]]>

Откако навивачите на Партизан „Гробари“ со жестока провокација го пречекаа Вардар истакнувајќи го грчкото знаме во првото полувреме од натпреварот во СЕХА лигата, тие со срамна парола го отворија второто полувреме. Според „Гробари“ Гоце Делчев е бугарски војник, а Македонците се Срби. „Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари.

The post „Гробари“ со нова провокација: Група со српско име, бугарски војник слави, мора да ви е тешко со таа криза на идентитет appeared first on Република.

]]>
Член на Кавачкиот клан од Панама испраќа пораки против Вучиќ на кошаркарски натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/chlen-na-kavachkiot-klan-od-panama-isprakja-poraki-protiv-vuchikj-na-kosharkarski-natprevar/ Tue, 22 Nov 2022 19:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=576828

Никола Џони Вушовиќ, кој се крие во Доминиканската Република и Панама наредил на навиачката група „гробари“ преку шифрирана порака да скандираат „Вучиќ, педер“ и да развијат транспаренти за поддршка на Вељко Беливук.

За време на кошаркарскиот натпревар Партизан - Макаби навивачите кренаа транспаренти на кои пишуваше: „Стоп за француската воена операција „Скај“ во Србија“ и „Слобода за гробарите“, а се беше пропратено со навредливи скандирања против Вучиќ.

Пораките од транспарентите се однесуваа на Беливук и неговите касапи и на грозоморните преписки и снимки од убиствата кои овие мафијаши ги разменуваа преку апликацијата Скај, која француските власти ја предадоа на српската полиција.

The post Член на Кавачкиот клан од Панама испраќа пораки против Вучиќ на кошаркарски натпревар appeared first on Република.

]]>

Никола Џони Вушовиќ, кој се крие во Доминиканската Република и Панама наредил на навиачката група „гробари“ преку шифрирана порака да скандираат „Вучиќ, педер“ и да развијат транспаренти за поддршка на Вељко Беливук. За време на кошаркарскиот натпревар Партизан - Макаби навивачите кренаа транспаренти на кои пишуваше: „Стоп за француската воена операција „Скај“ во Србија“ и „Слобода за гробарите“, а се беше пропратено со навредливи скандирања против Вучиќ. Пораките од транспарентите се однесуваа на Беливук и неговите касапи и на грозоморните преписки и снимки од убиствата кои овие мафијаши ги разменуваа преку апликацијата Скај, која француските власти ја предадоа на српската полиција.

The post Член на Кавачкиот клан од Панама испраќа пораки против Вучиќ на кошаркарски натпревар appeared first on Република.

]]>
Навивачите на Партизан прво се степаа меѓу себе, па ги натераа играчите да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужуваат https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivachite-na-partizan-prvo-se-stepaa-megju-sebe-pa-gi-nateraa-igrachite-da-gi-soblechat-dresovite-bidejkji-ne-gi-zasluzuvaat/ Fri, 12 Aug 2022 08:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=539395

Опасно беше на трибините и на теренот на стадионот на Партизан. „Гробарите“ поделени меѓу себе се степаа на јужната трибина.

По мечот ги построија играчите и ги натераа да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужувале поради елиминацијата од АЕК Ларнака во квалификациите за Конференциската лига.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportal.rs (@sportal_srbija)

The post Навивачите на Партизан прво се степаа меѓу себе, па ги натераа играчите да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужуваат appeared first on Република.

]]>

Опасно беше на трибините и на теренот на стадионот на Партизан. „Гробарите“ поделени меѓу себе се степаа на јужната трибина. По мечот ги построија играчите и ги натераа да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужувале поради елиминацијата од АЕК Ларнака во квалификациите за Конференциската лига.    
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Sportal.rs (@sportal_srbija)

The post Навивачите на Партизан прво се степаа меѓу себе, па ги натераа играчите да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужуваат appeared first on Република.

]]>
Полицијата ги спакува „Делиите“ и „Гробарите“ како сардини https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/policijata-gi-spakuva-deliite-i-grobarite-kako-sardini/ Thu, 12 May 2022 10:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=501428

Тепачката меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан ја стави победата на фудбалерите во втор план и пласманот во финалето на Купот на Србија.Хаосот кај насебата Автокоманда се случи кога маскираните „Делии“ со палки, појаси и факели излегоа од чадната завеса и удрија по „Гробарите“.

Подоцна тие беа уапсени и „спакувани како сардини

The post Полицијата ги спакува „Делиите“ и „Гробарите“ како сардини appeared first on Република.

]]>

Тепачката меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан ја стави победата на фудбалерите во втор план и пласманот во финалето на Купот на Србија.Хаосот кај насебата Автокоманда се случи кога маскираните „Делии“ со палки, појаси и факели излегоа од чадната завеса и удрија по „Гробарите“. Подоцна тие беа уапсени и „спакувани како сардини

The post Полицијата ги спакува „Делиите“ и „Гробарите“ како сардини appeared first on Република.

]]>
Срамна кореографија на навивачите на Црвена звезда со гробови на загинати Украинци https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sramna-koreografija-na-navivachite-na-crvena-zvezda-so-grobovi-na-zaginati-ukrainci/ Sun, 27 Feb 2022 21:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=464886

Срамната кореографија на навивачите на Црвена звезда, познатите „Делии“ го фрли во сенка резултатот на вечното дерби со Партизан.

Црвена звезда со 2-0 го победи Партизан, но во светот одекна големата тифо кореографија која ја направија Делиите.

Тие се поддржувачи на Русија и Владимир Путин, па на цела трибина направија кореографија од гробови на загинати Украинци.

Останува да се види дали ќе има реакција на српските власти, кои се трудат да останат неутрални во војната меѓу Русија и Украина.

The post Срамна кореографија на навивачите на Црвена звезда со гробови на загинати Украинци appeared first on Република.

]]>

Срамната кореографија на навивачите на Црвена звезда, познатите „Делии“ го фрли во сенка резултатот на вечното дерби со Партизан. Црвена звезда со 2-0 го победи Партизан, но во светот одекна големата тифо кореографија која ја направија Делиите. Тие се поддржувачи на Русија и Владимир Путин, па на цела трибина направија кореографија од гробови на загинати Украинци. Останува да се види дали ќе има реакција на српските власти, кои се трудат да останат неутрални во војната меѓу Русија и Украина.

The post Срамна кореографија на навивачите на Црвена звезда со гробови на загинати Украинци appeared first on Република.

]]>