григор копров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grigor-koprov/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 12:47:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png григор копров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grigor-koprov/ 32 32 Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tsela-sala-stana-na-noze-i-mu-rakopleskashe-na-grigor-koprov-na-kontsertot-vo-opera-i-balet-posveten-na-negovite-hitovi/ Fri, 05 Jul 2024 09:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=793709

Полн беше салонот на Националната опера и балет и сите гледачи станаа и со долг аплауз го поздравија македонскиот композитор Григор Копров во чија чест вчера, на 4 јули во рамките на Скопско лето се одржа концерт „Најдоброто од Копров“.

Песните на концертот ги испеаја Ана Петановска, младата вокалистка со раскошен талент, која соработува со Копров, а на сцената се појавија и Наде Талеска, која ја почнала кариерата со Копров, Денис Димоски, Горан Наумовски кој е дел од организацијата на концертот и на крај Владо Јаневски како специјален гостин. На крајот од концертот в.д директорот на Операта Орце Ицковски го покани Копров на сцената да му врачи плакета од името на Скопско лето и од Операта, а Копров, видно возбуден кратко кажа:

Сите ние во одреден дел од животот чувствуваме некоја возбуда. Бев возбуден кога се женев, кога ми се роди синот, кога мажиш или жениш дете. Јас вечерва, со оглед на годината на производството, чувствувам голема возбуда“, кажа Копров и доби громогласен аплауз од гледачите во салата.

За Петановска, Копров е многу широк човек и според она што го сподели со публиката, секој ден во студио со него е мошне интересен.

Тој нам, младите пејачи, ни дава можност да бираме како една песна ќе звучи, ги прифаќа нашите идеи. Ви посакувам вака да терате до 120, а за назад, ќе му ја мислиме, му рече Петановска на Копров.

Концертот почна со песни од Тоше Просески кои ги испеа Петановска, која потоа во дует со Димоски ја испеаја „Немир“ на Тоше и Каролина. Публиката се развесели со „Лиду ду“ и „Сребрени улици“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски ја изведе „Прости ми“, исто така на Оџаклиевска. Талевска јавно му се заблагодари на Копров и го нарече легенда и ги отпеа хитовите „Анушка“ и „Лео“ од Ана Костовска и Калиопи.

Наде Талевска и Горан Наумовски беа одличен дует во „Остани во мене“ од Калиопи и Ромео Грил, а Петановска и Наумовски во „Љуби ме и главата горе” од Зафир и Сенка. Концертот заврши со „Не допирај ме“ од Маја Оџаклиевска, за која Петановска рече можеби оваа песна е потценета, но нејзе ѝ е омилена.

The post Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови appeared first on Република.

]]>

Полн беше салонот на Националната опера и балет и сите гледачи станаа и со долг аплауз го поздравија македонскиот композитор Григор Копров во чија чест вчера, на 4 јули во рамките на Скопско лето се одржа концерт „Најдоброто од Копров“. Песните на концертот ги испеаја Ана Петановска, младата вокалистка со раскошен талент, која соработува со Копров, а на сцената се појавија и Наде Талеска, која ја почнала кариерата со Копров, Денис Димоски, Горан Наумовски кој е дел од организацијата на концертот и на крај Владо Јаневски како специјален гостин. На крајот од концертот в.д директорот на Операта Орце Ицковски го покани Копров на сцената да му врачи плакета од името на Скопско лето и од Операта, а Копров, видно возбуден кратко кажа:
Сите ние во одреден дел од животот чувствуваме некоја возбуда. Бев возбуден кога се женев, кога ми се роди синот, кога мажиш или жениш дете. Јас вечерва, со оглед на годината на производството, чувствувам голема возбуда“, кажа Копров и доби громогласен аплауз од гледачите во салата.
За Петановска, Копров е многу широк човек и според она што го сподели со публиката, секој ден во студио со него е мошне интересен.
Тој нам, младите пејачи, ни дава можност да бираме како една песна ќе звучи, ги прифаќа нашите идеи. Ви посакувам вака да терате до 120, а за назад, ќе му ја мислиме, му рече Петановска на Копров.
Концертот почна со песни од Тоше Просески кои ги испеа Петановска, која потоа во дует со Димоски ја испеаја „Немир“ на Тоше и Каролина. Публиката се развесели со „Лиду ду“ и „Сребрени улици“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски ја изведе „Прости ми“, исто така на Оџаклиевска. Талевска јавно му се заблагодари на Копров и го нарече легенда и ги отпеа хитовите „Анушка“ и „Лео“ од Ана Костовска и Калиопи. Наде Талевска и Горан Наумовски беа одличен дует во „Остани во мене“ од Калиопи и Ромео Грил, а Петановска и Наумовски во „Љуби ме и главата горе” од Зафир и Сенка. Концертот заврши со „Не допирај ме“ од Маја Оџаклиевска, за која Петановска рече можеби оваа песна е потценета, но нејзе ѝ е омилена.    

