Грковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grkovska/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 13:08:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grkovska/ 32 32 Грковска-Купман: Планот за раст ќе ги забрза реформските процеси во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-kupman-planot-za-rast-ke-gi-zabrza-reformskite-protsesi-vo-severna-makedonija/ Wed, 06 Mar 2024 13:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=751902

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Герт Јан Купман, директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија.

Во фокус на разговорот помеѓу Грковска и Купман беше Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзување на реформските процеси, особено во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација. Вицепремиерката ја нагласи важноста на Планот за раст, како силен механизам за премостување на периодот до постигнување полноправно членство на Македонија во Унијата.

На средбата стана збор и за потребата, паралелно со спроведувањето на мерките предвидени со Планот, да се засилат активностите за информирање на граѓаните за значењето на евроинтегративниот процес, како и за поддршката која нашата земја во континуитет ја добива од Европската Унија.

Осврнувајќи се на активностите кои изминатиов период ги предводеше Кабинетот за политики за добро владеење, вицепремиерката Грковска информираше за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој минатата недела беше усвоен од Собранието и кој треба да послужи како дополнителен антикорупциски механизам во домашното законодавство. Одговарајќи на прашањето на Купман, дали надлежните институции се доволно екипирани за спроведување на законот, Грковска посочи дека во самото законско решение е предвидено зајакнување на капацитетите и оформување на посебен сектор во Финансиската полиција, специјализиран за овој закон, и додаде дека ќе инсистира во ребалансот на буџетот да се зголемат средствата наменети за Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Државното правобранителство.

Двајцата соговорници разговараа и за активностите поврзани со дигиталната трансформација на општеството, како процес преку кој се зајакнува воспоставувањето на политиките за добро владеење на сите нивоа.

Средбата со Купман е во рамки на работната посета на вицепремиерката Грковска на Брисел, која попладнево ќе учествува на конференција на високо ниво, посветена на жените во јавниот живот, во организација на потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова.

 

 

 

The post Грковска-Купман: Планот за раст ќе ги забрза реформските процеси во Македонија appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Герт Јан Купман, директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија. Во фокус на разговорот помеѓу Грковска и Купман беше Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзување на реформските процеси, особено во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација. Вицепремиерката ја нагласи важноста на Планот за раст, како силен механизам за премостување на периодот до постигнување полноправно членство на Македонија во Унијата. На средбата стана збор и за потребата, паралелно со спроведувањето на мерките предвидени со Планот, да се засилат активностите за информирање на граѓаните за значењето на евроинтегративниот процес, како и за поддршката која нашата земја во континуитет ја добива од Европската Унија. Осврнувајќи се на активностите кои изминатиов период ги предводеше Кабинетот за политики за добро владеење, вицепремиерката Грковска информираше за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој минатата недела беше усвоен од Собранието и кој треба да послужи како дополнителен антикорупциски механизам во домашното законодавство. Одговарајќи на прашањето на Купман, дали надлежните институции се доволно екипирани за спроведување на законот, Грковска посочи дека во самото законско решение е предвидено зајакнување на капацитетите и оформување на посебен сектор во Финансиската полиција, специјализиран за овој закон, и додаде дека ќе инсистира во ребалансот на буџетот да се зголемат средствата наменети за Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Државното правобранителство. Двајцата соговорници разговараа и за активностите поврзани со дигиталната трансформација на општеството, како процес преку кој се зајакнува воспоставувањето на политиките за добро владеење на сите нивоа. Средбата со Купман е во рамки на работната посета на вицепремиерката Грковска на Брисел, која попладнево ќе учествува на конференција на високо ниво, посветена на жените во јавниот живот, во организација на потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова.      

The post Грковска-Купман: Планот за раст ќе ги забрза реформските процеси во Македонија appeared first on Република.

]]>
Грковска на пленарната сесија на CoSP10: Широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми – глобални решенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-na-plenarnata-sesija-na-cosp10-shirokite-problemi-iziskuvaat-seopfatni-reshenija-a-globalnite-problemi-globalni-reshenija/ Tue, 12 Dec 2023 09:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=722035

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на Пленарната сесија на Конференцијата на земјите потписнички (CoSP), главното тело за креирање политики на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (UNCAC), која се одржува во Атланта, САД.

„Корупцијата не е проблем само на одредени земји, туку глобален проблем кој ја загрозува стабилноста, безбедноста и економскиот развој, ја поткопува довербата во институциите, го намалува квалитетот на јавните услуги, ги крши човековите права и го поттикнува организираниот криминал, тероризмот и незаконските финансиски текови“, истакна вицепремиерката Грковска во своето обраќање.

Таа посочи дека во справувањето  со оваа глобална закана, мора да се работи заеднички за да се искорени корупцијата и да се промовира транспарентно, одговорно и партиципативно владеење во поединечни земји и низ целиот свет. „Бидејќи широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми - глобални решенија“,  изјави Грковска.

Во своето обраќање на пленарната сесија, вицепремиерката истакна дека според истражувањата на јавното мислење во Македонија, корупцијата се наведува како најголем општествен проблем и додаде дека ваквата перцепција на граѓаните во голема мера се должи на фактот што во изминатите години земјата успеа да излезе од децениската состојба на затворена држава и направи огромен чекор напред со отворање на институциите и подобрување на состојбата со медиумските слободи, а тоа директно придонесе за зголемување на јавната свест за овој проблем.

„Во оваа прилика, морам да истакнам дека сум горда што Македонија, според последниот извештај, е единствената земја - потписник што е целосно усогласена со Заложбата за транспарентност на УНКАК“, нагласи Грковска и додаде дека Владата презема голем број чекори во спроведувањето на политиките за добро владеење, а правната и институционалната рамка во најголем дел е усогласена со законодавството на ЕУ.

„За жал, демократскиот напредок што го постигнавме во последните години не значеше инстантна промена во сите надлежни институции, во однос на нивната агилност, ефикасност, посветеност и волја и интегритет доследно да го вршат својот дел од мисијата за градење подобро општество за сите“, изјави вицепремиерката.

Поради воочените слабости во клучните сегменти на системот, додаде таа, се воспостави интензивна координација на сите институции кои имаат надлежност во борбата против корупцијата, од две причини –  да се создаде форма на меѓусебен конструктивен притисок за секоја институција поажурно и поефективно да го исполни својот дел од обврските и заради градење силен меѓусекторски пристап во борбата против корупцијата како клучен предуслов за успех.

The post Грковска на пленарната сесија на CoSP10: Широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми – глобални решенија appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на Пленарната сесија на Конференцијата на земјите потписнички (CoSP), главното тело за креирање политики на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (UNCAC), која се одржува во Атланта, САД. „Корупцијата не е проблем само на одредени земји, туку глобален проблем кој ја загрозува стабилноста, безбедноста и економскиот развој, ја поткопува довербата во институциите, го намалува квалитетот на јавните услуги, ги крши човековите права и го поттикнува организираниот криминал, тероризмот и незаконските финансиски текови“, истакна вицепремиерката Грковска во своето обраќање. Таа посочи дека во справувањето  со оваа глобална закана, мора да се работи заеднички за да се искорени корупцијата и да се промовира транспарентно, одговорно и партиципативно владеење во поединечни земји и низ целиот свет. „Бидејќи широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми - глобални решенија“,  изјави Грковска. Во своето обраќање на пленарната сесија, вицепремиерката истакна дека според истражувањата на јавното мислење во Македонија, корупцијата се наведува како најголем општествен проблем и додаде дека ваквата перцепција на граѓаните во голема мера се должи на фактот што во изминатите години земјата успеа да излезе од децениската состојба на затворена држава и направи огромен чекор напред со отворање на институциите и подобрување на состојбата со медиумските слободи, а тоа директно придонесе за зголемување на јавната свест за овој проблем. „Во оваа прилика, морам да истакнам дека сум горда што Македонија, според последниот извештај, е единствената земја - потписник што е целосно усогласена со Заложбата за транспарентност на УНКАК“, нагласи Грковска и додаде дека Владата презема голем број чекори во спроведувањето на политиките за добро владеење, а правната и институционалната рамка во најголем дел е усогласена со законодавството на ЕУ. „За жал, демократскиот напредок што го постигнавме во последните години не значеше инстантна промена во сите надлежни институции, во однос на нивната агилност, ефикасност, посветеност и волја и интегритет доследно да го вршат својот дел од мисијата за градење подобро општество за сите“, изјави вицепремиерката. Поради воочените слабости во клучните сегменти на системот, додаде таа, се воспостави интензивна координација на сите институции кои имаат надлежност во борбата против корупцијата, од две причини –  да се создаде форма на меѓусебен конструктивен притисок за секоја институција поажурно и поефективно да го исполни својот дел од обврските и заради градење силен меѓусекторски пристап во борбата против корупцијата како клучен предуслов за успех.

The post Грковска на пленарната сесија на CoSP10: Широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми – глобални решенија appeared first on Република.

]]>
Грковска: Да се фокусираме на основните вредности што го дефинираат начинот на којшто се одвиваат општествените процеси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-da-se-fokusirame-na-osnovnite-vrednosti-shto-go-definiraat-nachinot-na-kojshto-se-odvivaat-opshtestvenite-protsesi/ Fri, 27 Oct 2023 15:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=695652

Во рамки на кампањата „Зависи од мене и тебе“, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретнала со студенти во Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Заблагодарувајќи се за покажаниот интерес на студентите и наставниот кадар од овој универзитет да се вклучи во активностите насочени кон зголемување на свеста за важноста на етиката, интегритетот и одговорноста, вицепремиерката Грковска истакнала дека тоа се клучни принципи за градење подобро општество за сите.

-Реформите, зајакнувањето на системот, подобрувањето на условите за развој, се суштински за унапредување на општеството во целост. Но, сметам дека во огромна мера се важни и стандардите на однесување, начинот на работење и имањето морална вертикала во вршењето на која било професија или функција, рекла Грковска и посочила дека во контекст на дневната политика и многубројните кризи, не е лесно да се стави фокус на основните вредности, иако тие го дефинираат начинот на којшто се одвиваат сите општествени процеси.

Како што се наведува во соопштението од Владата, во отворената дискусија била истакната потребата младите да се мотивираат за поголема политичка партиципација на секое ниво и да се зголеми просторот за граѓанска и политичка едукација, имајќи предвид дека недоволно е изградена свеста за значењето на општествената одговорност и демократските институции и вредности.

Во таа насока, се дискутирало и за важноста на унапредувањето на состојбите во образовниот систем, како еден од главните столбови на општеството. На средбата е разговарано и за напорите за јакнење на транспарентноста, како принцип на доброто владеење којшто води кон поголема отчетност и одговорност на институциите и носителите на функции.

Како што се посочува, вицепремиерката Грковска истакнала дека транспарентноста, од една страна, директно влијае за намалувањето на корупцијата, а истовремено води кон промени во односот на администрацијата, чија основна улога е да биде сервис на граѓаните.

Учесниците во дебатата се согласиле дека е важно да постои консензус за сите прашања кои се од висок општествен интерес, но и дека отсуството на етика и демократски вредности во заедницата ги потхранува авторитарните тенденции кај младите луѓе.

The post Грковска: Да се фокусираме на основните вредности што го дефинираат начинот на којшто се одвиваат општествените процеси appeared first on Република.

]]>

Во рамки на кампањата „Зависи од мене и тебе“, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретнала со студенти во Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Заблагодарувајќи се за покажаниот интерес на студентите и наставниот кадар од овој универзитет да се вклучи во активностите насочени кон зголемување на свеста за важноста на етиката, интегритетот и одговорноста, вицепремиерката Грковска истакнала дека тоа се клучни принципи за градење подобро општество за сите. -Реформите, зајакнувањето на системот, подобрувањето на условите за развој, се суштински за унапредување на општеството во целост. Но, сметам дека во огромна мера се важни и стандардите на однесување, начинот на работење и имањето морална вертикала во вршењето на која било професија или функција, рекла Грковска и посочила дека во контекст на дневната политика и многубројните кризи, не е лесно да се стави фокус на основните вредности, иако тие го дефинираат начинот на којшто се одвиваат сите општествени процеси. Како што се наведува во соопштението од Владата, во отворената дискусија била истакната потребата младите да се мотивираат за поголема политичка партиципација на секое ниво и да се зголеми просторот за граѓанска и политичка едукација, имајќи предвид дека недоволно е изградена свеста за значењето на општествената одговорност и демократските институции и вредности. Во таа насока, се дискутирало и за важноста на унапредувањето на состојбите во образовниот систем, како еден од главните столбови на општеството. На средбата е разговарано и за напорите за јакнење на транспарентноста, како принцип на доброто владеење којшто води кон поголема отчетност и одговорност на институциите и носителите на функции. Како што се посочува, вицепремиерката Грковска истакнала дека транспарентноста, од една страна, директно влијае за намалувањето на корупцијата, а истовремено води кон промени во односот на администрацијата, чија основна улога е да биде сервис на граѓаните. Учесниците во дебатата се согласиле дека е важно да постои консензус за сите прашања кои се од висок општествен интерес, но и дека отсуството на етика и демократски вредности во заедницата ги потхранува авторитарните тенденции кај младите луѓе.

The post Грковска: Да се фокусираме на основните вредности што го дефинираат начинот на којшто се одвиваат општествените процеси appeared first on Република.

]]>
Грковска: Пречките на патот кон ЕУ се силен фактор за инертност на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-prechkite-na-patot-kon-eu-se-silen-faktor-za-inertnost-na-institutsiite/ Thu, 19 Oct 2023 09:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=692758

За жал, обременетоста со историјата на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои на овој или на оној начин профитираат од тој наратив и ден денеска се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси кон кои сме насочени и посветени. Директно тоа влијае на динамиката на нашето пристапување во ЕУ иако самата Унија е основана за да стави крај на историските раздори на европско тло во име на иднината и подобра перспектива за сите граѓани на европско тло, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“.

Од друга страна, големото одолговлекување на нашиот европски пат, бројните објективни но и тенденциозно креирани кризи ја оневозможуваат и неопходната културолошка промена кон која тежнееме сите ние што сме посветени на борбата со корупција, особено во поглед на толеранцијата во општеството кон овој феномен. Во таа насока сметам дека насловот на денешниов настан и на самиот проект „Правдата нека владее со регионот“ е навистина соодветен, бидејќи има елемент на заповед која мора постојано да си ја даваме на себе како носители и учесници во овие процеси на различно ниво за да истраеме во реформските заложби, да ги надминеме бројните пречки и предизвици со кои сме соочени, а од друга страна повикот за правдата да владее со регионот за мене е и крик против секоја форма на нанесена неправда а која ги загрозува искрените стремежи на европски ориентираната јавност, рече Грковска.

Вицепремиерката нагласи дека е свесна дека кога состојбата во која механизмите за владеење на правото се недоволни или неефикасни, ја храни корупцијата и ја продлабочува дискриминацијата и влијае на стабилноста. Но, како што потенцира, свесна е и дека децениското вкоренување на коруптивните практики не може да се излечи и да се надмине толку брзо колку што би сакале ние.

-Ниту пак, лесно можете да ги изградите капацитети ако на вашите напори му претходело владеење кое целосно ги заробувало и разградувало институциите и кое не само што направило дискунуитет во реформите започнати после конфликтот од 2001 година, туку ве симнало драстичен број скалила на листата на слобода на медиуми, човекови права, транспарентност до крајни граници. Денеска истите тие цинично го препишуваат на денешната Влада сето она што тие свесно и плански го уништија и сметаат дека актуелните кризи и пречки ќе го избришат злоделото кое ја изолираше и свесно ја уназади државата. Простете што можеби звучам малку гневно, но од позицијата на која сум многу добро знам кои се болните точки и колку е тешко тие да се надминуваат во услови на константни и комбинирани кризи. Не може да се негира ниската доверба во институциите, особено во правосудството. Во една мала земја како нашата очигледно тешко е да се исфрлат од  употребата на тефтерчињата, рече Грковска.

Грковска потенцира дека холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој е меѓу учесниците на конферецијата, често знае да е критичен, особено во поглед на правосудните реформи и посочи дека неговите критики се издржани.

Тој знае дека во најголем дел се согласуваме и секогаш отворено и искрено дискутираме. Уште повеќе ако имаме предвид дека Холандија е посветен и директен поддржувач на овие процеси. Но, и во оваа прилика ќе кажам пречките на патот кон ЕУ се навистина силен фактор за инертност на институциите. Неизвесноста, неодлучноста, акумулацијата на незадоволството во јавноста поради чувството на неправда е совршена атмосфера за пораст на други недемократски и авторитарни влијанија кои меѓу другото ја намалуваат и поддршката за членството во ЕУ и ова мора да го сопреме заедно со нашите европски пријатели. Ќе повторам, ова е процес којшто не се случува само во нашата земја, туку и во регионот, наведе вицепремиерката.

Грковска рече дека земјите од регионот можеби се мали, тешки и комплицирани, но како што потенцира, во ова ризично воено и ужасно време не смееме да дозволиме европската ориентација на нашето општество која беше речиси акламативна да се претвори во дезориентација со ризични импликации.

Мора да си признаеме дека состојбата со човечки ресурси е незавидна и дека можеби ни е потребна директна поддршка и во сферата како што е образованието. Ако студентите велат дека безбројните правни факултети низ земјата не испорачуваат квалитет, тогаш зошто некој од нашите пријателски и демократски најразвиени земји не не’ зајакне со отворање на квалитетни странски студии во земјава за право, добро управување и слично. Овој пример беше спомнат на неодамнешниот форум на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција и сметам дека добро ја отсликува комплексноста на борбата со корупцијата, дека таа мора да биде зајакната на многу полиња од училишта до обвинителска клупа од почеток до крај, а тоа се вредносни прашања за кои нема инстант решенија особено во нашиот контекст, рече Грковска.

Таа апелира да не се отстапува пред разочарувањата, да не се прекинува поддршката и заедно да ја продолжиме борбата за, како што рече, подобар, поквалитетен живот на сите луѓе во регионот во вистинска и обединета Европа.

На регионален експертски дијалог се разменуваат национални практики и знаења кои ќе придонесат за создавање и усвојување препораки во насока на подобрување на условите во оваа област.

Се очекува да биде развиен документ со споредливи резултати и конкретни предлози за јавни политики упатени до клучните актери во процесот на пристапување во ЕУ.

Конференцијата е во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“ поддржан од Кралството Холандија (MATRA), а со своите активности за следење на преговарачките прашања опфатени со Кластер 1, има за цел да придонесе кон реформите во правосудството, безбедноста, превенцијата и борбата против корупцијата, како и за други прашања од витално значење за ЕУ-интегративните процеси во државава, во Србија и во Албанија.

The post Грковска: Пречките на патот кон ЕУ се силен фактор за инертност на институциите appeared first on Република.

