Григор Прличев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grigor-prlichev/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 12:24:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Григор Прличев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grigor-prlichev/ 32 32 Распишан конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkursot-za-najdobra-poema-grigor-prlichev/ Tue, 29 Oct 2024 12:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=832057

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.

Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 26 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема.

-Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, се наведува во објавениот конкурс.

За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од РСМ.

Сите заинтересирани автори кои сакаат да учествуваат на конкурсот треба да испратат необјавена поема на адреса НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев за 2021 година”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација за резултатите од изборот.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.

The post Распишан конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>

На денешен ден Прличев во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-deneshen-den-prlichev-vo-atina-bil-ovenchan-so-lovorov-venets/ Mon, 25 Mar 2024 13:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=758561

Во 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”.

Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Според македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.
Поемата е напишана во 1860 година, а за нејзиното значење доволно зборува и фактот што поради неа бил наречен „втор Хомер“. Оригинално е напишана на грчки јазик како „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. Во меѓувреме, по дознавањето за трагичната смрт на неговите драги пријатели, браќата Миладиновци, веднаш се вратил во Македонија. 1871 година е доста важна година во неговиот живот, кога ја препејува егендарната поема „Илијада“, по што е наречен втор Хомер.
Григор Прличев е еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век. Делата на овој преродбеник и литерат, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата работа и дело го претставуваат како еден од најпродуктивните македонски писатели од периодот кога Македонија водела силна битка со културната преродба.

The post На денешен ден Прличев во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“ appeared first on Република.

]]>

Во 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”. Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Според македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб. Поемата е напишана во 1860 година, а за нејзиното значење доволно зборува и фактот што поради неа бил наречен „втор Хомер“. Оригинално е напишана на грчки јазик како „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. Во меѓувреме, по дознавањето за трагичната смрт на неговите драги пријатели, браќата Миладиновци, веднаш се вратил во Македонија. 1871 година е доста важна година во неговиот живот, кога ја препејува егендарната поема „Илијада“, по што е наречен втор Хомер. Григор Прличев е еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век. Делата на овој преродбеник и литерат, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата работа и дело го претставуваат како еден од најпродуктивните македонски писатели од периодот кога Македонија водела силна битка со културната преродба.

The post На денешен ден Прличев во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-od-arhivite-na-makedonskoto-literaturno-drushtvo-grigor-prlichev-od-sidnej-od-avtorot-ivan-trposki/ Mon, 14 Aug 2023 10:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=671958

Утре (вторник 15 август) од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана  книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски.

Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска а на присутните ќе им се обрати и авторот Трпоски.

Инаку Трпоски е роден во  Волино и од 1968 год. живее и твори во Сиднеј, Австралија. Тој е член и долгогодишен библиотекар и архивар во Литературното друштво „Григор Прличев“ од 1979 год., на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс од 1980 год., на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 год. и на Здружението на новинарите од Македонија од 1995 година.

Неговиот најнов труд  содржи богат избор од документи и претставува  своевидна  хроника и обликуван приказ на севкупната активност во 45-те години постоење и дејност на една од најпознатите македонски писателски асоцијации на петтиот континент – Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Книгата е портрет на 350 творци, почнувајќи од претседателот на друштвото Душан Ристевски и сите останати членови заедно, кои во изминатиот  речиси половина век направија толку многу, а толку далеку од родната земја. Преку, творештвото на мајчиниот македонски јазик,и низата други активности, тие го афирмираат и негуваат и македонското име и македонскиот етникум во Сиднеј, Нов Јужен Велс и пошироко.

Претходно книгата беше промовирана во МАНУ во Скопје.

The post Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски appeared first on Република.

]]>

Утре (вторник 15 август) од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана  книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски. Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска а на присутните ќе им се обрати и авторот Трпоски. Инаку Трпоски е роден во  Волино и од 1968 год. живее и твори во Сиднеј, Австралија. Тој е член и долгогодишен библиотекар и архивар во Литературното друштво „Григор Прличев“ од 1979 год., на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс од 1980 год., на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 год. и на Здружението на новинарите од Македонија од 1995 година. Неговиот најнов труд  содржи богат избор од документи и претставува  своевидна  хроника и обликуван приказ на севкупната активност во 45-те години постоење и дејност на една од најпознатите македонски писателски асоцијации на петтиот континент – Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Книгата е портрет на 350 творци, почнувајќи од претседателот на друштвото Душан Ристевски и сите останати членови заедно, кои во изминатиот  речиси половина век направија толку многу, а толку далеку од родната земја. Преку, творештвото на мајчиниот македонски јазик,и низата други активности, тие го афирмираат и негуваат и македонското име и македонскиот етникум во Сиднеј, Нов Јужен Велс и пошироко. Претходно книгата беше промовирана во МАНУ во Скопје.

The post Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски appeared first on Република.

]]>
Охрид го чествува Прличев: Одбележани 130 години од смртта на големиот поет и преродбеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohrid-go-chestvuva-prlichev-odbelezhani-130-godini-od-smrtta-na-golemiot-poet-i-prerodbenik/ Tue, 07 Feb 2023 09:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=605815

Со низа пригодни настани, деновиве, во Охрид, се одржа културната манифестација „Прличеви беседи“, со која годинава се одбележа 130-годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев.

Во рамки на чествувањата по повод 130-годишнината од смртта на Прличев (6 февруари 1893), на гробот на ловороносецот се одржа панихида, а делегации положија цвеќе пред неговиот споменик во истоименото основно училиште, а делегација на ДПМ пред Градската библиотека што го носи неговото име.

Беседа за Прличев во неговата спомен-куќа, пак, одржа д-р Александра Ѓуркова.

Секое време укажува на различни поуки, човековото минато искуство упатува на пораки за иднината. А многу можеме да учиме од пораките на Прличев. Во времиња кога македонската држава е поставена пред бројни предизвици за своето постоење, има ли подобар момент да се сфати пораката за слога и храброст и за општиот закон „чувај се“. Само преку слога, разбирање и образование еден народ може да ја покаже својата вредност, достоинство и достојност кон минатите генерации и да даде пример за оние кои доаѓаат, рече во своето обраќање Ѓуркова, која и самата е потомок на Григор Прличев.

Како што истакна таа, колку моќ има зборот, особено зборот изречен од човек со дар на словото, посведочуваме и сите ние денес кога ги читаме беседите на Прличев, преку кои тој настојува да остави порака до присутните, па и до генерациите што следуваат.

Неговата посветеност во беседите кон определени актуелни прашања се огледува преку ангажираноста во беседењето, што има за цел да го поттикне слушателот кон дејствување, стремеж да поттикне борба за себеси, за своето достоинство и интегритет, за своето право на образование и слободно мислење…, додаде Ѓуркова. Таа од родната куќа на поетот во Охрид укажа на една од основните заложби на нејзиниот чукундедо – важноста на знаењето, образованието, како предуслови за ослободувањето. Цитирајќи го Прличев, потсети на неговите размисли за грижата за татковината и заедницата како највисок морален долг на човекот.

Во рамки на манифестацијата, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, врачи примероци од „Автобиографијата“ на Прличев, отпечатена во Брајово писмо, на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението за слепи лица од Охрид.

Годинешните „Прличеви беседи“, започнаа на 3 февруари со промоцијата на книгата „70 години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски.  Промотор на книгата беше новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот се одржa во „Прличевата одаја“ при Библиотеката.

Во Центарот за култура во Охрид, во неделата, на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски, пак, му беше врачена награда „Григор Прличев“ за 2022 година, за неговата поема „Коњски житија“. Наградата секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник.

Чествувањата се заокружија со промоција на аудиозаписот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски во „Прличевата одаја“ при библиотеката „Григор Прличев“. А беше прогласена и најдобрата беседа за 2023 година на тема: „Прличев и ние“.

The post Охрид го чествува Прличев: Одбележани 130 години од смртта на големиот поет и преродбеник appeared first on Република.