The post Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови appeared first on Република.

]]>
Теди Грубица објави прв албум со 11 песни од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров https://arhiva3.republika.mk/scena/tedi-grubitsa-objavi-prv-album-so-11-pesni-od-koi-pogolemiot-del-gi-potpishuva-grigor-koprov/ Mon, 12 Feb 2024 10:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=743143

„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“.

Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров. Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитски фестивал и Охрид фест.

The post Теди Грубица објави прв албум со 11 песни од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров appeared first on Република.

]]>

„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“. Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров. Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитски фестивал и Охрид фест.

The post Теди Грубица објави прв албум со 11 песни од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров appeared first on Република.

]]>
Копров за Тоше: За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/koprov-za-toshe-za-nego-bev-gospod-a-mi-dojde-so-potpishan-dogovor/ Mon, 27 Feb 2023 21:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=613941

Григор Копров е еден од најпознатите македонски поп композитори. Работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска. Toj во емисијата раскажа за прв пат како дошло до соработка и прекинот со Тоше Проески.

Ова по првпат го зборувам јавно, дојдоа двајцата и јас му се обраќам на татко му Никола. Јас одлучив уште пред да дојдат дека ќе го земам.

Му викам: Никола, ова е дете јас со тебе разговарам, во вашите фамилијарни работи јас немам намера да се мешам, но единствен услов јас да му ја водам кариерата негова што се однесува до музиката.

Тука викам ова е единствен услов, јас ќе инвестирам во него, ќе правиме се што треба. Па вие Копров сте Господ Бог ова она, се изгушкавме..и дојде првата песна „Усни на усни“ – лу дница во државата.

Втората „Сонце во твоите руси коси“, третата „Бакнежи“ и се дотука и тука застанувам. За понатаму имам што да кажам но сега не.

И со овие три песни го молам пошто Владо правеше промоција, правеше концерти во Македонија како најголема ѕвезда во моментот и му викам те молам ќе го земеш Тоше како предгрупа.

И го зеде. И Тоше со три песни малтене подобро поминуваше него Владо. Ми се јавува Владо од Прилеп и ми вика абе ти го контролираш детево? Зашто бе Владо? Па вика сака да потпише татко му договор. И дојде во саботата во Универзална со потпишан договор, инаку Господ бев за него..

Морам да кажам..Авалон му ја водеше кариерата фантастично. Го имаа како свое дете, се се промени со Лилија, заклучува Григор Копров.

The post Копров за Тоше: За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор appeared first on Република.

]]>

Григор Копров е еден од најпознатите македонски поп композитори. Работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска. Toj во емисијата раскажа за прв пат како дошло до соработка и прекинот со Тоше Проески. Ова по првпат го зборувам јавно, дојдоа двајцата и јас му се обраќам на татко му Никола. Јас одлучив уште пред да дојдат дека ќе го земам. Му викам: Никола, ова е дете јас со тебе разговарам, во вашите фамилијарни работи јас немам намера да се мешам, но единствен услов јас да му ја водам кариерата негова што се однесува до музиката.
Тука викам ова е единствен услов, јас ќе инвестирам во него, ќе правиме се што треба. Па вие Копров сте Господ Бог ова она, се изгушкавме..и дојде првата песна „Усни на усни“ – лу дница во државата.
Втората „Сонце во твоите руси коси“, третата „Бакнежи“ и се дотука и тука застанувам. За понатаму имам што да кажам но сега не. И со овие три песни го молам пошто Владо правеше промоција, правеше концерти во Македонија како најголема ѕвезда во моментот и му викам те молам ќе го земеш Тоше како предгрупа.
И го зеде. И Тоше со три песни малтене подобро поминуваше него Владо. Ми се јавува Владо од Прилеп и ми вика абе ти го контролираш детево? Зашто бе Владо? Па вика сака да потпише татко му договор. И дојде во саботата во Универзална со потпишан договор, инаку Господ бев за него..
Морам да кажам..Авалон му ја водеше кариерата фантастично. Го имаа како свое дете, се се промени со Лилија, заклучува Григор Копров.

The post Копров за Тоше: За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор appeared first on Република.

]]>
Копров до Радев: Нека дојде да ми каже дали сум Македонец, ќе му ги дадам и крстовите и пергаментот за мојата лоза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koprov-do-radev-neka-dojde-da-mi-kazhe-dali-sum-makedonets-ke-mu-gi-dadam-i-krstovite-i-pergamentot-za-mojata-loza/ Thu, 23 Feb 2023 19:37:13 +0000 https://republika.mk/?p=612385

Цел живот сум одел во Бугарија и сум работел и никогаш никој не го ни покренал тоа прашање, дали сум Македонец, вели македонскиот композитор Григор Копров, кој во новата „Еден на Еден“, меѓудругото, сакаше да го каже својот став за моменталните односи со Бугарија, за кои смета дека се наметнати и дека 90% од бигарскиот народ не го интересираат.

Во новата епизода, која ќе се емитува оваа недела од 18.30 на „Канал 5“, тој раскажува и дека кога реновирал својот дом во Охрид, во четирите ѕидови пронашол крстови и пергамент кои ги потврдувааат кажувањата од неговите дедо и прадедо за нивното семејство.

Тој го покани бугарскиот претседател Румен Радев да дојде на 30-годишнината од „Охридски фестивал“, но и му порача:

Од еден инцидент, еден претседател на држава си дозволува да ми каже дали сум Македонец. Нека дојде и нека повели, ќе му ги дадам и крстовите и пергаментот. Не верувам дека тој си ја знае лозата 700 години.

View this post on Instagram

A post shared by Еден на Еден (@edennaeden)

The post Копров до Радев: Нека дојде да ми каже дали сум Македонец, ќе му ги дадам и крстовите и пергаментот за мојата лоза appeared first on Република.

]]>

Цел живот сум одел во Бугарија и сум работел и никогаш никој не го ни покренал тоа прашање, дали сум Македонец, вели македонскиот композитор Григор Копров, кој во новата „Еден на Еден“, меѓудругото, сакаше да го каже својот став за моменталните односи со Бугарија, за кои смета дека се наметнати и дека 90% од бигарскиот народ не го интересираат. Во новата епизода, која ќе се емитува оваа недела од 18.30 на „Канал 5“, тој раскажува и дека кога реновирал својот дом во Охрид, во четирите ѕидови пронашол крстови и пергамент кои ги потврдувааат кажувањата од неговите дедо и прадедо за нивното семејство. Тој го покани бугарскиот претседател Румен Радев да дојде на 30-годишнината од „Охридски фестивал“, но и му порача:
Од еден инцидент, еден претседател на држава си дозволува да ми каже дали сум Македонец. Нека дојде и нека повели, ќе му ги дадам и крстовите и пергаментот. Не верувам дека тој си ја знае лозата 700 години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Еден на Еден (@edennaeden)

The post Копров до Радев: Нека дојде да ми каже дали сум Македонец, ќе му ги дадам и крстовите и пергаментот за мојата лоза appeared first on Република.

]]>
Копров: Не му го уништувајте животот на девојчето https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koprov-ne-go-unishtuvajte-zivotot-na-devojcheto/ Mon, 09 May 2022 12:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=499931

Композиторот Григор Копров во разговор за „Фокус” вели дека е изненаден од лошите коментари за евровизиската претставничка Андреа, која вчера го фрли македонското знаме на земја.

Имам син и ќерка, размислувам како родител. Андреа е само дете, кое постапило непромислено, искрено верувам без зла намера. Зошто таква омраза, зошто ја ставија веднаш на клада, зошто сите овие негативни коментари? Сигурен сум дека и таа се кае, а јавноста мора да сфати дека со овие коментари и напади се уништува нејзиниот живот. Тоа не смее да се дозволи во никој случај! Дури и одговорните од делегацијата, ако во тој момент биле покрај неа, како ќе можеле да претпостават дека таа инстинктивно ќе го фрли знамето? Тие не се во нејзината глава, никој за никого не може да претпостави што може да направи во одреден момент, вели Копров.

The post Копров: Не му го уништувајте животот на девојчето appeared first on Република.