гринпис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grinpis/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jul 2023 10:13:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гринпис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grinpis/ 32 32 Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grinpis-etsb-go-prekrshi-vetuvaneto-deka-ke-se-bori-protiv-klimatskite-promeni/ Wed, 26 Jul 2023 10:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=665473

Активисти за заштита на животната средина од групата Гринпис денеска ја обвинија Европската централна банка (ЕЦБ) дека го прекршила ветувањето дека ќе се бори против климатските промени.

Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина.

Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација.

Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика Британија.

The post Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени appeared first on Република.

]]>

Активисти за заштита на животната средина од групата Гринпис денеска ја обвинија Европската централна банка (ЕЦБ) дека го прекршила ветувањето дека ќе се бори против климатските промени. Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина. Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација. Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика Британија.

The post Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени appeared first on Република.

]]>
Активисти на Гринпис извршија упад и го прекинаа говорот на британската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktivisti-na-grinpis-izvrshija-upad-i-go-prekinaa-govorot-na-britanskata-premierka/ Wed, 05 Oct 2022 19:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=557704

Активистите на меѓународната еколошка организација Гринпис накратко го прекинаа говорот на британската премиерка Лиз Трас на Конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем.

Активистите истакнаа транспарент на кој пишуваше „Кој гласаше за ова?“. Активистите за кратко време биле отстранети од салата.

Трас денеска вети дека Велика Британија ќе ги надмине тешките времиња и дека „сите ќе имаат корист“ од резултатите на нејзината економска политика.

Во овие тешки моменти мораме да дејствуваме. Одлучна сум да ја придвижам Велика Британија напред, да се извлечеме од бурата - посочи Трас.

https://twitter.com/GreenpeaceUK/status/1577651755562766339?cxt=HHwWhsC42bb6-OQrAAAA

Таа вети дека ќе го заврши периодот на „високи даноци и низок раст“.

По инцидентот, Гринпис на Твитер објави дека активистите сакале да привлечат внимание на фактот дека премиерката не го исполнила ветувањето на ветувањата на Конзервативната партија од 2019 година.

Според активистите, премиерката се откажува од силна акција за климата и водечката улога во заштитата на животната средина во светот.

The post Активисти на Гринпис извршија упад и го прекинаа говорот на британската премиерка appeared first on Република.

]]>

Активистите на меѓународната еколошка организација Гринпис накратко го прекинаа говорот на британската премиерка Лиз Трас на Конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем. Активистите истакнаа транспарент на кој пишуваше „Кој гласаше за ова?“. Активистите за кратко време биле отстранети од салата. Трас денеска вети дека Велика Британија ќе ги надмине тешките времиња и дека „сите ќе имаат корист“ од резултатите на нејзината економска политика.
Во овие тешки моменти мораме да дејствуваме. Одлучна сум да ја придвижам Велика Британија напред, да се извлечеме од бурата - посочи Трас.
https://twitter.com/GreenpeaceUK/status/1577651755562766339?cxt=HHwWhsC42bb6-OQrAAAA Таа вети дека ќе го заврши периодот на „високи даноци и низок раст“. По инцидентот, Гринпис на Твитер објави дека активистите сакале да привлечат внимание на фактот дека премиерката не го исполнила ветувањето на ветувањата на Конзервативната партија од 2019 година. Според активистите, премиерката се откажува од силна акција за климата и водечката улога во заштитата на животната средина во светот.

The post Активисти на Гринпис извршија упад и го прекинаа говорот на британската премиерка appeared first on Република.

]]>
Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/ Mon, 25 Apr 2022 12:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=493334

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација.

Бродот е изнајмен од руската нафтена групација Новатек и е регистриран во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка.

Танкерот Уст Луга отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај.

Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со натпис дека „нафтата додава гориво на војната“.

Портпаролката на компанијата Есо Норвешка изјави дека предметната пратка не потпаѓа под западните санкции против Русија и дека е нарачана пред рускиот напад на Украина.

– Есо Норвешка нема други договори за купување производи со потекло од Русија, додаде портпаролката.

Норвешка иако не е членка на Европската унија, од 18 март ги применува речиси сите санкции што Унијата и ги воведе на Москва.