]]>

За жал, обременетоста со историјата на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои на овој или на оној начин профитираат од тој наратив и ден денеска се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси кон кои сме насочени и посветени. Директно тоа влијае на динамиката на нашето пристапување во ЕУ иако самата Унија е основана за да стави крај на историските раздори на европско тло во име на иднината и подобра перспектива за сите граѓани на европско тло, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“.
Од друга страна, големото одолговлекување на нашиот европски пат, бројните објективни но и тенденциозно креирани кризи ја оневозможуваат и неопходната културолошка промена кон која тежнееме сите ние што сме посветени на борбата со корупција, особено во поглед на толеранцијата во општеството кон овој феномен. Во таа насока сметам дека насловот на денешниов настан и на самиот проект „Правдата нека владее со регионот“ е навистина соодветен, бидејќи има елемент на заповед која мора постојано да си ја даваме на себе како носители и учесници во овие процеси на различно ниво за да истраеме во реформските заложби, да ги надминеме бројните пречки и предизвици со кои сме соочени, а од друга страна повикот за правдата да владее со регионот за мене е и крик против секоја форма на нанесена неправда а која ги загрозува искрените стремежи на европски ориентираната јавност, рече Грковска.
Вицепремиерката нагласи дека е свесна дека кога состојбата во која механизмите за владеење на правото се недоволни или неефикасни, ја храни корупцијата и ја продлабочува дискриминацијата и влијае на стабилноста. Но, како што потенцира, свесна е и дека децениското вкоренување на коруптивните практики не може да се излечи и да се надмине толку брзо колку што би сакале ние. -Ниту пак, лесно можете да ги изградите капацитети ако на вашите напори му претходело владеење кое целосно ги заробувало и разградувало институциите и кое не само што направило дискунуитет во реформите започнати после конфликтот од 2001 година, туку ве симнало драстичен број скалила на листата на слобода на медиуми, човекови права, транспарентност до крајни граници. Денеска истите тие цинично го препишуваат на денешната Влада сето она што тие свесно и плански го уништија и сметаат дека актуелните кризи и пречки ќе го избришат злоделото кое ја изолираше и свесно ја уназади државата. Простете што можеби звучам малку гневно, но од позицијата на која сум многу добро знам кои се болните точки и колку е тешко тие да се надминуваат во услови на константни и комбинирани кризи. Не може да се негира ниската доверба во институциите, особено во правосудството. Во една мала земја како нашата очигледно тешко е да се исфрлат од  употребата на тефтерчињата, рече Грковска. Грковска потенцира дека холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој е меѓу учесниците на конферецијата, често знае да е критичен, особено во поглед на правосудните реформи и посочи дека неговите критики се издржани.
Тој знае дека во најголем дел се согласуваме и секогаш отворено и искрено дискутираме. Уште повеќе ако имаме предвид дека Холандија е посветен и директен поддржувач на овие процеси. Но, и во оваа прилика ќе кажам пречките на патот кон ЕУ се навистина силен фактор за инертност на институциите. Неизвесноста, неодлучноста, акумулацијата на незадоволството во јавноста поради чувството на неправда е совршена атмосфера за пораст на други недемократски и авторитарни влијанија кои меѓу другото ја намалуваат и поддршката за членството во ЕУ и ова мора да го сопреме заедно со нашите европски пријатели. Ќе повторам, ова е процес којшто не се случува само во нашата земја, туку и во регионот, наведе вицепремиерката.
Грковска рече дека земјите од регионот можеби се мали, тешки и комплицирани, но како што потенцира, во ова ризично воено и ужасно време не смееме да дозволиме европската ориентација на нашето општество која беше речиси акламативна да се претвори во дезориентација со ризични импликации.
Мора да си признаеме дека состојбата со човечки ресурси е незавидна и дека можеби ни е потребна директна поддршка и во сферата како што е образованието. Ако студентите велат дека безбројните правни факултети низ земјата не испорачуваат квалитет, тогаш зошто некој од нашите пријателски и демократски најразвиени земји не не’ зајакне со отворање на квалитетни странски студии во земјава за право, добро управување и слично. Овој пример беше спомнат на неодамнешниот форум на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција и сметам дека добро ја отсликува комплексноста на борбата со корупцијата, дека таа мора да биде зајакната на многу полиња од училишта до обвинителска клупа од почеток до крај, а тоа се вредносни прашања за кои нема инстант решенија особено во нашиот контекст, рече Грковска.
Таа апелира да не се отстапува пред разочарувањата, да не се прекинува поддршката и заедно да ја продолжиме борбата за, како што рече, подобар, поквалитетен живот на сите луѓе во регионот во вистинска и обединета Европа. На регионален експертски дијалог се разменуваат национални практики и знаења кои ќе придонесат за создавање и усвојување препораки во насока на подобрување на условите во оваа област. Се очекува да биде развиен документ со споредливи резултати и конкретни предлози за јавни политики упатени до клучните актери во процесот на пристапување во ЕУ. Конференцијата е во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“ поддржан од Кралството Холандија (MATRA), а со своите активности за следење на преговарачките прашања опфатени со Кластер 1, има за цел да придонесе кон реформите во правосудството, безбедноста, превенцијата и борбата против корупцијата, како и за други прашања од витално значење за ЕУ-интегративните процеси во државава, во Србија и во Албанија.

The post Грковска: Пречките на патот кон ЕУ се силен фактор за инертност на институциите appeared first on Република.

]]>
Грковска: Строгите ограничувања за подароци и други бенефиции ќе го јакнат интегритетот на јавните функционери и службеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-strogite-ogranichuvana-za-podarotsi-i-drugi-benefitsii-ke-go-jaknat-integritetot-na-javnite-funktsioneri-i-sluzhbenitsi/ Wed, 13 Sep 2023 11:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=681566

„Интегритетот е најважниот превентивен механизам кога станува збор за справување со корупцијата, но сложеноста на светот во кој живееме и мноштвото релации и разновидни интереси кои се дел од политичкиот пејзаж, ја наметнуваат потребата од јасно регулирање на одредени прашања. Во таа насока, регулирањето на подароците што ги добиваат функционерите е парче од таа голема сложувалка, а правилата за прифаќање и известување за подароци се наменети да се избегнат ситуации кои би можеле да го загрозат интегритетот и да создадат простор за влијание од страна на разни интересни групи и поединци“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во своето обраќање на тркалезната маса на тема „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“.

Настанот, во организација на Кабинетот на вицепремиерката Грковска и Меѓународната фондација за изборни системи, a во соработка со УСАИД, беше инициран од потребата за имплементација на препораките на ГРЕКО за унапредување на регулативата за прифаќање подароци и погодности.

„ГРЕКО ја повторува важноста од воспоставување строги ограничувања во однос на подароците и другите бенефиции и го истакнува ризикот од размена на „поволности“ во ситуации каде што има прекумерно „пријателство“ меѓу политичарите и деловната заедница. Од сето ова, јасно е дека ова прашање мора да се адресира и токму денешниов настан е дел од активностите со кои целиме кон примена на овие важни препораки што нашата држава ги добива во континуитет“, изјави вицепремиерката Грковска.

Методија Димовски, генерален секретар на Владата на Република Македонија, се осврна на постојните правила на ова поле и на Насоките за пријавување и управување со примени дарови и други погодности, кои ќе бидат усвоени во наредниот период. „Избраните и именуваните лица, како носители на јавни функции, имаат обврска да ги извршуваат своите функции во согласност со интегритетот, на законски, независен, непристрасен, етички, одговорен и транспарентен начин, штитејќи го својот углед и угледот на институцијата за која се одговорни, да ги отстрануваат ризиците и сомнежите за можности за појава и развој на корупција и на тој начин да обезбедат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции“, истакна Димовски.

Поздравувајќи ја проактивноста на Кабинетот за политики за добро владеење во адресирањето на овие прашања, директорката на МФИС за Македонија, Jоана Косма, истакна дека подароците и другите погодности не се доволно регулирани, особено во делот на санкциите. „Во поглед на пристапувањето во ЕУ, ние силно веруваме дека регулирањето на оваа сфера ќе донесе огромен напредок, особено во првиот кластер Основи“, нагласи Косма.

Во рамки на настанот, меѓународната експертка при МФИС, Лиса Клеин, ја презентираше споредбената анализа „Правила и процедури за примање и известување за дарови од лица на кои им се доверени високи извршни функции“. Целта на анализата е да се согледаат најдобрите европски практики на ова поле, за потоа да се инкорпорираат и на национално ниво.

Оваа компаративна студија и дизајнирањето специфични мерки и процедури се дел од спектарот на активности за борба против корупцијата, а особено во делот на јакнење на интегритетот при извршувањето на јавните функции. На настанот присуствуваа претставници на повеќе институции на централно ниво, а осврт на праксата во Македонија даде и заменичката на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и експертот Драган Малиновски.

 

The post Грковска: Строгите ограничувања за подароци и други бенефиции ќе го јакнат интегритетот на јавните функционери и службеници appeared first on Република.

]]>

„Интегритетот е најважниот превентивен механизам кога станува збор за справување со корупцијата, но сложеноста на светот во кој живееме и мноштвото релации и разновидни интереси кои се дел од политичкиот пејзаж, ја наметнуваат потребата од јасно регулирање на одредени прашања. Во таа насока, регулирањето на подароците што ги добиваат функционерите е парче од таа голема сложувалка, а правилата за прифаќање и известување за подароци се наменети да се избегнат ситуации кои би можеле да го загрозат интегритетот и да создадат простор за влијание од страна на разни интересни групи и поединци“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во своето обраќање на тркалезната маса на тема „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“. Настанот, во организација на Кабинетот на вицепремиерката Грковска и Меѓународната фондација за изборни системи, a во соработка со УСАИД, беше инициран од потребата за имплементација на препораките на ГРЕКО за унапредување на регулативата за прифаќање подароци и погодности. „ГРЕКО ја повторува важноста од воспоставување строги ограничувања во однос на подароците и другите бенефиции и го истакнува ризикот од размена на „поволности“ во ситуации каде што има прекумерно „пријателство“ меѓу политичарите и деловната заедница. Од сето ова, јасно е дека ова прашање мора да се адресира и токму денешниов настан е дел од активностите со кои целиме кон примена на овие важни препораки што нашата држава ги добива во континуитет“, изјави вицепремиерката Грковска. Методија Димовски, генерален секретар на Владата на Република Македонија, се осврна на постојните правила на ова поле и на Насоките за пријавување и управување со примени дарови и други погодности, кои ќе бидат усвоени во наредниот период. „Избраните и именуваните лица, како носители на јавни функции, имаат обврска да ги извршуваат своите функции во согласност со интегритетот, на законски, независен, непристрасен, етички, одговорен и транспарентен начин, штитејќи го својот углед и угледот на институцијата за која се одговорни, да ги отстрануваат ризиците и сомнежите за можности за појава и развој на корупција и на тој начин да обезбедат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции“, истакна Димовски. Поздравувајќи ја проактивноста на Кабинетот за политики за добро владеење во адресирањето на овие прашања, директорката на МФИС за Македонија, Jоана Косма, истакна дека подароците и другите погодности не се доволно регулирани, особено во делот на санкциите. „Во поглед на пристапувањето во ЕУ, ние силно веруваме дека регулирањето на оваа сфера ќе донесе огромен напредок, особено во првиот кластер Основи“, нагласи Косма. Во рамки на настанот, меѓународната експертка при МФИС, Лиса Клеин, ја презентираше споредбената анализа „Правила и процедури за примање и известување за дарови од лица на кои им се доверени високи извршни функции“. Целта на анализата е да се согледаат најдобрите европски практики на ова поле, за потоа да се инкорпорираат и на национално ниво. Оваа компаративна студија и дизајнирањето специфични мерки и процедури се дел од спектарот на активности за борба против корупцијата, а особено во делот на јакнење на интегритетот при извршувањето на јавните функции. На настанот присуствуваа претставници на повеќе институции на централно ниво, а осврт на праксата во Македонија даде и заменичката на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и експертот Драган Малиновски.  

The post Грковска: Строгите ограничувања за подароци и други бенефиции ќе го јакнат интегритетот на јавните функционери и службеници appeared first on Република.

]]>
Грковска на средба со градоначалникот на Рим Гуалтиери: Македонија и Италија негуваат пријателски односи, соработката ќе се продлабочува и на економски и културен план https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-na-sredba-so-gradonachalnikot-na-rim-gualtieri-makedonija-i-italija-neguvaat-prijatelski-odnosi-sorabotkata-ke-se-prodlabochuva-i-na-ekonomski-i-kulturen-plan/ Mon, 04 Sep 2023 20:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=678773

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, со кој меѓудругото разговараа и за поднесената кандидатура на Италија, Рим да биде домаќин на светската изложба 2030 (World EXPO 2030), што се организира под покровителство на Меѓународното биро за експозиции (BIE) со седиште во Париз.

Вицепремиерката Грковска ја поздрави кандидатурата на Италија и истакна дека за Република Македонија е многу важно да биде дел од ваквите меѓународни изложби на кои се промовираат ресурсите и капацитетите што ги поседува државата. Тоа, додаде таа, е особено важно за развојот на економијата и прогресот на државата воопшто.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека Република Македонија и Италија имаат долгогодишна плодна соработка и се заблагодари за поддршката што Италија и ја дава на Македонија на нашиот евроинтеграциски пат. Таа истакна дека нејзиниот Кабинет воспостави одлична соработка со италијанската Агенција за спречување на корупцијата АНАК, но и со Луис Универзитетот, каде што во моментов група вработени во државната администрација посетуваат обука за ефикасно управување.

Градоначалникот Гуалтиери истакна дека Македонија и Италија и понатаму ќе работат на унапредување и продлабочување на меѓусебните односи, а дополнително ќе следува унапредување на соработката и меѓу Рим и Скопје.

The post Грковска на средба со градоначалникот на Рим Гуалтиери: Македонија и Италија негуваат пријателски односи, соработката ќе се продлабочува и на економски и културен план appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, со кој меѓудругото разговараа и за поднесената кандидатура на Италија, Рим да биде домаќин на светската изложба 2030 (World EXPO 2030), што се организира под покровителство на Меѓународното биро за експозиции (BIE) со седиште во Париз. Вицепремиерката Грковска ја поздрави кандидатурата на Италија и истакна дека за Република Македонија е многу важно да биде дел од ваквите меѓународни изложби на кои се промовираат ресурсите и капацитетите што ги поседува државата. Тоа, додаде таа, е особено важно за развојот на економијата и прогресот на државата воопшто. Вицепремиерката Грковска нагласи дека Република Македонија и Италија имаат долгогодишна плодна соработка и се заблагодари за поддршката што Италија и ја дава на Македонија на нашиот евроинтеграциски пат. Таа истакна дека нејзиниот Кабинет воспостави одлична соработка со италијанската Агенција за спречување на корупцијата АНАК, но и со Луис Универзитетот, каде што во моментов група вработени во државната администрација посетуваат обука за ефикасно управување. Градоначалникот Гуалтиери истакна дека Македонија и Италија и понатаму ќе работат на унапредување и продлабочување на меѓусебните односи, а дополнително ќе следува унапредување на соработката и меѓу Рим и Скопје.

The post Грковска на средба со градоначалникот на Рим Гуалтиери: Македонија и Италија негуваат пријателски односи, соработката ќе се продлабочува и на економски и културен план appeared first on Република.

]]>
Грковска: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во алатките за борба против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-vo-graganska-postapka-ke-bide-dodadena-vrednost-vo-alatkite-za-borba-protiv-koruptsijata/ Tue, 15 Aug 2023 09:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=672252

Формалната работна група за подготовка на предлог на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок, на кој беше усогласена интензивна динамика на работа во наредниот месец. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија. Во таа насока, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која претседава со оваа работна група, нагласи дека е важно за државата овој закон да се донесе во најбрз можен рок, затоа што тој ќе претставува додадена вредност во алатките за борба против корупцијата.

Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на работната група за нацрт текстот на овој закон, кој изминатава година се подготвуваше во соработка со Советот на Европа. Овој првичен документ е солидна основа за да се изработи закон кој ќе биде функционален, применлив, кој нема да биде контрадикторен со други законски решенија и со кој ќе бидат запазени меѓународните стандарди.

Од физибилити студијата, анализата на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи,  досегашната, неформална експертска група заклучи дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите кои се појавуваат во пракса, кога во постапките не може целосно да се одземе имот стекнат од незаконски извори. Оттаму, повеќе меѓународни и домашни документи беа разгледувани како основа за подготовка на ново одржливо законско решение, преку кое ќе се овозможи воспоставување на дополнителен механизам за успешно спречување на неосновано збогатување и конфискација на имот кој не бил стекнат од законски извори.

Презентираниот првичен документ ќе се надогради од оваа работна група, составена од претставници на: Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Агенцијата за управување со одземен имот, Јавното обвинителство на Република Македонија - Канцеларија за поврат на имот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, Управниот суд, Државното правобранителство, претставник од академската заедница, како и претставници на  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството.

The post Грковска: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во алатките за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Формалната работна група за подготовка на предлог на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок, на кој беше усогласена интензивна динамика на работа во наредниот месец. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија. Во таа насока, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која претседава со оваа работна група, нагласи дека е важно за државата овој закон да се донесе во најбрз можен рок, затоа што тој ќе претставува додадена вредност во алатките за борба против корупцијата. Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на работната група за нацрт текстот на овој закон, кој изминатава година се подготвуваше во соработка со Советот на Европа. Овој првичен документ е солидна основа за да се изработи закон кој ќе биде функционален, применлив, кој нема да биде контрадикторен со други законски решенија и со кој ќе бидат запазени меѓународните стандарди. Од физибилити студијата, анализата на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи,  досегашната, неформална експертска група заклучи дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите кои се појавуваат во пракса, кога во постапките не може целосно да се одземе имот стекнат од незаконски извори. Оттаму, повеќе меѓународни и домашни документи беа разгледувани како основа за подготовка на ново одржливо законско решение, преку кое ќе се овозможи воспоставување на дополнителен механизам за успешно спречување на неосновано збогатување и конфискација на имот кој не бил стекнат од законски извори. Презентираниот првичен документ ќе се надогради од оваа работна група, составена од претставници на: Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Агенцијата за управување со одземен имот, Јавното обвинителство на Република Македонија - Канцеларија за поврат на имот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, Управниот суд, Државното правобранителство, претставник од академската заедница, како и претставници на  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството.

The post Грковска: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во алатките за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Изненадени сме од реакцијата на Грковска, за паушални и неосновани обвинувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-iznenadeni-sme-od-reaktsijata-na-grkovska-za-paushalni-i-neosnovani-obvinuvana/ Sat, 24 Jun 2023 09:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=654638

Изненадени сме од реакцијата на Кабинетот на вицепремиерката Грковска, за паушални и неосновани обвинувања, дотолку повеќе што во однос на предметот за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не беше воопшто спомнат.

Истовремено, изненадени сме од неоснованите критики за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, од орган чија цел е борбата против корупцијата.

Сите предмети на ДКСК се уредно и согласно законите елаборирани и доставени до надлежните институции. Непостапувањето на другите институции не е одговорност на ДКСК затоа што согласно нашите законски надлежности и ингеренции немаме механизми за да влијаееме на нивната работа и динамика на постапување. Неопходно е во интерес на граѓаните и во интерес на напредокот на решавање на случаите на корупција заеднички сите надлежни тела да ги насочат своите капацитети со иста цел, наместо неосновано да се напаѓа работата на ДКСК.

Доброто владеење, меѓудругото, подразбира соработка и поттикнување на институциите да работат одговорно, отчетно и транспарентно со воспоставени силни контролни системи и механизми. Сите иницијативи и препораки на ДКСК се упатени во таа насока, се вели во соопштението на Државна комисија за спречување на корупцијата.

 

The post ДКСК: Изненадени сме од реакцијата на Грковска, за паушални и неосновани обвинувања appeared first on Република.

]]>

Изненадени сме од реакцијата на Кабинетот на вицепремиерката Грковска, за паушални и неосновани обвинувања, дотолку повеќе што во однос на предметот за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не беше воопшто спомнат. Истовремено, изненадени сме од неоснованите критики за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, од орган чија цел е борбата против корупцијата. Сите предмети на ДКСК се уредно и согласно законите елаборирани и доставени до надлежните институции. Непостапувањето на другите институции не е одговорност на ДКСК затоа што согласно нашите законски надлежности и ингеренции немаме механизми за да влијаееме на нивната работа и динамика на постапување. Неопходно е во интерес на граѓаните и во интерес на напредокот на решавање на случаите на корупција заеднички сите надлежни тела да ги насочат своите капацитети со иста цел, наместо неосновано да се напаѓа работата на ДКСК. Доброто владеење, меѓудругото, подразбира соработка и поттикнување на институциите да работат одговорно, отчетно и транспарентно со воспоставени силни контролни системи и механизми. Сите иницијативи и препораки на ДКСК се упатени во таа насока, се вели во соопштението на Државна комисија за спречување на корупцијата.  

The post ДКСК: Изненадени сме од реакцијата на Грковска, за паушални и неосновани обвинувања appeared first on Република.

]]>
Кабинетот на Грковска со демант до ДКСК: Вашите обвинувања во случајот со Мерко се паушални и неосновани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-grkovska-so-demant-do-dksk-vashite-obvinuvana-vo-sluchajot-so-merko-se-paushalni-i-neosnovani/ Fri, 23 Jun 2023 17:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=654509

Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска соопшти дека во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

За жал, ДКСК предводена од претседателката Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата на ДКСК, се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конкретни случаи, а во тој контекст и со какви механизми располагаат, се наведува во демантот.

Од Кабинетот посочуваат дека во таа насока им предочуваат на членовите на ДКСК дека вицепремиерката Грковска, во согласност со овластувањето што го има од премиерот, е задолжена за спроведување на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и други функционери избрани од Владата.

Имајќи ја предвид поделбата на власта на локално и на централно ниво, вицепремиерката Грковска нема и не може да има надлежност врз функционер кој е избран на непосредни избори. Од тие причини, вицепремиерката Грковска во оваа насока може да даде само препораки во однос на почитување на принципите за добро владеење и ништо повеќе. За жал не е прв пат, Државната комисија за спречување на корупцијата до Кабинетот на вицепремиерката Грковска да доставува предмети за кои вицепремиерката нема надлежност, како што неодамна беше случајот со Агенција којашто за својата работа одговара пред Собранието, се посочува во реакцијата.

Во соопштението се потсетува ДКСК дека Кабинетот задолжен за политики за добро владеење не е истражен и обвинителски орган, туку сите случаи и информации кои пристигнуваат во Кабинетот се пренесуваат на надлежност на институциите кои според закон треба да постапуваат и да ги процесираат.

Нагласуваме, членовите на Владата ниту можат, ниту смеат да ја преземат улогата на обвинителските и судските органи во државата. Факт е дека правосудните органи не испорачуваат задоволителни резултати во борбата со корупцијата, но тоа не значи дека треба да се наруши уставната поделба на власта, туку да се инсистира на доследни реформи и одговорност во нивните редови, додаваат од Кабинетот на Грковска.

Во реакцијата се посочува и дека овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата има поддршка од Владата, како ниту еден состав претходно, особено во јакнење на капацитетите.

Само за потсетување, од 2017 година има зголемување на буџетот за 59 проценти. Во последните пет години бројот на вработени во Секретаријатот на Комисијата е двојно зголемен, додека во февруари 2021 година, со одлука на Владата обезбедени се нови просторни капацитети кои во целост ги исполнуваат нејзините потреби, а инсталирана е ИКТ опрема обезбедена во 2018 година, се додава во соопштението.

The post Кабинетот на Грковска со демант до ДКСК: Вашите обвинувања во случајот со Мерко се паушални и неосновани appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска соопшти дека во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
За жал, ДКСК предводена од претседателката Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата на ДКСК, се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конкретни случаи, а во тој контекст и со какви механизми располагаат, се наведува во демантот.
Од Кабинетот посочуваат дека во таа насока им предочуваат на членовите на ДКСК дека вицепремиерката Грковска, во согласност со овластувањето што го има од премиерот, е задолжена за спроведување на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и други функционери избрани од Владата.
Имајќи ја предвид поделбата на власта на локално и на централно ниво, вицепремиерката Грковска нема и не може да има надлежност врз функционер кој е избран на непосредни избори. Од тие причини, вицепремиерката Грковска во оваа насока може да даде само препораки во однос на почитување на принципите за добро владеење и ништо повеќе. За жал не е прв пат, Државната комисија за спречување на корупцијата до Кабинетот на вицепремиерката Грковска да доставува предмети за кои вицепремиерката нема надлежност, како што неодамна беше случајот со Агенција којашто за својата работа одговара пред Собранието, се посочува во реакцијата.
Во соопштението се потсетува ДКСК дека Кабинетот задолжен за политики за добро владеење не е истражен и обвинителски орган, туку сите случаи и информации кои пристигнуваат во Кабинетот се пренесуваат на надлежност на институциите кои според закон треба да постапуваат и да ги процесираат.
Нагласуваме, членовите на Владата ниту можат, ниту смеат да ја преземат улогата на обвинителските и судските органи во државата. Факт е дека правосудните органи не испорачуваат задоволителни резултати во борбата со корупцијата, но тоа не значи дека треба да се наруши уставната поделба на власта, туку да се инсистира на доследни реформи и одговорност во нивните редови, додаваат од Кабинетот на Грковска.
Во реакцијата се посочува и дека овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата има поддршка од Владата, како ниту еден состав претходно, особено во јакнење на капацитетите.
Само за потсетување, од 2017 година има зголемување на буџетот за 59 проценти. Во последните пет години бројот на вработени во Секретаријатот на Комисијата е двојно зголемен, додека во февруари 2021 година, со одлука на Владата обезбедени се нови просторни капацитети кои во целост ги исполнуваат нејзините потреби, а инсталирана е ИКТ опрема обезбедена во 2018 година, се додава во соопштението.

The post Кабинетот на Грковска со демант до ДКСК: Вашите обвинувања во случајот со Мерко се паушални и неосновани appeared first on Република.

]]>
Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-ne-smee-da-se-normalizira-govorot-koj-diskriminira-i-pottiknuva-nasilstvo/ Wed, 31 May 2023 15:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=646525

„Историјата ни дала бројни поуки за последиците од организирано ширење омраза, а во контекст на технолошките можности кои ги имаме денеска, ова прашање стана далеку посериозно“- истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Општество без омраза: заеднички труд и заедничка цел“.

Во своето воведно обраќање, вицепремиерката Грковска посочи дека е неопходно да се градат сеопфатни и што пошироки пристапи за справување со говорот на омраза, кои ќе ги вклучуваат сите аспекти на проблемот: корените на омразата, мотивите за нејзино ширење и искористување за одредени цели, справувањето со штетите врз поединците, групите, општеството и демократските уредувања на глобално ниво, како и регулацијата и санкционирањето.

 

„Клучно е да јакне свеста за разликите помеѓу слободата на говор и злоупотребата на таа слобода за дискриминирање, омаловажување и за поттикнување насилство врз цели групи во општеството“- додаде Грковска.

Таа посочи дека проблемот со говорот на омраза не може да се реши со една мерка или закон и дека справувањето мора да биде континуирано, со вклученост за сите страни и со инкорпорирање на меѓународните практики и искуства.

 

Овие појави, кои ја рушат функционалноста и кохезијата на општеството и кои влијаат на стабилноста, мирот и развојот, не смеат да бидат игнорирани, изјави вицепремиерката, додавајќи дека не смее да се остави неограничен простор за ширење омраза, која резултира со насилство и жртви.

„ Она на што јас би сакала посебно да се осврнам е личната одговорност, особено на оние кои имаат  одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат, па дури и го јакнат преку ширење омраза.

 

Таквото однесување и таквата реторика на политичарите и јавните личности е катализатор за негативниот набој во општеството“- потенцираше Грковска и дополни дека клучно е заедничкото, посветено и постојано работење на заедничката цел - да се обезбеди ефикасна заштита од говорот на омраза во рамките на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Ова беше и заедничкиот заклучок од денешниот настан, кој се организира по повод промоцијата на Препораката на Комитетот на министри за борба против говор на омраза на македонски јазик, а во рамки на програмата на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

 

The post Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство appeared first on Република.

]]>

„Историјата ни дала бројни поуки за последиците од организирано ширење омраза, а во контекст на технолошките можности кои ги имаме денеска, ова прашање стана далеку посериозно“- истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Општество без омраза: заеднички труд и заедничка цел“. Во своето воведно обраќање, вицепремиерката Грковска посочи дека е неопходно да се градат сеопфатни и што пошироки пристапи за справување со говорот на омраза, кои ќе ги вклучуваат сите аспекти на проблемот: корените на омразата, мотивите за нејзино ширење и искористување за одредени цели, справувањето со штетите врз поединците, групите, општеството и демократските уредувања на глобално ниво, како и регулацијата и санкционирањето.   „Клучно е да јакне свеста за разликите помеѓу слободата на говор и злоупотребата на таа слобода за дискриминирање, омаловажување и за поттикнување насилство врз цели групи во општеството“- додаде Грковска. Таа посочи дека проблемот со говорот на омраза не може да се реши со една мерка или закон и дека справувањето мора да биде континуирано, со вклученост за сите страни и со инкорпорирање на меѓународните практики и искуства.   Овие појави, кои ја рушат функционалноста и кохезијата на општеството и кои влијаат на стабилноста, мирот и развојот, не смеат да бидат игнорирани, изјави вицепремиерката, додавајќи дека не смее да се остави неограничен простор за ширење омраза, која резултира со насилство и жртви. „ Она на што јас би сакала посебно да се осврнам е личната одговорност, особено на оние кои имаат  одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат, па дури и го јакнат преку ширење омраза.   Таквото однесување и таквата реторика на политичарите и јавните личности е катализатор за негативниот набој во општеството“- потенцираше Грковска и дополни дека клучно е заедничкото, посветено и постојано работење на заедничката цел - да се обезбеди ефикасна заштита од говорот на омраза во рамките на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Ова беше и заедничкиот заклучок од денешниот настан, кој се организира по повод промоцијата на Препораката на Комитетот на министри за борба против говор на омраза на македонски јазик, а во рамки на програмата на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.  

The post Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство appeared first on Република.

]]>
Грковска: ИСО стандардите е важно да се имплементираат, тие се клучен елемент во справувањето со корупцијата, но и во градењето на ефикасни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-iso-standardite-e-vazhno-da-se-implementiraat-tie-se-kluchen-element-vo-spravuvaneto-so-koruptsijata-no-i-vo-gradeneto-na-efikasni-institutsii/ Thu, 18 May 2023 12:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=642304

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се обрати на Националната конференција за акредитација на меѓународни стандарди како алатка за спречување корупција, организирана од Институтот за акредитација на Република Македонија, со поддршка од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID).

Осврнувајќи се на процесите на акредитација, кои се тесно поврзани со процесите на стандардизација во едно општество, вицепремиерката Грковска ја истакна неопходноста од систем на правила кои ги дефинираат и определуваат интерните процедури, со цел да се создаде ред, бидејќи кога нема точно дефинирана патека на процесите, тогаш се создаваат услови за корупција.

Вицепремиерката Грковска ја истакна проактивноста на директорот на Институтот за акредитација, Слободан Чокревски, кој го отвора прашањето за имплементација на ИСО системот 37 001 (Систем за управување против корупција и зголемување на довербата во институциите), како и ИСО 27 001 (Систем за управување на информациска безбедност).

