гроб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grob/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 12:13:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гроб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grob/ 32 32 Гробот на Тито нема да биде преместен од „Куќата на цвеќето“ во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grobot-na-tito-nema-da-bide-premesten-od-kukata-na-tsveketo-vo-belgrad/ Sat, 21 Sep 2024 12:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=818488

Гробот на Јосип Броз Тито нема да биде преместен од Куќата на цвеќето во Белград бидејќи Тито е дел од југословенската и српската историја, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, реагирајќи на идејата на белградскиот градоначалник Александар Шапиќ, пренесе Политико.

Никогаш не сум бил љубител на комунистите и на комунистичкиот режим, но Јосип Броз е дел од нашата историја. Тој живеел овде, бил погребан тука и ќе остане дел од југословенската и српската историја – изјави Вучиќ во интервју за Политико, отфрлајќи ја идејата на градоначалникот на Белград и неговите сопартијци од владејачката Српска напредна партија.

Првиот човек на Белград, избран по неодамнешните избори за кои опозицијата тврдеше дека се украдени, претходно оваа недела ја објави иницијативата за преместување на гробот на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија и гробовите на четворицата народни херои од Калемегдан, велејќи дека „еднаш засекогаш треба да се исчисти од болшевизмот и комунизмот“.

The post Гробот на Тито нема да биде преместен од „Куќата на цвеќето“ во Белград appeared first on Република.

]]>

Се појави споменик на местото каде што загина основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-pojavi-spomenik-na-mestoto-kade-shto-zagina-osnovachot-na-vagner-evgenij-prigozhin/ Sat, 30 Sep 2023 15:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=686639

На местото каде што загина основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј“ Пригожин, се појави спомен обележје во негова чест.

Споменикот е израбтен од монолитно парче карпа, на која е поставен заштитниот аблем на  „Вагнер“, а крај него има поставено знаме на групата, како и положено свежо цвеќе.

Пригожин загина на 23 август во авионска нереќа кога авионот во којшто патуваше се урна во руската област Твер.

https://republika.mk/vesti/svet/misterozna-poraka-na-grobot-na-prigozhin/

The post Се појави споменик на местото каде што загина основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин appeared first on Република.

]]>

На местото каде што загина основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј“ Пригожин, се појави спомен обележје во негова чест. Споменикот е израбтен од монолитно парче карпа, на која е поставен заштитниот аблем на  „Вагнер“, а крај него има поставено знаме на групата, како и положено свежо цвеќе. Пригожин загина на 23 август во авионска нереќа кога авионот во којшто патуваше се урна во руската област Твер. https://republika.mk/vesti/svet/misterozna-poraka-na-grobot-na-prigozhin/

The post Се појави споменик на местото каде што загина основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин appeared first on Република.

]]>
Фута неутешен на гробот на Марина и синовите: Го закопа целото семејство, исцрпен е од болка https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/futa-neuteshen-na-grobot-na-marina-i-sinovite-go-zakopa-tseloto-semejstvo-istsrpen-e-od-bolka/ Tue, 19 Sep 2023 13:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=683147

На денот на втората годишнина од смртта на Марина Туцаковиќ, српските медиуми го посетија нејзиниот гроб.

Таму го затекнале неутешниот сопруг на Марина, Александар Фута Радуловиќ, кој од тага по неа и неговите два сина, исцрпен од болка седел крај семејната гробница, додека пријателите и семејството го тешеле. Тој немо гледа во земјата, а она што го привлекло вниманието на сите е гавранот кој стоел над него цело време.

На гробот на Марина била и долгогодишната пријателка и кума на Марина, Мирјана Петровиќ, како и десетина нејзини најблиски пријатели и членови на семејството. На самиот гроб има неколку букети.

После спомен службата завршила, Фута и собраните роднини седнале во близина на гробот.

The post Фута неутешен на гробот на Марина и синовите: Го закопа целото семејство, исцрпен е од болка appeared first on Република.

]]>

На денот на втората годишнина од смртта на Марина Туцаковиќ, српските медиуми го посетија нејзиниот гроб. Таму го затекнале неутешниот сопруг на Марина, Александар Фута Радуловиќ, кој од тага по неа и неговите два сина, исцрпен од болка седел крај семејната гробница, додека пријателите и семејството го тешеле. Тој немо гледа во земјата, а она што го привлекло вниманието на сите е гавранот кој стоел над него цело време. На гробот на Марина била и долгогодишната пријателка и кума на Марина, Мирјана Петровиќ, како и десетина нејзини најблиски пријатели и членови на семејството. На самиот гроб има неколку букети. После спомен службата завршила, Фута и собраните роднини седнале во близина на гробот.