The post Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка appeared first on Република.

]]>

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација. Бродот е изнајмен од руската нафтена групација Новатек и е регистриран во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка. Танкерот Уст Луга отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај. Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со натпис дека „нафтата додава гориво на војната“. Портпаролката на компанијата Есо Норвешка изјави дека предметната пратка не потпаѓа под западните санкции против Русија и дека е нарачана пред рускиот напад на Украина. – Есо Норвешка нема други договори за купување производи со потекло од Русија, додаде портпаролката. Норвешка иако не е членка на Европската унија, од 18 март ги применува речиси сите санкции што Унијата и ги воведе на Москва.

The post Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка appeared first on Република.

]]>
Гринпис: Зимава во Европа ќе се реализираат најмалку 100.000 непотребни „летови на духови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grinpis-zimava-vo-evropa-kje-se-realiziraat-najmalku-100-000-nepotrebni-letovi-na-duhovi/ Wed, 26 Jan 2022 13:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=449771

Според анализа на Гринпис, оваа зима во Европа би можело да има најмалку 100.000 „летови на духови“ поради правилата на ЕУ за користење на аеродромските слотови.

Целта на ваквите празни, непотребни или непрофитабилни летови, е да им се овозможи на авиокомпаниите да ги задржат своите права да полетуваат и слетуваат на главните аеродроми. Сепак, овие непотребни летови може да создадат до 2,1 милион тони емисии на стакленички гасови, односно колку што создале 1,4 милиони просечни бензин или дизел автомобили годишно, тврди Гринпис.

Барањето на Европската комисија за авиокомпаниите да летаат со празни авиони за да исполнат каква било квота, не само што многу загадува, туку е и крајно лицемерно, со оглед на нивната климатска реторика - изјави Хервиг Шустер, портпарол на кампањата на Гринпис - „Европска мобилност за сите“.

Тој додава дека емисиите од транспортот растат со неверојатна брзина.

Би било неодговорно, ЕУ да не ги суспендира „летовите на духови“, но и да ги забрани летовите на кратки релации, кога има разумна железничка врска - посочува Шустер.

Кога почна Ковид пандемијата, Европската комисија ја намали од 80 на 25 отсто референтната вредност за летови што авиокомпаниите мора да ги извршуваат за да ги задржат своите слотови бесплатни. Сепак, во декември минатата година, Брисел ја зголеми бројката на 50 отсто, а во март повторно се зголеми на 64 отсто.

The post Гринпис: Зимава во Европа ќе се реализираат најмалку 100.000 непотребни „летови на духови“ appeared first on Република.

]]>

Според анализа на Гринпис, оваа зима во Европа би можело да има најмалку 100.000 „летови на духови“ поради правилата на ЕУ за користење на аеродромските слотови. Целта на ваквите празни, непотребни или непрофитабилни летови, е да им се овозможи на авиокомпаниите да ги задржат своите права да полетуваат и слетуваат на главните аеродроми. Сепак, овие непотребни летови може да создадат до 2,1 милион тони емисии на стакленички гасови, односно колку што создале 1,4 милиони просечни бензин или дизел автомобили годишно, тврди Гринпис.
Барањето на Европската комисија за авиокомпаниите да летаат со празни авиони за да исполнат каква било квота, не само што многу загадува, туку е и крајно лицемерно, со оглед на нивната климатска реторика - изјави Хервиг Шустер, портпарол на кампањата на Гринпис - „Европска мобилност за сите“.
Тој додава дека емисиите од транспортот растат со неверојатна брзина.
Би било неодговорно, ЕУ да не ги суспендира „летовите на духови“, но и да ги забрани летовите на кратки релации, кога има разумна железничка врска - посочува Шустер.
Кога почна Ковид пандемијата, Европската комисија ја намали од 80 на 25 отсто референтната вредност за летови што авиокомпаниите мора да ги извршуваат за да ги задржат своите слотови бесплатни. Сепак, во декември минатата година, Брисел ја зголеми бројката на 50 отсто, а во март повторно се зголеми на 64 отсто.

The post Гринпис: Зимава во Европа ќе се реализираат најмалку 100.000 непотребни „летови на духови“ appeared first on Република.

]]>