„Овие две прашања, спречувањето на корупцијата, но и градењето на информациската сајбер безбедност и отпорност се клучни прашања на кои сите ние заедно, координирано мораме да се посветиме. Имајќи го предвид значењето на ИСО системот 37 001, преку соодветна иницијатива и со поддршка на меѓународни партнери, преземаме активности за негово вградување, првенствено во системот на работата на мојот Кабинет, а верувам понатаму тој процес ќе продолжи и во останатите државни институции“, истакна вицепремиерката Грковска.

Таа посочи дека овие два системи не се доволно актуелизирани во нашата држава, поради што нема нивна поголема прифатеност и имплементација ниту во јавниот, ниту во приватниот сектор. Затоа е неопходно прво да се обезбедат акредитирани институции кои ќе имаат доволно знаење и вештини за да работат на имплементација на овие системи на пошироко ниво.

„Воспоставувањето на правила, процедури и стандарди е основата на секој здрав систем, на секое здраво општество, независно за која сфера станува збор“, нагласи вицепремиерката Грковска, додавајќи дека ваквото подобрување на процесите директно влијае на подобрување на ефикасноста на институциите и квалитетот на услугите, ја намалува корупцијата и ја зголемува довербата на граѓаните.

Таа потсети дека таа уште минатата година преку Меморандум за соработка, нејзиниот Кабинет помина низ процес на соодветни обуки, но и додаде дека Владата на нејзина иницијатива им препорача на органите на државна управа да воспостават тесна соработка со Институтот за стандардизација, со цел воведување на стандарди и процедури на сите нивоа. На тој начин, смета Грковска, ќе се намалат ризиците од корупција, но и од каков било вид на слабости во работењето.

The post Грковска: ИСО стандардите е важно да се имплементираат, тие се клучен елемент во справувањето со корупцијата, но и во градењето на ефикасни институции appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се обрати на Националната конференција за акредитација на меѓународни стандарди како алатка за спречување корупција, организирана од Институтот за акредитација на Република Македонија, со поддршка од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID). Осврнувајќи се на процесите на акредитација, кои се тесно поврзани со процесите на стандардизација во едно општество, вицепремиерката Грковска ја истакна неопходноста од систем на правила кои ги дефинираат и определуваат интерните процедури, со цел да се создаде ред, бидејќи кога нема точно дефинирана патека на процесите, тогаш се создаваат услови за корупција. Вицепремиерката Грковска ја истакна проактивноста на директорот на Институтот за акредитација, Слободан Чокревски, кој го отвора прашањето за имплементација на ИСО системот 37 001 (Систем за управување против корупција и зголемување на довербата во институциите), како и ИСО 27 001 (Систем за управување на информациска безбедност). „Овие две прашања, спречувањето на корупцијата, но и градењето на информациската сајбер безбедност и отпорност се клучни прашања на кои сите ние заедно, координирано мораме да се посветиме. Имајќи го предвид значењето на ИСО системот 37 001, преку соодветна иницијатива и со поддршка на меѓународни партнери, преземаме активности за негово вградување, првенствено во системот на работата на мојот Кабинет, а верувам понатаму тој процес ќе продолжи и во останатите државни институции“, истакна вицепремиерката Грковска. Таа посочи дека овие два системи не се доволно актуелизирани во нашата држава, поради што нема нивна поголема прифатеност и имплементација ниту во јавниот, ниту во приватниот сектор. Затоа е неопходно прво да се обезбедат акредитирани институции кои ќе имаат доволно знаење и вештини за да работат на имплементација на овие системи на пошироко ниво. „Воспоставувањето на правила, процедури и стандарди е основата на секој здрав систем, на секое здраво општество, независно за која сфера станува збор“, нагласи вицепремиерката Грковска, додавајќи дека ваквото подобрување на процесите директно влијае на подобрување на ефикасноста на институциите и квалитетот на услугите, ја намалува корупцијата и ја зголемува довербата на граѓаните. Таа потсети дека таа уште минатата година преку Меморандум за соработка, нејзиниот Кабинет помина низ процес на соодветни обуки, но и додаде дека Владата на нејзина иницијатива им препорача на органите на државна управа да воспостават тесна соработка со Институтот за стандардизација, со цел воведување на стандарди и процедури на сите нивоа. На тој начин, смета Грковска, ќе се намалат ризиците од корупција, но и од каков било вид на слабости во работењето.

The post Грковска: ИСО стандардите е важно да се имплементираат, тие се клучен елемент во справувањето со корупцијата, но и во градењето на ефикасни институции appeared first on Република.

]]>
Грковска: Сајбер нападите се постојана закана и затоа мора континуирано да ја јакнеме отпорноста и безбедноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-sajber-napadite-se-postojana-zakana-i-zatoa-mora-kontinuirano-da-ja-jakneme-otpornosta-i-bezbednosta/ Tue, 16 May 2023 10:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=641310

„Заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Техничките обуки им даваат можност да се запознаат со новите технологии, софтвер и најдобрите практики за сајбер безбедност, што им овозможува проактивно да ги штитат своите организации од сајбер закани“, изјави заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска до 18 мај се одржува во Охрид.

Осврнувајќи се на важноста на експертските конференции, на кои се разменуваат знаења и искуства и се градат заеднички пристапи во справувањето со овој тип закани, вицепремиерката Грковска истакна дека само со обезбедување можности за обука на вработените на сите нивоа, можеме да создадеме чувство на заедничка одговорност за сајбер безбедноста и да се осигураме дека сите се опремени да идентификуваат и да одговорат на потенцијалните закани.

„Хибридните закани се опасност со која постојано се соочуваме, што значи дека постојано мора да ја јакнеме нашата отпорност“, посочи вицепремиерката Грковска, додавајќи дека како претседавач со Националниот совет за дигитална трансформација, посветува посебно внимание на прашањата поврзани со сајбер безбедноста. Од минатата година, Македонија стана членка на GFCE (Global Forum on Cyber Expertise) и активно учествува во повеќе иницијативи и платформи.

Конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“ е во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST- Forum for Incident Response and Security Teams)  и MKD-CIRT - Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации. Настанот е во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“, поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство. Околу 100 учесници на конференцијата ќе се стекнат со знаења за новите видови закани и трендови во сајбер безбедноста и ќе ги подобрат способностите за справување со вакви инциденти.

The post Грковска: Сајбер нападите се постојана закана и затоа мора континуирано да ја јакнеме отпорноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>

„Заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Техничките обуки им даваат можност да се запознаат со новите технологии, софтвер и најдобрите практики за сајбер безбедност, што им овозможува проактивно да ги штитат своите организации од сајбер закани“, изјави заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска до 18 мај се одржува во Охрид. Осврнувајќи се на важноста на експертските конференции, на кои се разменуваат знаења и искуства и се градат заеднички пристапи во справувањето со овој тип закани, вицепремиерката Грковска истакна дека само со обезбедување можности за обука на вработените на сите нивоа, можеме да создадеме чувство на заедничка одговорност за сајбер безбедноста и да се осигураме дека сите се опремени да идентификуваат и да одговорат на потенцијалните закани. „Хибридните закани се опасност со која постојано се соочуваме, што значи дека постојано мора да ја јакнеме нашата отпорност“, посочи вицепремиерката Грковска, додавајќи дека како претседавач со Националниот совет за дигитална трансформација, посветува посебно внимание на прашањата поврзани со сајбер безбедноста. Од минатата година, Македонија стана членка на GFCE (Global Forum on Cyber Expertise) и активно учествува во повеќе иницијативи и платформи. Конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“ е во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST- Forum for Incident Response and Security Teams)  и MKD-CIRT - Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации. Настанот е во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“, поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство. Околу 100 учесници на конференцијата ќе се стекнат со знаења за новите видови закани и трендови во сајбер безбедноста и ќе ги подобрат способностите за справување со вакви инциденти.

The post Грковска: Сајбер нападите се постојана закана и затоа мора континуирано да ја јакнеме отпорноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>
Грковска – Задиќ: Корупцијата е проблем во сите држави, неопходен е ефикасен механизам кој ќе ја сведе на најниско ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-zadik-koruptsijata-e-problem-vo-site-drzhavi-neophoden-e-efikasen-mehanizam-koj-ke-ja-svede-na-najnisko-nivo/ Tue, 07 Mar 2023 13:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=616892

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, со која разговараа за потребата секоја држава да има ефикасен и независен правосуден систем.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Австрија и ја дава на нашата држава, во рамките на нашиот евроинтеграциски пат, која е особено значајна во процесот на реформите кои нашата држава треба да ги спроведе за да ги исполни критериумите на Европската Унија.

Соговорничките разменија искуства и за начинот на кој функционира правосудниот систем во двете земји, пришто беше истакнато дека треба да се воспостави одржлив систем, кој ќе дава резултати и кој нема да зависи од личности.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека изборот на судии и обвинители мора да биде транспарентен, а одлучувачки да бидат квалитетот, знаењето, искуството и интегритетот на избраните лица.

Заедничка беше констатацијата дека сите држави се соочуваат со корупцијата, но важно е секоја држава да изгради ефикасен механизам кој ќе ја сведе корупцијата на најниско ниво.

Вицепремиерката Грковска информираше за надлежностите на нејзиниот Кабинет за политики за добро владеење, кој освен што е посветен на креирање на антикорупциски политики, на дигитална трансформација на општеството и на градење на професионални, отчетни и ефикасни институции, посебно е фокусиран на младите.

Министерката Задиќ ја поздрави одлуката на Македонија и на вицепремиерката Грковска да посвети значајно внимание на политиките за добро владеење. Таа додаде дека улогата на жените и на младите во промените во општеството е клучна.