]]>

Со низа пригодни настани, деновиве, во Охрид, се одржа културната манифестација „Прличеви беседи“, со која годинава се одбележа 130-годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. Во рамки на чествувањата по повод 130-годишнината од смртта на Прличев (6 февруари 1893), на гробот на ловороносецот се одржа панихида, а делегации положија цвеќе пред неговиот споменик во истоименото основно училиште, а делегација на ДПМ пред Градската библиотека што го носи неговото име. Беседа за Прличев во неговата спомен-куќа, пак, одржа д-р Александра Ѓуркова.
Секое време укажува на различни поуки, човековото минато искуство упатува на пораки за иднината. А многу можеме да учиме од пораките на Прличев. Во времиња кога македонската држава е поставена пред бројни предизвици за своето постоење, има ли подобар момент да се сфати пораката за слога и храброст и за општиот закон „чувај се“. Само преку слога, разбирање и образование еден народ може да ја покаже својата вредност, достоинство и достојност кон минатите генерации и да даде пример за оние кои доаѓаат, рече во своето обраќање Ѓуркова, која и самата е потомок на Григор Прличев.
Како што истакна таа, колку моќ има зборот, особено зборот изречен од човек со дар на словото, посведочуваме и сите ние денес кога ги читаме беседите на Прличев, преку кои тој настојува да остави порака до присутните, па и до генерациите што следуваат.
Неговата посветеност во беседите кон определени актуелни прашања се огледува преку ангажираноста во беседењето, што има за цел да го поттикне слушателот кон дејствување, стремеж да поттикне борба за себеси, за своето достоинство и интегритет, за своето право на образование и слободно мислење…, додаде Ѓуркова. Таа од родната куќа на поетот во Охрид укажа на една од основните заложби на нејзиниот чукундедо – важноста на знаењето, образованието, како предуслови за ослободувањето. Цитирајќи го Прличев, потсети на неговите размисли за грижата за татковината и заедницата како највисок морален долг на човекот.
Во рамки на манифестацијата, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, врачи примероци од „Автобиографијата“ на Прличев, отпечатена во Брајово писмо, на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението за слепи лица од Охрид. Годинешните „Прличеви беседи“, започнаа на 3 февруари со промоцијата на книгата „70 години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски.  Промотор на книгата беше новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот се одржa во „Прличевата одаја“ при Библиотеката. Во Центарот за култура во Охрид, во неделата, на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски, пак, му беше врачена награда „Григор Прличев“ за 2022 година, за неговата поема „Коњски житија“. Наградата секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник. Чествувањата се заокружија со промоција на аудиозаписот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски во „Прличевата одаја“ при библиотеката „Григор Прличев“. А беше прогласена и најдобрата беседа за 2023 година на тема: „Прличев и ние“.

The post Охрид го чествува Прличев: Одбележани 130 години од смртта на големиот поет и преродбеник appeared first on Република.

]]>
НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nub-grigor-prlichev-od-ohrid-so-bogata-programa-ke-go-chestvuva-patronot/ Tue, 31 Jan 2023 13:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=602995

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.

Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката.

Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво,  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13 часот со традиционалната „Прличева визита“.

Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски, а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот appeared first on Република.

]]>

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев. Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката. Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво,  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13 часот со традиционалната „Прличева визита“. Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски, а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот appeared first on Република.

]]>
Повторно оштетен е виртуелниот споменик на Глигор Прличев во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/povtorno-oshteten-e-virtuelniot-spomenik-na-gligor-prlichev-vo-ohrid/ Mon, 26 Sep 2022 12:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=554327

Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид.

Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме, се вели во соопштението на полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Виртуелниот споменик на Прличев беше оштетен и само два дена по неговото поставување, при што тогаш се обиделе да го украдат комјутерот. Тој беше поправен, а летово туристите имаа можност да „поразговараат“ со Прличев.

The post Повторно оштетен е виртуелниот споменик на Глигор Прличев во Охрид appeared first on Република.

]]>

Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид. Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме, се вели во соопштението на полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Виртуелниот споменик на Прличев беше оштетен и само два дена по неговото поставување, при што тогаш се обиделе да го украдат комјутерот. Тој беше поправен, а летово туристите имаа можност да „поразговараат“ со Прличев.  

The post Повторно оштетен е виртуелниот споменик на Глигор Прличев во Охрид appeared first on Република.