The post Фута неутешен на гробот на Марина и синовите: Го закопа целото семејство, исцрпен е од болка appeared first on Република.

]]>
Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pogreban-do-negoviot-tatko-objaveni-prvite-fotografii-od-grobot-na-prigozhin/ Tue, 29 Aug 2023 15:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=677051

На социјалните мрежи се појавија првите слики од гробот на Евгениј Пригожин на гробиштата Порохов во Санкт Петербург.

Таму утринава се одржа затворена церемонија за збогување со досегашниот лидер на приватната воена компанија „Вагнер“.

Според информациите од руските медиуми, Пригожин е погребан до неговиот татко.

Според најавите, на погребот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин.

https://republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/

The post Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија првите слики од гробот на Евгениј Пригожин на гробиштата Порохов во Санкт Петербург. Таму утринава се одржа затворена церемонија за збогување со досегашниот лидер на приватната воена компанија „Вагнер“. Според информациите од руските медиуми, Пригожин е погребан до неговиот татко. Според најавите, на погребот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин. https://republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/

The post Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Го викаат најсекси гроб на светот, а секоја година илјадници жени го тријат и го бакнуваат за да им донесе добар секс, љубов и бебиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-vikaat-najseksi-grob-na-svetot-a-sekoja-godina-iljadnitsi-zheni-go-trijat-i-go-baknuvaat-za-da-im-donese-dobar-seks-lubov-i-bebina/ Sun, 08 Jan 2023 15:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=587770

Иако Лувр и Ајфеловата кула се на врвот на листата на секој турист кој патува за Париз, една од изненадувачките атракции на градот се париските гробишта, особено Пер-Лашез. Последното почивалиште на значајни личности, како што се Оскар Вајлд, Џим Морисон и Шопен, е место кое го посетуваат околу три милиони луѓе секоја година. Меѓутоа, меѓу познатите споменици, се издвојува гроб кој постигнал култен статус и покрај тоа што неговиот сопственик живеел прилично обичен живот. Станува збор за Виктор Ноар, новинар кој до својата смрт во 1870 година работел за францускиот весник „Ла Марсеј“, а кога починал имал само 22 години.

И покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, братучед на Наполеон III, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите искажани во „Ла Марсеј“ за неговото семејство и го предизвикал уредникот на весникот на дуел.

Ноар бил испратен да го договори времето и местото на пресметката, но наеднаш избила тепачка и Бонапарта го застрелал Ноар. Неговата смрт предизвикла бес во јавноста, особено затоа што на крајот принцот бил ослободен од обвинението за убиство. Ова довело до серија насилни демонстрации, Виктор Ноар стана револуционерен симбол, а на неговиот погреб присуствуваа повеќе од 100 илјади луѓе.

Но, тоа не е главната причина зошто овој обичен човек и денес добива бројни букети и венци од цвеќе на својот гроб.

Честопати нарекуван и „најсекси гробница на гробиштата“, гробницата на Виктор Ноар се состои од скулптура на маж во природна големина од Жил Далу.

Фигурата лежи рамно на грб, со отворено палто и капа легната на страна, до ногата. Од непознати причини, Далу направи многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, а со тоа започна создавањето на бизарен мит кој на крајот го направи гробот на Виктор Ноар симбол на плодноста и сексуалната среќа.

Имено, се верува дека ако жената ги бакне усните на статуата на Виктор Ноар, ја трие испакнатоста на неговите панталони и му фрли цвет во капата, тоа ќе ѝ донесе зголемена плодност и блажен сексуален живот.

Но, некои жени, додуша, одат подалеку од само бакнување и триење, пренесува британски Мирор.

Според урбаните легенди, ако сакате да најдете љубовник треба да го бакнете Ноар во уста. Ако сакате да забремените, треба да му го истриете десниот чевел, а ако сакате да имате близнаци, левата нога. Наводно, после овој ритуал, бебињата пристигнуваат многу брзо, а невенчаните девојки успеваат да најдат сопрузи во рок од една година!

View this post on Instagram

A post shared by SKEMER (@skemer_official)

Со оглед на тоа колку се излитени лицето и испакнатоста на панталоните, скулптурата изгледа е жив доказ дека некои луѓе многу сериозно го сфатиле овој мит.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica (@jessicamacchiavelli)

И покрај тоа што во 2004 година околу скулптурата беше поставена ограда и предупредувачки знак, на кој пишуваше: „Секоја штета предизвикана од графити или непристојно триење ќе се гони кривично“, жените брзо ја симнаа.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica (@jessicamacchiavelli)

The post Го викаат најсекси гроб на светот, а секоја година илјадници жени го тријат и го бакнуваат за да им донесе добар секс, љубов и бебиња appeared first on Република.