The post Грковска – Задиќ: Корупцијата е проблем во сите држави, неопходен е ефикасен механизам кој ќе ја сведе на најниско ниво appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, со која разговараа за потребата секоја држава да има ефикасен и независен правосуден систем. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Австрија и ја дава на нашата држава, во рамките на нашиот евроинтеграциски пат, која е особено значајна во процесот на реформите кои нашата држава треба да ги спроведе за да ги исполни критериумите на Европската Унија. Соговорничките разменија искуства и за начинот на кој функционира правосудниот систем во двете земји, пришто беше истакнато дека треба да се воспостави одржлив систем, кој ќе дава резултати и кој нема да зависи од личности. Вицепремиерката Грковска нагласи дека изборот на судии и обвинители мора да биде транспарентен, а одлучувачки да бидат квалитетот, знаењето, искуството и интегритетот на избраните лица. Заедничка беше констатацијата дека сите држави се соочуваат со корупцијата, но важно е секоја држава да изгради ефикасен механизам кој ќе ја сведе корупцијата на најниско ниво. Вицепремиерката Грковска информираше за надлежностите на нејзиниот Кабинет за политики за добро владеење, кој освен што е посветен на креирање на антикорупциски политики, на дигитална трансформација на општеството и на градење на професионални, отчетни и ефикасни институции, посебно е фокусиран на младите. Министерката Задиќ ја поздрави одлуката на Македонија и на вицепремиерката Грковска да посвети значајно внимание на политиките за добро владеење. Таа додаде дека улогата на жените и на младите во промените во општеството е клучна.

The post Грковска – Задиќ: Корупцијата е проблем во сите држави, неопходен е ефикасен механизам кој ќе ја сведе на најниско ниво appeared first on Република.

]]>
Грковска – Орландо: САД ќе обезбеди поддршка за Македонија за финансиските истраги и проблемот со перење пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-orlando-sad-ke-obezbedi-poddrshka-za-severna-makedonija-za-finansiskite-istragi-i-problemot-so-perene-pari/ Fri, 03 Feb 2023 12:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=604329

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на САД  оствари средба со Џејсон Орландо, директор на Канцеларијата за техничка асистенција при Министерството за финансии на САД.

На состанокот се разговараше за веќе отпочнатата меѓусебна соработка иницирана од вицепремиерката Грковска и министерот за финансии Фатмир Бесими, со цел да се обезбеди поддршка во градењето на капацитетите, особено во справувањето со проблемите како што се перење пари, финансиски истраги, како и донесување на закон за перење пари. 

Сите овие прашања се опфатени и во препораките на Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата држава во 2022 година.

Вицепремиерката Грковска истакна дека за жал, Македонија не е имуна на феноменот перење пари и се соочува со голем предизвик во борбата против економскиот криминал. 

Таа нагласи дека  подготовката на законското решение за потекло на имот е од големо значење за идентификување и одземање имот, за кој не може да се утврди потеклото, а тоа значително ќе придонесе во борбата против корупцијата и економскиот криминал.

Орландо се осврна на се она што досега е потврдено во насока на заедничката соработка врз основа на добиеното официјално писмо во јуни минатата година потпишано од страна на вицепремиерката Грковска и министерот Бесими.

Тој најави дека се подготвуваат вкупно четири активности за градење на капацитетите согласно искажаните потреби и го поздрави фактот што овие проекти добиваат поддршка од Кабинетот задолжен за политики добро владеење, со што уште еднаш се потврдува силната определба на Македонија во остварување на поставените цели.

На крајот на средбата, соговорниците се согласија дека се неопходни долгoрочни и одржливи решенија, бидеќи само на тој начин може да се постигнат суштински резултати.

The post Грковска – Орландо: САД ќе обезбеди поддршка за Македонија за финансиските истраги и проблемот со перење пари appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на САД  оствари средба со Џејсон Орландо, директор на Канцеларијата за техничка асистенција при Министерството за финансии на САД.

На состанокот се разговараше за веќе отпочнатата меѓусебна соработка иницирана од вицепремиерката Грковска и министерот за финансии Фатмир Бесими, со цел да се обезбеди поддршка во градењето на капацитетите, особено во справувањето со проблемите како што се перење пари, финансиски истраги, како и донесување на закон за перење пари. 

Сите овие прашања се опфатени и во препораките на Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата држава во 2022 година.

Вицепремиерката Грковска истакна дека за жал, Македонија не е имуна на феноменот перење пари и се соочува со голем предизвик во борбата против економскиот криминал. 

Таа нагласи дека  подготовката на законското решение за потекло на имот е од големо значење за идентификување и одземање имот, за кој не може да се утврди потеклото, а тоа значително ќе придонесе во борбата против корупцијата и економскиот криминал.

Орландо се осврна на се она што досега е потврдено во насока на заедничката соработка врз основа на добиеното официјално писмо во јуни минатата година потпишано од страна на вицепремиерката Грковска и министерот Бесими.

Тој најави дека се подготвуваат вкупно четири активности за градење на капацитетите согласно искажаните потреби и го поздрави фактот што овие проекти добиваат поддршка од Кабинетот задолжен за политики добро владеење, со што уште еднаш се потврдува силната определба на Македонија во остварување на поставените цели.

На крајот на средбата, соговорниците се согласија дека се неопходни долгoрочни и одржливи решенија, бидеќи само на тој начин може да се постигнат суштински резултати.

The post Грковска – Орландо: САД ќе обезбеди поддршка за Македонија за финансиските истраги и проблемот со перење пари appeared first on Република.

]]>
Грковска: Независноста која Уставот ја дава на правосудните органи години наназад беше злоупотребувана, тоа веќе не смее да се дозволи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-nezavisnosta-koja-ustavot-ja-dava-na-pravosudnite-organi-godini-nanazad-beshe-zloupotrebuvana-toa-veke-ne-smee-da-se-dozvoli/ Thu, 02 Feb 2023 11:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=603789

Треба да се направи многу повеќе од она што е направено до сега во борбата со корупцијата и организираниот криминал во Македонија, ако сакаме да чекориме напред во нашите политички процеси кои неминовно мора да се случат, затоа што граѓаните сакаат да видат видливи резултати“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за Гласот на Америка.

Наша задача е да ги лоцираме системските недостатоци и да ги подобриме со соодветни решенија со кои ќе се намали корупцијата во нашата земја. Сите заедно мораме да работиме на подигање на свесноста и одговорноста во носењето на одлуки. Токму затоа лично имав реакции на одлуките на јавното обвинителство и судството, потенцираше Грковска.

Таа нагласи дека токму уставната независност на овие органи треба да ги поттикне да работат транспарентно и одговорно при носењето на одлуки и нивното образложение пред граѓаните.  Повикувањето на транспарентно и отчетно работење на овие органи при носење на решенија и нивно образложение, додаде таа, не е мешање во работата на институциите, туку напротив е поттик за зголемување на нивната транспарентност, а со тоа и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и органите.

Судиите и јавните обвинителите треба да одговараат за злоупотреба на службена должност исто онака како и останатите функционери кои подлежат под истите закони како јавните обвинители и судии. Независноста која што Уставот ја дава на правосудниот систем  при работењето, години наназад беше користена како параван за самоволие при носењето на одлуки и истото повеќе не смее да се дозволи, посочи Грковска.

Вицепремиерката Грковска се осврна на поддршката што ја добиваме од меѓународната заедница во процесот во борбата со корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи дека тоа е стимул за побрзо, поотчетно и потранспарентно работење на институциите во овој политики процес.  Оваа поддршка, нагласи таа, мора сериозно да се сфати и заедно, во нашата земја самостојно да почнеме да ги решаваме состојбите кои се трули  и кои нé влечат наназад во сите процеси.

The post Грковска: Независноста која Уставот ја дава на правосудните органи години наназад беше злоупотребувана, тоа веќе не смее да се дозволи appeared first on Република.

]]>

Треба да се направи многу повеќе од она што е направено до сега во борбата со корупцијата и организираниот криминал во Македонија, ако сакаме да чекориме напред во нашите политички процеси кои неминовно мора да се случат, затоа што граѓаните сакаат да видат видливи резултати“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за Гласот на Америка.
Наша задача е да ги лоцираме системските недостатоци и да ги подобриме со соодветни решенија со кои ќе се намали корупцијата во нашата земја. Сите заедно мораме да работиме на подигање на свесноста и одговорноста во носењето на одлуки. Токму затоа лично имав реакции на одлуките на јавното обвинителство и судството, потенцираше Грковска.
Таа нагласи дека токму уставната независност на овие органи треба да ги поттикне да работат транспарентно и одговорно при носењето на одлуки и нивното образложение пред граѓаните.  Повикувањето на транспарентно и отчетно работење на овие органи при носење на решенија и нивно образложение, додаде таа, не е мешање во работата на институциите, туку напротив е поттик за зголемување на нивната транспарентност, а со тоа и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и органите.
Судиите и јавните обвинителите треба да одговараат за злоупотреба на службена должност исто онака како и останатите функционери кои подлежат под истите закони како јавните обвинители и судии. Независноста која што Уставот ја дава на правосудниот систем  при работењето, години наназад беше користена како параван за самоволие при носењето на одлуки и истото повеќе не смее да се дозволи, посочи Грковска.
Вицепремиерката Грковска се осврна на поддршката што ја добиваме од меѓународната заедница во процесот во борбата со корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи дека тоа е стимул за побрзо, поотчетно и потранспарентно работење на институциите во овој политики процес.  Оваа поддршка, нагласи таа, мора сериозно да се сфати и заедно, во нашата земја самостојно да почнеме да ги решаваме состојбите кои се трули  и кои нé влечат наназад во сите процеси.

The post Грковска: Независноста која Уставот ја дава на правосудните органи години наназад беше злоупотребувана, тоа веќе не смее да се дозволи appeared first on Република.

]]>
Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Македонија во Европската унија е клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-shahin-poddrshkata-na-sad-za-integratsijata-na-severna-makedonija-vo-evropskata-unija-e-kluchen-segment-za-stabilnosta-vo-balkanskiot-region/ Wed, 01 Feb 2023 08:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=603218

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот.

За време на конструктивната средба се дискутираше околу одлуките кои Владата на Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Македонија го дава за земјите во регионот.

Меѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот.

Вицепремиерката Грковска истакна дека одлуките кои беа донесени се знак дека државата се движи во вистинска насока кон остварување на поставените цели, а за само три години беше постигнато толку многу што Македонија стана полноправна членка на НАТО Алијансата и сега веќе се наоѓаме во финалето за преговори со ЕУ. Дополни дека нашата држава е успешна приказна во регионот и ја истакна својата благодарност за целата поддршка во процесот на интеграции од страна на САД.