]]>
Вандали ги пресекле жиците, го тргнале македонското знаме и ги искорнале написите поставени на паметниот споменик на виртуелниот Прличев во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vandali-gi-presekle-zicite-go-trgnale-makedonskoto-zname-i-gi-iskornale-napisite-postaveni-na-pametniot-spomenik-na-virtuelniot-prlichev-vo-ohrid/ Fri, 12 Aug 2022 07:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=539352

Синоќа паметниот споменик на виртуелниот Григор Прличев во центарот на Охрид бил вандализиран и онеспособен од функција. Според проф. д-р Анис Сефиданис, кој со години работел на споменикот, непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите.

Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите. Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство, информира Сефанидис.

Споменикот е времено надвор од функција.

Проф. Сефанидис истакнува дека активно работи заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита.

The post Вандали ги пресекле жиците, го тргнале македонското знаме и ги искорнале написите поставени на паметниот споменик на виртуелниот Прличев во Охрид appeared first on Република.

]]>

Синоќа паметниот споменик на виртуелниот Григор Прличев во центарот на Охрид бил вандализиран и онеспособен од функција. Според проф. д-р Анис Сефиданис, кој со години работел на споменикот, непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите.
Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите. Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство, информира Сефанидис.
Споменикот е времено надвор од функција. Проф. Сефанидис истакнува дека активно работи заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита.

The post Вандали ги пресекле жиците, го тргнале македонското знаме и ги искорнале написите поставени на паметниот споменик на виртуелниот Прличев во Охрид appeared first on Република.

]]>
Промовиран дигитален споменик на Григор Прличев во Охрид, Пецаков: Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promoviran-digitalen-spomenik-na-grigor-prlichev-vo-ohrid-pecakov-vakvite-inovacii-ja-pottiknuvaat-promocijata-na-gradot-i-drzavata/ Wed, 10 Aug 2022 08:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=538621

Синоќа Општина Охрид и Кирил Пецаков го промовираа дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид.

„Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.

Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот.

За виртуелниот модел на ликот беа користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта.

Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место“, вели Пецаков.

The post Промовиран дигитален споменик на Григор Прличев во Охрид, Пецаков: Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата appeared first on Република.

]]>

Синоќа Општина Охрид и Кирил Пецаков го промовираа дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид.
„Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер. Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот. За виртуелниот модел на ликот беа користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта. Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место“, вели Пецаков.

The post Промовиран дигитален споменик на Григор Прличев во Охрид, Пецаков: Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата appeared first on Република.

]]>
Венко Андоновски: Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/venko-andonovski-zoshto-ni-grcite-ni-bugarite-ne-go-prisvojuvaat-makedonskiot-homer/ Tue, 24 May 2022 10:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=506263

Григор Прличев е најобразованиот и најталентираниот писател на македонскиот деветнаесетти век, трагична фигура на гениј без своја татковина и свој кодификуван јазик, како и сите наши преродбеници, пишува македонскиот писател Венко Андоновски во својата последна колумна за „Нова Македонија“.

Објаснува како „вториот Хомер, Македонец од Охрид, нема да им подлегне на славата и на понудата да ги продолжи студиите во Западна Европа на грчка сметка, дека ќе ја одбие понудата да стане светски човек (се разбира како Грк) и дека, наместо во Оксфорд, ќе се врати во својот темен Охрид, за конечно да се пресмета со елинофилството, затоа што длабоко во себе знае дека не е Грк“.

Андоновски додава и конечно, она прво „не“ на Грците, кога одбива сјајна кариера на студент во Оксфорд, Прличев им го повторува, во „културен“ стил, и на Бугарите.

Суштината е во онаа стилска мајсторија, првата подметната реченица: Лишен од секаков бугарски речник, оригинален во јазикот, стародревен во правописот… Никаде не сум прочитал поубава дефиниција за македонскиот јазик: 1. лишен од бугаризми, 2. оригинален и 3. стародревен! Прличев, наведувајќи во наниз сто други лажни причини за одбивањето, додека се сетат Бугарите, им кажува уште во првата реченица дека не е Бугарин, туку Македонец. Е затоа не го бараат ни Грците ни Бугарите. Би сакале да го заборават. И кога веќе Бугарите тврдат дека учителите на Прличев биле Бугари (а за нив тој се откажа од светска слава), зошто да не им го дадеме и ученикот? Со она негово тврдење дека е „лишен од секаков бугарски речник“. Би било убаво нашата комисија за заедничка историја на следниот состанок да им го понуди Прличев на Бугарите, а и на Грците. Да видиме малку како изгледа историски нервен слом на дело, пишува Андоновски.