]]>

Иако Лувр и Ајфеловата кула се на врвот на листата на секој турист кој патува за Париз, една од изненадувачките атракции на градот се париските гробишта, особено Пер-Лашез. Последното почивалиште на значајни личности, како што се Оскар Вајлд, Џим Морисон и Шопен, е место кое го посетуваат околу три милиони луѓе секоја година. Меѓутоа, меѓу познатите споменици, се издвојува гроб кој постигнал култен статус и покрај тоа што неговиот сопственик живеел прилично обичен живот. Станува збор за Виктор Ноар, новинар кој до својата смрт во 1870 година работел за францускиот весник „Ла Марсеј“, а кога починал имал само 22 години. И покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, братучед на Наполеон III, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите искажани во „Ла Марсеј“ за неговото семејство и го предизвикал уредникот на весникот на дуел. Ноар бил испратен да го договори времето и местото на пресметката, но наеднаш избила тепачка и Бонапарта го застрелал Ноар. Неговата смрт предизвикла бес во јавноста, особено затоа што на крајот принцот бил ослободен од обвинението за убиство. Ова довело до серија насилни демонстрации, Виктор Ноар стана револуционерен симбол, а на неговиот погреб присуствуваа повеќе од 100 илјади луѓе. Но, тоа не е главната причина зошто овој обичен човек и денес добива бројни букети и венци од цвеќе на својот гроб. Честопати нарекуван и „најсекси гробница на гробиштата“, гробницата на Виктор Ноар се состои од скулптура на маж во природна големина од Жил Далу. Фигурата лежи рамно на грб, со отворено палто и капа легната на страна, до ногата. Од непознати причини, Далу направи многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, а со тоа започна создавањето на бизарен мит кој на крајот го направи гробот на Виктор Ноар симбол на плодноста и сексуалната среќа. Имено, се верува дека ако жената ги бакне усните на статуата на Виктор Ноар, ја трие испакнатоста на неговите панталони и му фрли цвет во капата, тоа ќе ѝ донесе зголемена плодност и блажен сексуален живот.
Но, некои жени, додуша, одат подалеку од само бакнување и триење, пренесува британски Мирор.
Според урбаните легенди, ако сакате да најдете љубовник треба да го бакнете Ноар во уста. Ако сакате да забремените, треба да му го истриете десниот чевел, а ако сакате да имате близнаци, левата нога. Наводно, после овој ритуал, бебињата пристигнуваат многу брзо, а невенчаните девојки успеваат да најдат сопрузи во рок од една година!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SKEMER (@skemer_official)

Со оглед на тоа колку се излитени лицето и испакнатоста на панталоните, скулптурата изгледа е жив доказ дека некои луѓе многу сериозно го сфатиле овој мит.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jessica (@jessicamacchiavelli)

И покрај тоа што во 2004 година околу скулптурата беше поставена ограда и предупредувачки знак, на кој пишуваше: „Секоја штета предизвикана од графити или непристојно триење ќе се гони кривично“, жените брзо ја симнаа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jessica (@jessicamacchiavelli)

The post Го викаат најсекси гроб на светот, а секоја година илјадници жени го тријат и го бакнуваат за да им донесе добар секс, љубов и бебиња appeared first on Република.

]]>
Kланот на Веља невоља парите ги крие во гроб на кој се испишани имиња на лажни мртовци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/klanot-na-velja-nevolja-parite-gi-krie-vo-grob-na-koj-se-ispishani-iminja-lazni-mrtovci/ Fri, 19 Aug 2022 20:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=542175

Српската полиција дознала дека во белградската населба Барајево има гробница, која всушност е скривалиште на криминалната група Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, пренесува „Новости“.

Според извештаите, под бетонската плоча на гробиштата нема тело, туку пари, дрога и оружје што овој крвав клан ги криел таму.

- Исто така, се верува дека на него има лажни имиња и слики на луѓе, па потрагата ќе биде многу тешка, освен ако некој од сведоците не проговори и не ја одведе полицијата директно во гробот - пишува „Новости“.

The post Kланот на Веља невоља парите ги крие во гроб на кој се испишани имиња на лажни мртовци appeared first on Република.

]]>

Српската полиција дознала дека во белградската населба Барајево има гробница, која всушност е скривалиште на криминалната група Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, пренесува „Новости“. Според извештаите, под бетонската плоча на гробиштата нема тело, туку пари, дрога и оружје што овој крвав клан ги криел таму.