На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста при што вицепремиерката Грковска, чиј еден од клучните фокуси е токму процесот на дигитализација накратко информираше за сите отворени и претстојни процеси во доменот на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

The post Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Македонија во Европската унија е клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот. За време на конструктивната средба се дискутираше околу одлуките кои Владата на Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Македонија го дава за земјите во регионот. Меѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот. Вицепремиерката Грковска истакна дека одлуките кои беа донесени се знак дека државата се движи во вистинска насока кон остварување на поставените цели, а за само три години беше постигнато толку многу што Македонија стана полноправна членка на НАТО Алијансата и сега веќе се наоѓаме во финалето за преговори со ЕУ. Дополни дека нашата држава е успешна приказна во регионот и ја истакна својата благодарност за целата поддршка во процесот на интеграции од страна на САД. На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста при што вицепремиерката Грковска, чиј еден од клучните фокуси е токму процесот на дигитализација накратко информираше за сите отворени и претстојни процеси во доменот на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

The post Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Македонија во Европската унија е клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион appeared first on Република.

]]>
Грковска во работна посета на ДКСК: Начинот на избор на ДКСК треба да биде пример за избор и на членови на други институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-vo-rabotna-poseta-na-dksk-nachinot-na-izbor-na-dksk-treba-da-bide-primer-za-izbor-i-na-chlenovi-na-drugi-institucii/ Mon, 21 Nov 2022 14:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=576563

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше работна посета на Државната комисија за спречување на корупција, каде се сретна со претседателката Билјана Ивановска и останатите членови на Комисијата.

На состанокот се разговараше за досегашната примена на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и за предлозите за негова евентуална измена.

Вицепремиерката Грковска оцени дека досегашната примена на Законот за спречување и судир на интереси покажа дека станува збор за добро законско решение, иако како и секоја регулатива со нејзината примена покажува во која насока треба да се подобрува.

Сепак, таа додаде дека Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, кој е усвоен во 2019 година, нуди најтранспарентен начин на избор на членови на Комисијата и тој начин на избор треба да биде пример за избор на членови на другите институции.

Претседателката на ДКСК информираше за предмети кои Комисијата успешно ги завршиле, а кои се однесуваат на судир на интереси.

Соговорниците разговараа и за конкретни прашања кои се предмет на интерес на Кабинетот на вицепремиерката Грковска и на ДКСК, но и за можностите за продлабочување на заедничката соработка.

The post Грковска во работна посета на ДКСК: Начинот на избор на ДКСК треба да биде пример за избор и на членови на други институции appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше работна посета на Државната комисија за спречување на корупција, каде се сретна со претседателката Билјана Ивановска и останатите членови на Комисијата. На состанокот се разговараше за досегашната примена на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и за предлозите за негова евентуална измена. Вицепремиерката Грковска оцени дека досегашната примена на Законот за спречување и судир на интереси покажа дека станува збор за добро законско решение, иако како и секоја регулатива со нејзината примена покажува во која насока треба да се подобрува. Сепак, таа додаде дека Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, кој е усвоен во 2019 година, нуди најтранспарентен начин на избор на членови на Комисијата и тој начин на избор треба да биде пример за избор на членови на другите институции. Претседателката на ДКСК информираше за предмети кои Комисијата успешно ги завршиле, а кои се однесуваат на судир на интереси. Соговорниците разговараа и за конкретни прашања кои се предмет на интерес на Кабинетот на вицепремиерката Грковска и на ДКСК, но и за можностите за продлабочување на заедничката соработка.

The post Грковска во работна посета на ДКСК: Начинот на избор на ДКСК треба да биде пример за избор и на членови на други институции appeared first on Република.

]]>
Грковска – Агелер: Партнерството со САД продолжува, заеднички ќе обезбедиме поефикасен пристап во однос на антикорупциските политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-ageler-partnerstvoto-so-sad-prodolzuva-zaednichki-kje-obezbedime-poefikasen-pristap-vo-odnos-na-antikorupciskite-politiki/ Tue, 15 Nov 2022 16:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=574132

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер.

Вицепремиерката Грковска и посака топло добредојде на амбасадорката Агелер и изрази уверување дека таа со оглед на нејзиното искуство и одлучност, ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, зајакнување на соработката, но и поефикасен пристап во борбата против корупцијата. Двете соговорнички разговараа за потребата за промена на пристапот во однос на антикорупциските политики, со цел да се постигнат подобри резултати.

Амбасадорката Агелер ги поздрави напорите што вицепремиерката Грковска и нејзиниот кабинет ги преземаат во делот на зајакнување на транспарентноста на институциите, како клучна алатка во борбата против корупцијата.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за континуираната американска помош, како во однос на нашиот евроинтеграциски пат, така и во однос на јакнење на капацитетите во сите области, што е предуслов за силно демократско општество.

На состанокот се разговараше и за поддршката што САД ја обезбедува на Македонија во делот на процесот за дигитална трансформација на општеството, што беше оценето како клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на инстиутуциите.

The post Грковска – Агелер: Партнерството со САД продолжува, заеднички ќе обезбедиме поефикасен пристап во однос на антикорупциските политики appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер. Вицепремиерката Грковска и посака топло добредојде на амбасадорката Агелер и изрази уверување дека таа со оглед на нејзиното искуство и одлучност, ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, зајакнување на соработката, но и поефикасен пристап во борбата против корупцијата. Двете соговорнички разговараа за потребата за промена на пристапот во однос на антикорупциските политики, со цел да се постигнат подобри резултати. Амбасадорката Агелер ги поздрави напорите што вицепремиерката Грковска и нејзиниот кабинет ги преземаат во делот на зајакнување на транспарентноста на институциите, како клучна алатка во борбата против корупцијата. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за континуираната американска помош, како во однос на нашиот евроинтеграциски пат, така и во однос на јакнење на капацитетите во сите области, што е предуслов за силно демократско општество. На состанокот се разговараше и за поддршката што САД ја обезбедува на Македонија во делот на процесот за дигитална трансформација на општеството, што беше оценето како клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на инстиутуциите.

The post Грковска – Агелер: Партнерството со САД продолжува, заеднички ќе обезбедиме поефикасен пристап во однос на антикорупциските политики appeared first on Република.

]]>
Грковска – Симовски: Податоците од пописот се важни, даваат основа за креирање на добри и одржливи политики за населението https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/grkovska-simovski-podatocite-od-popisot-se-vazni-davaat-osnova-za-kreiranje-na-dobri-i-odrzlivi-politiki-za-naselenieto/ Mon, 19 Sep 2022 16:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=552321

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

На средбата се разговараше за пописот на населението, којшто беше спроведен во нашата земја и важноста на податоците кои произлегоа од оваа статистичка операција при креирање на добри и одржливи политики за населението.

Вицепремиерката Грковска потенцираше дека пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при креирање на националните стратегии. Нагласи дека пописот, како статистичка операција, дава увид во состојбата на теренот, обезбедува релевантни податоци врз основа на кои се дефинираат понатамошните политики, со кои ќе се постигне и рамномерен регионален развој.

Во таа насока и директорот Симовски нагласи дека податоците од пописот се важни за сите нивоа на власта, затоа што тој е сеопфатен и дава најреална основа за планирање на идниот развој.

The post Грковска – Симовски: Податоците од пописот се важни, даваат основа за креирање на добри и одржливи политики за населението appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. На средбата се разговараше за пописот на населението, којшто беше спроведен во нашата земја и важноста на податоците кои произлегоа од оваа статистичка операција при креирање на добри и одржливи политики за населението. Вицепремиерката Грковска потенцираше дека пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при креирање на националните стратегии. Нагласи дека пописот, како статистичка операција, дава увид во состојбата на теренот, обезбедува релевантни податоци врз основа на кои се дефинираат понатамошните политики, со кои ќе се постигне и рамномерен регионален развој. Во таа насока и директорот Симовски нагласи дека податоците од пописот се важни за сите нивоа на власта, затоа што тој е сеопфатен и дава најреална основа за планирање на идниот развој.

The post Грковска – Симовски: Податоците од пописот се важни, даваат основа за креирање на добри и одржливи политики за населението appeared first on Република.

]]>
Грковска на работен состанок во ДКСК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-na-raboten-sostanok-vo-dksk/ Wed, 14 Sep 2022 10:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=550667

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), каде имаше работен состанок со членовите на Комисијата.

На состанокот, на кој присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини стана збор за тековните активности на Комисијата, како и споделување на мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.

Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на ДКСК за активностите поврзани со моделот на исплата на ваучери во спортот и слабостите коишто се детектирани и најави дека во периодот што следува ќе се посвети на реализација на заклучоците од двете конференции што ги организираше Кабинетот, особено во делот на измена на Законот за спорт, заедно со Министерството за правда, Агенцијата за млади и сите останати чинители. Со свои анализи и предлози ќе се вклучи и ДКСК.

Членовите на Државната комисија за антикорупција се интересираат и за подготовката на законот за потекло на имот, при што вицепремиерката нагласи дека се уште се работи на предлог решенијата и текстот ќе биде споделен со јавноста кога ќе се изготви драфт верзијата.

На состанокот беше разговарано и за обуките за интегритет и за судир на интереси кои се организираат за избраните и именувани функционери.

Вицепремиерката Грковска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.

The post Грковска на работен состанок во ДКСК appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), каде имаше работен состанок со членовите на Комисијата. На состанокот, на кој присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини стана збор за тековните активности на Комисијата, како и споделување на мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции. Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на ДКСК за активностите поврзани со моделот на исплата на ваучери во спортот и слабостите коишто се детектирани и најави дека во периодот што следува ќе се посвети на реализација на заклучоците од двете конференции што ги организираше Кабинетот, особено во делот на измена на Законот за спорт, заедно со Министерството за правда, Агенцијата за млади и сите останати чинители. Со свои анализи и предлози ќе се вклучи и ДКСК. Членовите на Државната комисија за антикорупција се интересираат и за подготовката на законот за потекло на имот, при што вицепремиерката нагласи дека се уште се работи на предлог решенијата и текстот ќе биде споделен со јавноста кога ќе се изготви драфт верзијата. На состанокот беше разговарано и за обуките за интегритет и за судир на интереси кои се организираат за избраните и именувани функционери. Вицепремиерката Грковска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.

The post Грковска на работен состанок во ДКСК appeared first on Република.

]]>