Целата колумна за Григор Прличев на „Нова Македонија

The post Венко Андоновски: Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер? appeared first on Република.

]]>

Григор Прличев е најобразованиот и најталентираниот писател на македонскиот деветнаесетти век, трагична фигура на гениј без своја татковина и свој кодификуван јазик, како и сите наши преродбеници, пишува македонскиот писател Венко Андоновски во својата последна колумна за „Нова Македонија“. Објаснува како „вториот Хомер, Македонец од Охрид, нема да им подлегне на славата и на понудата да ги продолжи студиите во Западна Европа на грчка сметка, дека ќе ја одбие понудата да стане светски човек (се разбира како Грк) и дека, наместо во Оксфорд, ќе се врати во својот темен Охрид, за конечно да се пресмета со елинофилството, затоа што длабоко во себе знае дека не е Грк“. Андоновски додава и конечно, она прво „не“ на Грците, кога одбива сјајна кариера на студент во Оксфорд, Прличев им го повторува, во „културен“ стил, и на Бугарите.
Суштината е во онаа стилска мајсторија, првата подметната реченица: Лишен од секаков бугарски речник, оригинален во јазикот, стародревен во правописот… Никаде не сум прочитал поубава дефиниција за македонскиот јазик: 1. лишен од бугаризми, 2. оригинален и 3. стародревен! Прличев, наведувајќи во наниз сто други лажни причини за одбивањето, додека се сетат Бугарите, им кажува уште во првата реченица дека не е Бугарин, туку Македонец. Е затоа не го бараат ни Грците ни Бугарите. Би сакале да го заборават. И кога веќе Бугарите тврдат дека учителите на Прличев биле Бугари (а за нив тој се откажа од светска слава), зошто да не им го дадеме и ученикот? Со она негово тврдење дека е „лишен од секаков бугарски речник“. Би било убаво нашата комисија за заедничка историја на следниот состанок да им го понуди Прличев на Бугарите, а и на Грците. Да видиме малку како изгледа историски нервен слом на дело, пишува Андоновски.
Целата колумна за Григор Прличев на „Нова Македонија

The post Венко Андоновски: Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер? appeared first on Република.

]]>
Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-grigor-prlichev-od-ohrid-so-prigodna-programa-kje-go-odbelezi-5-maj-denot-na-makedonskiot-jazik/ Wed, 04 May 2022 09:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=497352

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик.

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Владата на Република Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

Утре,  по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот.

Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори.

Ќе учествува и Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти.

Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески.

Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

The post Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик. На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Владата на Република Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. Утре,  по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот. Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори. Ќе учествува и Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти. Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески. Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

The post Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
„Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“, порача Пејковски на панихидата за Прличев, дел од публиката негодуваше https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aram-da-im-e-mlekoto-na-site-predavnici-na-makedonija-poracha-pejkovski-na-panihidata-za-prlichev-del-od-publikata-negoduvashe/ Sun, 06 Feb 2022 17:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=454786

Чествувањата во чест на ловороносецот Григор Прличев продолжија и денес со панихида на неговиот гроб на која присуствуваше делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, пратениците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, директорот на Библиотеката, но и други функционери и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид, пренесува локалниот портал Охрид1.

Точно напладне пред бистата на великанот кај НУ библиотека „Григор Прличев“ беше положено свежо цвеќе, по што градоначалникот Кирил Пецаков им врачи награди на учениците Марија Јакимоска и Кирил Мартиноски чии литературни творби беа избрани за најдобри по претходно распишан литературен конкурс на Општина Охрид. Пред присутните беа прочитани наградените творби.

Беседа за Прличев одржа Зоран Пејковски, поет, драмски писател и публицист од Друштво на Писатели на Македонија, но таа предизвика негодување кај одреден дел од присутните.

Македонската трагедија е во тоа што вакви храбри луѓе има сè помалку. Прличев борбата за Макдонецот ја пишува и ја пресликува и преку гордоста и силата на мајчинството. Крикот на мајката на Кузман, е в сушност крик на мајката на Прличев, во миговите кога тој се наоѓа во Дебарските зандани, а неговата мајка го потсетува, велејќи му: „Ако ми се исплаши – Арам да ти е моето млеко“. И затоа поучени од Прличев јас ќе речам: „Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“, истакна во дел од беседата  Пејковски.

Повеќе на Охрид1

The post „Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“, порача Пејковски на панихидата за Прличев, дел од публиката негодуваше appeared first on Република.

]]>

Чествувањата во чест на ловороносецот Григор Прличев продолжија и денес со панихида на неговиот гроб на која присуствуваше делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, пратениците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, директорот на Библиотеката, но и други функционери и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид, пренесува локалниот портал Охрид1. Точно напладне пред бистата на великанот кај НУ библиотека „Григор Прличев“ беше положено свежо цвеќе, по што градоначалникот Кирил Пецаков им врачи награди на учениците Марија Јакимоска и Кирил Мартиноски чии литературни творби беа избрани за најдобри по претходно распишан литературен конкурс на Општина Охрид. Пред присутните беа прочитани наградените творби. Беседа за Прличев одржа Зоран Пејковски, поет, драмски писател и публицист од Друштво на Писатели на Македонија, но таа предизвика негодување кај одреден дел од присутните.
Македонската трагедија е во тоа што вакви храбри луѓе има сè помалку. Прличев борбата за Макдонецот ја пишува и ја пресликува и преку гордоста и силата на мајчинството. Крикот на мајката на Кузман, е в сушност крик на мајката на Прличев, во миговите кога тој се наоѓа во Дебарските зандани, а неговата мајка го потсетува, велејќи му: „Ако ми се исплаши – Арам да ти е моето млеко“. И затоа поучени од Прличев јас ќе речам: „Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“, истакна во дел од беседата  Пејковски.
Повеќе на Охрид1

The post „Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“, порача Пејковски на панихидата за Прличев, дел од публиката негодуваше appeared first on Република.

]]>
Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohrid-go-chestvuva-makedonskiot-poet-i-prerodbenik-grigor-prlichev/ Thu, 03 Feb 2022 14:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=453666

Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од утре во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев.

Согласно програмата, манифестацијата почнува утре со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор.

За точно на пладне е предвидена промоција на книгата „Охридски раскажувачи“ на авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во Големата сала на Општина Охрид.

Чествувањата продолжуваат в сабота од 11:45 часот со отворањето на изложбата на фотографии од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, што ќе се одржи во изложбениот салон.

За напладне е закажан централниот настан, посветен на лауреатот на годинешната награда Трајче Кацаров, чија поема „Цветко“ беше избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што секоја година се распишува во чест на Прличев.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот 70 години од одржувањето на манифестацијата „Прличеви беседи“, од 13 часот ќе биде промовирана монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) на авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска.

На 6 февруари во 11 часот ќе се служи панихида на гробот на Прличев, додека напладне кај паметникот на охридскиот Хомер беседа ќе одржи Зоран Пејковски од Друштвото на писатели на Македонија, а ќе бидат и врачени наградите за најдобрите литературни творби по конкурсот распишан од ОУ „Григор Прличев“.

The post Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев appeared first on Република.

]]>

Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од утре во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Согласно програмата, манифестацијата почнува утре со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор. За точно на пладне е предвидена промоција на книгата „Охридски раскажувачи“ на авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во Големата сала на Општина Охрид. Чествувањата продолжуваат в сабота од 11:45 часот со отворањето на изложбата на фотографии од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, што ќе се одржи во изложбениот салон. За напладне е закажан централниот настан, посветен на лауреатот на годинешната награда Трајче Кацаров, чија поема „Цветко“ беше избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што секоја година се распишува во чест на Прличев. Во рамки на одбележувањето на јубилејот 70 години од одржувањето на манифестацијата „Прличеви беседи“, од 13 часот ќе биде промовирана монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) на авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска. На 6 февруари во 11 часот ќе се служи панихида на гробот на Прличев, додека напладне кај паметникот на охридскиот Хомер беседа ќе одржи Зоран Пејковски од Друштвото на писатели на Македонија, а ќе бидат и врачени наградите за најдобрите литературни творби по конкурсот распишан од ОУ „Григор Прличев“.

The post Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев appeared first on Република.

]]>