гринфилд инвестиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grinfild-investicija/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Apr 2023 07:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гринфилд инвестиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grinfild-investicija/ 32 32 3900 вработени ќе произведуваат чип-отпорници и тантал кондензатори за авионската и автомобилската индрустрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/3900-vraboteni-ke-proizveduvaat-chip-otpornitsi-i-tantal-kondenzatori-za-avionskata-i-avtomobilskata-indrustrija/ Wed, 19 Apr 2023 07:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=631945

Премиерот Димитар Ковачевски во видеообраќање упати честитки до менаџментот на компанијата „Јагео" и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски за новата инвестиција на „Јагео" во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката.

Според Владата, станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја, во вредност од 205 милиони евра и над 3900 нови работни места.

„Јагео“ е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40.000 вработени во светот.

Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека електронските компоненти кои ги произведува „Јагео“,  чип-отпорници и тантал кондензатори, се едни од најдобрите во светот и се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија.

Со новиот концепт на поттикнување инвестиции успеавме да ја ставиме нашата земја доста високо на мапата инвестициски дестинации кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни инвестиции од кои ќе имаме бенефит и како држава, но уште поважно инвестиции кои носат директен бенефит за граѓаните во државата. Бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на инвестиции и поддршка на инвестициите во ТИРЗ. Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра, рече Ковачевски.

The post 3900 вработени ќе произведуваат чип-отпорници и тантал кондензатори за авионската и автомобилската индрустрија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во видеообраќање упати честитки до менаџментот на компанијата „Јагео" и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски за новата инвестиција на „Јагео" во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката. Според Владата, станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја, во вредност од 205 милиони евра и над 3900 нови работни места. „Јагео“ е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40.000 вработени во светот. Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека електронските компоненти кои ги произведува „Јагео“,  чип-отпорници и тантал кондензатори, се едни од најдобрите во светот и се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија.